за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали имата некоја посебна храна што не ја сакат вашите деца?
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:18 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
06.10.2009, 10:18
Mila na mama
1152
Спанаќ. Не само што одбива да го јаде туку ако ја убедам да голтне потоа го повраќа. Затоа пак се друго зелено, грашок, тиквици, брокула, краставица, обожава.
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:33 >
06.10.2009, 10:21
mami
8680
уф..не сака сирење, урда, се што е солено...ако супата му е малку посолена не ја јаде
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:54 >
06.10.2009, 10:47
profesorica
5709
Не сака домати и краставици, ако му го натопам лепчето во сок од домати го плука
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 11:41
ostoun
436
Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademe
06.10.2009, 11:51
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: ostoun
Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademe
и ние во манџа ги јадеме доматите или во вид на салца.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 11:56
nadica
4381
овошје не сака со сила го даваме многу ретко каснува по малку не го сака во ниедна форма ни варено ни печено ни свежо помагајте
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
06.10.2009, 11:58
mami
8680
а да ја пуштиш сама да зема? исечкај и на парченца па сама нека си го стави во уста..Лука обично кога му даваме не сака а ако му сервираш сам да зема тогаш јаде
06.10.2009, 12:03
profesorica
5709
Да и ние така му даваме на Дамјан, и он више несака банана гмечена него така си ја гриза а и други работи сака сам да ги држи и трча низ куќа и си каснува по малку
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 12:03
nadica
4381
пробувам ама не ни оди баш најдобро можеби треба во текот на целиот ден да има нешто на дофат па можеби ќе касне нешто
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
06.10.2009, 12:10
mami
8680
види кај моите дека е по цел ден они му ставаат едно чинивче на масичката полно со сецкано овошје или оние рипчиња грицки и он помини замини си каснува
06.10.2009, 12:13
big_mama817
1331
не сака да јаде пиперки,краставици,домати и моркови
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
06.10.2009, 12:40
Палешка РР
7505
Не јаде сирење, кашкавал-во сирова форма- пржено и во тост и пица може. Не сака киселина во салата, не јаде туршија, зелка ни под разно.
Ама обожава благо, овошје и месо.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.10.2009, 12:59
mis.
3845
Не сака пиперки.Во главата си има зацртано дека се лути и нема шанси да го убедиш да јаде.
06.10.2009, 13:09
mother 29
4405
не сака мед,боранија,бананата ја прејаде и сега сме во фаза на апстиненција од неа,ама па затоа се друго јаде...домат,морковот си го грицка како зајче,омилено му е грашок манџа....
а јаболките и краставиците, мав ги прави...не се жалам си јадеме ние....
07.10.2009, 14:20
mother 29
4405
Марко си ручка се.пу пу ..... вчера за прв пат му дадов да проба мајонез,му се допадна. единствено нешто сто не сум му дала се печурки.си порачуваме пица пола со ,пола без печурки?
вие сте му дале печурки,култивирани ,на детето ?
27.10.2012, 11:15
Maca25
7558
Н. не сака пиперка, ориз, спанаќ, млада тиквичка, не сака цвекло, во последно време не сака ни јаболко. Сево ова порано го јадеше, но последнава година одбива да ги јаде, дури и ги повраќа.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
27.10.2012, 13:10
Calypso
1386
Син ми јаде скоро сè. Многу зависи како е припремано јадењето и дали ќе му се допадне. Ама знам дека не сака тиква и костени (му се наткрева за повраќање од нив, со тиквата уште од 6 месеци кога проба првпат), не сака ни леќа ни боранија, со зорт ги јаде, исто како татко му. Ама му ги мешам со кисело млеко, па ќе ги изеде, бидејќи не му попуштам - што има за ручек, тоа ќе јаде. Не сум му дала сувомеснато и печурки сè уште, не знам ни дали ќе ги сака - сувомеснатото може ќе го сака, бидејќи сака месо, ама ќе оддолжувам колку што можам повеќе, барем до три години (сега има година и пол).
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
27.10.2012, 23:51
Felly RR
7977
М има некои работи што воопшто не сака да ги проба. И кога ќе рече НЕ, нема шанси да и дадеш да касне. Еве на пр. цело лето не касна домат / патлиџан, иако лани јадеше цело време. Многу пати ако земам јас нешто да каснам, и таа ме прашува - Мамо, што јадиш? и уште пред да и одговорам ми вели - Јас, неќам. (Да не случајно и понудам и неа ) Не сме многу по јадењето.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.10.2012, 00:04
Џесика
2036
И Борјан не сака домат, многу ми е криво, ја од уплав да не биде ко татко му, пола зеленчукова храна да не ја јаде... пиперка само свежа пробал, од домат не сака ни кечап, ни салца. Не сака паштета, салама, не ми е ни криво за тоа, а и ајвар не сака. Сега купив тиква, па да видам, не верувам дека ќе ја сака, лани во чоколиното му ја мешав не ја осеќаше. Од готвена храна не сака ориз и шпагети, му се гади од лепливоста и лигавоста, а штотуку почна да јаде макарони, едвај, со триста ветувања и молби.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
28.10.2012, 00:09
Felly RR
7977
Заборавив за ајварот - и тоа не сака ни да го проба. Устварни никаква пиперка не каснува.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.10.2012, 08:47
kikicka
4218
И кај мене Л. ајвар не сака, мелено месо не сака инаку другово го јаде. Се што и лепи во уста не јаде,и се што ја бочка на пр:како бискота не јаде,а инаку стопено во млеко јаде и бискота и корн флекс.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
28.10.2012, 09:41
Maca25
7558
Нина не јаде пиперка, па не сака ни ајвар да јаде. Не скаше летоска ни летна манџа да проба, не сака ни полнети пиперки.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
28.10.2012, 15:35
AnnaMolly RR
6409
Филип не јаде апсолутно ништо што е црвено - домат, јагоди, малини, капини, црвен овошен јогурт, црвен сок, ајвар . Исклучокот е кечап. Само тоа црвено јаде. Не јаде ни мелено месо во никој случај, освен ќебап Не јаде еурокрем, мармалад, мајонез. Мислам дека тоа е тоа.
_____________________________
Live and let live
28.10.2012, 20:27
Bethany
4534
Мојот син не сака свежо овошје ако е сецкано, на парчиња, не сака ни да проба да загризе. Било што. А ако му изблендирам ќе јаде ама оти мора. Единствено банана два дена јаде кога му давам парчиња, два дена ја плука , се гади. Друго се јаде што му давам, да ли му се допаѓа или не, додека не се буни добро е.