Калкулатор за пресметка на индекс на телесната маса (BMI)
Индекс на телесната маса ( BMI,од англ. Body Mass Index ) се темели на односот помеѓу телесната тежина и висината на човекот. BMI е показател на степенот на исхранетост, односно дали вашата телесна тежина е во оптимални граници или пак е под или над оптималните вредности. Отстапувањето од оптималните граници, поготово ако индексот покажува прекумерена тежина го зголемува ризикот од разни болести како што се дијабетис, срцеви заболувања, зголемен крвен притисок...
Мора да се земе во предвид дека BMI само приближно го покажува степенот на исхранетост, така што реална проценка за здравствената состојба на лицето, може да даде само доктор.