|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Парацетамол после вакцинирање?
2.6.2010 23:18:04   
Тања РР
Еден пост ме инспирираше да ги преведам и да ви ги презентирам резултатите од една понова студија:


Европските истражувачи спроведoa две испитувања од кои заклучиле дека давањето на доенчињата лекови кои содржат парацетамол (исто така познат како ацетаминофен) за  намалување на температурата по вакцинацијата  веројатно е контрапродуктивно, бидејќи се најдени докази дека се намалува способноста на организмот да произведе целосна имуна реакција на вакцината.

Студијата е дело на водечкиот автор Roman Prymula, Факултетот за Воена здравствени науки, Универзитет за одбрана,  Hradec Kralove, Чешка Република, и неговите колеги од Чешка, Швајцарија и Белгија, а е објавена во списанието Lancet  на 19 Октомври .   Авторите напишале дека иако треската е дел од нормалниот инфламаторен одговор по имунизација, анти-треска лековите,кои често се препорачуваат рутински, на пример, од страна на педијатрите за да ги смират стравувањата од висока температура и конвулзии.

За студијата, која беше финансирана од страна на GlaxoSmithKline Biologicals на Белгија, Prymula и колеги спроведени две последователни, рандомизирани, контролирани студии со 459 здрави бебиња од десет центри во Чешка.

Првото испитување било кога бебињата биле околу 3 до 5 месеци стари, кога рутински се врши првата вакцинација од пневмококалните болест, Хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија, тетанус, и магарешка кашлица (пертусис).

Второто испитување се спровело кога бебињата биле околу 12 до 15 месеци стари, кога рутински ја добиваат ревакцинацијата од истите вакцини.

Пред првото испитување  доенчињата биле поделени  по случаен избор на една од две групи.

Во текот на двете постапки,  226 бебиња во првата група добиле три дози на профилактички (за спречување на треска) парацетамол на секои 6 до 8 часа во текот на првите 24 часа по приемот на нивните вакцинациите, додека втората(контрола) група на 233 бебиња не добиле никакви профилактички лекови, тие само добиле исти вакцини како парацетамол групата.
Резултати:
  • Треска над 39,5 deg C била невообичаена во двете, парацетамол и контролната, групи.  
  • По примарната вакцинација, помалку од 1% (1 од 226 бебиња) од парацетамол групата и 1 % од контролната група (3 од 233) имаше треска повисока од 39,5 степени С.  
  • По ревакцинацијата, овие бројки беа 2 отсто (3 од 178) на парацетамол група и 1 отсто (2 од 172) на контролната група.
  • По примарната вакцинација, 42 проценти (94 од 225) на парацетамол група имаше температура од 38 C или повисока, споредено со 66 проценти (154 од вкупно 233) во однос на контролната група.
  •    Поревакцинацијата, овие бројки се 36 проценти (64 од 178) за парацетамол група и 58 проценти (100 на 172) за контрола група.  
  • Но, по  вакцинацијата, антителата GMCs биле значително пониски во парацетамол група од контролната група за "сите десет пневмококалните вакцина serotypes, протеини Д, antipolyribosyl-ribitol фосфат, antidiphtheria, antitetanus, и antipertactin ", напишаа истражувачите.  
  • По ревакцинацијата, пониски антитела GMCs се забележани во парацетамол група за "antitetanus, протеини Д, и сите пневмококални серотипови освен 19F ".
Истражувачите заклучи дека:

"Иако фебрилните реакции се значително намалени, профилактична администрацијата на антипирептични лекови во времето на вакцинација не треба  рутински да се препорачува, бидејќи антитела –одговорите  на неколку вакцина-антигени беа намалени. "

Тие рекоа дека потребно е да се обезбеди висока и одржлива антитело реакција, посебно на болести како што се Хемофилус инфлуенца и pneumococcus а истото  важи и за магарешката кашлица (пертусис). Чен изјави дека таа треска е суштински дел од имунолошкиот одговор на било која инфекција или вакцинацијата:

„Родителите не треба да се грижат  премногу за тоа дали нивното дете има темтература или не  се додека детето е во ред и изгледа среќно. Ако детето е збунето  и изгледа болно, потребно е консултација со педијатар за тоа дали да му се даде парацетамола", советува тој.

< Поракaта ја уредил Тања -- 3.6.2010 14:14:00 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 9:23:45   
amelbebe
nas odma po vakcinata ni kaza doktorkata da mu dadam paracetamol,posle ova sto go procitav znaci deka paracetamolot gi namaluva antitelata od vakcinatauser posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 9:26:33   
elle
Јас кога ја прашав др. на вакцини дали веднаш да и дадам парацетамол таа ми кажа НЕ само ако каче температура
а за ова не сум знаелаuser posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 9:29:50   
amelbebe
abe razlicni mislenja da ne znaes sto da pravis kako ni kazuvaat taka pravime

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 10:12:40   
biljana16
Mojata pedijaterka mi kaza deka paracetamol na deteto mu davas samo ako kaci temperatura povisoka od 38so 1 ili 2 ili ako premnogu place.
Do sega od vakcinite ne mi kacil temperatura taka da nemalo potreba da mu dadam paracetamol.

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 10:20:04   
Maca25
Јас знам дека не се дава ништо се додека температурата е под 38,4. Во случај да се качи над оваа вредност тогаш се дава парацетамол. А јас како превентива не би и дала парацетамол. Малце треба да се остави организмот сам да се бори.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 10:56:51   
Еличка
 И јас имам давано парацетамол после вакцина од која се крева температура, значи веднаш после вакцината. Подобро еднаш да се напие  и да не крене температура, отколку да крене, па после повеќе пати да се даде парацетамол. На првите вакцини не давав и поминувавме многу потешко, со температури, плачење, нервоза, болка на местото, а со парацетамолот ништо од ова немаше. Па сека видите како е полесно и за детето и за вас.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:02:54   
Rossana
nas odma po vakcinata ni kaza doktorkata da i stavime cepce efferalgan od 80 mg, koj sodrzi paracetamol


(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:06:17   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еличка

И јас имам давано парацетамол после вакцина од која се крева температура, значи веднаш после вакцината. Подобро еднаш да се напие  и да не крене температура, отколку да крене, па после повеќе пати да се даде парацетамол. На првите вакцини не давав и поминувавме многу потешко, со температури, плачење, нервоза, болка на местото, а со парацетамолот ништо од ова немаше. Па сека видите како е полесно и за детето и за вас.


Исто

(Одговор на членот Еличка)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:07:24   
melody
Ovde nie pred vakcina pieme surup Calpol i ako krene uste pola lazice inaku e dosta efikasen pa go koristam koga i da krene temperatura odnosno do sega koga zapcinjata i rastea i odma se namali temperaturata.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:16:22   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Европските истражувачи спроведoa две испитувања од кои заклучиле дека давањето на доенчињата лекови кои содржат парацетамол (исто така познат како ацетаминофен) за  намалување на температурата по вакцинацијата  веројатно е контрапродуктивно, бидејќи се најдени докази дека се намалува способноста на организмот да произведе целосна имуна реакција на вакцината.



Не знам дали го прочитавте ова погоре?!?!

јас никогаш не би дала како превенција парацетамол. што ако детето воопшто не крева темп. од вакцини? еве пример, на моја пријателка синот не крева темп од вакцина, ама од ниедна. а таа дома полна со парацетамоли, далерон, чепчиња... кај мене нина од првата вакцна креваше а од ревакцината не. нормално секоја мајка си знае што е најдобро за нејзиното дете и прави се за тоа да биде здраво.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:22:48   
Rossana
Za slednata vakcina ke nema da i stavam cepce... Samo ako kaci temperatura...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:27:53   
Maca25
Не разбирам зошто докториве советуваат одма патацетамол??? што ако не качи температура?!?! јас сум повеќе за природно спуштање на температурата - со туширање, облоги на зглобовите, па дури и оцет на стапалата. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 11:37:46   
Еличка
Не го кажуваат тоа сите доктори, јас прв пат слушам доктор тоа да го каже. Ама јас многу многу не ги слушам докторите. Така секој со своето искуство, кој како што мисли дека е најдобро, така нека прави. Овде ги кажуваме нашите ставови, што не значи дека ги наметнуваме на другите. Мое мислење е подобро да се спречи отколку да се лечи. Зошто да се мачи и со температура, како мала мака да му е и самото боцкање. 

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 12:03:11   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Не разбирам зошто докториве советуваат одма патацетамол??? што ако не качи температура?!?! јас сум повеќе за природно спуштање на температурата - со туширање, облоги на зглобовите, па дури и оцет на стапалата. 


Незнам ни јас, мене овде во Грција ме немаат советувано за ниедна вакцина да давам веднаш парацетамол. И никогаш немало потреба бидејќи ќерка ми нема качено температура од вакцина, освен благо покачување  до некои 37.5, што е само знак дека се создаваат антитела и не сум ја снижувала никако, сум оставала организмот сам да се избори. Првпат овде читам да се дава лек за температура превентивно, само се труе детето џабе така.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 14:26:09   
Slagjana
I mene mi rekoa vednas po vakcinata Paracetamol i i davav 24 casa. Za sledniot pat ke razmislam.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 14:54:55   
cevlice
Haс докторката ни рече во случај ако качи температура да се става ладни облоги под лактината , почесто туширане и по потреба да се даде парацетамол

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 15:07:32   
jovanka
Se zavisi od reakcijata na organizmot i da ne gi zaboravime oblogite od aceti borici koi ja smiruvaat bolkata se stava na mestoto od vakcinata na gaza.Licno jas vednas ne sum im davala no dokolku razvie temperatura povisoka od 37,5-38 togas Daleron.

< Поракaта ја уредил jovanka -- 3.6.2010 15:08:12 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
3.6.2010 23:20:03   
Snowhite RR
Мене сестрата кај вакцините ми рече по 1х да му дадам сируп и после тоа по потреба, наредниот ден крена Т, се јавив кај матичната и таа ми рече да му давам сируп тој ден на 6 часа, дека нема гајле. А си помислив и јас со сирупот да не се намали ефикасноста, сите ми велеа да му давам на 6 саати, а јас не сакав без потреба да му давам лекарства на толку мало бебе. Од сега само ако крени Т, најпрво ќе пробам на друг начин да му ја снижам, па ако не може тогаш парацетамол

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
15.7.2010 22:40:17   
Felly RR
Не можев да најдам тема за покачена температура, па затоа ви пишувам овде. Како најефикасно ја симнувате температурата, доколку се јави при вакцина, освен нели, парацетамолот што може да се даде?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
15.7.2010 22:46:32   
Martins mom
Бебенцето се капи со млака вода, се расоблекува, да не е многу наоблечено и на местото каде што е боцнато се ставаат ладни облоги...Ако температурата се качи над 38, тогаш му се дава парацетамол...
Мене така ми кажуваа да правам кога го вакцинирав, ама за среќа до сега нема кренато температура... 

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
15.7.2010 22:49:09   
Felly RR
Фала Martins Mom.
Ние денес се вакциниравме, и има малку качено температура 37,6. А ладни облоги каде што ја боцнаа веќе и ставам цел ден.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
19.7.2010 10:33:40   
blue_blue
Prv pat slusam deka preventivno se dava paracetamol. Toa mi e sosema nelogicno, isto e i da mu davate na deteteo preventivno antibiotik za da ne fati nekoja bakterija. A sto ako nikogas ne kaci temperatura ili ne fati bakterija?

Maticnata mi ima kazano do 38.5 temperatura da ne davam pracetamol, tuku da go tusiram deteto i da go mackam so isceden limon izmesan so soda bikarbona (na dva iscedeni limoni pola lazicka soda bikarbona). Ova navistina pomaga i ja spusta temperaturata (za o.2, 0.3 do 0.5 stepeni, ama nekogas i toa e sosem dovolno za da ne davate lekarstva).

Moite deca do sega gi primija site vakcini sto se za nivna vozrast i nitu ednas doktorkata koja gi vakcinirase ne mi rece da davam paracetamol preventivno, tuku samo sako se pokaci temperatura.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Фала Martins Mom.
Ние денес се вакциниравме, и има малку качено температура 37,6. А ладни облоги каде што ја боцнаа веќе и ставам цел ден.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
20.8.2010 16:40:01   
Medo
И јас, исто така барав тема општо за покачена температура, ама не најдов. Што друго правите освен туширање со млака вода???

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Парацетамол после вакцинирање?
20.8.2010 21:10:08   
Тања РР
Медо ТУКА имаме дискутирано за температура кај децата и што да се превземе во тој случај.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?