cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Светот е мал...

clock-img

15.09.2010, 21:06

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

По втор пат во еден месец ми се случува ептен чудна коинциденција, па решив да отворам и тема за тоа user posted image

Кога барав стан, или куќа, под кирија, од 20-тина огласи на пазар3 одбрав еден и се јавив. Си разговарам јас така со жената и цело време имам чувство дека ја познавам. Едно време таа ми вели, извини твојот глас ми е ептен познат, каде работиш. Кога тоа ти била моја колешка од работа, која ја испуштија минатата година.

Ситуација 2:
Тетка ми работи во правна служба во болница и секојдневно има контакт со многу луѓе, па и реков да се распраша за жена да ми ја чува Миа. Кога една сестра, која работи таму ја предложила нејзината снаа и ја испофалила мнооогу. Тетка ми ми даде број и денес стапив во контакт со свекрвата. Попладнево ми се јави и снаата и си разговараме така утре да се видиме, а мене гласот познат. И велам, да не се викаш случајно Даниела, а таа кога почна да се смее....долго време сме семејни пријатели со нив, но не сме се виделе откако се роди Миа.

user posted image user posted image user posted image

Дали сте имале вакви ситуации?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.09.2010, 21:10

clock-img

mama26

pencil-img

3977

deka svetot e mal e.na odmor dodeka bev zapoznav luge koi gi poznavaat moite rodnini.osven takvi slucki drugi sum nemala...mozebi i deka prijatelkite ne mi se mnogu,a za drugite upat sto mi bile prijatelki obicno me prepoznavaat ajas gi zaboravam.[ u smisol nepamtam nesto sto e kratko ]user posted image

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

16.09.2010, 10:14

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Не да е мал туку минијатурен е..хи, хи. Милион пати ми се случиле некои слични дешавки. Со мажле на пример се познаваме околу 8 години, но и предходно сме искачале на исти места и горе доле сме познавале исти луѓе ( само ние не сме се познавале ) и често пати се случува кога гледаме стари фотки реакција од типот: Еј, другар/ка ми user posted image user posted image ..

Пред неколку години запознавам една девојка која е многу добра пријателка со моја пријателка..и така почнуваме да се дружиме и да се зближуваме. Еднаш си праиме муабет за чудни дешавки со бивши дечковци, а јас тука многу за расправање оти имав еден бивши тотален екцентрик, а на девојкава нешто познати приказниве..и ме прашува као се вика ма тој тип..и се разбравме накрај дека уствари ги имаме поминато истите дешавки..и она идела со него user posted image user posted image user posted image

clock-img

16.09.2010, 23:14

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

светот не е мал, ние од РР сме големи... колку пати кога возам (обожувам да возам) таман ми доаѓа да опцујам некоја како вози, па си велам: „оп, стоп, можеби е твојата омилена Рингерајка...“
во превод - ако е светот мал, моето срце е големо!

Последни статии

article-img