Мафини со овошен јогурт >
Сосотојки:
* 2 јајца
* 110 г шеќер
* 65 мл масло
* 150 мл овошен јогурт од кајсија
* 220 г пченично брашно тип 550
* 1-2 лажички прашок за пециво
* сол
* 15 г путер
* 60 г свежо кравјо сирење
* 4 лажици мармалад од кајсија
Упатства:
Јајцата и шеќерот се мешаат со електричен миксер се додека не се добие густа маса.
Додадете во смесата масло, јогурт и брашно помешано со прашок за пециво и сол.
Калапите за мафини намрсете ги со со путер а потоа набрашнете ги. На крајот во смесата се додава сирењето и лажичка мармалад од кајсија и се меша се заедно со миксер.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 C 25 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со афион >
Сосотојки:
4 чаши брашно
2 чаши млеко
2 чаши шеќер
2 чаши масло за јадење
100 г афион во зрно
1 кесичка Ванила
1 кесичка пециво
Упатства:
Постапка: сето добро да се измеша со лажица, се истура во подмачкан и побрашнет правоаголен сад и се пече во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин.Оладениот колач се декорира со чоколаден прелив или шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Црна Торта >
Сосотојки:
- 10 јајца
- 10 лажици жеќер
- 20 лажици мелени ореви
- 3 лажици брашно
за фил
- 8 цели јајца
- 400 грама шеќер
- ?? путер
- 300 грама чоколадо за готвење
Упатства:
10 – те јајца и шеќерот се мешаат и убаво се матат се миксер. Потоа се додаваат брашното и оревите. Целата смеса се става во сад за печење во округла форма. Се пече на 180 Целзиусови степени, отприлика 20 минути.
Откако ќе се испече тестото, се остава да се олади и потоа целото тесто се дели на 4 кругови (се сече).
Начин на приготвување на филот:
8 – те јајца заедно со шеќерот се мешаат се матат на пареа се додека смесата не почне да се згуснува. Во овој момент се додава и путерот како и чоколадата за готвење која е пожелно претходно да се растопи со малку путер. Откако смесата ќе се соедини се филува врз тестото дел по дел. Исто така од филот треба да остане и за преливање врз целата торта односно на последниот дел од тестото како и од страните.
Препорака:
Додека филот не е оладен истурете одозгора сецкани бадеми.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Македонска слатка пита >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
100 гр. маст
1 литар млеко
б јајца
4 лажици шеќер
Упатства:
Замесете тесто од брашното со малку сол како за секоја пита. Измесете гo добро тестото и пoделете гo на осум еднакви кравајчиња. Секое кравајче расукајте го па намачкајте го сo растoпена врела маст освен едно кравајче кoе ќе дојде одозгора. Потоа сите кори сложете ги една преку друга а добиената дебела кора исукајте ја малку пoголема од големината на плехот за да може да се направи витка. Сега земете плех и ставете ја кората во плехот, а тестото што е повеќе од плехот свиткајте го и направете витка. Вака припремената кора попрскајте ја со маст и избодете ја со вилушка на неколку места и ставете ја во рерна да се пече малку. Филот за оваа пита припремете го вака: ставете на оган млекoто да се свари и кога малку ќе проврие тргнете гo oд оган и oставете го да се олади. Вo посебен сад измешајте ги јајцата сo шеќерoт, но не ги матете долго туку самo толку колку што е пoтребно да се разбијат белките. Овие разматени јајца сипајте ги во млекото, дoбро иэмешајте, па смесата сипете ја преку кората која не е дoпечена и вратете ја пoвторно вo рерна, печете ја со дoдека не се вцрви..
Време потребно за подготовка: 75 минути
<< Сокриј го рецептот
Куглоф со лимон и мед >
Сосотојки:
Прв чекор Куглоф:
250 гр.брашно
1 лажиче сол
15 гр. свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
кора од 1 лимон
2 лажици мед
6 јајца
100 гр.мек путер
90 мл. рум
Втор чекор Сируп:
250 гр.шеќер
250 мл вода
1 лимон
1 стапче ванила
Упатства:
Прв чекор:
Колачот-куглоф се пече во калап во облик на престен и по печењето се попрскува со сируп со рум и се полни со шлаг пена или некој друг крем.
Постапката почнува со сирупот. Во Садот за сос се загрева шеќерот со вода, на тивок оган, додека да се растопи шеќерот. Кората на лимонот се сече во ленти (само жолтиот дел) и додајте ги во сирупот. Хоризонтално исечете го семето од ванила и додајте го во сирупот, заедно со дршката. Кога шеќерот е стопен, нека зоврие и нека се крчка околу 3 минути.
Кога ќе се олади, извадете ја кората од лимон и исцедете го сирупот. Сирупот може да се чува во фрижидер, до неколку недели.
Втор чекор:
Во сад, со миксер изматете го брашното со сол, квасец и кората од лимон. Во Тавата со рачка загрејте мед, колку да стане течност, не да зоврие. Медот се мати со 3 јајца. Оваа смеса се додава на брашното и со омекнат путер, се мати околу 3 минути, додека да се изедначи смесата. Изматете ги јајцата и и остатокот од нив додајте го по малку во смесата со брашно, мешајќи цело време со миксер на средна брзина.
Мешајте уште неколку минути и истурете ја смесата во чиста чинија, покријте ја и оставете нека нарасне двојно. Бидејќи смесата содржи јајца и путер, за нараснување ќе треба неколку часа, но проверувајте ја на секои 30 мин.
Трет чекор:
Диеталниот сад премачкајте го со путер. Кога тестото е веќе видливо надигнато, пренесете го во Диеталниот сад, покријте го со пластична фолија и оставете нека расне на топло уште околу 30 мин, колку само да почне да расне. Откако тестото пак ќе порасне извадете ја фолијата и печете 20-30 минути додека да добие златна боја и кога ќе почне да се одвојува од Диеталниот сад.
Извадете го тестото од Диеталниот да се лади околу 5 минути, потоа ставете го на маса и почекајте колачот добро да се излади. Со дрвени стапчиња, направете дупчиња од сите страни и потоа вратете го назад во Диеталниот сад.
Четврти чекор:
Загрејте го сирупот –кога ќе стане жежок, додајте му рум и истурете преку колачот. КОга тестото ќе го впие сирупот, уште еднаш извадете го од Диеталниот сад и оставете го нека се олади на чинија за служење.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со боровинки >
Сосотојки:
За 12 палачинки потребно е
1. 2 јајца
2. 2 1/4 мали лаж. пециво
3. 3 големи лажици шеќер
4. 3/4 мала лаж. сол
5. 1 1/2 cup или 375гр брашно
6. 1 cup или 250мл млеко
7. 3 гол. лажици стопен маргарин
8. 1 cup или 250гр свежи боровинки
За сирупот(опција)
1. 1 cup или 250мл Јагоди, боровинки или др. овошје со малку вода и шеќер по вкус, се става на оган со постојано мешање се додека не се направи како сируп.
Упатства:
Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките додека не станат како шлаг. Во друг сад измешајте ги сувите состојки, брашното, пецивото, шеќерот и солта. Потоа во посебен сад изматете ги жолчките со млекото и маргаринот. Сето тоа додадете го во сувата смеса. На крај додадете ги боровинките. Потоа додадете ги и изматените белки. Сето та се измеша. Во тава за палачинки, подмачкана со малку зејтин, ставајте по една голема лажица од смесата во форма на круг. Почекајте додека не се појават меурчиња и тогаш свртете ја од другата страна. Печете 1-2 мин и палачинката е готова. Повторете ја постапката се додека имате од смесата. Излегуваат отприлика 12 палачинки. За двајца се доволни 6.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со ореви >
Сосотојки:
- 1 литар млеко
- 200 грама Ореви
- тесто за палачинки
- 150 грама Шеќер
Упатства:
Секоја палачинка се посипува со лажица мелени ореви, измешани со лажица шеќер. Се виткаат како ролати и се редат во огноотпорен сад. Одозгора се посипуваат со 3 лажици шеќер и литар млеко и се ставаат во рерна да се печат додека да се впие течноста.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Лимон торта >
Сосотојки:
• 4 лажички Шекер
• 350 грама Шеќер во прав
• 150 грама Путер
• 125 милилитри Млеко
• 1 Кора од лимон
• 3 Жолчкки
• 1 парче Ванила
• 150 грама Брашно
• 30 грама Бадеми
• 6 Јајца
Упатства:
За тестото се матат 6 жолчки со 200 гр. шеќер во прав, се додава сок и кора од еден лимон, потоа 120 гр. брашно и на крај снег од 6 белки. Сето тоа се пече во подмачкан калап за торти. Оладеното тесто се сече хоризонтално на половина. За филот се матат 3 жолчки со 4 лажици шеќер и една 125 грама млеко
Потоа се додава лажичка брашно и се вари крем на пареа додека да згусне. Кога кремот е до пола варен се додава прачка ванила. Сварениот крем се остава да се олади малку, и му се додава изматен путер со 150 гр. шеќер во прав. Со овој фил се филува тортата и внатре и од страните. Одозгоре, исто така, се мачка со фил и се украсува со сечкани бадеми претходно излупени и пропржени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Јогобела торта >
Сосотојки:
- 2 кесичка/ки Прелив за торта
- 200 грама Шеќер во прав
- 2 Округли кори за торта
- 3 кесиќки Желатин
- 1 кесичка ванилин Шеќер
- 150 грама Јагоди
- 1 л. милилитри Јогурт
- 1 л. блага павлака
Упатства:
Во овошниот јогурт додајте ги шеќерот во прав и ванилниот шеќер, па измешајте.
Изматете ја слатката павлака и вмешајте ја во јогуртот.
Исецкајте ги јагодите па и нив вмешајте ги во смесата од јогурт и слатка павлака.
Желатинот ставете го во еден сад со 60 гр. вода, па садот ставете го на оган со ниска температура за да се истопи желатинот.
Внимавајте, не смее да зоврие. Истопениот желатин полека вмешајте го во смесата од јогурт, павлака и јагоди.
Во соодветна тава ставете една кора па истурете го филот.
Израмнете ја површината и ставете ја втората кора.
На врвот наредете исечкани јагоди и полијте со подготвениот прелив за торта.
Оставете ја тортата убаво да се олади и послужете.
Може да користите и друго овошје ако немате јагоди.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач - Медено срце >
Сосотојки:
1 шолја шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко...))
2 шолји брашно
1 пакетче пециво
половина ќесиче цимет
3 лажици какао
3 лажици масло за јадење
5 лажици мармалад (или мед)
1 шолја кисела вода
1 пакетче ванилин шеќер (по желба)
(за глазура):
100 гр чоколадо за готвење
7 лажици масло за јадње
4 лажици вода
Упатства:
Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач.
Исечете на коцки и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Песок торта >
Сосотојки:
900мл млеко
3 пудинга од ванила
200 гр кокос
200 гр мелени ореви
200 гр мелени бисквити
1 маргарин
Шеќер (за во пудингот)
Упатства:
Пудинзите се варат, па се додава маргаринот. Се дели на три дела. Во првиот се додаваат мелените бисквити, во вториот мелените ореви, а во третиот кокос. Се редат еден над друг, и може да се обликува по желба.
П.С. Состојките во пудингот може да се менуваат, многу е вкусна и со сецкана ресана.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бонбони од тиква >
Сосотојки:
1/4 тиква
1 чаша шеќер
1 чаша вода
екстракт од портокал
Упатства:
Тиквата се сечи на коцки и се става во варова вода да отстои неколку часа.
На оган се става 1 чаша вода и 1 чаша шеќер да зовријат. Се ставааат парченцата тиква во шербетот и се оставаат да вријат околу 30 минути.
Се вадат од шербетот и на нив се ставаат неколку капки екстракт од портокал. Се цедат и се валкаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 400 минути
<< Сокриј го рецептот