Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 13:54:11
niki
Кај мене во станот е 32 степени во моментот, би сакала од кожа да си излезам од што ми е топло. Пиев кафенце од сабајле, топло, сега почнав од фрижидер водата да ја таманам, иакао до вчера пиев од онаа на собна температура. Како вие гасите жед? Приврзаници сте на она дека на топло во организмот се внесува топло, па пијуцкате чајчиња, кафенциња, или ладите се што пиете во фижидер? Мм водата во замрзнувач ја заледува и ја пие додека се топи, јас толку ладно неможам. Но, што год да пијам жедна сум...
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 13:57:23
Палешка РР
Ники ...и кај нас во станот е иста песна, можеби не е толку жешко, но сепак. Почнаа да фрчат сладоледи, мразеви, ладна вода и знам дека кај и да е Марио ќе се пожали од грлото...претерува! Јас си купувам (мм ми купува) кило ипол лимонада и со нивна помош ја пијам..таа најубаво ме разладува и освежува.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 13:58:55
penelopa
Темава како порачана Мометално со чај од брусница, го варам, ладам и после му додавам коцки лед па испаѓа леден чај + и ладна вода доаѓа во предвид и се разбира сладолед
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 14:19:09
big_mama817
претежно со вода но во саботата бевме на Водно и адали од шо испив многу ладна вода чувствувам како ме боли грлото а на син ми му давам сокови леден чај и вода на собна температура
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 14:49:41
Bitolcanka
Вода од фрижидер, чај (не ладен, но остинат - никогаш не сум го пиела жежок), поретко сладолед. Кафето и на највисоките температури го пијам топло Ладни сокови...
А како го ладите своето тело? Јас ако немам некоја итна обврска преку денот(во најжешките часови) гледам да не излегувам надвор, дома се ладам цело време со вода во купатилото, седам во соба со спуштени ролетни и пак ми е
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.6.2010 14:57:12 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 14:50:43
Bogdancanka
хехехехехе изгледа јас сум единствена што не се налива многу со сокови,ладни води,чаеви немам гајле само нека има вода да се туширам друго немора,ставам вода во фрижидер само заради мм,јас си пијам од чешма
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 14:59:42
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Денес конкретно чекам да ослаби сонцето малку па да се бучнам у море, дома немам вода и до утре ќе ја немам ни раце да измијам, а не да се ладам
И ние пред некој ден немавме вода - пукнала некоја цевка (не е првпат во лето тоа) - одвај издржав додека дојде ... Во лето без вода - како риба на суво ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 15:56:24
nadica
пијам мн вода вода и само вода и тоа не мн ладна ама не и топла како мо ка понекогаш сладолед и кафе ама со млеко од фрижидер а телпто со шлапкање во када
инаку и јас би сакала да се брцнам во море ама нема
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 16:39:42
Snowhite RR
Вода со мраз, а кафе пијам топло, демек на топло, топло се пие, ама џабе пак е пекол и не можам да јадам ништо, кај сум ослабена последниов месец премногу, сега ќе се „доисушам“
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Како гасите жед на овие горештини? 16.6.2010 18:25:13
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Денес конкретно чекам да ослаби сонцето малку па да се бучнам у море, дома немам вода и до утре ќе ја немам ни раце да измијам, а не да се ладам
И ние пред некој ден немавме вода - пукнала некоја цевка (не е првпат во лето тоа) - одвај издржав додека дојде ... Во лето без вода - како риба на суво ...
еее знам кога снема во петокот вода, таму во брусничка имаше пукнато цевка...лелееее катастрофа... а инаку на денот на мојата свадба (во најголемите жештини на 25 јули) исто така немаше вода...ауффф, лудило, еден куп луѓе, а ти немаш вода за во wc ...невестата беше капена со вода од на комшијата базенот
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Како гасите жед на овие горештини? 17.6.2010 9:37:35
tereza
Ладен чај(овошен претежно),вода од фрижидер,кафе-2 дневно оти главата ме фаќа од жешкото,овошје и зелена салата најмногу што можам јадам(за ништо друго немам апетит на жештиниве )
RE: Како гасите жед на овие горештини? 17.6.2010 9:47:33
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Денес конкретно чекам да ослаби сонцето малку па да се бучнам у море, дома немам вода и до утре ќе ја немам ни раце да измијам, а не да се ладам
И ние пред некој ден немавме вода - пукнала некоја цевка (не е првпат во лето тоа) - одвај издржав додека дојде ... Во лето без вода - како риба на суво ...
еее знам кога снема во петокот вода, таму во брусничка имаше пукнато цевка...лелееее катастрофа... а инаку на денот на мојата свадба (во најголемите жештини на 25 јули) исто така немаше вода...ауффф, лудило, еден куп луѓе, а ти немаш вода за во wc ...невестата беше капена со вода од на комшијата базенот
Леле Мартинс мом, трагедија. Јас баш ко риба на суво се чувствувам и толку валкано да би си ја одрала кожата, а дома сум никаде нема да одам, тек на свадбата сопствена ух
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza (за ништо друго немам апетит на жештиниве )
исто, ништо не ми се јаде
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Како гасите жед на овие горештини? 17.6.2010 18:39:23
Maca25
Денес бев во ЕВН во трговски да си платам струја. Редица до Стопанска Банка. На тоа жешко уште во ред да стоиш, да пукнеш. Испив цело шише вода дур чекав. Чекав 45 минути надвор и уште 20 внатре. Ииии се изненадив кога влегов внатре, за секого имаше по едно шишенце флаширана вода. Убаво што им текнало да ги освежат луѓето на оваа горештина.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.