cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Слатките плодови на родителството

clock-img

11.05.2014, 08:02

clock-img

niki

pencil-img

4299

Dobro vi utro zenicki!
I neka ni e sreken svetskiot den na majkata!
Jas sum denes presrekna... izraduvana do maksimum, zanemena pred cudoto nareceno zivot, gorda na coveceto pred mene koe poleka no sigurno raste, me raduva, me iznenaduva, vozvraka na ljubovta sto neizmerno sekojdnevno i ja davam..
nekolku dena tainstveno se zatvorase vo soba i pravese nesto, me molese da ne gledam
denes vednas stom stana prasa dali moze da izleze nadvor da zemela nesto i so raceto zad grb se pikna vo sobiceto da go dovrsi iznenaduvanjeto
a potoa mi dade karticka na angliski cestitajki mi go praznikot
pa edna karticka so prekrasni cvetovi sto sama gi nacrtala oboila i zalepila
i za kraj diploma za najdobrata majka na svetot so bezbroj srcinja, svitkana vo cilindar, vrzana so masnicka i ukrasena so cvet sto go skina utrovo vo dvorot
se isplakav posteno od pregolemiot naboj na cuvstva, si ja guskav dolgo dolgo mojata malecka srcka i ete vo nejzina cest ja otvoram ovaa tema za da si gi zapiseme vo nea site mali no golemi iznenaduvanja sto ni gi priredile nasite najmilicki
user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.5.2014 10:49:14 >

clock-img

11.05.2014, 08:49

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Да дефинитивно ова е најдобриот плод од нашето мајчинство,детето на едноставен начин да ни покаже колку многу не сака и колку тоа е гордо на тоа што токму ние сме неговата една и единствена мајка.Едноставно не може да се опише со зборови колку тоа нас не израдувало со ваквиот гест кој што произлегол од неговата чиста и искрена детска љубов.Па да токму тоа е она што мајчиното сцре го прави нежно и радосно кога ќе види дека децата го ценат сето она што ние го имаме направено за нив од денот кога се родиле.user posted image Моите деца се сеуште мали ама секојдневно покажувајќи ми ја нивната љубов и нивната наклонетост кон мене јас знам дека тие всушност се пресреќни од фактот што до нив стои една жена наречена мајка што гордо чечкори заедно со нив и се радува на секоја нивна победа и плаче заедно со нив над секоја нивна тага.А кога ќе потпораснат пак сето тоа го искажуваат на тој начин преку вакви убави изненеадувања кои на мајката едноставно и го растопуваат срцето и и значат најмногу.Нека ни е среќен светскиот ден на мајката и секогаш мајката да биде вака ценета и љубена од своите деца.Браво за ќерка ти ники,и јас се разнежнив читајќи го ова.Навистина нема поголемо признание за бескрајната љубов на мајката од она кога детето возбудено и со љубов во срцето ќе рече Мамо те сакам,најсреќен празник.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.5.2014 10:49:31 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

12.05.2014, 23:41

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Секојдневно се радувам на плодовите user posted image user posted image
Родителството е најубавата,но и најтешка професија на еден човек.Според мене тие плодови се слични како оние на градинарот/земјоделецот,кој ги одгледува своите растенија од најмали семчиња,ги наводнува,копа храни,за на крај да се радува со плодовите од својот трудuser posted image Мислам дека направив добра споредба,ме разбравте кој труд се вложува во детето,за подоцна да се радуваме на слатките плодовиuser posted image
Јас се радувам од две страни,поголемото дете ме издигнува до небо од радост и гордост со своите успеси на училиште,со својата мудрост која ја поседува за нејзината возраст,со добрината и љубовта која ја носи во тоа мало срценцеuser posted image user posted image
Додека од друга страна се засладувам со плодови од моето мало бебенце,кое започнува да испушта по некое зборче,на малите рачиња кои силно се преплетуваат на мојот врат,на малата уста која слатко изговара МАМА,и пробува да даде бакнеж...Секојдневно се радувам на моите мали цветчиња,кои растат,се развиваат ,ме опсипуваат со прекрасниот мирисuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

13.05.2014, 09:41

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Многу е слатко кога веќе ќе почнат да контаат што е тоа сакање, и ќе почнат со првите обиди тоа да го искажат самостојно. Никола сега ги прави првите чекори на тоа поле. Знае така самостојно да се обиде да покаже колку не сака. Сватил дека кога некој е тажен, му треба прегратка и внимание. Па сега деновиве, кога јас сум со малку променливо расположение, знае да дојде до мене, да ме гушне и да ми каже, мамо немој да бидеш тажна, јас тебе најмногу те сакам. Во тој момент, што и да ми било, ми поминува, во секундата. Се почесто знае да набере цвеќе и да ми го донесе и да ме праша сега среќна си мамо оти ти дадов цвеќе?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

13.05.2014, 13:32

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Завчера чекавме ред кај педијатар, јас седев на едно столче во чекална а Ј седеше во скутот на татко му.
Во еден момент станав, и влегов внатре на кратко и Ј за тоа време седнал на столчето каде јас што седев.
Се вратив и нормално ништо не изреагирав, го оставив да седи, а јас стоев, бидејќи немаше слободни столчиња наоколу.
По кратко време Ј ме гледа и прокоментира: мама нема место! И си стана детето и ми кажа да седнам јас, а тој остана да стои.
Ме скрши, ме стопи, ме освои неговото внимание. Едно дете од неполни три години да знае да согледа и да те благослови со таков гест, е навистина прекрасно чувство. Малиот принц на мама.

И мислам дека нема поголем благослов и награда да семејството, твоите најблиски, оние за кои се грижиш и ги сакаш, да знаат да искажат и покажат почит и благодарност. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

17.05.2014, 11:42

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Шетавме така една вечер со сопругот и двата црвци мали. Од една куќа се слушна бебешки плач. И синко мајчин со неполни две години самиот си збори и вика „не пачи бебе не пачи, мајка ти сака, дадеме цуца“. Јас и мм останавме фасцинирани до каде му отиде размислувањето и чувството за љубов и сочувство на едно толку мало човече.Ни се разнежни душата се стопивме.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

Последни статии

article-img