за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Навидум мажите не се плашат од ништо. Не им е страв од глушец, целулит или сексуално искористување. Сепак, тие имаат тајни стравови, онакви за кои тие радо не би зборувале. А жените можат само да спекулираат за нивните фобии.
Досега има изготвено огромен број студии за оргазмот кај мажите, но во ниедна не е опишано за што всушност се работи.
Таканаречената “hyped phobia” е страв од сексуална импотенција. Тоа е повеќе од болест. Импотентниот маж го губи правото да биде дел од супериорната популација, машкиот род.
Многу мажи завршиле во депресија поради стравот од импотенција во сексот. Низ човечката историја, милиони младоженци биле доведени до ситуација да изгубат свест на првата брачна ноќ поради ненадејното откритие на одговорноста поврзано со стравот од „незавршувањето на работата“. Неуспехот да се постигне посакуваниот резултат во кревет резултира со очај, ситуација во која мажот се прашува дали е се во ред со него.
Денес се достапни бројни лекови за подобрување на оваа ситуација кај мажите: Вијагра и други синтетички лекови. Денес на секусалната импотенција се гледа како на еректична дисфункција. Веќе тоа не е главната фобија на мажите, туку медицинска состојба што може и треба да се лечи.
Оваа фобија полека станува историја. Наскоро целосно ќе биде надмината со оглед на фактот што фармацевтската индустрија напредува во развојот на нови ефективни лекови.
Се до 1960-тите, мажите немаа време да размислуваат на теми како што се должината на пенисот или траењето на сексуалниот чин. Тие беа зафатени со војни и бројни вооружени конфликти. Но, големата светска сексуална револуција ја сврте водата на друга воденица.
Порно филмовите со атери на кокаин и режисери алкохоличари почнаа да покажуваат невообичаено долги секс сцени и машки гениталии со џиновски размери.
Некои мажи минаа години во обид да ги имитираат своите омилени актери, но без ефект. Во овие години владееше чувство на инфериорност, вакум-пумпи за зголемување на пенис и милиони техники за зголемување на можностите за водење љубов по цел ден и цела ноќ.
Таканаречениот “archetypal fear” или страв од кастрација е уште една фобија кај мажите кој апрв ја спомена психологот Сигмунт Фројд на преодот на 20-тиот век. Во тоа време луѓето во Австрија и Германија беа прилично неуки. Беа потребни две светски војни за да се намали процентот на неинформираните, како и ирационалниот страв од кастрација.
Денес стравот од кастрација се трансформираше во рационален страв.
Поврзан е со ретката можност од тоа толку да се разбесни девојката што може да го гризне или отсече пенисот. За жал вакви несреќи понекогаш и се случуваат и тие ги потхрануваат спекулациите и гласините.
Кај мажите постои и страв од тоа за време на сексот невнимателната жена да го повреди пенисот во ерекција.
Сите чуле работи од типот фрактура на пенис, но никој не ги знае деталите освен уролозите. Всушност тоа е многу ретка медицинска ситуација, но сепак мажите се држат на сигурно и бараат од партнерот грижливо да се однесува со пенисот во ерекција.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
14.01.2010, 11:54
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA
Се до 1960-тите, мажите немаа време да размислуваат на теми како што се должината на пенисот или траењето на сексуалниот чин. Тие беа зафатени со војни и бројни вооружени конфликти. Но, големата светска сексуална револуција ја сврте водата на друга воденица.
Порно филмовите со атери на кокаин и режисери алкохоличари почнаа да покажуваат невообичаено долги секс сцени и машки гениталии со џиновски размери.
Некои мажи минаа години во обид да ги имитираат своите омилени актери, но без ефект. Во овие години владееше чувство на инфериорност, вакум-пумпи за зголемување на пенис и милиони техники за зголемување на можностите за водење љубов по цел ден и цела ноќ.
со ова се сложувам.а незнам зошто кога жената може да ја задоволи и многу мал пенис.сум читала ама имам заборавено од колку сантиметри
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
14.01.2010, 12:25
Anushka
1392
8 cm. Мажите се плашат од жените и од темница.
14.01.2010, 12:27
bojanas
187
Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост
_____________________________
Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее
14.01.2010, 12:28
Mila na mama
1152
мм се плаши од игли, лекари, болници и болести.
_____________________________
love u all
14.01.2010, 12:32
bojanas
187
Како можев да заборавам!!!!!!!!!!!! Кај ММ во фамилија сите мажи се плашат од крв, инекции и доктори. ММ 3 недели пред систематски психички се спрема за вадење крв. А што да кажеме ние што раѓавме деца
_____________________________
Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее
14.01.2010, 22:37
tereza
784
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas
Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост
хехехе да така е ова од искуство го знам
14.01.2010, 23:30
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas
Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост
хехехе да така е ова од искуство го знам
за ова и јас се гогласувам, само што кај нас е јавна тајна
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
15.01.2010, 00:56
nadica
4381
Мажите се плашат од жените
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
15.01.2010, 09:06
profesorica
5709
и тоа како се плашааааат
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
15.01.2010, 09:08
arh_diz
7198
I treba da se plasat
_____________________________
Биди тоа што си
15.01.2010, 09:13
profesorica
5709
море ние не треба д абидеме меки него да ги строиме, па тек тогаш како ќе се плашат
инаку мм има фобија (или незнам како да го наречам тоа) од вршење било каква нужда во јавни вециња.и не само од јавни, него и некаде ако сме на гости нема шанси бре
ова е повеќе гадење, но никако не прифаќа такво нешто.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
15.01.2010, 09:16
tereza
784
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
море ние не треба д абидеме меки него да ги строиме, па тек тогаш како ќе се плашат
Така е Профи,доста беше милум сега малку и силум не треба да сме меки оти тоа мажите си го вртат и тоа како во нивна корист,а кога малку ќе покажиш заби и те како можат да се подобрат.
15.01.2010, 22:28
Bitolcanka
2461
Се согласувам со двете. Нема лабаво со мажите А видат малку лабаво, на глава се качуваат. Мора да научиме да "управуваме" со нив, за да бидеме задоволни и среќни, а и тие со нас
Инаку машките се плашат и од:
соперник (посебно некој набилдан-мускулест дечко/маж) жена-маж ... не ми текнува од што друго во овој момент
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
15.01.2010, 23:22
Anushka
1392
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka
Нема лабаво со мажите А видат малку лабаво, на глава се качуваат.
Инаку машките се плашат и од:
соперник (посебно некој набилдан-мускулест дечко/маж) жена-маж ... не ми текнува од што друго во овој момент
15.01.2010, 23:24
Anushka
1392
Битолчанка, верувајтеми, мажите како мали деца се плашат од - т е м н и ц а еве, тестирајте ги, демек, случајно
15.01.2010, 23:25
pacuvce
1289
Се плашат од мајките,ама никогаш јавно не го признаваат тоа...Секогаш кршат прсти кога треба да им кажат нешто искрено и во принцип секогаш вртат во круг и се оддалечуваат од суштината на проблемот,така да нивните мајки никогаш не ја дознаваат што сакал писателот да каже...
_____________________________
Love is in the air
15.01.2010, 23:27
Anushka
1392
Фројд: па макјите, нели, жени се. А нели ги плашат со темница, ако се непослушни....
15.01.2010, 23:32
Bitolcanka
2461
Е да, во право си Анушка Не бев сигурна за ова, за мојот сакан не сум зебележала дека се плаши од темница, ќе го тестирам Имаш некој план-предлог?
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
15.01.2010, 23:36
Anushka
1392
на пр.: „заборави“ нешто многу „важно“ во возилото, а возилото во подземна гаража на пр. И тоа „нешто“ одненадеж ти треба во 4 наутро. На пр. Се кладам дека нема да појде.
Или, одите некаде, ама стварно црна темница. Пушти го да оди 5 чекори пред тебе... ќе видиш разлика во однесување!
15.01.2010, 23:42
Bitolcanka
2461
Фала ти Анушка, ќе применам нешто од тоа наскоро, па ќе ти кажам каква беше реакцијата Морам да ве напуштам сега, ме чека Се читкаме пак утре. Добра ноќ на сите
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.01.2010, 09:01
profesorica
5709
лелееее стварноооо...и мм се плаши од темница значи еве чист пример.јас ноќе кога станувам за во веце не палам светло.а мм обавезно пали.
а од мајќите тоа да не спомнувам колку се плашат.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
16.01.2010, 09:01
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce
Се плашат од мајките,ама никогаш јавно не го признаваат тоа...Секогаш кршат прсти кога треба да им кажат нешто искрено и во принцип секогаш вртат во круг и се оддалечуваат од суштината на проблемот,така да нивните мајки никогаш не ја дознаваат што сакал писателот да каже...
потпис!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
17.01.2010, 21:35
Sasoxp
29
Epten straslivci ne napravivte :)
17.01.2010, 21:38
Еца
6692
Па јас не би рекла, ама еве прилика да не демантирате