1 - 12 рецепти од 60 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 5 |
Орада во сол >
Сосотојки:
1,6кг орада
2,5кг крупна сол
4 белки од јајца
Упатства:
Изматете ги белките со миксер и додајте ги во солта.
Промешајте ја смесата и еден дел ставете на дното од тава за печење.
Добро исчистете ја орадата и ставете ја врз смесата од сол и белки.
Прекријте ја рибата со останатиот дел од смесата од сол и белки.
Печете околу 25 минути на температура од 200°C.
Пред да ја послужите рибата, скршете ја обвивката од сол, одвојте ги кожата, коските и главата и сервирајте исчистено месо. Како гарнир може да се послужат компири или друг вид зеленчук.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Mama`s ајвар со три сирења >
Сосотојки:
MAMA`S ајвар
кашкавал
фета сирење
кравјо сирење
печурки
сланина
1 чешне лук
црн бибер
Упатства:
Трите видови на сирење се ставаат во земјена тава, печурките, сланината и благ или лут Mama`s ајвар. Може да додадете лук и црб бибер за вкус.
Mama`s со 3 сирења е перфектна комбинација со бело вино.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брзи сендвичи >
Сосотојки:
Потребни состојки:
3 чаши топла вода
1 квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1/3 чаши масло
околу 5 чаши брашно
100 гр. маргарин + 7-8 лажици масло
(за премачкување)
Упатства:
Овие домашни брзи сендвичи се прават со тесто кое не се чека да нарасне а верувам ќе ви станат чести на листа за готвење. Се меси, се оформуваат, се печат 15-тина мин. Севкупно не повеќе од 1 час работа(со се јадење).
Измешајте го квасецот со водата и шеќерот, па додадете ги останатите состојки, постепено додавајќи го брашното и замесете меко тесто. Тестото не се чека да нарасне, веднаш направете 15-20 топчиња(јас направив 15). Секое топче веднаш расукајте го во не многу голема кора и премачкајте го пола со масло/маргарин (растопено), преклопете и пак премачкајте и повторно нежно преклопете(не ги притискајте). Убаво премачкајте ги со маргарин, затоа што маргаринот не дозволува да се залепи тестото и останува празно измеѓу. Не ги притискајте да не се залепат. Премачкајте со јајце измешано со лажица масло и наросете сусам. Печете 10-15 минути во загреана рерна на 250 С. Кога ќе ги испечете прекријте ги со крпа малку да се изладат. Во секој дел ставете по желба сувомеснато, кашкавал, салата, сос.
Follow martinascooking on Instagram
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Топено сирење >
Сосотојки:
500 гр. крем сирење (или сирење по желба)
кашкавал
кулен
Упатства:
Ако сте љубител на сирење ова јадење верувам к?е ве воодушеви. Послужено со фурнаринки и чаша вино со овошје е целосно уживање.
Во огноотпорен сад ставете најпрво ред од крем сирењето, парчиња кулен,сланина или чајна, повторно ред од сирењето и одозгора ставете рендан кашкавал. Печете го во загреана рерна на 250 С околу 15-20 минути. Мег?у сирењето може да ставите и ред бешамел сос.
Фурнаринките овој пат ги направив од тестото за пица(1шолја јогурт, 1 пециво, 2 шолји брашно и 2 лажици масло)
Наздравје
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ајвар >
Сосотојки:
100 црвени пиперки (што „помеснати“ - тоа подобро)
400 мл. зејтин
2-3 лажици вински оцет (може и обичен)
сол (по желба)
Упатства:
Подготвување
Пиперките треба да се измијат, избришат и испечат. Печените пиперки се ставаат во метален сад (може и најлонска кеса) и се покриваат со капак, за да се „спарат“ и потоа полесно да се лупат. Штом ќе се оладат, се лупат и им се вадат семчињата и дршките. Се ставаат во мрежеста вреќа и се закачуваат на некое место каде ќе можат да се цедат до следниот ден...
Следниот ден се мелат во машина за месо и се ставаат во големо и широко тенџере, претходно премачкано со малку зејтин. Останатиот зејтин треба добро да се загрее, а потоа со него да се прелијат мелените пиперки. Пиперките така прелеани со зејтин и покриени со капак, треба да отстојат 15 минути.
Потоа тенџерето се става на оган и се започнува со пржењето на ајварот.
Ајварот се пржи на висока температура, со постојано мешање и тоа околу два часа од моментот кога ќе зоврие. Кога со дрвената лажица поминувате низ смесата и останува широка видлива трага – тоа Ви е доказ дека ајварот е готов.
Кога е готов, се трга од огнот и се додаваат оцетот и солта. Откако добро ќе се промеша, додека е уште врел се сипува во врели, стерилизирани тегли (во рерна, околу 30 минути на 100 °C). При полнењето внимавајте да има празен простор од околу 1 сантиметар до врвот на теглата. Теглите, наполнети, вратете ги во рерна (100 °C) уште два часа.
Кога ќе ги извадите, врз ајварот налејте уште по малку зејтин, затворете ги теглите со стерилизирани херметички (или други) капачиња, убаво завиткајте ги во некоја ткаенина (на пр. ќебе) и оставете ги да „отседат“ до следниот ден. Следниот ден ставете ги теглите со ајвар да се чуваат на суво и темно место.
Време потребно за подготовка: 480 минути
<< Сокриј го рецептот
Ачма >
Сосотојки:
една и пол шолја топло млеко
еден свеж квасец
половина шолја топла вода
половина шолја шеќер
една шолја масло
едно јајце (одделно жолчка и белка)
лажиче сол
4-6 шолји брашно
ким, сусам или крупна сол
Упатства:
Водата се става во длабок сад за месење, се додава шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се кисне квасецот, а потоа се додава млекото, белката од јајце, маслото (околу две третини од шолјата), солта и се меша повторно со дрвена лажица. Се додава брашно за да се замеси малку лепливо но компактно тесто. Се остава да кисне. Со преостанатото масло се мачкаат рацете и се кинат парчиња од тестото од кои се формираат гевречиња (ачми). Се редат во плех на хартија за печење. Со жолчката од јајцето измешана со лажица масло се премачкуваат ачмите и се посипуваат со сусам, ким или крупна сол. Може и да се додаде сирење или маслинки во тестото кога се формираат гевречињата. Се печат во загреана рерна на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Бабури со Лук >
Сосотојки:
5 кгр. бабури
125 гр. оцет од разблажена ексенција
125 гр. масло
2 китки магданос
6-7 гранчиња керевис
2-3 главици корен од керевис
2 главици лук мелен
Упатства:
Ставете ги бабурите да се варат во врела вода 3 минути. Извадете ги од водата, па потоа извадете ги дршките и семето и оставете ги на сито да се исцедат. Во поголем сад ставете го оцетот, маслото, ситно исецканиот магданос и ситно исецкани гранчиња керевис, лукот и коренот од керевис. Сето ова убаво измешајте го и редете го во тегла на следниот начин: ред бабури, ред од филот и тоа сипајте го со лажица за да биде секоја бабура добро залеана. Завржете ги теглите со пергамент хартија и ставете ги со останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденска плетенка >
Сосотојки:
500 г. Брашно
100 г. Шеќер
приближно 2,4 дл. Млеко
1 јајце
100 г. Суво грозје
50 г.кандирана кора од портокал
50 г. Квасец
1 ванилин шеќер
малку сол
малку путер за печење и премачкување
Упатства:
Предподготовка
Брашното го ставаме во поголем сад. Во средината правиме дупка, во која ставаме квасец. Истураме млако млеко, додаваме малку шеќер, сето заедно добро го замесуваме. Го покриваме со крпа и го поставуваме на топло место да се крене.
Сувото грозје го миеме со топла вода и добро го цедиме. Кандираната кора од портокал ситно ја сецкаме. Земаме округло тавче и го премачкуваме со путер.
Подготовка
Го топиме путерот и го оставаме малку да се излади. Го истураме во смесата. Го додаваме остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и солта, потоа го месиме тестото. Додаваме суво грозје и сецкана кандирана кора од портокал. Се заедно повторно месиме додека не се изедначи смесата и не се одвојува лесно од садот за месење. Го покриваме со крпа и повторно го оставаме на топло место околу 30 минути за да нарасне.
Тестото го ставаме на површина на која претходно сме наросиле брашно. Го делиме на два дела, од кои формираме две ролни, дебели околу пет сантиметри (тестото, може да го поделиме и на 3 дела за формирање на 3 ролни). Од нив правиме плетенка и ја сместуваме во подмачкана тава. Двата краја на плетенката ги спојуваме, за да добиеме форма на венец. Во делови на плетенката каде може да се направат мали отвори вметнуваме парчиња на лушпи од јајце. Ја покриваме плетенката и оставаме 15 минути да порасне
Надојдената плетенка, ја премачкуваме со стопен путер (или јајце) и ја ставаме во загреана рерна до 200 ° C да се пече околу 45 минути.
Сервирање
Печената плетенка ја вадиме од рерна и ја поставуваме на тркалезна чинија за сервирање. Ја оставаме да се излади, потоа празните луши од јајце ги заменување со бојадисани Велигденски јајца. Печената плетенка може да се сервира млака или ладна. Велигденската плетенка е вкусна и воедно ја разубавува секоја празнична трпеза.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Виенско топло чоколадо >
Сосотојки:
* 125 г чоколадо со 70% какао маса
* 500 мл минерална вода
* 50 г шеќер во прав
* 25 г какао
За шлаг:
* 150 мл хопла (може и шлаг)
* една лажица шеќер во прав
* какао за декорација
Упатства:
Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сe. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Газпачо >
Сосотојки:
- 1 кг црвени домати
- 2 зелени пиперки
- 1 крставица
- 1-2 чешниња лук
- 150 грама лебни трошки
- 6 – 7 супени лажици маслиново масло
- 1-2 супени лажици оцет
- 1/3 литар вода
- Сол
Упатства:
За подготовка на Газпачо, прво потопете ги лебните трошки во вода, измијте ги и исечете ги доматите, пиперките и краставицата. Во миксер ситно исечкајте ги лукот, пиперките и краставицата, додајте ги исцедените трошки и доматите за да се добие убава смеса. Откако ќе се добие хомогена смеса, додајте го маслото и оцетот, потоа процедете низ цедалката и додајте го остатокот од водата. Фрлете ги само семките од краставиците и од доматите. Посолете и ставете го газпачото во ладилник.
Препорака:
Газпачото може да се сервира и со лед, доколку не се стави во ладилник.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Ѓомлезе >
Сосотојки:
• 100 милилитри Масло
• 2000 милилитри Вода
• 1500 грама Брашно
• 1 Јајца/це
• малку Сол
Упатства:
Ги мешаме брашното и водата со миксер.
Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме ( и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомлезето го правиме со јајца).
Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој).
Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов)
Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша
Рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач)
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Гратинирани компири >
Сосотојки:
1. 6 големи компири.
2. 1/2 путер.
3. 1 мал кромид сечкан ситно.
4. 1/4 брашно.
5. 1 мала лажичка сол.
6. 2- 1/2 млеко
7. 1 цел рендан кашкавал.
8. 1/2 сенф.
9. Кесичка пармезан
Упатства:
Првенствено, сварете ги компирите, потоа ставете ги во сад со ладна вода за убаво да се оладат. Додека се ладат компирите, во тава стопете го путерот додајте го исечканиот кромид и пржете го се додека не добие златна боја. Потоа додајте го брашното и мешајте ја смесата заедно. Од кога убаво ке се изедначи почнете постепено да го додавате млекото. Сипајте го млекото умерено за да не се направат грутки. Потоа додајте го кашкавалот, по можност да биде рендан или ситно исечкан. Сега додадете ги сенфот и солта и мешајте се додека не добиете еднаква смеса. Кога веќе сте готови со смесата, исечкајте ги компирите на тенки кругови и поставете ги долж тавата. Потоа намачкајте со смесата и повторете го процесот се додека не ја наполните целата тава. Ставете ги гратинираните компири да се печат на температура од 320 степени, од 30-35 минути и потоа извадете. На крај врз веќе испечените гратинирани компири ставете малку кашкавал и наросете ја најодозгора целата кесичка пармезан. Вратете го во рерната уште 5 минути и потоа извадете.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот