|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што кога сопругот ве изневерува и не ве сака...
20.5.2010 9:58:09   
vesna1
Денеска сум многу разорарана. Имам бебе од 8 месеци и поголема керка 9 години. Окако се породив приметувам сопругот не е ист спрема мене. Цело време измислува дека нон стоп е на работа и го нема дома по цели денови. Отпрвин му верував ама неколку луге ми кажаа го видовме со една жена во време кога ми рече дека е на работа. Дома воопшто не е заинтересиран да ми помогне околу бебето иако тој инсистираше да родам второ дете. Јас на породилно цело време дома седам и се мрднувам од обврски спрема двете деца и куќата а тој ке дојде ке се избања, ке ми рече јас су уморен и ке си се затвори во соба на компјутер. 
Незнам што да правам, кога ќе му преречам дека ништо не ми помага ќе направи кавга и ќе излезе.
Незнам што да правам знам дека ме преварува со друга и дали да го растурам бракот. Станот е мој ама колата е негова. Со мојата плата од 20000 треба да мизерувам со две деца, бидејки само сметки се 10000 ден.
Сега за сега се правам дека незнам ништо ама до кога ке изигрувам будала.  Дајте ми некој совет.  Од очите му гледам дека ме мрази, не ме гледа како порано а ништо не сум направила. Еднаш ми рече со тука сум само поради децата, и кога ке му побарам пари само вика денар неможам да свртам од вас а што да правам јас со мало бебе кога треба млеко и пелени а мојата плата касни по два месеца од социјално.  Извинете за предолгиот пост ама дајте ми некој совет незнам што да правам.

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:30:32 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 10:09:29   
Палешка РР
Знам дека не е никаква утеха, но повеќето мажи се такви откако жената ќе се породи. Тешко е за верување, но љубоморни се, бидејќи целото внимание на жената им е посветено на децата. Незнам каков тип на човек е твојот маж и како реагира на одредени ситуации...некои мажи се освестуваат по кавга, на некои им е потребно внимание и љубов за да се повратат од прегратките на друга жена.
Кога јас би била во таква ситуација, би направила кавга, не би молчела туку би му кажала дека знам. Секако дека би му простила, мажите се како мали деца кога ќе им ја земеш играчката...веднаш демонстративно бараат друга. Но можеш и со разговор, обиди се да допреш до изворот на проблемот. Како и да е не го оставај ова да тлее, туку реши го. Ти посакувам многу среќа и трпение user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:30:57 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 10:19:18   
tereza
Весна драга јас мислам дека е најдобро да седнете заедно и смирено да разговарате,зашто со кавги и расправии само полошо може да биде.Знам дека е тешко во ваква ситуација да се задржи човек присебен и смирен,но само така може да има ефект разговорот.Потруди се да разговарате кога сте сами дома(можеш децата на час два да ги оставиш кај твоите на пример),можеби на почеток ке одбива да се отвори спрема тебе,но ако ти искрено и мирно му пристапиш мислам дека ќе има ефект.Јасно е во ова  време тешко е да се одржи семејството задоволно(секогаш недостигаат пари,кај сите е така),но само со добра воља и со отворен разговор може да се дојде до решение.Секој човек греши,и простувањето е дел од животот,но за тоа треба да има взаемен интерес да се подобри ситуацијата и да се зачува семејството.

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:31:23 >

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 10:25:06   
big_mama817
весна се сложувам со Палешка треба да му кажеш дека знаеш се и да си седнете да си расчистите не е оправдание дека си била бремена и дека си родила дека треба да се почувствува отфрлен сепак имаш и поголемо дете зато потрудете се заедно да го најдете проблемот и решете го смирено такви се мажите слаби ти посакувам успех и брзо решавање на проблемот среќно

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:31:49 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 10:28:40   
Leonida
И јас сум за смирен разговор. И тоа ќе треба да издржиш до крај да бидеш смирена, инаку ќе ја спукате работата наеднаш и ништо нема да постигнете.
Кажи му дека се знаеш веќе извесно време и дека сакаш да ја надминете оваа криза заеднички.
Се надевам ќе успеете user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:32:37 >

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 11:07:15   
melody
Jas da bev na tvoe mesto prvo bi se zaprasala dali posle set_o toa ke mozam da mu prostam,znaci bi se preispitala sebesi voopsto za celata situacija vo momentot i normalno za toa sto bi donesla idninata ako ostanam so toj covek ili ako ne ostanam.Velis deka stanot e tvoj deka imas plata od 20000 den.znaci imas duri i da se razvedes(ne ti go sugeriram ova davam samo primer)pojdovna tocKa za da ne ostanes na ulica so dvete deca.Smetkite za stanot mozes na mnogu nacini da gi resis vo vrska so plakanjeTo toa ne bi ti bil nekoj pogolem problem.
Problemot e vo toa da resite i dvajcata sto e najdobro za vas i za vasite dve deca.Miren razgovor mislam deka sve bi resil vo vrska so idninata.Nemoj nikakvi prefrlanja od tvoja strana ako sakas da go zadrzis maz ti i da ostanes vo brak nego i ti gledaj preispitaj se kako ti si se ponasala so nego pred da se porodis so vtoroto dete.Jas te razbiram potpolno kako ti e i kolku mnogu si opteretena,megutoa mazite toa ne go razbiraat.Zatoa ako si za da si go zadrzis brakot razgovaraj i bidi pametna zena nemoras ni da mu kazes deka znaes moze bi bilo poloso,znaci razgovorot da bide sto vie dvajca ocekuvate od idninata i kakov bil tvojot odnos so nego pred set_o ova da se sluci.

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:33:06 >

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 11:29:18   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Денеска сум многу разорарана. Имам бебе од 8 месеци и поголема керка 9 години. Окако се породив приметувам сопругот не е ист спрема мене. Цело време измислува дека нон стоп е на работа и го нема дома по цели денови. Отпрвин му верував ама неколку луге ми кажаа го видовме со една жена во време кога ми рече дека е на работа. Дома воопшто не е заинтересиран да ми помогне околу бебето иако тој инсистираше да родам второ дете. Јас на породилно цело време дома седам и се мрднувам од обврски спрема двете деца и куќата а тој ке дојде ке се избања, ке ми рече јас су уморен и ке си се затвори во соба на компјутер. 
Незнам што да правам, кога ќе му преречам дека ништо не ми помага ќе направи кавга и ќе излезе.
Незнам што да правам знам дека ме преварува со друга и дали да го растурам бракот. Станот е мој ама колата е негова. Со мојата плата од 20000 треба да мизерувам со две деца, бидејки само сметки се 10000 ден.
Сега за сега се правам дека незнам ништо ама до кога ке изигрувам будала.  Дајте ми некој совет.  Од очите му гледам дека ме мрази, не ме гледа како порано а ништо не сум направила. Еднаш ми рече со тука сум само поради децата, и кога ке му побарам пари само вика денар неможам да свртам од вас а што да правам јас со мало бебе кога треба млеко и пелени а мојата плата касни по два месеца од социјално.  Извинете за предолгиот пост ама дајте ми некој совет незнам што да правам.


Тоа што некој ти кажал дека го видел со жена, не мора да значи дека е вистина. Тоа што не ти помага дома и околу децата е криза што секој маж ја преживува исто како што и ние жените си имаме емотивни кризи. Тоа не е причина за развод.

Мене ме загрижува муабетот дека е тука само поради децата???? Па не мора да биде. Ајт гит ако е така. Децата може да го гледа преку еден викенд, а и за тоа одлучува центар за социјална работа и општински 2 така да нека не те плаши тој дел.

За парите... некои луѓе немаат стан и не знаеш што се трпат за буквално покрив над глава... Ќе си скратиш од удобностите за подобра иднина. Мислам дека вреди...

Ама не се залетувај за ништо. Седни ко човек и разговарај. Не плачи затоа што тоа вади од такт и изгледа како префрлување на вина. Не кукај зошто не ти помага низ дома, туку каде е тој за семејството.. Ако тоа не помогне, јас не знамuser posted image , пушти го... нек си оди и нек размисли, ако не му треба семејство и ако не размислува за вас... нека си одлучи како понатака. Семејство е мама, тато, дечиња. Не тато и децата, а мама ја мразам или обратно...

Само не се залетувај. Една одлука менува цел живот... Тој можеби ќе се покае и ќе му биде криво, а од тебе и само од тебе зависи дали ќе му простиш.. user posted image


< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 11:39:39 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 11:44:10   
fantom
Kako prvo resi ti so samata sebe kako so rece melody dali ti go sakas i dali sakas da prodolzi toj brak.Ako ne ste zadovolni od brakot samo ke se macite i dvajcata.Toa so te gleda so drugi oci i deka osekas deka ne te saka poveke,go znam toj pogled.Toa e izmacuvanje.Ako ima druga,pa i ako e zaljuben vo taa,toa e veke problem!Imam drugar koj imase svalerka,ama bese zaljuben vo nea,bas taka so pogled na omraza si ja gledase zenata.Sreka ili nesreka zena mu go mnogu sakase pa izdrza celi 6 godini ejjjj za na kraj ovoj da se svesti deka gresi i da se sredi so zena mu i sega fala bogu im e super.Toa se teski momenti,posebno za tebe,znam.Vie se imate ednostavno odljubeno.Treba da probate da pocnete odpocetok bukvalno da se zaljubuvate!Probajte pocesto izleguvajte,mesajte se so prijateli,odete nekade na vikend,pravete nesto so bi go pravele kako prv pat da se zapoznavate.Moras da uspees vo ova,se razbira ako sakas i ako vredi....Inaku moj sovet e kako so kazaa i drugite rrajki,da razgovaras so nego smireno,kolku so mozes poveke,da ne me svatat site pogresno ama eeve i jas sum masko,vo takvi momenti ako mi nastapis ostro,nisto nem da postignes,samo so ubavo.I da ne postignes nisto od prviot razgovor,probaj i vtorpat i tretpat.Ako sakas da go spasis brakot samo taka,takticki i postepeno,a ako nejkes se znae resenieto.Znaes ovde na forum ne se resavaat vakvi problemi.Od mene ke slusnes edno,od drug drugo,moze i da se zbrkas uste tolku i da ne znaes so da praes.Zatoa resi si samata so  vredi a so ne,i samo razgovor so nego.Nekogas gresime site,nekogas treba da se prosti,a nekogas ne,odluci sama,so ti zbori srceto poslusaj.

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 13:50:53 >

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 13:23:24   
amelbebe
vesna ne znam sto tip e soprugot tvoj,ama realno e da go sednes i da razgovaras so nego bez ona nase zensko te visol ovoj ili onoj,da gpo prasas sto e problemot zosto e takov moze mu nedostasuva ljubob ,a site zeni sme si takvi se porodiv lele deteto ke oblecam sto ke mi se najde,so kosa nikakva flekosani.........................ne bidi sekogas sredena ,ako vredi kako covek ke mu prostis,ako go sakas sepak ti si taa sto odlucuva samo treba jaki nervi i trpenie

< Поракaта ја уредил виктори -- 20.5.2010 13:51:17 >

(Одговор на членот fantom)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
20.5.2010 20:31:59   
Bitolcanka
Весна го прочитав твојот пост, твојот проблем и јас мислам вака... Кога би била на твое место дискретно би го проверила (дали навистина те изневерува или тоа е само твој сомнеж предизвикан од околината): или преку други лица-твои блиски што го познаваат или самата лично. Кога знаеш дека треба да е на работа "случајно" (од х-причина-оправдана) најди се таму (сепак зависно од тоа каде работи и колку е тоа изводливо). Не мора да те види, а ако се случи тоа кажи дека си имала некоја работа/мака и ти бил потребен. Можеби не сакаш да изиграваш детектив, но некогаш и тоа "пали", без при тоа да разбере дека знаеш за неговото неверство или дека воопшто се сомневаш. Ако немаш доволно смелост за тоа и ако сфатиш дека не е доволно "одглуми" жртва - болна, уморна и побарај да биде со тебе извесен период. Дај му до знаење дека се чувствуваш осамена, беспомошна и ти треба неговата близина, поддршка, помош. Не верувам дека ќе те одбие. И најважно од се' - биди весела, потруди се да бидеш насмеана, позитивна пред него да ја забележи промената. Направи нешто за себе - смени фризура, имиџ, стил на облекување, со некој мал детал - сигурно ќе ти годи и ќе се почувствуваш подобро, поубаво, порасположено. Направи романтична атмосфера и заведи го како во времето кога сте се забавувале. Контактирај со пријателите/пријателките, викни ги на гости, оди им на гости, остави го малку со децата, ако не прифати-остави ги кај некој од поблиското семејство, излези од дома. Нека се запраша малку каде си, што правиш, па постепено ќе почне да сфаќа дека и ти имаш желба за разонода, забава, дружење, пријателство...
Знам дека не ти е лесно, дека се' ти се чини сурово, страшно, но често времето е лек за се'. Ги решава сите загатки, ни' го покажува вистинскиот пат. Мислам дека така ќе биде и во вашиот случај. Од се' срце ти посакувам да успееш да се избориш за своето и да си ја зачуваш вистинската личност user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Извести не' за сите новости. Со тебе сме мила user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
21.5.2010 15:11:58   
vesna1
Fala na site za podrskata. Ke razmislam dobro sto ke napravam, vo sekoj slucaj treba da razgovaram, pa ke vi kazam sto se sluci.
Malce ve faka straf da se soocam so vistinata ama toa e toa podobro nego zivot vo laga.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
21.5.2010 15:27:52   
niki
Ништо ново нема да ти кажам од горенапишаното и со сите горе доле се согласувам. Само да ти кажам не си сама, те разбирам како е да го гледаш презирот во очите на тој што треба да те сака. А знам како е и да упатиш таков поглед некому кого до вчера си го сакал. Но тоа се работи на кои може да се работи и кои може да се поправат, доколку се договорите и заедно тоа го сакате.
За тоа дали те изневерува или не, е дискутабилно, може да е вистина, можеби не. Јас лично ако се сомневам би терала до крај, дур не ги отфрлам или потврдам сомнежите. Полесно ќе ја поднесам вистината па нека е и најразорувачка, отколку да живеам со црв во душата кој постојано ќе ме јаде. Би го следела, би наслушнувала разговори, би му го проверила телефонот, компјутерот, облека, се, дур не соберам докази да кога би го соочила не може да се извади никако освен со признание на вистината. И кога конечно би го добила признанието, тогаш најсликовито што можам би му покажала колку ме повредил и би барала таа афера да прекине во истиот момент за да се позанимаваме со нашиот брак и тоа дали вреди или не да го спасуваме. И дури потоа ќе размислувам дали ќе му го простам неверството или не, а во тоа голема улога ќе има и тој со тоа дали ќе успее да ме убеди дека тоа нема да се повтори во иднина.
Сите проблеми може да бидат решени и се да биде простено, со само еден предуслов, искреност.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
21.5.2010 22:18:01   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

За тоа дали те изневерува или не, е дискутабилно, може да е вистина, можеби не. Јас лично ако се сомневам би терала до крај, дур не ги отфрлам или потврдам сомнежите. Полесно ќе ја поднесам вистината па нека е и најразорувачка, отколку да живеам со црв во душата кој постојано ќе ме јаде. Би го следела, би наслушнувала разговори, би му го проверила телефонот, компјутерот, облека, се, дур не соберам докази да кога би го соочила не може да се извади никако освен со признание на вистината. И кога конечно би го добила признанието, тогаш најсликовито што можам би му покажала колку ме повредил и би барала таа афера да прекине во истиот момент за да се позанимаваме со нашиот брак и тоа дали вреди или не да го спасуваме. И дури потоа ќе размислувам дали ќе му го простам неверството или не, а во тоа голема улога ќе има и тој со тоа дали ќе успее да ме убеди дека тоа нема да се повтори во иднина.
Сите проблеми може да бидат решени и се да биде простено, со само еден предуслов, искреност.



Се сложувам целосно со ова што го пиша Ники. Не е праведно да пресечеш нешто ако не си 100% сигурна. Можеби неправедно е обвинет. Луѓето многу зборуваат, додаваат, измислуваат... Немаат друга работа. Живеат од озборувања и плеткања во туѓите животи. Не се води само по оговарањата/шпекулациите. Секој дома си знае како му е, секој одлучува за себе. Направи опуштена атмосфера, кога имате повеќе време, биди смирена и отворено зборувај што го мачи, кажи му што ти недостига тебе. Само со отворен разговор можат да се надминат сите проблеми. Среќно user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
26.5.2010 1:46:01   
sinolicka
vesna moj sovet e da sednete i otvoreno da razgovarate.samo treba da si smirena da ne zapocnuvas diskusija so povisok ton.mozebi ne te izneveruva mozebi i nego promenata so bebeto mu paga tesko i mu treba vreme da se privikne.a ti poveke obrnuvaj vnimanie na sebe naprevi nesto so sto ke mu go privleces povtorno svoeto vnimanie.mozebi e samo vo kriza. da se ostavite e najlesno da napravis maksimum brakot da uspee(dokolku moze) zasto sepak imate i dva deca treba i na niv da se misli.se nadevam deka ke ja prebrodite ovaa kriza

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве ...
29.11.2010 0:11:37   
suzeto
vesna1 kade si,sto se sluci dali e sredivte situacijaata so soprugot

i jas se slozuvam so drugite ako e stanot tvoj plata od 20000 i nie ziveeme isto so 20000 ama samo 8 meseci a 4 meseci nemame nikakvi primanja bideki mm raboti privatno sam i vo zima nema rabota,znaci vo prosek so 15000 mesecno
znam deka e tesko da se odlucis,no ako brakot ne cini zosto ti e i mas, samo kolku imam maz,stvarno radi deca treba da se izdrzi ali ti si znaes najdobro do koja granica e stignat soprugot....se nadevam deka vi se sredila situacijata deka sve toa bilo nedorazbiranje

(Одговор на членот sinolicka)
Непосредна врска до пораките: 15
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?