1 - 12 рецепти од 16 | Страница: | | 1 | 2 |
Пржени јајца од обете страни >
Сосотојки:
2 јајца (свежи)
1 супена лажица несолен маргарин
Сол, црн пипер, чили во прав
1 Печено лепче (тост)
Упатства:
Загрејте го маргаринот во средно голема тава (тефлон или со мазна површина која спречува запекувања) на тивок оган. Штом маргаринот престане да се пени скршете ги внимателно јајцата и ставете ги во тавата.. Подигнете ја тавата, за рачката, со цел јајцата да се преместат во едниот агол (на едната страна) на тавата. Држете ја тавата во таа положба 30 секунди или додека белките не започнат да се стврднуваат, потоа спуштете ја повторно тавата во хоризонтална положба и малку, внимателно, протресете ја за да се осигурате дека не се залепени за дното. Посолете ги, запиперете ги и ставете од чилито во прав и продолжете да ги пржите на тивок оган се додека белките не станат цврсти. Потоа, подигнете ја тавата над оганот, протресете повторно за да ги одлепите доколку се залепиле за дното, превртете ги јајцата, но внимателно, но отсечно движење, штом јајцата се кренат над тавата и започнат да се превртуваат (слично на превртување палачинки), подигнете ја тавата за да ги дофатите нежно, со цел да не се растече жолчката. Доколку успеете да је ја растечете жолчката, вратете ја тавата на огнот и избројте до 20 и потоа повторно превретете ги на истиот начин. Пржете ги уште 45 секунди до 1 минута на тивкиот оган, со мазна лопатка извадете ги, ставете ги врз тостот и послужете ги.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Омлет Батукада >
Сосотојки:
1 кромид, ситно сецкан
1 пиперка, ситно сецкана
1 павлака
2 јајца (изматени)
1/2 шоља млеко
црн пипер
црвен пипер
сичуан (sechuan)
1 цеден зелен лимон
маслиново масло
Упатства:
Во полудлабок сад го загревата маслото, го додавате кромидот и го пропржувате додека не омекне, ја додавате ситно-ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ке се пропржи го намалувате оганот и ги додавате матените јајца. Јајцата се матат со млекото, павлаката и ја додавате солта, црвениот пипер, сичуанот и/или црн пипер и исцедениот эелен лимон (лајм). Сето тоа го ставате во садот со кромидот и го покривате со капак. Го оставате да се суши (да крчка), на тивок оган неколку минути додека сето тоа не добие текстура на пудинг.
Се јаде со леб.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца Бенедикт >
Сосотојки:
8 јајца
4 Печени лепчиња (тостирани)
8 парчина шунка (може печеница)
1 шоља холандски сос
Упатства:
Во длабок сад ставете 5 до 7 сантиметри вода да зоврие, потоа намалете го оганот за да крчка водата. Скршете ги јајцата и ставете ги внимателно во специјални мали садови (како за колачиња). Внимателно и полека, да не се разлеат ставете ги во водата. Варете ги јајцата додека белките не се зацврстат и жолчката добие густина. Не ги мешајте. Подигнете ги сварените јајца од водата со порозна лажица или црпалка со дупчиња. Убаво исцедете ги.
Потоа ставете ги врз лепчињата на кои претходно сте ставиле парче шунка или печеница и 1 супена лажица холандски сос. Послужете ги веднаш.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Шкотско јајце >
Сосотојки:
* малку Црн пипер
* 500 грама Телешко
* малку Сол
* 50 грама Презла
* 100 милилитри Млеко
* 250 милилитри Масло
* 2 Кромид/а
* 2 Кришка/ки леб
* 5 Јајца/це
* 1 Китка магдонос
* 100 грама Брашно
Упатства:
Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Во еден сад млекото го истураме врз предходно ставената мека средина од парчињата леб.
Во садот со меленото месо ги додаваме ситно сечканиот магдонос, едно јајце и натопениот леб со млеко. Додаваме црн пипер и промешуваме.
Испржениот кромид го претураме во цедалка, го одцедуваме од маслото и го додаваме во садот со подготвената смеса. Месиме со рака, додека да дибиеме хомогена смеса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Едно варено јајце го ставаме на средина од расплесканата смеса и го обвиткуваме од сите страни од смесата со меленото месо. Од меленото месо и варените јајца со рака формираме топка.
Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло и печеме 5 минути на температура од 250 степени.
Две јајца матиме со вилушка. Испечените шкотски јајца ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во лебни трошки.
Вака подготвените Шкотски јајца ги ставаме да се пржат во тенџере со поголема количина загреано масло додека не добијат убава румена боја, потоа послужуваме.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца на прилепски начин >
Сосотојки:
6 тврдо варени јајца, изладени за да се стврдат).
1/2 кг мелено месо
1/3 кафена лажичка цветен мед
Жалфија (по желба)
Бел пипер (по желба)
Сол
вегета
1/2 шоља брашно
2 јајца (изматени)
1/2 шоља лебни трошки
Маслиново масло (ладно цедено)
Упатства:
Излупете ги јајцата
Поделете го меленото месо на 6 дела;
Ставете го брашното во чинија и испрпелкајте ги јајцата, а потоа сролајте ги јајцата, едно по едно, во порција мелено месо.
Ставете ги матените јајца, медот и лебните трошки во длабока чинија и измешајте ја смесата внимателно.
Потоа, јајцата, кои претходно се набрашнети и смотани во меленото месо внимателно ставете ги во смесата на матени јајца и лебни трошки.
Во меѓувреме загрејте го маслиновото масло во средно длабок сад или тава на 175-200 степени целзиусови.
Пржете ги јајцата, индивидуално, околу 4 до 5 минути. Повремено превртувајте ги, за рамномерно да бидат приготвени или додека не потемнат еднакво од сите страни.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца во срце од виршла >
Сосотојки:
Јајца
Виршли
сол
вегета
масло
Упатства:
1. Виршлите пресечете ги по должина, но не до крај.
2. Спојте ги краевите со чечкалица, во форма на срце
3. Вака подготвените виршли ставете ги во тава за печење, во која претходно ставивте масло.
4 Скршете по едно јајце во секое срце
Ставете ги во рерна да се печат. КОга се печени, внимателно извадете ги чечкалиците.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети јајца >
Сосотојки:
5 јајца
мајонез
павлака
сенф
сол
кашкавал
Упатства:
Јајцата ги сечиме на пола. Ги вадиме жолчките и ги пасираме со мајонезот , павлаката и сосема малку сенф.Може и во блендер.Потоа ги полниме белките и одозгора им рендаме кашкавал.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети јајца Mama`s >
Сосотојки:
Mama`s ајвар
Mama`s малиџано
јајца
свеж зеленчук
Упатства:
Откако добро ќе ги сварите јајцата, пресечете ги на половина, извадете ја жолчката и измешајте ја со Mama`s ајвар и Mama`s малиџано.
За поголема оригиналност украсете ја чинијата со марула и ротквица.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Печурки од полнети јајца >
Сосотојки:
10 јајца
100 гр. салама
50 гр. мајонез
магдонос
неколку домати
Упатства:
Јајцата сварете ги тврдо, па засечете ги од едната страна. Извадете ја жилчката, ставете ја во чинија и додадете сецкана салама, мајонез и ситно сецкан магдонос. Добро измешајте ја смесата и потоа наполнете ги јајцата.
Доматите измијте ги, пресечете ги на половина и ставете ги над јајцата. Направете точки на доматите со мајонез за да добиете изглед на печурка.
Чинијата прекријте ја со листови марула и наредете ги јајцата - печурки.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца во кошничка >
Сосотојки:
8 парчиња леб за тост
8 јајца
8 лажици рендано тврдо сирење
малку масло за премачкување
малку сецкана шунка
сол, бибер и свеж першун
Упатства:
Отсечете ја корката на лебот и притиснете го за да го истанчите. Потоа внимателно ставете го во калапите за мафини. Секоја кошничка премачкајте ја со растопен маргарин.
Шунката исечете ја на коцки и ставете ја на дното на секоја кошничка.
Додадете по една лажица рендано сирење во секоја кошничка и сите состојки притиснете ги. Во секоја кошничка скршете по едно јајце, ставете сол и бибер и ставете го калапот во рерна. Печете околу 20 минути на 180 C. Измешајте кисела павлака со сол и бибер и додадете першун. Ставете по една лашичка на секоја кошничка, откако ќе се испече.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Мешана салата >
Сосотојки:
4 јајца
3 варени компири
кашкавал
салама
сирење
мајонез
сол
Упатства:
Саламата, кашкавалот и сирењето се ставаат по желба ( колку сакате )
Прво се ренда компир па се посолува и се става мајонез.Потоа рендаме две јајца па ставаме мајонез.
Рендаме салама , кашкавал и промешуваме малку.Пак ставаме компир, па јајце додека не се потроши се.На крај рендаме сирење.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Шакшука >
Сосотојки:
maslinovo ulje
5-7 јајца
1 чешне ситно сецкан лук
1 главица ситно сецкан кромид
2 глеми црвени пиперки, ситно сечкани
1 кгр. рендани домати
неколку гранчиња першун
1 мала лута пиперка
сол
бибер
Упатства:
Загрејте една лажица маслиново масло во тава. Додадете го кромиот, лукот, пиперките и лутото пиперче. Мешајте додека не се испржи. Додадете ги ренданите домати, пола од першунот и варете на среден оган додека смесата не се згусне. Додадете сол и бибер според вкус.
Додадете ги јајцата. Ставете го капакот и гответе додека јајцата не се сварат, околу 10 минути. Украсете со гранчиња першун.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот