|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За порталот


Рингераја.мк


ЗА РИНГЕРАЈА.МК Интернет порталот Рингераја.мк е најголем специјализиран портал за сегашни и идни родители во Македонија. Месечно го посетуваат голем број интернет корисници, меѓу кои најмногу преовладуваат надпросечно образовани жени, на возраст помеѓу 25 и 34 години, кои преставуваат половина од сите корисници на порталот. 

Почетоците на порталот се од 2009 година, кога со наша помош почна да се создава првата интернет заедница на »родители« кај нас. Користејќи го искуството од останатите земји во регионов каде Рингераја постои и континуираната работа на тимот во Македонија, порталот доживеа многу надоградувања и проширувања, кои не доведоа до моменталната состојба на најголем семеен интернет медиум во Македонија. Денес Рингераја.мк е клучен извор на информации за секоја трудница во Македонија, за секој пар кој размислува за бебе, или младо семејство, кое за првпат се среќава со предизвикот да се биде родител и да се одгледува дете. 

Порталот е поделен на четири основни подрачја, кои се во согласност со различни периоди од животот на секој родител. Тоа се подрачјата ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, БЕБЕ и ДЕТЕ, кои вклучуваат широк спектар на популарни статии, поделени во тематски категории, интерактивни алати и тематски форуми, кои на нашите корисници им нудат корисни информации, убави зборови во тешките моменти и секако споделена среќа при радосни вести. Покрај основните подрачја порталот е составен и од разновидни рубрики и алати, како што се исхрана и рецепти, рингераја на гости кај, детско катче, филантропија, календар на бременост, календар на овулација, кинески календар за одредување на полот, калкулатор на срцеви отчукувања, список на имиња, албуми и анкети. 

Порталот Рингераја.мк последен пат беше обновен во април 2010. Рингераја.мк припаѓа на групата на семејни интернет портали чиј сопственик е компанијата Дану д.о.о. од Словенија (www.danu.biz), која се стреми да воспостави мрежа на европски локални заедници, со заеднички интерес за бременост и родителство. Освен Рингераја.мк Дану управува и со портали со сродна содржина во следниве земји: Словенија, Италија, СрбијаБосна и Херцеговина и Хрватска


Со Рингераја.мк управува Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје. Контакт

МИСИЈА НА ПОРТАЛОТ

Нашата мисија е со помош на интернетот и сите можности кои како медиум ги нуди, им овозможиме на сегашните и идни родители достап до информации за  планирање на бременост, периодот на бременост, здравјето и развојот на детето и неговото подигање. Рингераја.мк на корисниците им овозможува размена на мислења и меѓусебно споделување на искуства, како добивање на совети од стручни лица, се со цел за добивање одговори на многу прашања од областа на забременување, бременост, родителство и одгледување на деца.

Со помош на заедницата се обидуваме да добиеме што е можно поголем слух за актуелните проблеми и да го зголемиме квалитетот на донесените закони и прописи, а исто така се обидуваме да ги информираме нашите корисници за правата и обврските кои законски им припаѓаат. Со тоа сакаме да влијаеме на квалитетот, понудите и нивото на услуги, кои овие организации ги нудат 



Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?