за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Што ве вади од такт? Одредени луѓе, нечии постапки, однесување ... ?
Јас се ежам од споменувањето на 1 "посебна" личност, а уште ако ја видам ... Како да сум го видела самиот
Човек некогаш колку и да сака да избрише некои работи од својот живот, непосакувани лица, случки ... едноставно минатото го стигнува порано или подоцна... Ви се случило вам нешто слично?
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
19.06.2010, 12:07
beki RR
511
Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.И тоа е мисла баш за да се наежиш.А инаку во секојдневниот живот најмногу се ежам од мрзливи и неодговорни луѓе.
19.06.2010, 12:13
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki
Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.
Да, баш така е пријателке. Се се враќа и тоа двојно. Најлошо е кога невини страдаат и трпат за нечии непромислени поранешни одлуки Се ежам од жена-маж - жена со лик и манири на типичен маж (жена-змија) во овој момент.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
19.06.2010, 22:19
vezilka RR
4931
Се ежам од шовинизам, се ежам од длабоките стереотипи во нашето општество, се ежам од неприфаќање на разликите меѓу луѓето, се ежам од војни и убиства, од крадливци и манипулатори, и се ежам од „паметњаковичи“...
19.06.2010, 22:44
niki
4299
...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
20.06.2010, 03:41
amelbebe
1105
od negativni luge brrrrrrr,i od tie sto mnogu se falat ,a ne gi biva ni za
21.06.2010, 10:38
big_mama817
1331
се ежам од лицермени луѓе,се ежам од паметњаковичи, се ежам од неправди, се ежам од саможивници
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
21.06.2010, 10:39
Bogdancanka
5422
има доста работи од кои се ежам ако почнам да набројувам ехе списокот ќе биде долг и незнам кај ќе му биде крајот
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
21.06.2010, 17:40
Viktori
5329
џандари! Мислам не ми е страв, туку не можам да ги поднесам. Кога го гледав оној чичко опериран од кичма утепат, а објаснувањето нареден ден беше „се удирал сам од шофершајбна„.... само џандар може таква приказна да смисли
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
21.06.2010, 17:42
Палешка РР
7505
Најмногу се ежам од користољубиви луѓе, ама одма ги детектирам и оддалечувам од мене!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
21.06.2010, 17:50
Bitolcanka
2461
Од лицемери, трчај-лажи луѓе, самобендисани, фалбаџии ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
21.06.2010, 23:41
Martins mom
3342
се ежам кога фаќам ѕид, рапава хартија, стиропор... шала настрана...се ежам од глупи, прости луѓе (не викам необразовани, туку од такви што не сакаат, не се трудат да научат ништо ново)
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
24.06.2010, 19:33
Natasha5
830
се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....
24.06.2010, 22:31
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5
се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....
Потпис!
И од т.н. другари кои се тука само кога не ти требаат, од вечно ненаситни, никогаш задоволни луѓе, егоисти ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
24.06.2010, 22:37
Martins mom
3342
Се ежам од луѓе што не си го познаваат добро мајчиниот јазик...не знаат да пишуваат македонски...бррррррррр Ме ежат сите што пишуваат не знам, не можам, не сакам сврзано (неможам, несакам...)... Сите што пишуваат свати, наместо сфати...бидејќи без Ќ...и еден куп ситници што го чинат нашиот мајчин јазик...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
24.06.2010, 22:53
Viktori
5329
многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала. Иф ју ноу ват и мин
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
24.06.2010, 22:56
Палешка РР
7505
Ај ноу
Исто така се ежам од звукот на Итна помош. Па ако е син ми излезен, аааа, потера правам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
24.06.2010, 22:56
nadica
4381
Иф ју ноу ват и мин
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
24.06.2010, 23:10
Bitolcanka
2461
Од луѓе кои ја гледаат раската во окото на другиот, а не ја забележуваат гредата во своето око.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
24.06.2010, 23:41
tereza
784
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.
потпис за ова,а плус се ежам од мачка(неможам да ви опишам колку ми предизвикува лошо чувство тоа животинче,а не сум имала никаква непријатна случка поврзана со мачка )
24.06.2010, 23:48
mama26
3977
mene me ezi najmnogu najmnogu od soprugot .shala na strana.me ezat raboti odnosno nekoj blizok zboram za semejstvo da ti zbori edno pravi drugo.,laga.podmuklost,sebicnost. inace za nadvoresniot svet ne tolku se sekiram.tie mozat sve da pravat i zborat.
24.06.2010, 23:49
Тања РР
2029
Ме наежува помислата дека секогаш може и полошо.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
25.06.2010, 00:17
veda
55
Prvo sto mi dojde na pamet a koe boga mi mi ima ostaveno tragi i traumi se luge ,,ENERGETSKI VAMPIRI'' A toa izgleda vaka:- ete tvoj poznanik i po nekoja slucajnost sedis so nego a toj ...pocnuva da kuka da se zali, pa se mu smeta , pa zivotot e tezok,pa se nema pari , pa kako nisto ne odi kako sto treba i taka kuka kuka kuka i ceeela energija ti ja pie so pamuk i na krajot koga ke si zamines ti se cini deka cela negativnost i site macnini ti gi isturil na grb... E OD TAKVI LUGE SE EZAM i begam kako od krst
25.06.2010, 00:23
Bitolcanka
2461
што подалеку од такви - имаат "сила" како никој друг, иако "кутрите" често тоа го прават не сакајќи ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
25.06.2010, 11:05
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала. Иф ју ноу ват и мин
плис експлејн...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.