Ролнички од вишни >
Сосотојки:
1 чаша масло
2 чаши шеќер
1 и 1/2 чаша гриз
1 ванила
1 прашак за пециво
компот од вишни
кори
Упатства:
Измешајте ги сите состојки, освен вишните со кујнска дрвена лажица и добиената смеса поделете ја на два дела. На првата кора ставете 5 супени лажици од смесата и размачкајте ги по целата кора.Ставете ја новата кора и повторете ја постапката се до четвртата кора. На половина површина од последната премачкана кора ставете ги процедените вишни и направете ролна.Површината премачкајте ја со масло за кората да не испука во печењето. Ставете ја во тава која претходно е набрашнета и намастена. Повторете ја истата постапка и со останатите кори.Печете ја 180 степени околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат со вишни >
Сосотојки:
5 јајца
9 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 лажици млеко
9 лажици брашно
1 прашок за пециво
100 гр. мелени ореви
200 гр. вишни
200 мл. слатка павлака
4 пак. шлаг крем од ванила
Упатства:
1. Јајцата, шеќерот, маслото и млекото изматете ги пенасто. Додатете брашно и прашок за пециво и со лажица лесно измешајте.
2. Прекријте го плехот со хартија за печење и ставете го тестото. Печете на 200 C. Тестото малку изладете го, одвојте го од хартијата и завиткајтегоа во влажна кујнска крпа. Оставете го така да се излади.
3. Изматете го шлаг кремот цврсто и премачкајте го тестото. Одозгора ставете исечени на пола вишни и замотајте го. Со остатокот од филот премачкајте го ролатот одозгора, посолете го со мелени ореви и украсете со цврсто изматената слатка павлака и вишни.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Татлија >
Сосотојки:
500 грама пиво
350гр масло
150гр гриз
2лаж шеќер
во прсти сол
1 пециво
100 гр сецкани ореви
по потреба брашно ( околу 800гр)
шербет
700гр шеќер
600гр вода
Упатства:
Во сад се додава пивото, маслото, шеќерот, сол, гризот се додава брашното, оревите и пецивото. Се меси колачот. Брашното се додава по потреба, но се внимава тестото да не е тврдо. Се расплескува во намрсено тавче број 32 се сече и се пече во загреана релна на 200 степени.
Од шеќерот и водата се вари шербет и се полева оладената татлија со врел шербет.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бонжита >
Сосотојки:
150 гр. шеќер
8 лажици мед
125 гр. маргарин
50 гр. чоколадо
150 гр. сецкани ореви/лешници
200 гр. корнфлекс
Упатства:
Истопете го медот на оган, додадете шеќер и добро измешајте. Додадете го маргаринот и чоколадото. Мешајте додека не се добие хомогена смеса, тргнете ја од оган и почекајте додека не се излади. Ставете ги во смесата оревите и корнфлексот. Ставете ја во правоаголен калап и почекајте добро да се излади. Исечете и послужете.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кафеава торта >
Сосотојки:
За пандишпан
3 лажици брашно
8 лажици сечкани ореви
3 лажици какао
1 пециво
8 јајца
8 лажици шеќер
За фил
1 килограм млеко
4 пудинзи ванила
12 лажици шеќер
1 шлаг
1 маргарин
5 лажици какао
1 пакетче шеќер во прав
1 цимет
Упатства:
Ги матиме јајцата и шеќерот. Потоа се додаваат брашното, оревите, какаото и пецивото. Смесата се меша и се истура во тавче покриено со хартија. Печеме на 150 степени.
Во тенџере на оган се става млекото да врие и кога ќе почне да врие, се додава претходно изматен пудинг со малку млеко и шеќер. Посебно се матат маргаринот и шеќерот во прав, а посебно шлагот.
Кога ќе се излади пудингот ги додаваме во него шлагот, маргаринот со шеќерот во прав и циметот. Се декорира по желба.
Некои состојки може и да не се стават или да се сменат. Не мора да има ореви ( ако немате при рака ), не мора да се става шлаг во филот ниту пак цимет.
Секако со се е повкусно, но може и да се експериментира
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со малини >
Сосотојки:
150 гр путер
125 гр шеќер во прав
200 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
3 јајца
3-4 лажици мелени ореви
100 гр чоколадо за готвење (исечкано на мали коцки)
150-200 гр малини
Упатства:
Во подлабок сад со миксер се мати путерот со шеќерот во прав.
Потоа со матење во садот се додаваат јајцата едно по едно заедно со дел од брашното и прашокот за пециво.
2.Се додаваат мелените ореви, исечканото чоколадо и се замешува во густата смеса.
3.Смесата со лажица се става во подмачкано куглоф плехче (околу 25 см во пречник).
4.Одозгора се боцкаат малините
5.Се пече на 180 степени околу 35-40 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана сладолед >
Сосотојки:
(375 мл) млеко или крем
(може и мешавина од двете по сопствена желба)
100 гр. шеќер
3 спремни банани и подготвени во форма на пире
Упатства:
Во соодветен сад бананите може да ги гмечите за да станат како течно пире. Потоа истурете во сад со подготвените млеко/крем и шеќер. Потоа измешајте добро. Ставете ја целата смеса во сад за сладолед и замрзнете ја во ладилник за замрзнување.
Екстра идеи: Додадете неколку парчиња егзотично овошје 5 минути пред да го извадите сладоледот од замрзнување.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици >
Сосотојки:
1 чаша за чај лешници
10-15 суви урми
1 чаша ореви
1 лажичка канела
1 рака овесни снегулки
Кокосови струготини за декорација
една лажичка мед
Упатства:
Оревите и лешниците се мелат во машинка.Може со рачна,може и со електрична(смесата ќе биде пофина)
Се додаваат канелата,урмите(насечкани на ситно),снегулките и лажичката мед во еден подлабок сад. Се мешаат добро со рака или во блендер за да се добие по фина смеса.Од тестото се оформуваат топки кои се сплеснуваат на врвот со прст и се става еден лешник.Се валкаат во кокосовите трошки.Се ставаат во фрижидер да се изладат и стегнат.
Се декорираат по желба во кошнички...
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Непечена торта со јаготки >
Сосотојки:
200 гр. бисквити
100 гр. мелени бадеми или лешници
100 гр. растопен маргарин
За фил:
300 мл. хопла
300 мл.павлака
150 гр. шеќер во прав
12 гр. желатин во прав
3 лажички сок од лимон
500 гр. јаготки
Упатства:
Измелете ги бисквитите и бадемите и додадете го растопениот маргарин. Добро измешајте за да се соединат состојките. Смесата ставете ја на дното на подмачкан калап. Оставете го на ладно додека го подготвувате филот.
Натопете го желатинот со ладна вода и оставете да набабри. За тоа време измиксирајте ја хоплата со шеќер во прав и кон тоа додадете ја павлаката, сокот од лимон и се` добро измешајте
Земете го набабрениот желатин и загрејте го во микробранова или на шпорет на ниска температура да се стопи и во тенок млаз додавајте го во смесата од хопла и кисела павлака, миксирајќи цело време.
Јагодите измијте ги, исчистете ги и оставете ги цели. Наредете ги густо, една до друга на подготвената подлога и полијте ги со филот. Одозгора ставете рендана кора од лимон. Ставете ја тортата да се излади во фрижидер и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Јафа штангли >
Сосотојки:
2 листа обланди
3 дл. млеко
400 гр. шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
250 гр. маргарин
700 гр, бисквити
2 портокали
300 гр. јафа кекс (ресана)
Упатства:
Сварете го млекото со шеќерот, чоколадото и маргаринот. Оставете го филот да се излади.
Излупете два портокали и исцедете ги. Додадете ги во мелените бисквити.Измешајте ги бисквитите во филот од чоколадо и оставете го да се здрви на ладно.
На листот обланда нанесете ја едната половина од филот. над него ставете јафа кекс, потоа премачкајте со другата половина од филот и над филот ставете го другиот лист обланда.
Оставете го на ладно место, па кога ќе биде доволно цврсто исечете го на штангли.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брз овошен колач (со вишни) >
Сосотојки:
4 јајца
3 филџани шеќер
1 филџан јогурт
1 филџан масло
2 и пол филџани брашно
ќесичка прашок за пециво
500 г овошје по желба
Упатства:
Се матат јајцата и шеќерот со миксер, а потоа се додаваат јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво притоа мешајќи со лажица. Длабоко правоаголно тавче (бр.30) се подмачкува со малку масло и се наросува со мелени бисквити.
Ако се користи овошје како јаболка, круши и и слично, се лупи и се сечка ги на големи кругови кои се редат на дното на тавчето и одозогора се истура смесата (после печењето колачот се превртува, па овошјето ќе дојде одозгора). Ако се користи поситно овошје како вишни, малини, јагоди - се истура смесата во тавчето, па одозгора се става овошјето. Се пече на 180 степени во претходно загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со јаболкa >
Сосотојки:
2кг киселкасти јаболкa
1кг готови свежи кори за пита
1дл масло
150г шеќер
Цимет
Упатства:
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и изрендајте ги. Исцедете ги, додајте шеќер и цимет и измешајте.
Ставете две кори на работната површина, на едниот крај намачкајте од смесата со јаболкa и завиткајте ја кората. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите или филот.
Во тавче премачкано со масло, наредете ги завитканите кори, притоа внимавајќи да не се допираат меѓусебно.
На крај, премачкајте го горниот дел од питата со малку масло и ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна на температура од 180°C.
Доколку питата брзо добие златна боја, покријте ја со алуминиумска фолија.
Откако ќе се испече, оставете ја питата да се олади половина час.
Послужете ја на парчиња со должина од 6 см и одозгора наросете шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот