за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Четири најважни мали зборчиња,лесно е од срце, искрено да се кажат. Тие се затоа баш мали, за да можат дечињата да ги запомнат. На секој во срцето се драг гост Молам, Фала, Повели, Извини.
Дали ги учИте своите деца да ги изговараат овие зборови? Јас уште од мала ја учев Мартина и тоа нормално преку пример, најдобро се учи така, нели? Сега ако случано во поминување ја чукнам, ми се врти и ми вика, мамо не кажа Извини...или кога и давам нешто,ми вика мамо па не ми рече Повели Срце мало
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
27.05.2009, 17:53
niki
4299
Pa ne sum ja ucela nesto posebno, no sekogas koga i se obrakam koristam nekoj od tie zborovi i ona slusajki me pocna sama da si gi upotrebuva. Ne mi se veruvase koga prv pat mi rece fala, se cudev od kaj go naucila toa pa posle se fativ sama sebe kako i zboruvam, ne bev ni svesna deka tolku cesto sum i gi kazuvala tie zborovi za da gi zapamti i upotrebuva.
27.05.2009, 19:22
biba
50
Pa sum se trudela toa da im go prenesam preku mene, mislam mnogu mi e ubavo koga od dete bez razlika dali se moite ili nekoe drugo ke slusnam, izvini, molam, poveli....vo sekoj sluaj ubavi maniri
27.05.2009, 21:21
Боцко
806
о да, дефинитивно. стефан по default вели фала/благодарам кога нешто ќе му дадеш. се учиме сега на извини.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
24.09.2009, 15:18
big_mama817
1331
site cetri zborcina znae da gi izgovori i go znae nivnoto znacenje
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
24.09.2009, 15:19
mami
8680
ние сме мали за зборење ама се трудиме секогаш кога му даваме нешто да му кажеме повели и кога не рани да му кажеме фала
13.12.2010, 15:28
mami2
417
Без никакво инсистирање или форсирње големото ги има усвоено овие зборови и ги употребува правилно. За оваа навика сум горда на него. Дури и на копитарите во Зоолошка кога им подава парче зелка редовно им вели повели а луѓето околу редовно се кикотат и ни се потсмеваат.
21.01.2011, 17:59
nadica
4381
секоја шанса ја користам за да ја научам надица да ги употребува овие зборови и сега за сега добро ни оди додуша не ги кажува без причина, а и се случува да ги заборави
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
21.01.2011, 21:02
Боцко
806
напредуваме прилично. не само што редовно ги употребува туку разграничува домашни/надворешни и помлади/постари лица и комбинира со вие или г-дине/г-ѓо. абе дипломатче
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
21.01.2011, 23:57
Maca25
7558
Нина ги користи повели, фала и молам, а за извини добиваме бакнеж. не го има кажано, но секој пат кога ќе и речам оди сега и извини му се на тато, оди и го бакнува. сигурна сум дека знае што значи, но не го изговорила сеуште.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.11.2012, 12:10
Pepelaska *
3820
НЕ го учев туку му ги кажував кога му давав нешто му викав повели кога земав фала.
Сега бумеранг на тоа, ако му дадам нешто ( или некој друг му даде ) вика фала. Ако дава обавезно вика повели. Извини уште не знае , знае молим те да каже.( ова сам му текна )
Ако мамо молим те не ме карај
Ај карај го де
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
20.11.2012, 12:41
vezilka RR
4931
Повели редовно го користи, фала некогаш му текнува некогаш не. Од пред неколку дена почна да го употребува те молам (дај ми ова, дај ми она) и ова не сме го учеле наменски, барем јас не сум го учела, така да веројатно го научил во градинка. А извини сега почнувам да го учам, со извини следува и бакнеж и гушка.
20.11.2012, 14:09
AnnaMolly RR
6409
Повели кажува, но не баш секогаш. Ама ако го потсетам си кажува. Вика Фала или Благодарам, најчесто Благодарам. Те молам уште не сме научиле, а извини сега сме во фаза на учење. Како што кажа Везилка, по Извини следува бацка и гушка
Исто така, научивме дека откако некој ќе каже На здравје (по кивање), се вели Фала, здравје да имаш. Само што Филип вика Фала, здравје да имам
_____________________________
Live and let live
20.11.2012, 14:41
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Само што Филип вика Фала, здравје да имам
Убаво си вика детето
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
27.08.2013, 16:21
mommy_angels RR
1543
фала е меѓу првите зборови на А....е сега таа и кога ти дава нешто и кога зема си вика фала (поточно АЛА ),ама ете душиче научило нешто,а мамичка беше баш пријатно изненадена
29.08.2013, 09:20
Yummy Mammy
1690
Fala, Poveli i Dobar den vikaat uste od mali, toa im se prvite "vozrasni" zborovi na koi sum gi ucela. E sega golemava pocna nesto da se srami, pa ne vika Dobar den, ama zatoa maloto gi pozdravuva site komsii po red. Gi ucam i da kazat Izvini koga ke pogresat, no cudno e kako uste od mali imaat ego... ke se inaeti, i ke ja kaznis, i na nejzina steta ke odi, ama nema da ti kaze Izvini i nema.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
29.08.2013, 12:30
sandriana RR
2924
Почнува да употребува фала и повели, добар ден вели одвреме на време, или ако кажам јас, па да повтори, пред спиење на дедо и баба вели "ноќ" за ''добра ноќ'', а цел комшилук и пошироко го поздравува шоферски - со кревање на рака. "Зини" за извини ретко и текнува, уште не го има сфатено значењето на зборот мислам.