|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Се ежам од ...
19.6.2010 11:54:19   
Bitolcanka
Што ве вади од такт? Одредени луѓе, нечии постапки, однесување ... ?

Јас се ежам од споменувањето на 1 "посебна" личност, а уште ако ја видам ... user posted image user posted image user posted image Како да сум го видела самиот user posted image

Човек некогаш колку и да сака да избрише некои работи од својот живот, непосакувани лица, случки ... едноставно минатото го стигнува порано или подоцна... Ви се случило вам нешто слично?

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Се ежам од ...
19.6.2010 12:07:53   
beki RR
Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.И тоа е мисла баш за да се наежиш.А инаку во секојдневниот живот најмногу се ежам од мрзливи и неодговорни луѓе.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Се ежам од ...
19.6.2010 12:13:48   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.



Да, баш така е пријателке. Се се враќа и тоа двојно. Најлошо е кога невини страдаат и трпат за нечии непромислени поранешни одлуки user posted image
Се ежам од жена-маж - жена со лик и манири на типичен маж (жена-змија) во овој момент.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Се ежам од ...
19.6.2010 22:19:02   
vezilka RR
Се ежам од шовинизам, се ежам од длабоките стереотипи во нашето општество, се ежам од неприфаќање на разликите меѓу луѓето, се ежам од војни и убиства, од крадливци и манипулатори, и се ежам од „паметњаковичи“...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Се ежам од ...
19.6.2010 22:44:31   
niki
 ...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Се ежам од ...
20.6.2010 3:41:15   
amelbebe
od negativni luge brrrrrrr,i od tie sto mnogu se falat ,a ne gi biva ni za user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 10:38:31   
big_mama817
се ежам од лицермени луѓе,се ежам од паметњаковичи, се ежам од неправди, се ежам од саможивници

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 10:39:28   
Bogdancanka
има доста работи од кои се ежамuser posted image user posted image user posted image ако почнам да набројувам ехе списокот ќе биде долг и незнам кај ќе му биде крајотuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 17:40:47   
Viktori
џандари! user posted image user posted image user posted image
Мислам не ми е страв, туку не можам да ги поднесам. Кога го гледав оној чичко опериран од кичма утепат, а објаснувањето нареден ден беше „се удирал сам од шофершајбна„.... само џандар може таква приказна да смислиuser posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 17:42:16   
Палешка РР
Најмногу се ежам од користољубиви луѓе, ама одма ги детектирам и оддалечувам од мене! user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 17:50:02   
Bitolcanka
Од лицемери, трчај-лажи луѓе, самобендисани, фалбаџии ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Се ежам од ...
21.6.2010 23:41:23   
Martins mom
се ежам кога фаќам ѕид, рапава хартија, стиропор...user posted image user posted image user posted image
шала настрана...се ежам од глупи, прости луѓе (не викам необразовани, туку од такви што не сакаат, не се трудат да научат ништо ново)


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 19:33:22   
Natasha5
се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 22:31:08   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5

се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....


Потпис!

И од т.н. другари кои се тука само кога не ти требаат, од вечно ненаситни, никогаш задоволни луѓе, егоисти ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 22:37:19   
Martins mom
Се ежам од луѓе што не си го познаваат добро мајчиниот јазик...не знаат да пишуваат македонски...брррррррррuser posted image
Ме ежат сите што пишуваат не знам, не можам, не сакам сврзано (неможам, несакам...)...
Сите што пишуваат свати, наместо сфати...бидејќи без Ќ...и еден куп ситници што го чинат нашиот мајчин јазик...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 22:53:05   
Viktori
многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала.
Иф ју ноу ват и мин user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 22:56:10   
Палешка РР
Ај ноу user posted image

Исто така се ежам од звукот на Итна помош. Па ако е син ми излезен, аааа, потера правам user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 22:56:14   
nadica
Иф ју ноу ват и мин 



user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 23:10:28   
Bitolcanka
Од луѓе кои ја гледаат раската во окото на другиот, а не ја забележуваат гредата во своето око.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 23:41:26   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.


потпис за ова,а плус се ежам од мачка(неможам да ви опишам колку ми предизвикува лошо чувство тоа животинче,а не сум имала никаква непријатна случка поврзана со мачкаuser posted image )

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 23:48:03   
mama26
mene me ezi najmnogu najmnogu od soprugot user posted image user posted image user posted image .shala na strana.me ezat raboti odnosno nekoj blizok zboram za semejstvo da ti zbori edno pravi drugo.,laga.podmuklost,sebicnost. inace za nadvoresniot svet ne tolku se sekiram.tie mozat sve da pravat i zborat.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Се ежам од ...
24.6.2010 23:49:57   
Тања РР
Ме наежува помислата дека секогаш може и полошо.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Се ежам од ...
25.6.2010 0:17:34   
veda
Prvo sto mi dojde na pamet a koe boga mi mi ima ostaveno tragi i traumi user posted image user posted image user posted image se luge ,,ENERGETSKI VAMPIRI'' A toa izgleda vaka:- ete tvoj poznanik i po nekoja slucajnost sedis so nego a toj ...pocnuva da kuka da se zali, pa se mu smeta , pa zivotot e tezok,pa se nema pari , pa kako nisto ne odi kako sto treba i taka kuka kuka kuka  i ceeela energija ti ja pie so pamuk i na krajot koga ke si zamines ti se cini deka cela negativnost i site macnini ti gi isturil na grb...  E OD TAKVI LUGE SE EZAM  i begam kako user posted image od krstuser posted image user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Се ежам од ...
25.6.2010 0:23:37   
Bitolcanka
user posted image што подалеку од такви - имаат "сила" како никој друг, иако "кутрите" често тоа го прават не сакајќи ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот veda)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Се ежам од ...
25.6.2010 11:05:57   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала.
Иф ју ноу ват и мин user posted image


плис експлејн...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?