за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Спомен-куќата на Тоше во Крушево има големи шанси да биде најдобар објект во 2011 според светската јавност која првпат годинава во рамки на престижниот Светски фестивал на архитектура во Барселона има можност по електронски пат да избира најдобро архитектонско дело.
Во тесна конкуренција се уште два проекта - идејниот концепт „Атмосфера“ во Калкута и Музејот на меморијата и толеранцијата во Мексико Сити. Музејот на Тоше вчера со 5.100 гласа бил на третото место, а утрово со 6.900 избил на првото место на отвореното гласање на овој линк. Но, пласманот не е конечен и е неизвесен до 4 ноември до кога ќе трае гласањето.
Тоа почна пред 45 дена и учествуваа 704 објекти од светот, избрани за листата од вкупно илјада пријавени. Објектите може да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето е да се завршени оваа година. Првата фаза од електронскиот избор заврши денеска напладне и до 4 ноември за гласање остануваат првите три рангирани.
Веста за високото котирање на Спомен-куќата на Тоше, според изборот на светската јавност, денеска ја соопшти Дејан Секуловски, еден од архитектите на музејот, кој од отворањето во април го посетиле 110.000 луѓе. Тој рече дека отвореното гласање на интернет е придружна манифестација на реномираниот фестивал, кој е смотра на најголемите архитекти на денешницата и на кој се доделува и главна награда за најдобар објект на светот според одлуката на 69-члено стручно жири.
- Тоа е најголема изложба за архитектура во изминатите години, каде што се претставува светската архитектонска елита. Имавме среќа годинава да пратиме труд и да ни го прифатат по првото селектирање. Во меѓувреме тие афирмираа и награда за најдобар објект по избор на светската публика. Од денеска сме на прво место, до вчера бевме на трето. Се надевам дека со поддршка на јавноста, иако немавме такви амбиции, ќе успееме да стигнеме можеби и до наградата, рече Секуловски на средба со новинарите.
Цело време додека траело гласањето, позицијата на Спомен-куќата на Тоше варирала од второ до петто место од 704-те проекти, а последните 20 дена константно е на второ или на трето место. На http://openbuildings.com/peopleschoice/waf/leaderboard може да се гласа само еднаш од ист компјутер.
Со поддршка на Министерството за култура, Македонија првпат ќе се претстави на фестивалот во Барселона, каде што архитектите на меморијалниот музеј на Тоше ќе го презентираат проектот на затворањето на 4 ноември. Тогаш ќе бидат доделени и наградите, меѓу кои и главната за најдобар објект на светот.
Наградата од публиката не е материјална, но е многу значајна за промоција на објектот пред најголемите современи архитекти кои учествуваат на фестивалот во Барселона. Таму се претставуваат градби од стотици милиони евра и архитекти добитници на Притцекеровата награда (во архитектурата еквивалент на Нобеловата награда), како Заха Хадид, Норман Фостер, Коп Химелблау...
Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Нивниот труд идниот месец ќе биде претставен и на изложбата на Интернационалното биенале „Леонардо“ во Минск. Извор: курир Ajde da glasame da ostane taka
< Поракaта ја уредил arh_diz RR -- 21.10.2011 16:18:05 >
_____________________________
Биди тоа што си
21.10.2011, 16:33
Natuska85
3613
И јас гласав,во моментов има 7471 глас
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
21.10.2011, 16:39
maki1
321
i od mene ima glas.
_____________________________
Pantai Rai
-Heraclitus
23.10.2011, 13:33
profesorica back
16
исто и од мене, одлично е направено со многу стил и футуризам, БРАВО
_____________________________
Има само едно дете најубаво на цел свет, и секоја мајка го има!
26.10.2011, 15:42
dostickage
2181
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica back
исто и од мене, одлично е направено со многу стил и футуризам, БРАВО
i od mene
Wilkomen
15.11.2011, 22:39
Natuska85
3613
Победнички 15.078 гласови за Спомен куќата на Тоше!
Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Во гласањето, кое заврши денеска попладне и кое се одвиваше на интернет порталот „Опен билдингс“, меморијалната спомен-куќа за Проески освои 15.078 гласови од целиот свет, а освои и најмногу гласови од меѓународното жири. На второ место е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и проектот Атмосфера во Калкута. Годинава прв пат беше воспоставена награда за која може да се гласа од цел свет, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од различни професии. Беа пријавени повеќе од 1.000 проекти, а право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум да влезат во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше влезе меѓу фаворитите од почетокот на гласањето во август годинава. Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло. Идејниот проект е на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, а во соработка со Илија Божиновски. Извор:Дневник
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."