1 - 12 рецепти од 16 | Страница: | | 1 | 2 |
Јајца Бенедикт >
Сосотојки:
8 јајца
4 Печени лепчиња (тостирани)
8 парчина шунка (може печеница)
1 шоља холандски сос
Упатства:
Во длабок сад ставете 5 до 7 сантиметри вода да зоврие, потоа намалете го оганот за да крчка водата. Скршете ги јајцата и ставете ги внимателно во специјални мали садови (како за колачиња). Внимателно и полека, да не се разлеат ставете ги во водата. Варете ги јајцата додека белките не се зацврстат и жолчката добие густина. Не ги мешајте. Подигнете ги сварените јајца од водата со порозна лажица или црпалка со дупчиња. Убаво исцедете ги.
Потоа ставете ги врз лепчињата на кои претходно сте ставиле парче шунка или печеница и 1 супена лажица холандски сос. Послужете ги веднаш.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца во кошничка >
Сосотојки:
8 парчиња леб за тост
8 јајца
8 лажици рендано тврдо сирење
малку масло за премачкување
малку сецкана шунка
сол, бибер и свеж першун
Упатства:
Отсечете ја корката на лебот и притиснете го за да го истанчите. Потоа внимателно ставете го во калапите за мафини. Секоја кошничка премачкајте ја со растопен маргарин.
Шунката исечете ја на коцки и ставете ја на дното на секоја кошничка.
Додадете по една лажица рендано сирење во секоја кошничка и сите состојки притиснете ги. Во секоја кошничка скршете по едно јајце, ставете сол и бибер и ставете го калапот во рерна. Печете околу 20 минути на 180 C. Измешајте кисела павлака со сол и бибер и додадете першун. Ставете по една лашичка на секоја кошничка, откако ќе се испече.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца во срце од виршла >
Сосотојки:
Јајца
Виршли
сол
вегета
масло
Упатства:
1. Виршлите пресечете ги по должина, но не до крај.
2. Спојте ги краевите со чечкалица, во форма на срце
3. Вака подготвените виршли ставете ги во тава за печење, во која претходно ставивте масло.
4 Скршете по едно јајце во секое срце
Ставете ги во рерна да се печат. КОга се печени, внимателно извадете ги чечкалиците.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца на прилепски начин >
Сосотојки:
6 тврдо варени јајца, изладени за да се стврдат).
1/2 кг мелено месо
1/3 кафена лажичка цветен мед
Жалфија (по желба)
Бел пипер (по желба)
Сол
вегета
1/2 шоља брашно
2 јајца (изматени)
1/2 шоља лебни трошки
Маслиново масло (ладно цедено)
Упатства:
Излупете ги јајцата
Поделете го меленото месо на 6 дела;
Ставете го брашното во чинија и испрпелкајте ги јајцата, а потоа сролајте ги јајцата, едно по едно, во порција мелено месо.
Ставете ги матените јајца, медот и лебните трошки во длабока чинија и измешајте ја смесата внимателно.
Потоа, јајцата, кои претходно се набрашнети и смотани во меленото месо внимателно ставете ги во смесата на матени јајца и лебни трошки.
Во меѓувреме загрејте го маслиновото масло во средно длабок сад или тава на 175-200 степени целзиусови.
Пржете ги јајцата, индивидуално, околу 4 до 5 минути. Повремено превртувајте ги, за рамномерно да бидат приготвени или додека не потемнат еднакво од сите страни.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња од компири и јајца >
Сосотојки:
6 тврдо варени јајца
150 гр. варени компири
2-3 парчиња млад кромид
2 свежи јајца
1 лажица павлака
1 лажица брашно
1 лажица презла
малку зачин
сол
бибер
масло за пржење
Упатства:
Излупете ги компирите и јајцата. Исечкајте ги на коцки. Исечкајте го кромидот, додадете зачини, павлака, свежите јајца, сол и бибер, брашно и презла.
Се добро соединете и направете топчиња, обликувајќи ги со рака. Рацете нека ви бидат влажни. Загрејте го маслото и испржете ги ќофтињата.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мешана салата >
Сосотојки:
4 јајца
3 варени компири
кашкавал
салама
сирење
мајонез
сол
Упатства:
Саламата, кашкавалот и сирењето се ставаат по желба ( колку сакате )
Прво се ренда компир па се посолува и се става мајонез.Потоа рендаме две јајца па ставаме мајонез.
Рендаме салама , кашкавал и промешуваме малку.Пак ставаме компир, па јајце додека не се потроши се.На крај рендаме сирење.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Омлет Батукада >
Сосотојки:
1 кромид, ситно сецкан
1 пиперка, ситно сецкана
1 павлака
2 јајца (изматени)
1/2 шоља млеко
црн пипер
црвен пипер
сичуан (sechuan)
1 цеден зелен лимон
маслиново масло
Упатства:
Во полудлабок сад го загревата маслото, го додавате кромидот и го пропржувате додека не омекне, ја додавате ситно-ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ке се пропржи го намалувате оганот и ги додавате матените јајца. Јајцата се матат со млекото, павлаката и ја додавате солта, црвениот пипер, сичуанот и/или црн пипер и исцедениот эелен лимон (лајм). Сето тоа го ставате во садот со кромидот и го покривате со капак. Го оставате да се суши (да крчка), на тивок оган неколку минути додека сето тоа не добие текстура на пудинг.
Се јаде со леб.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Печурки од полнети јајца >
Сосотојки:
10 јајца
100 гр. салама
50 гр. мајонез
магдонос
неколку домати
Упатства:
Јајцата сварете ги тврдо, па засечете ги од едната страна. Извадете ја жилчката, ставете ја во чинија и додадете сецкана салама, мајонез и ситно сецкан магдонос. Добро измешајте ја смесата и потоа наполнете ги јајцата.
Доматите измијте ги, пресечете ги на половина и ставете ги над јајцата. Направете точки на доматите со мајонез за да добиете изглед на печурка.
Чинијата прекријте ја со листови марула и наредете ги јајцата - печурки.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиперки полнети со сланина, сирење и кашкавал >
Сосотојки:
200 гр ситно сирење
200 гр кашкавал
200 гр сланина
3 јајца
7 свежи пиперки
20 мл масло
Упатства:
Исечканата сланина пропежете ја на малку масло. Разматете јајца, соединете со сирење и кашкавал. Во таа смеса додајте и сланина и убаво измешајте.
Наполнете ги пиперките со фил, наредете ги во плех, прелијте со малку масло и печете на 180 степени 20 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Појадок со сланина, компири и три видови сирења >
Сосотојки:
100 гр. исечена сланина на коцки
1 среден кромид, сецкан
6 големи јајца, лесно изматени
4 чаши рендани компири
2 чаши рендано сирење чедар
2 чаши 4% урда
4 чаши дробено бело сирење
Упатства:
Загрејте ја рерната на 350 °. Во голема тава, испржете ги сланината и кромидот на средна топлина додека сланината не стане крцкава. Во голем сад, комбинирајте ги преостанатите состојки; измешајте заедно со сланината. Ставете ја смесата на подмачкана тава за печење.
Печете, откриено, додека ножот вметнат во центарот не излезе чист, 35-40 минути. Оставете да отстои 10 минути пред сечењето.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети јајца >
Сосотојки:
5 јајца
мајонез
павлака
сенф
сол
кашкавал
Упатства:
Јајцата ги сечиме на пола. Ги вадиме жолчките и ги пасираме со мајонезот , павлаката и сосема малку сенф.Може и во блендер.Потоа ги полниме белките и одозгора им рендаме кашкавал.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети јајца Mama`s >
Сосотојки:
Mama`s ајвар
Mama`s малиџано
јајца
свеж зеленчук
Упатства:
Откако добро ќе ги сварите јајцата, пресечете ги на половина, извадете ја жолчката и измешајте ја со Mama`s ајвар и Mama`s малиџано.
За поголема оригиналност украсете ја чинијата со марула и ротквица.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот