одредете го сексуалниот коефициент на вашиот партнер со тоа што ќе му помогнете да ви одговори на следниве прашања
Сексуалниот коефициент ви помага да разберете на кое ниво се наоѓа вашата сексуална енергија. Сепак, за да го добиете вистинскиот одговор на ова прашање, неопходно е да одговорите точно на следните 10 прашања кои се однесуваат на вашата сексуалност во последните шест месеци.
Секој одговор се бодува на скала од 0 до 5 во зависност од зачестеноста и стапувањето во сексуален однос, па така 0 давате доколку тврдењето не е воопшто точно, додека ако таа е целосно точна тогаш бодувате со 5. Резултатот помножен со два го претставува вашиот сексуален коефициент и го покажува вашето задоволство од сексуалниот живот.
1.Моето либидо е доволно силно за да ме поттикне на сексуален однос.
2.Мојата моќ на заведување е доволно силна за да чувствувам сигурност за да се впуштам во сексуален однос.
3. Предиграта е задоволителна, нешто во што уживаме со партнерката.
4. Задоволството и оргазмот на мојата партнерка влијаат на мојата сексуална способност.
5.Ерекцијата можам да ја контролирам доволно долго, додека сексуалниот однос не заврши со оргазам.
6.По сексуалната стимулација имам доволно силна ерекција во текот на сексуалниот однос.
7.Можам да ја одржам постојаноста на ерекцијата во текот на сексот.
8. Ејакулацијата можам да ја контролирам така што сексуалната активност трае онолку колку што посакувам.
9.Во текот на сексот можам да постигнам оргазам и сексуално задоволство.
10.Моите сексуални односи ме поттикнуваат на повеќе сексуални односи.
Откако ќе ги соберете поените од горенаведените прашања помножете ги со два и прочитајте го својот одговор.
81-100 Жежок сексуален живот: Многу сте задоволни со својот сексуален живот и во него уживате во потполност.
61-80 Топло сексуален живот: Уживате во сексот, но би можело да биде подобро.
41-60 Млак сексуален живот: Мислите дека вашиот сексуален живот може да биде далеку подобар од тоа што е во моментов.
21-40 Разочарувачки сексуален живот: Сексот не ви пружа некакво посебно задоволство.
0-20 фрустрирачки сексуален живот: Треба да се загрижите бидејќи поинтересно ви е да прочитате некоја книга, отколку да водите љубов.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))