за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Убавина, памет, сексипил и шарм, што повеќе може да посакаат мажите од една жена? И додека повеќето мажи би умреле за овој убиствен спој, постојат некои стереотипи кои им се потполно неодоливи.
Кои се тие работи за кои мажите би клекнале на колена? Можеби ќе бидете изненадени од одговорот, но мажите не паѓаат на шминка или конфекциски број 0. Привлечни им се атрибути како виткана коса, долги нозе, убави стапала и секако - облини.
1. Жени во црвено Мажите обожаваат да видат жена во црвен фустан. Научно е докажано дека жените кои носат црвено се посексипилни за повеќето мажи, факт кој покажува дека црвената боја е навистина романтична. Притоа следниот пат кога прв пат ќе се појавите на состанок, не заборавајте да облечете црвено.
2. Долга виткана коса Доколку досега сте мислеле дека нанесување голема количина на шминка или детално средување од глава до петици е формулата за машкото срце, гадно се лажете. Наједноставен начин да привлечете машко е да ја пуштите вашата природно виткана коса. Имено повеќето мажи витканата коса ја сметаат за неодолива.
3. Тело со облини Одамна е познато дека мажите не сакаат костурести жени, но тоа не ги спречува жените и понатаму секогаш да бидат на некои диети. Мажите сакаат облини бидејќи, како што велат, таквите жени изгледаат здраво и сексипилно. Поради тоа, престанете да гладувате, имајте нормална тежина и уживајте со мажот од вашите соништа.
4. Долги секси нозе Мажите буквално паѓаат на колена пред жена со долги нозе. Тие сметаат дека тоа е најсексипилниот дел од женското тело и уживаат кога ќе видат жена во убаво обликувани долги нозе спакувани во мини здолниште. Доколку сте горда сопственичка на такви нозе, овозможете му една приватна грациозна прошетка.
5. Длабоки темни очи Без оглед на тоа дали се сини, црни, зелени и кафеави, жените во нив ги кријат своите емоции. Мажите се слаби на жени со крупни очи кои, како што велат, им влеваат доверба. Во едно истражување мажите признале дека во големите длабоки женски очи може да го видат одразот на своите позитивни особини.
6. Бринета, а не плавуша Едно детално истражување тврди дека мажите повеќе сакаат црни отколку девојки со руса коса, иако е општо познато дека не е така. Тоа посебно доаѓа до израз кога мажот ја избира својата животна партнерка. Истражувањето открило дека мажите кај црните девојки гледаат стабилност и чувство на сигурност, што се добри квалитети за идна сопруга.
7. Секси стапала Убавина во спој со памет ја сочинуваат убиствената комбинација. Интелегентната жена побрзо го пронаоѓа патот до машкото срце. Повеќето мажи признаваат дека најчесто паѓаат на интелегентни жени бидејќи обожаваат кога жената во разговорот се однесува како рамноправен партнер.
8. Интелегенција Иако некои го сметаат како фетиш, едно истражување докажало дека во поново време сексипилните женски стапала се битен дел за мажот. Дури 30% од мажите никогаш не би можеле да бидат со жена со грди стапала, без разлика на нејзината беспрекорна убавина и интелегенција.
9. Деколте За малку најбитното ќе го заборавевме и целата вест ќе ја изгубеше смислата...
< Поракaта ја уредил Elena -- 17.8.2009 15:40:29 >
18.10.2009, 18:31
sakibukic
137
под број 1,2,3,6,и9
08.11.2009, 16:50
mis.
3845
Мажите се палат на... Што го привлекува спротивниот пол? Ова е децениско прашање за кое нема конечен одговор. Ќе се согласите дека станува збор за личен вкус, а и работите претендираат да се менуваат заедно со генерациите. За да не мора повеќе да се прашувате, удривме директно на изворот. Направено е истражување во кое биле вклучени различни генерации мажи, насекаде од светот. Но, без разлика на возраста и различните култури, истражувачите издвоиле 20 стереотипи кои досега ниту едно време не успеало да ги избрише. Затоа девојки, еве што треба да знаете: 20 работи што мажите сметаат дека се неодоливи. Тие велат: Знаете да се шегувате и знаете да нé задевате. Во здодевните денови кога нема што да се прави, вие го задевате за увцето, сакате да се борите со него, гледате дека е загледан во филмот и намерно се подбивате со него. Свесни сте дека всушност ние не сме од Марс, а вие од Венера. Ова е можеби најомразената реченица на мажите. Буквално се ежат штом ја чујат. И самите се свесни дека се разликувате, но не и дека потекнувате од различни планети. Ги носите нашите широки маици и боксерки. Да секој маж се пали на стегната и наконтена девојка, но нема потреба од тоа и кога сте во домашна атмосфера. Неговата маица на вас, тоа е навистина глетка што предизвикува да помислат на спалната. Ни се јавувате како гром од ведро небо. Мажите не се по редот и дисциплината. Најмногу се нервираат да следат распоред во врска. Јавување по работа, заборавете на тоа. Јавувајте му се без да размислувате за времето и моментот. Се бакнувате креативно. Секогаш пали менувањето на вообичаениот тек. Малку повеќе јазик или играње со неговите усни е доволно за да се возбуди, и вас истата, да ве доживее на поинаков начин. Не плашите се да ни го наметнете своето мислење. Нема ништо полошо од тоа да ја изгубите својата личност во врската. Тие уживаат во својата доминантност, но не и по цена да бидат главни диктатори. Понекогаш и кавгите знаат да бидат секси. Вашата симпатична лутина секогаш ќе го омекне неговото срце. Одвреме-навреме покажувате интерес да погледнете некој натпревар или да дојдете со нас на стадион. Вие не сакате спорт, тој не сака да гледа шпански серии. Ако нема ништо против да ви го отстапи телевизорот на половина час, немајте ни вие да го придружувате на натпревар. Само тогаш ќе ви стане јасен неговиот покачен адреналин. Уживате да го водите целиот секс, вклучувајќи ја и предиграта. Не бидете само иницијатор, бидете главниот играч кој ќе ги диктира правилата на игра. Верувајте дека тој ќе ужива да се потчини на вашите барања. Нé прашувате и за совети кои не се од нашиот домен. Нормално дека тие се експерти за купување технологија или за нови гуми за автомобилот, но тоа не значи дека не сакаат да ги сфатите сериозно кога ви кажуваат дека лошо постапувате со своите пријателки. Се трудите да им се допаднете на нашите мајки. Машките деца обично се поповрзани со своите мајки бидејќи им е забрането да се жалат пред татковците. Затоа многу им е важно ВИСТИНСКАТА да биде вистинска и за мама. Продолжува...
< Поракaта ја уредил mis. -- 8.11.2009 16:51:42 >
08.11.2009, 16:54
mis.
3845
И овој пат ќе продолжиме да го одгатнуваме децениското прашање: Што го привлекува спротивниот пол? Во претходната статија набројавме 10 женски постапки за кои мажите сметаат дека се неодоливи. Според нив, излегува дека мажите сакаат насмеана, самоуверена жена која не се плаши да покаже што има, но и да прифати нешто ново. Мажите од целиот свет ви ги нудат и останатите 10 неодоливи моменти кои ве сместуваат во категоријата девојка со квалитети. Тие велат:Можете да направите кок и со обично пенкало.
Тие се свесни дека цел живот ќе зависат од жена. Додека се мали тоа е мама, а подоцна тоа сте вие. Затоа секогаш ќе се восхитуваат на вашата снаодливост.
Да умеете да бидете секси и паметни во исто време.
Нема попровокативна глетка од девојка која чита книга или решава крстозбор, облечена во пижами, а изгледа како од насловна на Playboy.
Да нé потсетувате каков подарок сакате.
Машкото толку не се потресува за испит, колку што се потресува кога треба да избере подарок за саканата. И покрај помошта од сестрата или пријателките, на крајот пак вие сте незадоволна. Затоа мала помош е добредојдена.
Да бидете самостојни, но не до степен ние да изгледаме како вишок.
Ниеден маж не ужива вие постојано да му барате пари за да си купите нешто за облекување. Или, пак, да барате дозвола за да отидете на кафе со колегите. Но рамнодушниот однос е нешто што не може да го поднесат.
Ја знаете границата помеѓу флерт и пријателство.
Тоа што ги нервира е кога им тврдите дека тоа било обичен разговор, а тој сам видел како му се смешкате на пријателот од работа. Не очекувајте маж да поверува во пријателството помеѓу маж и жена.
Сакате да каснете еден голем хамбургер со нас, а по тоа се разбира десерт.
Не сте забавна ако не знаете да се отпуштите со чаша „кока- кола" и мрсен хамбургер по диско. Зарем секогаш ќе ве врќа дома за потоа сам да јаде.
Не се срамите да дремнете до нас додека гледаме филм.
Мажите уживаат да ве гледаат додека спиете на неговото рамо. Или, пак, да ве покријат, а тој да се занимава на компјутер. Нормалните и спонтани реакции секогаш ги палат.
Да ни подарите цвет.
Верувале или не, но голем процент од мажите одговориле дека многу би сакале девојките да им подарат цвет. Сметале дека тоа е навистина израз на почит и голема љубов.
Да знаете што сакате, не може постојано да не знаете.
По природа жените се неодлучни. Менуваат мислење за помалку од 5 секунди. Тоа е зошто секогаш го сакаат најдоброто. Но, маж не може да разбере како може да ви треба толку време за да одлучите што ќе јадете.
Сте смислиле што сакате да правите вечерта.
Мажите се нервираат кога девојките се неодлучни. Кај немате смислено никаков предлог, уште ги критикувате сите негови идеи. Состаноците почнуваат да стануваат речиси невозможни поради вашата неодлучност.
< Поракaта ја уредил mami -- 11.11.2009 15:21:53 >
09.11.2009, 12:20
mother 29
4405
во негативен контекст
жена што многу зборува и што се знае!
11.11.2009, 15:20
mami
8680
Еве уште некоја техника како да го излудите во кревет... Речиси сите мажи имаат омилена поза и техника за в кревет. Преземете ја играта во свои раце и практикувајте одредени техники в кревет што ќе го излудат. Така ќе признае дека сексот веќе не е добар, туку одличен. Еве неколку техники што лесно можете да ги научите: Дозволете да гледа. Пред почетокот на љубовната игра, легнете на грбот, раширете ги нозете и со своите прсти почнете да се допирате по интимните делови, а тој само нека гледа. Кога жената се допира и го гледа својот партнер право во очите со него споделува интимен момент кој е резервиран само за него. Највозбудливо за мажите е да ја гледаат жената како доживува оргазам. Сето тоа зачинете го со секси-движења и гласно дишење за да го возбудите уште повеќе. Задоволете го орално. Оваа техника го возбудува дури и маж што во моментот не е многу расположен за секс. Почнете со нежно лижење на главата од пенисот, а потоа фатете го пенисот со едната рака и со устата движете се од главата кон коренот. Најпрво тоа правете го полека, комбинирајте лижење и движење од главата кон коренот. Потоа постепено забрзувајте, правете кружни движења, а тука можете да употребите и вшмукување на главата од пенисот што на мажот му дава дополнително, моментно задоволство. Доминирајте. Поставете се супериорно пред партнерот. Мажите сакаат кога жената води во сексот. Во случајов вие ја водите ситуацијата, така што вашиот партнер не знае што следува. Обидете се да го изненадите. Иницирајте пози што ретко сте ги употребувале или покажете му некоја нова. Уживајте во задоволството и дозволете тој да го забележи тоа. Вашето задоволство влијае врз него, а тоа уште повеќе го возбудува. Дозволете му doggy style. Му се нудите одзади, тоа е слика што секој маж ја посакува. Препорачливо е за време на doggy style поза што повеќе да ги користите рацете и да го стимулирате клиторисот и градите. Така тој повеќе ќе се возбуди, а и вашето задоволство ќе биде поголемо. При оваа поза партнерот полесно продира во вас, а вие имате чувство дека неговиот пенис е поголем. Додека тој пенетрира во вас правете кружни движења кои ќе ја зголемат неговата возбуда.