cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Снобизам

clock-img

11.11.2009, 14:04

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Што е снобизам според вас? Познавате снобови? Дали има разлика меѓу сноб и крем?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.11.2009, 15:20

clock-img

ripce

pencil-img

2148

пошто никој не коментира на темава еве јас да го скршам мразот...

Според мене снобовите се личности кои немаат свое јас, се подведуваат на она што го диктира средината, во смисла на начин на облекување, одредени ставови, сфаќања за нештата... Глумат лудило, си придаваат важност пред другите, вообразени се, а всушност во себе знаат колку се "мали". А помеѓу крем и сноб мислам дека нема некоја разлика...


clock-img

11.11.2009, 15:27

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

Според мене снобовите се личности кои немаат свое јас, се подведуваат на она што го диктира средината, во смисла на начин на облекување, одредени ставови, сфаќања за нештата... Глумат лудило, си придаваат важност пред другите, вообразени се, а всушност во себе знаат колку се "мали".





потпишувам!!!user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.11.2009, 19:35

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

пошто никој не коментира на темава еве јас да го скршам мразот...

Според мене снобовите се личности кои немаат свое јас, се подведуваат на она што го диктира средината, во смисла на начин на облекување, одредени ставови, сфаќања за нештата... Глумат лудило, си придаваат важност пред другите, вообразени се, а всушност во себе знаат колку се "мали". А помеѓу крем и сноб мислам дека нема некоја разлика...





ne samo so potpisuvam tuku i ke dodadam deka takvite licnosti se teski kompleksi, vprocem i zatoa sakat da se centar paznja segde, vo film deka se najdobri, najubavo se oblakaat, samo za niv treba da se zbori, najpametni se...a ustvari....znaeme site..i mislam deka sekad celat negde mn povisoko od so mozat da si dozvolat...ama aj

edna takva licnost strashno me irirtira ama ete gleam da ne dozvolam da vlijae na mene...a so ne trpam takvi lele alergicna sum na niv....so e be toa prepicavanje koga od samata nadvoreshnost i odnesuvanje moes da procenis koj e i so euser posted image

clock-img

11.02.2010, 12:35

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Снобови се оние што се прават поотмени одошто се....новопечените кои сеуште не му припаѓаат на слојот за чиј член се претставуваат user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.02.2010, 12:45

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

и уште ова

не е сноб човек со нов телефон или мотор или ако јаде вакви онакви јадења...кај нас имам видено фејк снобови што мислат дека ако јадат ручек во воденица за 200-300 еура дека се хај меинтененс...апсолутно се у заблуда...снобовско општество ти е на пример монако каде само така можеш да функционираш...а еден член на такво општество може да ги собере сите наши фејк снобчиња и да ги купи за мала сума на кеш...едноставно лугето сакаат да бидат различни..не гледам ништо лошо у снобизмот кај лугето што стварно можат да си го приуштат тоа...али снобизам како овој кај нас...дефинитивно НЕ!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.02.2010, 13:14

clock-img

Annabel

pencil-img

425

Сноб е личност која што луѓето априорно ги смета за инфериорни во однос на себе и тоа од различни аспекти, како што се претпоставениот интелект, богатство, образование, потекло, или слично. За овој вид на личности во нашиот јазик се употребува изразот покондирена тикваuser posted image .

Овој израз snob е користен во реномираното англиско средно училиште Итон, во деветнаесеттиот век, кога синовите од новообогатените граѓански фамилии во голем број почеле да се запишуваат во ова училиште. Таквите студенти во англиските универзитети, кои биле со потекло од граѓанското друштво се нарекувале не-племци. Покрај името на момчињата од граѓанските фамилии затоа се допишувало snob.

Сноб значи, е збор кој во македонскиот јазик дошол од англискиот јазик, со скоро иста форма на изговарање и значења. Коренот на зборот сноб се наоѓа во латинскиот јазик (sine nobilitate - не-племец, граѓанин без племско потекло). Кратенка на тие два збора е (s.nob - сноб - неплемец).

Извор www.wikipedia.org




clock-img

11.02.2010, 13:22

clock-img

Боцко

pencil-img

806

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel
Сноб е личност која што луѓето априорно ги смета за инфериорни во однос на себе и тоа од различни аспекти, како што се претпоставениот интелект, богатство, образование, потекло, или слично. За овој вид на личности во нашиот јазик се употребува изразот покондирена тикваuser posted image .



ептен потпис на ова. само формите на изведба може да се варијација на тема. или во стилот на балашевиќ „принцип је исти, све су остало нијансе.“


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

11.02.2010, 13:27

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Аннабел, алал да ти е за тиквата user posted image  
Полн погодок.

clock-img

11.02.2010, 13:29

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Licnosti koi sakaat da se istaknat vo sredinata ,da dominiraat no ne na adekvaten nacin.Mislam so voveduvanjeto na etikata moze nesto da se podobri ama domasnoto vospituvanje da ne go zaboravime koe e temel za edna licnost.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

11.02.2010, 13:33

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

еднаш бев во Ст. Тропе на одмор. Таму богатите, кои себе си се сметаат за снобови, ги паркираат своте јахти пред кафулињата и прават вистински перформанси со оноа што го имаат: хајтек опрема (на јахтата, се` комплет), шминка, марка, згодни жени, пари... Ми беше интересно да би набљудувам. Тоа тие го правеа толку простодушно и очекувано, што за сите набљудувачи делуваше нормално. Дури, ве канат да им се придруижте, без никакви ограничувања, да уживате и да се забавувате заедно со нив.
Но, на враќање кон МК (бев со автомобил), поминав од Црна Гора.  е, тоа беше „панаѓур на суетата“: силикони, жолто злато, пластика, кредитни картички, „смрад“ на новопечени богаташи... кои жалосно, ама  вистинито се смета себе си за „елита“ на едно општество, од кое до вчера краделе... 

clock-img

11.02.2010, 13:50

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

За мене поголем сноб од личност која смета дека знае се и е најпаметена од сите други,не постои...За мене е сноб личност која се разбира во мода,па секогаш купува во најпознатите продавници во градот(колку и да е тоа оправдано или неоправдано),која ги прати последните трендови во сите сфери од животот,а нема прочитано ништо повеќе од реклама во весник,која се разбира дури и во медицина,па ако и понудите ќе изврши дури и трансплатација на срце и сл...Доста ми е од такви луѓе кои сите останати ги сметаат за помалку важни и ги гледаат со понижување...Оние кои ги опиша Анушка се можеби снобови,но имаат пари и тоа можат да си го приуштат...Мене повеќе ме нервираат обичните снобови(кои едвај сврзуваат крај со крај),кои се во постојана трка нешто да докажат или да доминираат во себедокажувањето...Тие,според мене,очигледно имаат некаков проблем т.е комплекс,па преку таквото однесување пробуваат да го хранат своето его...

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 11.2.2010 13:52:13 >


_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.02.2010, 15:05

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

Сноб е личност која што луѓето априорно ги смета за инфериорни во однос на себе и тоа од различни аспекти, како што се претпоставениот интелект, богатство, образование, потекло, или слично. За овој вид на личности во нашиот јазик се употребува изразот покондирена тикваuser posted image .




Потпис и тоа со двете раце...а ич не ги поднесувам ваквите личности...за жал ги има се повеке и повеке...секаде околу нас...се обидувам да ги исгнорирам иако некогаш ми доага и те како да им плесна се у фаца. И таквите кои сакаат да се истакнат во средината и да бидат центар на внимание...хранејки го лажно свето ниско его...уффффф


Последни статии

article-img