13 - 23 рецепти од 23 | Страница: | | 1 | 2 |
Крем супа од грашок >
Сосотојки:
50гр. млад грашок, 1 лажичка или маргарин, 1 лажичка брашно,1/4 варена жолчка, 1 супена лажица кисела павлака.
Упатства:
Грашокот се чисти, се мие и се вари. Сварен се пасира. На страна, во сад во загреано масло се става брашното и заедно се додаваат во супата од пасираниот грашок. Се остава да се вари уште 10 мин. Се додава павлака и жолчка и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Млечна крем супа >
Сосотојки:
1мал компир, 1 мал морков и 150мл. млеко
Упатства:
Компирот и морковот се мијат се лупат, се сецкаат на ситни парчиња и се варат во вода. Кога ќе се сварат се вадат од водата, се пасираат и се додава млекото. Се остава малку да проврие, се лади и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна каша од банана и двопек >
Сосотојки:
100 мл.млеко, едно парче двопек или бисквита и една банана
Упатства:
Млекото се вари да зоврие. Се прелева двопекот или бисквитата за да омекнат. Кога ке се олади се додава бананата и се пасира за да нема грутчиња. Бананата може да се пасира со вилушка или сите продукти да се стават во блендер. Се служи веднаш, не смее да се подгрева.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна каша од јаболко и житарки >
Сосотојки:
едно јаболко со средна големина, 15-20 гр. пченкарни или оризови снегулки, 100 мл.млеко и 50 мл. вода.
Упатства:
Млекото и водата се мешаат и се варат на умерена температура да зовријат. Се прелеваат снегулките. Јаболкото се лупи се блендира или се ренда на ситно и се додава во млекото и снегулките. Ова убаво се мати за да нема грутчиња.
Кашата се служи веднаш и истата не смее да се дава подоцна или да се пригрева.
На доенчиња со навршени 6 месеци истата каша може да се приготвува само со млеко, без вода, наместо пченични или оризови снегулки може да се стави бисквити или двопек
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна каша со јаболко и морков >
Сосотојки:
1 јаболко, 1 морков, 1 лажичка ориз и 200 мл.вода.
Упатства:
Оризот се мие и се вари. На полусварениот ориз се додава измиен и рендан морков. Кога морковот е полусварен, се додава лупеното и сецкано јаболко. Кога сите продукти ќе омекнат, се остава да се излади и се пасира.
Кашата може да ја подготвите и со свежо јаболко и морков.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна кашичка со бисквити >
Сосотојки:
1 Круша
100 грама Бисквити
1 јаболко
Упатства:
Се лупат и чистат од семките крушката и јаболкото, потоа се сечат на коцки, и се варат 10 минути. Вареното овошје се пасира, и се соединува со мелени бисквити. Кашичката се разредува со водата во која се варело овошјето.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирјач >
Сосотојки:
80 гр. јаболко
100 мл. вода
3 кафени лажички оризово брашно
Упатства:
Јаболкото се вари и пасира/блендира. Оризовото брашно се вари во 100 мл. вода, се засладува по желба и се меша со вареното јаболко.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Рибина супа >
Сосотојки:
20гр. морков, 5 гр. благ кромид, 1-2 кафени лажички ориз 1 кафена лажичка маслиново масло и 100 гр. бела риба.
Упатства:
Морковот и кромидот се чистат, се сецкаат на ситни парченца и се варат во зовриена вода со масло. Кога ќе се свари зеленчукот се додава претходно исчистената риба. Кога е готово се вади рибата посебно од зеленчукот. Зеленчукот се цеди, а во истата вода се става да се вари оризот. Рибата се чисти од коските и заедно со зеленчукот се додава во сварениот ориз. Се вари уште 5 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Супа од пилешки ситнеж >
Сосотојки:
20 гр.морков, 10 гр.кељ, 10 гр. тиквичка, 10 гр. карфиол или брокула, 1 кафена лажичка пченкарен гриз или ориз, 100 гр. пилешки ситнеж.
Упатства:
Пилешкиот ситнеж се мие, се вади кожата и се вари. Зеленчукот се мие, се лупи и се сецка на ситни парченца. Кога месото е полусварено се додава зеленчукот и се вари на умерена температура додека не омекне. Месото и зеленчукот се вадат, а супата се процедува и става гризот или оризот за да се вари. Месото се двои од коската и ситно се сецка. На сварениот ориз се додава зеленчукот и месото. Се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Супа од телешки коски >
Сосотојки:
200 гр.телешки коски, 20 гр. морков, 10 гр.тиквички, 10 гр. карфиол или брокула и 1 кафена лажичка ориз.
Упатства:
Измиените телешки коски се ставаат во ладна вода и се варат 1 час на умерена температура. Зеленчукот темелно се мие, се сецка на ситни парчиња и се додава во супата со коските. Кога ќе се свари зеленчукот се вади во посебен сад, а супата се процедува заради ситните парченца од коските. На процедената супа и се одстранува вишокот на маснотија и во неа се вари оризот. Кога оризот ќе омекне се додава претходно сварениот зеленчук. Се пасира и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Чорба од мешан зеленчук >
Сосотојки:
1 компир
1 морков
1 домат
1/2 кафено лажиче ориз
Упатства:
Состојките се варат додека омекнат, се пасираат, се додава путер и малку сол. Чорбата се вари кратко време потоа.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот