за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Странска компанија која работи на составување на прашалници во врска со различни болести, има потреба да стапи во контакт со 5 до 10 лица кои се или биле заболени од псоријаза. Целта на контатките е интервјуирање. Доколку лицето болно од псоријаза се согласи да учествува во интервјуирањето и доколку биде избрано, тогаш ќе му бидат пратени неколку прашалници со прашања во врска со псоријаза. Лицето-учесник ќе треба да ги разгледа прашалниците и во договорено време со водителот на интервјуто ќе го извршат интервјуто. Интервјуто се состои во тоа што лицето со псоријаза ќе треба да каже свои коментари за прашалниците, дали ги разбира прашањата и дали тие се соодветни за болеста. Неговите коментари и забелешки потоа ќе бидат предадени на компанијата. Важно: лицето-учесник нема потреба да одговара на прашањата. Водителот на интервјуто е медицинско лице -лекар. Дискрецијата е целосно загарантирана - податоците како име и презиме, телефон за контакт и останато ќе се предадат на компанијата исклучиво со согласност на учесникот. Учесниците во интервјуто ќе бидат соодветно наградени за нивното учество. Доколку Вие или некој ваш близок, роднина или пријател има псоријаза, тогаш пратете порака на intervju.psorijaza@gmail.com. Ве молам распространете ја оваа информација колку што може повеќе! Да им помогнеме заедно на болните од псоријаза! Поздрав,
П.С. До модераторите: Доколку сметате дека поракава не соодветствува на оваа секција од форумов, тогаш преместете ја во најсоодветната.
< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2012 21:18:43 >
18.12.2012, 00:17
suzeto
1297
nikoj nema nisto komentirano......zainteresirana sum na ovaa tema .......bideki mislam deka i jas imam psorijaza .........ima i tatkomi........