за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Во недела ни доаѓа календарски летото иако горештините одамна почнаа. За оние кои нема да имаат можност да одат на одмор овој период убаво ќе им дојдат културните случувања. Информираме за стартот на Скопско лето 2009: Повеќе од 2.000 ликовни, музички, театарски уметници, популарни музичари и етно изведувачи ќе настапат на јубилејното 30-то издание на Скопско лето, кое ќе почне в недела, а ќе трае до 31 јули. Манифестацијата свечено ќе биде отворена со настап на Македонската опера и балет, чиј ансамбл ќе ја изведе операта „Плаштот" од Џакомо Пучини на кејот, покрај Камени мост. Симон Трпчески и пријателите, венецуелскиот диригент Илич Ривас, Драмски театар, Македонската опера и балет ќе бидат дел од ансамблите и уметниците што ќе се претстават пред публиката во нашиот главен град.
Има ли културни случувања во останатите градови во Македонија ова лето? Недостасуваат ли вакви случувања кај нас?
< Поракaта ја уредил Julie -- 18.6.2009 12:18:04 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
18.06.2009, 19:05
Еца
6692
Сите овие настани вредат да се посетат и да бидеме дел од нив.Со оглед на тоа дека јас летово нема да мрднам од Скопјево, обавезно ќе присуствувам на дел од програмите на скопско лето.А знам дека секое лето во Кратово се одржува ликовна колонија во која учествуваат дечиња од цела Македонија.Се надевам, дека трдицијата ќе продолжи.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
18.06.2009, 19:16
agnes77
1959
ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena А знам дека секое лето во Кратово се одржува ликовна колонија во која учествуваат дечиња од цела Македонија.
Елена, дали је Кратово близу Скопја. Ликовна колонија за децу би била за нас пуно интересантна пошто обојица поучавамо ликовно наставо у школи.
18.06.2009, 19:32
Еца
6692
Агнес Кратово е на 95 км од Скопје, околу 50тина минути.Но ќе се распрашам за сигурно дали ќе биде организирана оваа година и од кога до кога Инаку Кратово вреди да се посети бидејќи е еден од најстарите градови во Македонија со многу стари мостови, кули, преданија,баш ќе ти поставам слики да го видиш.Преубаво, мало планинско градче
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
18.06.2009, 19:39
Еца
6692
Агнес ако се решиш да го посетиш Кратово имаш беслатно сместување кај моите родители, многу поздрав и добредојдени сте со твојот маж