за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Бидејќи се ближи крајот на учебната година , време е на тестирање на знаењето на учениците, писмени работи, оценување и слично. Сигурна сум дека имаме мајки на ученици ( било во средно , било во основно) а и оние кои не читаат ги поканувам да се зачленат и да споделат мислење.А имаме и наставнички па нека ни се изјаснат. Сметате ли дека тестовите се прилагодени на возраста на учениците? На нивниот психички развој, па сега новите екстерни и интерни оценувања и слично. Учат сами ли Вашите деца за тестовите или им е потребна стручна помош? Дали им се сервира премногу материјал а наеднаш и колку тоа им се објаснува во училиште , каде што треба да им се објасни поголемиот дел од материјалот? Баш вчера со една внука вежбавме математика бев запрепастена од она што се учи во 7 одделение деветолетка, премногу материјал ,а никако објаснето на училиште. А на тест секој сака 5 нели?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
19.05.2013, 23:50
Палешка РР
7505
Син ми е трета година Гимназија и секоја недела прави тестови по нешто. Често прави тестови и 2-3 пати неделн. Богами ако не се тестовите книга нема да фати. Вака барем нешто ќе научи. Екстерното тестирање сметам дека е непотребно. Небаре матура полагаат Мислам дека тоа е дополнително малтретирање на децата.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
20.05.2013, 00:18
bucko mal
1431
Se nadevam nema da e problem sto ke pisham za naseto uciliste bidejki se raboti za ucilishte nadvor od MK. Jas pa sum zagrizena bidejki tuka pa nishto ne se uci,navistina nishto. Sinmi e petto oddelenie I eve vtora godina e tuka I uste ja ucat tablicata I sobiranje do 100 knigi nemaat samo nekoja tetratka moliv I penkalo I tolku neznam dali covek da se smee ili da place.Oceni nema a testovi neznaat sto e toa. Knigi im davaat za da citaat doma ama I tie ko slikovnici se so po edna recenica. domasnoto im e deset zadaci sami da si napisat I reshat I deset zborovi da prepisat. nie mu davame na sinmi da vezba doma ama sholo si e sholo be leleeee Razgovarav so edni nasi devojcinja oni se sredno sholo I mi vikaat toa e taka se uci tuka Ako odish na fakultet togash si ucish za toa sto si se opredelil, pa zivi bili pa videli kako ke bide. kako I da mene voopshto ne mi se dopaga,sinmi se smee vika abe mamo ko gradina isto e
20.05.2013, 00:23
Pepelaska *
3820
Па кога ја отворав темата мислев и на ова, само не знам дали само јас така мислам или може грешам, дека децата во нашите училишта се преоптоварени( мк) . Баш разговарав со една наставничка за ова ми го потврди истово,и додаде позитивен аспект дека секаде можеле да се снајдат и имале прилично добри резултати постигнато од републички натпревари, и слчично.
И на крај толку умни деца не можат да најдат работа? Тоа најмногу ме мачи, што тие тестови ( што којзнае колку се реални според нивната возраст ) тие оцени , кај нив веројатно ако се позитивни носат задоволство и мотив за понатаму а потоа носа разочарување.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
22.05.2013, 09:47
Felly RR
7977
Кога се работи за тестови и писмени работи кои наставникот сам ги подготвува, тогаш сигурно дека ќе ги прилагоди на она што го предавал на часовите. Е сега колку наставната програма е прилагодена за возраста, тоа е друга работа. Екстерното тестирање сметам дека е сосема различно од тестовите кои наставниците ги спроведуваат на часовите, затоа отворив нова тема за Екстерно тестирање, кое е доста актуелно деновиве. Па да продискутираме и на таа тема. КЛИК
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.