37 - 48 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Лахмаџун - турска пица > Сосотојки: Потребни состојки:
1 kg брашно
1 квасец (свеж или сув од ќесичка)
топла вода за замесување на тестото
сол и малку шеќер
200-300 gr мелено, говедско месо
1 поголем кромид
200 ml доматен сос
Зачини по желба – куркума, кумин, коријандер, нане…
Домати, марула, лимон, лут сос (опционално)
Упатства: Начин на подготовка:
1. Го активираме квасецот во млака вода заедно со шеќерот. Замесуваме меко тесто додавајќи го брашното, малку сол и уште малку вода доколку е потребно. Всушност тестото треба да биде слично како она за пица.
2. Го подготвуваме сосот додека тестото стасува. Кромидот го сечкаме ситно, го додаваме меленото месо и пржиме на тивко. При крајот го додаваме доматниот сос и зачините по желба.
3. Кога тестото е стасано, обликуваме тенки, кружни основи, како за пица. Внимавајте тестото да е навистина тенко и пржете го во обична тава по неколку минути од двете страни, додека добро не зарумени.
4. Врз подготвеното тесто ставаме од сосот со мелено, говедско месо. Сепак, не претерувајте со филот, доволна е мала количина од него.
5. Декорираме со сечкана марула, домати, свеж лимон или лут сос по желба.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Криспи пилешки бургер > Сосотојки: 400 мл. млеко
40 гр. свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
60-70 мл. масло
1 крг. брашно
пилешко месо
сенф
брашно зачини
1 јајце
Сос: мајонез, кари, сос од лимон
Упатства: Замесете меко тесто од состојките за лепчињата и оставете го да се удвои. На намрсена или набрашнета површина исукајте кора па вадете кругови со чаша или поделете го тестото на повек?е топчиња. Премачкајте со јајце и печете во загреана рерна на 220 С.
Пилешкото исечете го на парчиња и исчукајте го. Премачкајте го со сенф и оставете 1-2 часа или преку вечер да постои. Потоа валкајте го прво во смеса од брашно и зачини, па потопете го во обична вода или јајце, па повторно во брашно, вода/јајце, па пак во брашно. Пржете го во тава со загреано масло на средна температура. Помфритот е печен во рерна со зачини, а за сосот измешајте кесичка мајонез со 1 лажичка сок од лимон и 1 лажичка кари.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Миниролнички со колбаси и лиснато тесто > Сосотојки: 55 гр маст
55 гр путер
Брашно 220 гр
250 гр колбаси
Млеко
Вода
Упатства: Ставете маст и путер (и двете омекнати на собна температура) во сад. Брашното ставете го одозгора и започнете со месење со рацете. Додадете малку вода за да направите тесто и продолжете со месење додека не се измешаат добро сите состојки. Завиткајте го тестото со пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте плех за печење.
Поделете го тестото на 3 парчиња. Покријте ја површината за месење со брашно. Расукајте го секое парче тесто така што е долго околу 30 см. Отстранете ја содржината на колбасите со стискање на меленото месо од нив. Исто така, поделете го на три дела. Обликувајте го секое парче во издолжена форма и ставете го на едниот крај од секој лист тесто. Намачкајте со малку свежо млеко. Расукајте го секој лист тесто во ролна.
Исечете го тестото на мали парчиња. Подмачкајте го секое повторно со малку млеко одозгора. Печете во загреана рерна додека не поруменат или околу 30 - 40 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Соган Долма > Сосотојки: 10-тина главици кромид со средна големина
500 гр. месо
150-200 гр. ориз
2 моркови
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажица вегета
3 лажици першун сецкан
1 чаша сос од домати
Упатства: Исчистете го кромидот од надворешниот слој, отсечете го коренот, за да можат внатрешните слоеви да се вадат подобро.
Замотајте по 3 главички кромид во водена кујнска хартија и печете во микробранова 3 минути. Потоа ставете ги следните три главички.
Во меленото месо додадете ориз и зеленчук и зачинете го по желба. Изладениот кромид раздвојте го на листови и полнете го со месо.
Во тавата налејте го сосот од домати, додадете врела вода колку да се покрие долмата.
Оставете да врие 10-15 минути, покријте со фолија и печете 45 минути на 200 C. Можете да ставите и мали слатки полнети пиперки во тавата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Поховани шницли > Сосотојки: 1/2 кгр. свински шницли
1 коцка за супа
сол,, вегета
2 јајца
брашно
лебни трошки
Упатства: Шницлите исечете ги, истолчете ги со чекан, ставете им сол и вегета. Во 3 садови ставете брашно, изматени јајца и лебни трошки. Ставете го месото во брашно, јајце и лебни трошки и ставете го да се пече во тепсија обложена со хартија за печење, во рерна. Ставете му малку масло и печете.
Кога месото е готово ставете го во подлабоко тенџере и налејте ја претходно сварената супа од коцка и покријте го. Варете околу 10 минути.
Месото ќе го задржи вкусот и ќе биде меко и сочно.
Послужете со пире од компири.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки > Сосотојки: 8 пиперки бабури
5 поголеми домати
500 гр. мелена месо
1 главица кромид
1 јајце
3 лажици маст
1 лажица брашно
црвен пипер
магданос
црн пипер
сол
Упатства: Бабурите измијте ги и исчистете ги од семето. Испржете на една лажица маст ситно исечкан кромид, додајте го измиениот ориз и со меленото месo, се заедно пропржете, тргнете го од оган, додајте го јајцетo и ситнo сечкан магданос, сол и црн пипер. Налолнете ги бабурите со оваа смеса. Затвoрете ти oдозгора со резенка од домат, редете ги во тенџере, ставете ги преостанитите дoмати и налејте ги со вода да се облијат. Кога пиперките ќе oмекнат направете запршка од маст брашно и црвен пипер, ставете ја преку пиперките и оставете ги уште малку да вријат на тивок оган. Со овие пиперки може да се служи кисело млекo или кисела павлака.
Сервирајте со салата од кинеска зелка.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат од месо > Сосотојки: - 500 гр. мелено месо по избор
- 2 жолчки
- 1-2 лаж. презла потопени во вода, вегета и бибер по вкус
- 2 варени јајца
- спанаќ околу 500 гр.
- шунка и фета сирење по желба
Упатства: Месото посолете го и додајте ја презлата потопена во вода, две жолчки и се добро измешајте.
Месото развлечете го на намрсена фолија.
Спанаќот попарете го, исцедете го исечете го и пржете го на масло, додавајќи млеко.
На месото прво наредете ја шунката, спанаќот, ситно исецканите јајца и фета сирењето. Завиткајте ролат
и печете го на 250 C од 40-45 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско суфлаки > Сосотојки: 120 мл маслиново масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук, ситно исечкани
4 лажички лимонов сок
2 лажички вински оцет
2 лажички оригано
1 лажичка сол
пола лажиче бибер
700 гр свинско месо
стапчиња за раженчиња
ѕаѕики
Упатства: Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад.
Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот.
По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара.
Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја.
Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото. Сервирајте со ѕаѕики и грчка салата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки > Сосотојки: 8 пиперки бабури
5 поголеми домати
500 гр. мелена месо
1 главица кромид
1 јајце
3 лажици маст
1 лажица брашно
црвен пипер
магданос
црн пипер
сол
Упатства: Бабурите измијте ги и исчистете ги од семето. Испржете на една лажица маст ситно исечкан кромид, додајте го измиениот ориз и со меленото месo, се заедно пропржете, тргнете го од оган, додајте го јајцетo и ситнo сечкан магданос, сол и црн пипер. Налолнете ги бабурите со оваа смеса. Затвoрете ти oдозгора со резенка од домат, редете ги во тенџере, ставете ги преостанитите дoмати и налејте ги со вода да се облијат. Кога пиперките ќе oмекнат направете запршка од маст, брашно и црвен пипер, ставете ја преку пиперките и оставете ги уште малку да вријат на тивок оган. Со овие пиперки може да се служи кисело млекo или кисела павлака.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашна паштета со коњак, кромид и павлака > Сосотојки: 40 гр путер
1 лажиче сенф
? главица црвен кромид, сецкан
2 чешниња лук, притиснати
450 гр пилешки џигери, исчистени и исечени
2 супени лажици коњак или ракија
1 лажиче сок од лимон
40 мл крем за готвење
2 супени лажици свеж магдонос, сечкан
Сол и бибер по вкус
Упатства: Растопете го путерот во тава на средна топлина. Додадете ги сенфот, кромидот и лукот. Гответе, мешајќи, околу 5 минути, додека не омекне. Додадете го црниот дроб и пржете додека не порумени, но сепак да имате розев центар. Додадете ги коњакот/ракијата, павлаката, магдоносот и зачинете со зачините. Добро измешајте и тргнете го од оган. Почекајте неколку минути и измешајте со блендер.
Префрлете се во соодветен сад. Затворете со капак. Пред сервирање ставете го во фрижидер најмалку 2 часа.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Кисела зелка со сланина и кромид > Сосотојки: 400 гр кисела зелка
350 гр чадена сланина
1 голема главица кромид
2 ловорови листови
црн пипер
Упатства: Сланината исечкајте ја на ленти или парчиња и лесно испржете ја во добро загреана маст (само неколку капки). Кога ќе поруменат, додадете го исечканиот кромид. Откако ќе омекне се додаваат сечканата кисела зелка, црниот пипер и ловоровиот лист.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Кременадли во пикантен сос од ајвар > Сосотојки: 1,5 кг кременадли, без коска
350 гр лут ајвар
250 гр фета сирење
500 гр тестенини, сварени
малку брашно
сол, бибер
неколку ливчиња босилек
1-2 главици кромид
Упатства: Кременадлите одвојте ги од коските или тоа нека го направи месарот во месарница за вас. Секое парче истолчете го со чук за месо и зачинете го со сол, бибер и зачини по желба. Извалкајте ги во брашно и вишокот брашно истресете го од кременадлите. На врело масло пржете ги кременадлите од двете страни, само колку да фатат боја. Извадете ги од тавчето и ставете ги на чинија. Во истото масло пржете го ситно сечканиот кромид. Вратете ги кременадлите во тавчето и прекријте ги со ладна вода. Поклопете го капак и гответе додека да омекнат кременадлите. Кога кременадлите ќе бидат печени (месото да биде многу меко) ставете ги ајварот и протресете го тавчето. Гответе уште 5 минути. При крај, ставете го сирењето, згмечено со вилушка и сосема на крај додадете ги ситно сечканите ливчиња босилек.
Кога ќе се растопи сирењето, тргнете од оган. Јадењето послужете го сварени тестенини.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|