Пита со јаболкa >
Сосотојки:
2кг киселкасти јаболкa
1кг готови свежи кори за пита
1дл масло
150г шеќер
Цимет
Упатства:
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и изрендајте ги. Исцедете ги, додајте шеќер и цимет и измешајте.
Ставете две кори на работната површина, на едниот крај намачкајте од смесата со јаболкa и завиткајте ја кората. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите или филот.
Во тавче премачкано со масло, наредете ги завитканите кори, притоа внимавајќи да не се допираат меѓусебно.
На крај, премачкајте го горниот дел од питата со малку масло и ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна на температура од 180°C.
Доколку питата брзо добие златна боја, покријте ја со алуминиумска фолија.
Откако ќе се испече, оставете ја питата да се олади половина час.
Послужете ја на парчиња со должина од 6 см и одозгора наросете шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со малини >
Сосотојки:
150 гр путер
125 гр шеќер во прав
200 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
3 јајца
3-4 лажици мелени ореви
100 гр чоколадо за готвење (исечкано на мали коцки)
150-200 гр малини
Упатства:
Во подлабок сад со миксер се мати путерот со шеќерот во прав.
Потоа со матење во садот се додаваат јајцата едно по едно заедно со дел од брашното и прашокот за пециво.
2.Се додаваат мелените ореви, исечканото чоколадо и се замешува во густата смеса.
3.Смесата со лажица се става во подмачкано куглоф плехче (околу 25 см во пречник).
4.Одозгора се боцкаат малините
5.Се пече на 180 степени околу 35-40 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Ружи од лиснато тесто >
Сосотојки:
јаболка
лиснато тесто
смеѓ шеќер
цимет
индиско оревче
вода
кора од лимон
сок од лимон
бел шеќер
Упатства:
Начинот на подготовка со фотографии побарајте го тука
http://www.ringeraja.mk/statija/ruzhi-od-lisnato-testo_3328.html
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колачи за Денот на вештерките (Halloween) >
Сосотојки:
- 2/3 чаша брашно
- 1/4 чаша кафеав шеќер
- 2 лажици какао во прав
- 60 гр. путер
- 1 жолчка од јајце
- 375 гр. млечно чоколадo
- 12 мини корнети за сладолед
- 2 паковања бонбони M&M
Упатства:
Измешајте ги брашното, шеќерот, какаото и путерот додека не добиете смеса. Додадете ја жолчката. Додадете две лажички вода ако е потребно. На лесно набрашнета површина исукајте го тестото. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го тестото од фрижидер и исечете од него 12 кругови со дијаметар еднаков на отворот од корнетите. Повторно ставете ги исечените кругови 10 минути во фрижидер.
Печете ги во рерна 10-12 минути додека не добијат светло златна боја. Ставете ги на решетка и почекајте целосно да се изладат.
Растопете го млечното чоколадо. Чоколадирајте еден по еден корнет во чоколадото и ставајте ги над круговите бисквити. Украсете со М&М бонбони и ставете ги во фрижидер за да се стврдне чоколадото. Секоја шапка украсете ја со панделка.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Непечена чоколадна торта >
Сосотојки:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300g млечно чоколадо
100g бело чоколадо
500ml слатка павлака
Пакетче бисквити
Упатства:
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.
Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.
Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ? додадете во темното и светлото чоколадо.
Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.
Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.
Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.
Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.
Сечете и декорирајте по желба.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече >
Сосотојки:
6јајца
300гр. шеќер
400гр брашно
1 пециво
2 пак. ванилин шеќер
0,5л хопла
350 мл.кондензирано млеко
0,5-0,6 л.млеко(трајно)
500гр карамел
Упатства:
6 јајца се матат со 300гр шеќер
потоа се додава 400гр. брашно,1 прашак за пециво и 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Смесата се тура во правоаголен подлабок плех,прекриен со хартија за печење.
Се печи на 180-200 степени околу 20 мин. Се вади тестото од плехот и му се отстранува хартијата.На дното од плехот тураме половина од хоплата(да се прекрие дното)Одозгора го ставаме тестото и го сечиме на коцки.Потоа ја дотураме одозгора другата половина од хоплата.Следно го тураме кондензираното млеко,на крај го дотураме и трајното млеко.Оставаме 5-6 мин.млекото да се впие во тестото и премачкуваме со карамел одозгора.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од јаболка со ореви >
Сосотојки:
За кора
1 + 1/4 чаша брашно
1/4 лажичка сол
4 лажици путер
2 лажици сало
4 лажици ладна вода
За прелив
1/2 чаша брашно
3/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша кафеав шеќер
1/4 лажица сол
4 лажици путер
За фил
1/2 чаша шеќер
1/4 чаша брашно
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка свежо рендана кора од лимон
Прстофат сол
6 поголеми јаболка, излупени и исечени на парчиња
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Подгответе го тестото за кора. Ставете ги во сад брашното и солта и промешајте. Ставете го путерот и салото и месете додека смесата не се соедини. Додавајте ја ладната вода, една по една лажица. Исплескајте го тестото на табла и ставете го во фрижидер да стои најмалку 30 минути.
Во меѓувреме направете го преливот. Во сад измешајте ги брашното, оревите, кафеавиот шеќер и солта. Ставете го и путерот и мешајте додека не се направат крупни трошки.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Исучете го тестото на набрашета површина во круг. Ставете го во тепсија наменета за пита. Краевите на кората декоративно свиткајте ги како на сликата.
Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, циметот, кората од лимон и солта. Додадете ги парчињата јаболко и сокот од лимон и ставете ги на оган додека смесата се соедини. Ставете го филот на кората, а одозгора ставете го преливот од ореви. Печете на 250 степени околу 30-40 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со јаболка и ореви >
Сосотојки:
1/2 кгр. готови кори
3 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 пециво
1 кгр. јаболка
150 гр. мелени ореви
цимет
1 кгр. шеќер
800 гр. вода (за шербет)
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат и се додава 1 чаша јогурт, 1 чаша масло и една чаша гриз. Сето се мати и на крај се додава едно пециво.
Се рендаат 1 кгр. јаболка и им се додаваат 150 гр. мелени ореви и цимет.
За еден ролат потребни се три кори.
Секоја кора се мачка со 2-3 лажици фил и на последната кора се ставаат ренданите јаболка. Се добиваат пет ролати, кои пред печење се сечат.
Се вари шербет од остатокот од шеќерот (околу 800 гр.) и 800 гр. вода, додека ја добие потребната густина.
Баклавата да биде ладна, а шербетот млак. Се полева и се остава да отстои најмалку два часа. Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Јапонски чизкејк од три состојки >
Сосотојки:
3 јајца
120 грама бело чоколадо
120 грама несолено крем сирење (собна температура)
Упатства:
Одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките оставете ги во фрижидер и уклучете ја рерната на 170 степени. Стопете го белото чоколадо на пареа. По ладењето, ставете го крем сирењето. Потоа додадете ги жолчките и мешајте со шпатула. Извадете ги белките од фрижидер и миксирајте додека не добиете добра пена.
Измешајте ги со пластична шпатула крем сирењето и чоколадото со изматените белки.
Ставете малку масло на тавата за печење со 15 см дијаметар и полијте ја смесата. Кревајте го и спуштајте ја тавата неколку пати за да се отстрани заробениот воздух.
Внимавајте тортата да не се скрши за време на печењето.
Ставете во голема тава малку топла вода и ставете ја тавата со смесата во неа. Печете 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете тортата внатре уште 15 минути.
Извадете ја тортата од рерна, и оставете да се излади целосно. Посипете шеќер во прав врз неа.
Пријатен апетит.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни гербери >
Сосотојки:
500 г брашно
1 квасец
1 лажичка сол
100 мл масло
Млеко
Фил:
100 г чоколадо за готвење (Менаж)
За премачкување:
1 јајце
Упатства:
Растопете го квасецот со малку млако млеко. Во подлабок сад измечајте: брашно, сол, масло, растопениот квасец и сето замесете го со млако млеко за да добиете средно тврдо тесто.
Покријте го со крпа и оставете на топло за да може тестото да надојде. Удвоеното тесто премесете го на работна површина и поделете го на два дела.
Со помош на оклагија растегнете кора и со помош на чаша или тркалезна подла, вадете кругови. Секој круг премачкајте го со малку растопено чоколадо. Потоа преклопете, а краевите спојте ги кон внатре, за да се добијат латици.
Постапката се повторува и со останатите кругови, па се редат во плех обложен со хартија за печење, во круг по пет латици за да се добие форма на цвет.
Еден исечен и ненамачкан круг се завиткува во ролат, се засекува по средина, па делот кој е засечен се става во средината на формираниот свет.
Се мати едно јајце и се премачкува секој гербер. Рерната се загрева на 250° и се пече додека да зарумени.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни мафини со малини >
Сосотојки:
1/3 чаша какао во прав
1/3 чаша врела вода
3 големи јајца
1 и3/4 чаши масло на собна температура
3/4 чаша шеќер
1 чаша брашно
2 лажички прашок за пециво
3 чаши шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажици свежо млеко
3/4 чаша џем од малини
12 свежи малини за декорација
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте 12 калапи за мафини со малку маргарин. Покријте со хартија или корпи за печење.
Во голем сад просејте го какаото. Додадете врела вода и мешајте додека не се изедначи. Откако малку ќе се излади, додадете ги јајцата,3/4 шолја путер, шеќерот, брашното, прашокот за пециво. Изматете сe со миксер.
Смесата поделете ја во 12 калапи за мафини. Внимавајте да не ги преполните калапите, бидејќи тестото ќе нарасне. Печете околу 25 минути.
Извадете ги мафините од рерна и оставете ги да се изладат 10 минути пред да ги ставите да се изладат на решетка.
За глазурата:
Во сад изматете 1 чаша путер со екстракт од ванила. Треба да се добие мазна кремаста смеса. Додадете 1/3 од дадениот шеќер во прав и околу половина од млекото. Повторете го ова уште неколку пати додека не ја додадете целата количина шеќер во прав и млеко. Матете додека не се изедначи. Додадете го џемот од малини и повторно изматете за последен пат.
Откако ќе се уверите дека мафините се целосно ладни, наполнете ја смесата за глазура во кеса и украсете ги кексите. На крајот, на секоја мафина ставете по една свежа малина.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колачиња со путер и бадеми >
Сосотојки:
1 и ? шолја шеќер
2 и ? чаши брашно
1 големо пакување путер
3 жолчки
1 течна ванила
1 лажичка сода бикарбона
? пакување прашок за пециво
1 рака бадеми
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер изматете ги шеќерот и омекнатиот путер на собна температура. Кон нив додадете ги ванилата и жолчките и повторно матете додека не се изедначи смесата.
Во смесата полека додајте ги брашното, содата и прашокот за пециво, претходно просеани да се измешаат. Матете додека сите состојки не се измешаат многу добро.
Со раце формирајте колачи со големина по ваш избор. Наредете ги во плех обложен со кујнска хартија за да не се залепат. Во секое колаче ставете по еден бадем. Се пече во загреана рерна околу 15 минути или додека не порумени.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот