cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

пилатес

clock-img

27.07.2009, 15:33

clock-img

mami

pencil-img

8680

Пилатес е техника на вежбање која настанала во дваесеттите години на минатиот век. Тоа е микс на вежби за зајакнување и за еластичност на телото.Со редовно вежбање на пилатес на своето тело му овозможувате:

- Издолжување и зацврстување на мускулите;
- Подобрување на дишењето;
- На телото ќе му ја вратите еластичноста ;
- „Подмачкување“ на зглобовите;
- Може да ја победите остеопорозата;
- Може да ви помогне полесно да ја поминете бременоста, а потоа лесно да ја вратите старата фигура;- Ќе го ослободите  телото од стресот и напнатоста;- Ќе ги намалите или остраните симтомите на ПМС;Татко на овој начин на вежбање е германецот Јозеф Х. Пилатес, кој боледувал од асма и бронхитис. Но имал голема желба и волја да направи нешто повеќе за своето здравје.Јозеф измислил стотина вежби со кои ја подобрил својата здравствена состојба. За време на Првата светска војна бил во логор каде набрзо почнал да ги тренира затворениците, а како реквизити за вежбање ги користел креветите кои ги прицврстил на ѕид.После војната заминал во САД каде го отворил првото пилатес студио кое и ден денес работи. Негови редовни клиенти му биле балерини, атлетичари, гимнастичари и театарски актери.Вежбите кои денес се користат во пилатес се надоградени и усовршени. За среќа на бројните љубители на пилатес низ целиот свет, вежбите се едноставни и прилагодливи кон секој, без разлика на полот, кондицијата и годините.

clock-img

30.07.2009, 11:33

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image


топката е одличен стимулатор за често повторување на вежбата.. Грбот и задникот се убаво сместени на самата топка, што овозможува брзо и лесно изведување на стомачните вежби.

clock-img

12.08.2009, 12:20

clock-img

Leonida

pencil-img

411

Јас долго време вежбав пилатес, но откако останав бремена престанав бидејки сепак треба да се малку по различни бежбите за бремени. Ме интересира дали некој знае да ми каже дали кај нас во Скопје има некаде пилатес специјализиран за бремени?
Би сакала да продолжам но сакам кај некој кој се разбира, а не класичен пилатес. Сепак мора да се внимава со вежбите.

Поздравuser posted image

clock-img

12.08.2009, 12:28

clock-img

mami

pencil-img

8680

За Јога за бремени знам дека има сигурно, но пилатес незнам,Вежбите на пилатес топката се препорачуваат и на бремени жени, но во точно определен период од бременоста со консултација од гинеколог.
така што мила, најдобро да прашаш онаму кадешто досега си вежбала да те упатат, и најпрво консултирај се со својот гинеколог

clock-img

15.09.2009, 09:29

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Мами од кај ја имаш земено пилатес топката?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

15.09.2009, 09:33

clock-img

mami

pencil-img

8680

мм ми ја донесе од белград како подарок, а инаку ја имаш во топ шоп во Рамстор во подрумот., не беа скапи околуи 1500 ден или така нешто

clock-img

15.09.2009, 09:34

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Фала мами-таман денес ќе одиме во рамстор.Може ќе го посетиме и детскиот центар со Дамјан.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

17.11.2009, 15:05

clock-img

mami

pencil-img

8680

Пилатес топката има огромен број на вежби кои ефикасно ке ви ги затегнат и тонираат вашите стомачни мускули, а и ке го истегнат вашето торзо и ке ви ја подобрат флексибилноста.

Како се користи:

Пилатес топката е мека, лесна топка, чиј што дијаметар може да биде од 30-85 сантиметри. Кој дијаметар ке го одберете зависи од вашата висина. Пилатес топката е дизајнирана да ги истегне и тонира стомачните мускули. Исто така може да биде многу корисна и додека ги изведувате другите вежби бидејќи може да ја користите како подлога додека дигате тегови или кога правите склекови. Користењето на топката при изведување на други вежби ќе ја подобри важата рамнотежа и ке ги зацврсти стомачните мускули.

Да почнеме со вежбите:

Истегнување- легнете со грб на топката за да ги истегнете стомачните мускули. Легнете со стомакот на топката за да ги истегнете грбните мускули, или легнете на страна за да ги истегнете страничните мускули. Може и да седнете на топката, со нозете пред вас за да ги истегнете мускулите на нозете.

Кревање тегови-
Користете ја топката за да си дадете поддршка, баланс и поголем ранг на движењедодека кревате тегови. Можете да легнете на стомак или на грб врз топката и да правите без тежински кревања на тегови нормално одржувајки рамнотежа на топката.

Стомачни вежби-
легнете на топката и правете стомачни вежби за да добиете одличен резултат. Исто така користете ја топката како подпирач кон ѕидот додека правите чучњеви или, поставете ги стапалата или нозете на топката додека правите склекови.

Како да ја изберете вистинската големина:


Пред да ја купите, треба да видите кој тип или која големина ке ви одговара најмногу. Бирајте топка според висината. Тежината тука не игра улога, бидејќи најголемите топки можат да издржат и до 285 килограми

 - 30-35 сантиметри дијаметар- за луѓе под 147 сантиметри висина

- 45 сантиметри дијаметар- за луѓе од 142-164 см висина

- 55   сантиметри дијаметар- за луѓе од 167-182 см висина

- 65 сантиметри дијаметар- за луѓе од 182- 195 см висина

- 75 сантиметри дијаметар- за луѓе над 195 см висина

- 85 сантиметри дијаметар- за луѓе со поголема тежина или оние со особено долги нозе.  

Ако сега почнувате за прв пат да вежбате со пилатес топка тогаш подорбо да одберете помека топка, бидејќи на неа полесно ке вежбате. Поцврстите топки ке бараат зголемен интензитет во вежбањето и ќе ги направат вежбите потешки.  

< Поракaта ја уредил mami -- 17.11.2009 15:09:51 >

clock-img

22.01.2010, 14:59

clock-img

mami

pencil-img

8680

Вчера со Лука вежбавме заедно. Прво јас се истегнував на топката, па после тој се залепи за неа како да ке спие и го возев напред наза, лево десно, се скина од смеењеuser posted image user posted image user posted image и после пак мама малку вежбаше а он стоеше од страна и се смееше самоuser posted image user posted image

clock-img

19.03.2010, 07:59

clock-img

mami

pencil-img

8680

еве ги вежбите што пробувам да ги правам секој ден... не секогаш имам време (тоа само како изговор)user posted image

КЛИК

clock-img

19.03.2010, 08:25

clock-img

natasha

pencil-img

430

Dobro bi mi doslo seto ova uste samo da mozev da si kupam i vreme i ke bev stegnatauser posted image user posted image user posted image

clock-img

19.03.2010, 08:28

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Јас од вежбање страна само трчам- трчам на работа да стигнам, трчам на снимање, па трчам да измонтирам, па трчам дома да направам ручек, па трчам со МИла низ парк ама фер е да кажам дека и дигам еве мила секој ден по сто пати ја дигам горе долу и ја носам наоколу. Не да сум навежбана.user posted image user posted image user posted image
Шега настрана вежбите се супер ама немам време или се вадам дека немам.

_____________________________

love u all

clock-img

30.04.2010, 00:22

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас имам едно ЦД со пилатес вежби, порано вежбав, иако ретко, зашто вежбите траат 2.30 часа и немав толку време и сега планирам да почнам да вежбам, а исто така сакам да си купам и топка, имам вежбано на топка во фитнес студио и навистина е екстра затоа што сите мускули се активираат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

30.04.2010, 00:31

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

3 причини зошто вежбите со топка се топ


Вежбите со топка не само што се забавни туку во последниве неколку години станаа тренд што го следат сé поголем број жени. Но, зошто е тоа така? Која е причината поради која жените попрво би се одлучиле да вежбаат со топка отколку на справа.

Еве каде лежи одговорот:

Вежбите со топка се поефикасни во споредба со вежбите на фитнес-справи.

Во неодамнешната студија на научниците од Онтарио, Канада, се вели дека девојките што правеле стомачни вежби на топка имале подобри резултати од тие што правеле вежби на под или со помош на справа. Која е тајната на топката?

За да вежбате на топка, потребен е баланс. Топката не е рамна површина на која ќе легнете и ќе работите само со една група мускули. Ги активирате мускулите на нозете, половината, грбот и стомакот. Со нивна помош вие всушност останувате на топката. Со ниедна друга справа не сте во можност да активирате толкава група мускули истовремено.

Фитнес-топките влијаат охрабрувачки да се истрае во тренингот.

Топката е практична и можете да носите со себе каде било. Дали е тоа дома или на одмор, немате причина да прескокнете тренинг. За да не се мачам и да барам изјави од други девојки ќе ви го кажам моето искуство.

Ова лето, во куферот направив место за мојата топка. Бидејќи другите спиеја до доцна, утрото го користев за вежбање до базенот. Не само што е забавно, вежбањето со топка е одлично за здравјето и духот, а и економично е.

Не мора да станувате од кревет по работа, па со автомобил да одите во сала. Колку често се случува да уплатите часови и да ве мрзи да отидете до местото, не дека ве мрзи да вежбате. Затоа со топката нема да го имате тој проблем. За викендите ќе можете да вежбате во група, со пријателките, како дополнителен мотив.

Секој може да има полза од вежбите со топка.

Нема правила за тоа кој може или смее да вежба со ова револуционерно помагало. Секој од 8 до 88 години, без оглед на тежината, може да вежба со топка. На пример, на машките деца не им е дозволено да креваат тегови во раната возраст за да не добијат кила. Но топките се лесни, интересни и наменети за секого. Навистина чувството е уникатно, ве враќа во детството и ве расположува.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

30.04.2011, 20:41

clock-img

mami 3.

pencil-img

60

Jas odev na fitness i sekako na sekakvi spravi vezbav ali ne mi bese nesto posebno, ali na pilates koga odev utredenta nemozev da stanam od bolki na muskulite znaci tolku mi se aktiviraja muskulive sto mi idese da placam od bolki

Последни статии

article-img