Посен колач со свежи кајсии >
Сосотојки:
2 чаши вода
2 чаши шеќер
2 ванили
1 чаша масло.
1/2 кг брашно
1 пециво
свежо овошје по желба
Упатства:
2 чаши вода со 2 чаши шеќер се топат на оган, плус 2 ванили и чаша масло. Се трга од оган и се додава пола кг брашно и едно пециво, се меша со лажица и се става во подмачкано тавче. Се реди озгора свежо овошје. Се пече 20-25 минути на максимум со вентилатор.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна бајадера >
Сосотојки:
• 800 гр шеќер
• 1 чаша вода (250 мл)
• 300 гр мелени посни бисквити
• 300 гр мелени ореви
• 1 маргарин
• 2 лажици какао
Глазура:
• 300 гр чоколадо за готвење
• 1 лажица масло за јадење
Упатства:
Најпрво се зоврива водата и шеќерот, малку да згуснат, но не и густо како шербет. Се трга на страна и се додаваат бисквитите, оревите и маргаринот. Се меша до хомогена смеса и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото.
Во намрсен плех прво се става темниот слој и се израмнува, па врз него се става светлиот слој.
Во меѓувреме на тивок оган го ставате чоколадото да се растопи заедно со маслото и потоа го нанесувате врз бајадерата.
Се остава во фрижидер да се стегне, потоа се сече на парчиња и се ужива во вкусот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна баклава >
Сосотојки:
1кг. кори
1/2 л. кисела вода
1/2 л. масло
750 гр. шеќер
2 пецива
200 гр.кокос
200 гр.сусам
Шербет:1л.вода,1 кг. шеќер, ванила
Упатства:
1/2 л. кисела вода,1/2 л. масло,750 гр.шеќер и 2 пецива се мешаат заедно. Се отвораат корите една по една и секоја се прска со смесата од кисела вода и масло. Исто така секоја кора откако ќе се испрска се поросува со кокосот. Две кори се поросуваат со кокос а три кори со сусам и се така додека да се потрошат состојките. Се пече 45 минути на 200 степени. Се попарува баклавата ладна а шербетот топол. Шербетот се вари 15 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта >
Сосотојки:
за фил:
3 пудинзи од ванила ( може и овошни ) или комбинирани
1 лажица нишесте
10 лажици шеќер
1 маргарин
250 грама шеќер во прав
за кора:
1 чаша вода ( за се се користи чаша за млеко )
1 чаша шеќер
1 чаша масло
2 чаши брашно
малку сода бикарбона
1 пециво
1 ванила
3 лажици мармалад
портокал
Упатства:
3 пудинзи се варат со вода ( ако сакате мрсна со млеко ) заедно со 10 лажици шеќер и нишестето, се остава да се лади, настрана го матиме маргаринот со шеќерот па го мешаме со убаво оладените пудинзите.
Се ставаат сите состојки по ред, се ренда малку кора од портокал и се става малку сок од портокалот, смесата се меша убаво па се става во намачкан плех со маргарин и се пече во загреана рерна на 200 степени.Откако ќе се испече се филува и декорира по желба.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени јаболка со ванила >
Сосотојки:
3 јаболка
1 јајце
100 грама брашно
7 лажици млеко
1 лажица бренди
1 лимон
ванилин шеќер
1 лажичка шеќер
масло
шеќер во прав
Упатства:
1.Лимонот се цеди и во сокот се додава брендито.
2.Јаболката се лупат, чистат и се сечат по должина.
3.Се мешаат брашното со млекото,шеќерот, ванилата и жолчката.Белката ја матиме одделно додека не стане пенлива па тогаш ја додаваме на смесата.Парчињата јаболка ги валкаме во смесата.
4.Загреваме поголема количина масло во тава.Ги пржиме јаболката од двете страни додека не заруменат.
Ги вадиме на салветка , посипуваме шеќер во прав и ги сервираме топли.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени чоколадни топчиња >
Сосотојки:
100 г чоколадо
60 мл слатка павлака
1 лажица какао
Тесто:
1 јајце
160 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 мл млеко
1 прстофат сол
Плус:
масло за пржење
Упатства:
Искршете го чоколадото и заедно со павлаката загревајте да се поврзат состојките. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа од смесата правете топчиња со големина на орев и префрлете на еден час во фрижидер.
Од јајцето, млекото и брашното со печивото и малку сол изматете тесто за панирање, со густина како за колачи.
Во соодветен сад загрејте масло. Убаво стврднатите топчиња чоколадо вронувајте ги во смесата за панирање и пржете ги многу бргу во загреано масло, по 4 - 5 секунди од секоја страна. Бидете прзи во пржењето бидејќи чоколадото моѓе да се истопи.
Готовите топчиња со чоколадо извадете ги на кујнска хартија и сервирајте ги топли наросени со какао.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Профитероли >
Сосотојки:
За тесто
- 130 мл. вода
- 40 гр. маргарин
- малку сол
- 90 гр. брашно
- 2 јајца
За крем
- 250 мл. млеко
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 50 гр. шеќер
- 20-30 гр. маргарин
- 1 кесичка шлаг
100 гр. чоколадо за преливање
Упатства:
Подготовка на тестото
Водата, маргаринт и солта ставете ги на оган да зовријат. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не почне да се одвојува од садот. Кога тестото ќе се излади ставајте едно по едно јајце и с лажичка формирајте мали топчиња во плех за печење (полупразна лажичка е доволна)Многу е важно тестото да не се излади потполно пред почетокот на печењето. Ставете го плехот во рерна и печете на температура од 175 С околу 20-25 минути. Извадете го плехот од рерната и оставете ги профитеролите да се изладат.
ПОдготовка на филот: Ставете го млекото да зоврие со шеќерот и додадете го разматениот пудинг. В пудингот, додека е топол, додадете го маргаринот и оставете потполно да се излади. Изматете го шлагот и откако пудингот ќе се излади измешајте го во него.
Наполнете ги профитеролите со фил сечејќи ги на половина илии со шприц. Наредете ги во чинија или чаша и прелијте ги со чоколадо.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Профитероли со сладолед >
Сосотојки:
340 г брашно
250 г путер
550 мл вода
12 јајца (за тестото)
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка шеќер
1 јајце (жолчка за премачкување)
чоколаден прелив
ванила сладолед
Упатства:
1.Во сад за готвење ставете го путерот заедно со шеќерот, солта и водата. Оставете го да зоврие. Тргнете го садот од оган и ставете го брашното. Повторно вратете го на оган и постојано мешајте додека тестото не почне да се одлепува од 2.Тргнете го од оган. Додавајте едно по едно јајце со постојано мешање. Тестото треба да стане меко и компактно.
3.Загрејте ја рерната на 220 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Со готварски шприц направете кружни формички. Пред печење премачкајте ги со жолчка.
4.На 220 степени печете 15 минути. Потоа на температура од 180 степени печете уште 10 минути се додека не добијат златно-кафена боја. Пресечете ги на половина, во средина ставете топка сладолед од ванила. Прелијте со чоколаден прелив.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пудинг со чиа и манго >
Сосотојки:
400 мл кокосово млеко
4 лажици чија
1 големо манго, исечено на коцки
Свежо нане за декорација
Упатства:
Поделете го кокосовото млеко на 4 чаши. Распределете го чиа семето рамномерно во чашите. Мешајте. Ставете во фрижидер најмалку 3 часа додека чиата не набобри целосно. Можете да ја растворите целата количина чиа во целата количина кокосово млеко. Потоа изладете ја смесата во фрижидер 3 часа. Пред сервирање, украсете со свежо сецкано манго и нане.
Време потребно за подготовка: 8 минути
<< Сокриј го рецептот
Пудинг торта >
Сосотојки:
• 3 ќесички пудинг од чоколадо
• 1 л млеко
• 250 гр путер
• 200 гр чоколадо за готвење
• 600 гр бисквити
• 150 гр шеќер + 6 лажици
• 2 ќесички шлаг пена
Упатства:
Од 1л млеко одземате 200 мл и во него го мешате прашокот од 3те ќесички пудинг. Останатите 800 мл млеко го ставате во длабок сад на оган и во нив додавате 6 лажици шеќер. Претходно растворениот пудинг го додавате кон млекото на оган и мешате додека се згусне и свари пудингот.
Откако ќе се свари, се дели на два дела. Во едниот дел се додава 150 гр претходно растопено чоколадо. Двата дела се оставаат да се оладат. На страна се мати 250 гр путер со 150 гр шеќер и се дели на два дела кои се додаваат на двата дела од пудингот. Секој дел се мати поединечно.
Двете ќесички шлаг се матат поединечно според упатството на ќесичката.
Во правоаголен плех се редат 2 реда бисквити претходно натопени со млеко. Потоа се става филот од пудингот со растопеното чоколадо. Врз него се реди еден ред бисквити па врз нив се става изматениот шлаг. Повторно се редат бисквити, па потоа вториот дел од пудингот. Врз готовиот колач се ренда чоколадо или се декорира по ваша желба.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пудинг торта со јаболкa >
Сосотојки:
Пандишпан
- 2 јајца
- 250 гр. брашно
- 150 мл. млеко
- 80 мл. масло
- пециво
- 150 гр. шеќер
1 дел
- 500 гр. јаболка
- 100 гр. шеќер
- 600 мл. вода
- 1 пудинг
2 дел
- 200 гр. јаболка
- 600 мл. млеко
- 2 пудинзи ванила
- 100 гр. шеќер
3 дел
шлаг крем
Упатства:
Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200С(плех 15х30). Јаболките кратко пропржете ги само на шек?ерот, па додадете им ја водата да се варат 10тина минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболки извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите 2 дел посебно, јаболките запржете ги на шек?ерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен 1 дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. И да заборавив да кажам, во делот со јаболка може да додадете и цимет(по желба). Знам дека изгледа многу за правење, многу состојки и комплицирано, но воопшто не е.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Раванија >
Сосотојки:
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
4 лажици брашно
3а шербетот:
1,5 литар вода
650 гр. шеќер
Упатства:
Изматете ги белките. Потоа изматете ги жолчите со шеќерот, па додајте го гризот и брашното и на крај изматените белки. Измешајте се добро и ставете ја смесата во намачкано тавче и печете ја 10 минути на температура од 200?С. Откако се испече оставете ја раванијата да се олади. Од шекерот и водата сварете шербет и ладната раванија попарете ја со врел шербет. Потоа вратете ја раванијата во исклучена рерна да се олади.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот