Палачинки со боровинки >
Сосотојки:
За 12 палачинки потребно е
1. 2 јајца
2. 2 1/4 мали лаж. пециво
3. 3 големи лажици шеќер
4. 3/4 мала лаж. сол
5. 1 1/2 cup или 375гр брашно
6. 1 cup или 250мл млеко
7. 3 гол. лажици стопен маргарин
8. 1 cup или 250гр свежи боровинки
За сирупот(опција)
1. 1 cup или 250мл Јагоди, боровинки или др. овошје со малку вода и шеќер по вкус, се става на оган со постојано мешање се додека не се направи како сируп.
Упатства:
Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките додека не станат како шлаг. Во друг сад измешајте ги сувите состојки, брашното, пецивото, шеќерот и солта. Потоа во посебен сад изматете ги жолчките со млекото и маргаринот. Сето тоа додадете го во сувата смеса. На крај додадете ги боровинките. Потоа додадете ги и изматените белки. Сето та се измеша. Во тава за палачинки, подмачкана со малку зејтин, ставајте по една голема лажица од смесата во форма на круг. Почекајте додека не се појават меурчиња и тогаш свртете ја од другата страна. Печете 1-2 мин и палачинката е готова. Повторете ја постапката се додека имате од смесата. Излегуваат отприлика 12 палачинки. За двајца се доволни 6.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со ореви >
Сосотојки:
- 1 литар млеко
- 200 грама Ореви
- тесто за палачинки
- 150 грама Шеќер
Упатства:
Секоја палачинка се посипува со лажица мелени ореви, измешани со лажица шеќер. Се виткаат како ролати и се редат во огноотпорен сад. Одозгора се посипуваат со 3 лажици шеќер и литар млеко и се ставаат во рерна да се печат додека да се впие течноста.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со слатко од цреши >
Сосотојки:
јајца - 4 парчиња
млеко - 300 мл
вода - 300 мл
брашно - 2 ч.ч. нецелосни
шеќер - 1 лажиче
ванила - 1 пакетче
сол - 1 шрстофат
слатко од цреши - за филување
Упатства:
Прво измешајте ги јајцата многу добро со миксер.
Додадете ги течните состојки - водата, млекото, а по нив шеќерот и солта. Избијте ги и додадете го пополека брашното. При потреба дотурете уште малку вода и млеко. Оставете ја смесата да отстои половина час.
Загрејте капки масло во тава со нелеплив слој. Додавајте од смесата по малку и испечете ги палачинките од двете страни. Филувајте ги со слатко од цреши.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со цимет и мед >
Сосотојки:
2 лажички брашно
2 големи јајца
3 лажици мек путер
1 и 1/2 лажиче. прашок за пециво
2 лажички мелен ѓумбир
1 и 1/2 лажиче. цимет во прав
1/4 лажиче мелено морско оревче
1/4 лажиче мелени каранфилчиња
1 и 1/4 чаша вода или млеко
1/2 лажиче мед
Упатства:
Во сад соединете ги и измешајте ги сувите состојки. Посебно изматете ги течностите заедно со медот и путерот, па додајте ги во сувите. Треба да се добие мазна смеса без грутки. Во добро загреан тавче растопете малку путер и формирајте мали и полни палачинки. Печете ги од двете страни додека не поруменат и послужете ги со омилените вкусови.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Песок торта >
Сосотојки:
900мл млеко
3 пудинга од ванила
200 гр кокос
200 гр мелени ореви
200 гр мелени бисквити
1 маргарин
Шеќер (за во пудингот)
Упатства:
Пудинзите се варат, па се додава маргаринот. Се дели на три дела. Во првиот се додаваат мелените бисквити, во вториот мелените ореви, а во третиот кокос. Се редат еден над друг, и може да се обликува по желба.
П.С. Состојките во пудингот може да се менуваат, многу е вкусна и со сецкана ресана.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Печен чизкејк од ванила >
Сосотојки:
225 гр. бисквити, мелени
30 гр стопен путер
900 гр крем сирење
300 гр шеќер
175 мл свежо млеко
4 јајца
225 мл кисела павлака
1 лажица ванила
4 лажици брашно
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте кружен калап за чизкејк. Во поголем сад издробете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Ќе се добие леплива смеса. Притиснете го на дното на формата, рамномерно распоредувајќи ја основата.
Во друг поголем сад изматете го крем сирењето со шеќерот додека не се изедначи. Додадете ги млекото и јајцата едно по едно. Убаво изматете со миксер. Додадете ја павлаката, ванилата, брашното и повторно матете додека не се изедначи многу. Префрлете ја формата во садот.
Печете 1 час. Потоа исклучете ја рерната и оставете го чизкејкот да се излади на затворена врата 5-6 часа. Ова го спречува пукањето. Послужете откако целосно ќе се излади.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Печени тулумби >
Сосотојки:
6 филџани вода
3 филџани масло
6 филџани брашно
7-8 јајца
Шербет:
500мл вода
1 кг шеќер
1-2 ванилин шеќер
Упатства:
6 филџани вода
3 филџани масло
мешавината се става да зоврие и додека врие се додаваат:
6 филџани брашно
Се меша брзо убаво и се трга на страна. Се остава да се излади .
Кога тестото ке се излади се додаваат 7-8 јајца едно по едно и 1 пециво и се измесува убаво тестото со рака.
Со помош на шприц за тулумби се шприцаат тулумбите во намрсен плех .
Се печат околу 40 минути на 180-200 степени во веке загреана рерна додека да заруменат и не се отвараат додека се печат.
Печените тулумби се преливаат со шербет.
Шербет:
500мл вода
1 кг шеќер
1-2 ванилин шеќер
п.с секогаш користите ист филџан за сите мерки
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од јаболка со ореви >
Сосотојки:
За кора
1 + 1/4 чаша брашно
1/4 лажичка сол
4 лажици путер
2 лажици сало
4 лажици ладна вода
За прелив
1/2 чаша брашно
3/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша кафеав шеќер
1/4 лажица сол
4 лажици путер
За фил
1/2 чаша шеќер
1/4 чаша брашно
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка свежо рендана кора од лимон
Прстофат сол
6 поголеми јаболка, излупени и исечени на парчиња
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Подгответе го тестото за кора. Ставете ги во сад брашното и солта и промешајте. Ставете го путерот и салото и месете додека смесата не се соедини. Додавајте ја ладната вода, една по една лажица. Исплескајте го тестото на табла и ставете го во фрижидер да стои најмалку 30 минути.
Во меѓувреме направете го преливот. Во сад измешајте ги брашното, оревите, кафеавиот шеќер и солта. Ставете го и путерот и мешајте додека не се направат крупни трошки.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Исучете го тестото на набрашета површина во круг. Ставете го во тепсија наменета за пита. Краевите на кората декоративно свиткајте ги како на сликата.
Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, циметот, кората од лимон и солта. Додадете ги парчињата јаболко и сокот од лимон и ставете ги на оган додека смесата се соедини. Ставете го филот на кората, а одозгора ставете го преливот од ореви. Печете на 250 степени околу 30-40 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со јаболкa >
Сосотојки:
2кг киселкасти јаболкa
1кг готови свежи кори за пита
1дл масло
150г шеќер
Цимет
Упатства:
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и изрендајте ги. Исцедете ги, додајте шеќер и цимет и измешајте.
Ставете две кори на работната површина, на едниот крај намачкајте од смесата со јаболкa и завиткајте ја кората. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите или филот.
Во тавче премачкано со масло, наредете ги завитканите кори, притоа внимавајќи да не се допираат меѓусебно.
На крај, премачкајте го горниот дел од питата со малку масло и ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна на температура од 180°C.
Доколку питата брзо добие златна боја, покријте ја со алуминиумска фолија.
Откако ќе се испече, оставете ја питата да се олади половина час.
Послужете ја на парчиња со должина од 6 см и одозгора наросете шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со јаболка и пудинг од ванила >
Сосотојки:
Потребни состојки:
• плочка готово замрзнато лиснато тесто
• 2 јаболка
• 2 ванила пудинзи
• 900 мл млеко
• 1 јајце за премачкување
• кафеав шеќер
• цимет
Упатства:
Подготовка:
Оставете го тестото да се одмрзне. Најпрво се подготвува пудингот со 900 мл млеко според упатството на пакувањето.
Откако ќе го сварите пудингот, оставете го на страна да се излади. Во меѓувреме земете сад во кој ќе ја печете питата и намрсете го. Јас користев калап за тарт со големина 27цм.
На набрашнета површина растегнете го тестото и исечете круг со приближна димензија како калапот за печење. Од останатото тесто исечете ленти.
Во калапот ставете го тестото кое го исековте како круг и ќе внимавате да биде распоредено и по краевите. Потоа ставете го пудингот на дното од тестото и распоредете го по цел калап. Исечете 2 јаболка на парчиња и наредете ги во круг. По секој ред од јаболка ќе ставате по една лента од тестото.
На крај премачкајте ја со јајца и ставете кафеав шеќер и цимет врз јаболката.
Печете на температура од 180°Ц, 20 минути.
Добар апетит!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети грклани >
Сосотојки:
500 гр.брашно
2 жолчки
300 гр. маргарин
1 лажичка сол
4 еднакви лажици вода
2 белки
ореви
шеќер во прав
ванила
Упатства:
Изматете го маргаринот и кон него додајте ги една по една жолчките, солта, брашното и водата. Исучете го тестото со дебелина од 0,5 см.
Од оваа кора исечете правоаголници. Ставете од филот и завиткајте го тестото како цигара.
Наредете ги гркланите врз плех посеан со брашно и хартија и печете во загреана рерна. Уште додека се топли наросете ги со шеќер во прав. На крај посипете ги со мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полумесечинки од ресанa >
Сосотојки:
4 пакетчиња ресана
250 грама шеќер во прав
2 пудинга од ванила
1 пакетче кокос
1 маргарин коцка
400 милитри млеко
Упатства:
Се варат пудинзите спрема упатството на кесичката.
Го оставаме да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и му се додава на пудингот па уште малку се меша.
Ресаните ги сечкаме на пола и ги мачкаме со фил тала што чоколадната страна да биде одозгора и одоздола.
Се валкаат во кокос од страните.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот