|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 15:22:51   
Bitolcanka
Девојки и жени, повеќето сте ги поминале свадбени адети, секако, со подготовките за свадбата и по неа... Ме интересира дали имавте девер на вашата свадба? Кој беше тој (братучед, пријател на зетот)? Можеби сте имале деверица ... Кое ее вашето искуство? Кои работи треба да ги направи и купи деверот? Што најчесто се очекува од него?

Брат ми е девер кај втор братучед во јули, првпат се среќаваме со ова. Ќе разговара со зетот, ќе се договори, но сакав да слушнам ваши мислења околу ова. Како поминавте вие? Можеби ваш близок бил девер... Дали многу се истрошивте? Дали младенците и нивните бараа многу од вас, т.е. од деверот?

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 15:42:12   
Snowhite RR
ММ пред да се земиме беше девер на негов колега од работа, па различно е, но некаде околу 300е спремајте си. Значи ние вака на невестата и купивме обетки златни, тие ги дадовме на веридбата, потоа кога се оди по невеста, нели адетот кога невестата се крие во соба, пред врата не го пуштаат деверот додека не си ја плати невестата, е тука ние многу скапо поминавме зошто навистина се покажаа безобразни и не го пуштаа мм да влези, па така сите пари што беа планирани за внатре за во чевлите на невестата, ги даде пред врата, му бараа „црвена“ за да влези, после се фрлаат железни пари, па внатре во чевлите се ставаат прво железни, потоа по 10 или 50 ден и третиот пат по 100 или една 500 тука да стави но не мора толку, а можи и на пример во евра да си ги направи на пример по 5 и на крај тие да ги стави, потоа се плаќа во црква за венчавката, мислам дека мм плати 1500 но не сум сигурна, а и ја менуваат цената постојано, потоа се носи торта на свадбата, ние ја порачавме, Други трошоци, костум, чевли, букети, бомбоњери, во глобала тоа беше. Чевлите и чантата од невестата тие си ги купија, ние само ги завиткавме и нив деверот ги носи кога се оди по невеста.
Е сега мојот девер (најдобар другар на мм) не ми купи златно мене, зошто јас му реков дека не сакам злато, па ми дадоа пари и си купив гардероба. Другото беше горе долу исто.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 15:54:25   
Bitolcanka
Веридбата помина. Тие го поканија за девер брат ми подоцна. Тој трошок отпаѓа значи user posted image За тоа со влегувањето во собата на невестата и ставањето пари во чевлите знам - секаде го има тој адет. В црква само деверот плаќа или... ? Попот кажува цена или се знаед предвреме колку чини? За торта, подарок и облека - се подразбира. Татко ми беше старосват во Србија, знам како поминавме user posted image Нешто слично е и со ова, ама мислам дека побезболно е, за среќа user posted image Во Србија старосватот плаќа и за влез во дворот каде е свадбата (повеќето таму прават под шатори свадба) и татко ми не знаејќи, наместо 100 динари (колку што се сеќавам) даде 100 евра user posted image Кога го зедовме предвид трошокот за пат, пасоши (сите вадевме нови) + други ситници - ѓаол и пол не фати. Ама бидна, за убаво да е.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 16:52:23   
Snowhite RR
А да подарокот го заборавив, најбитнотоuser posted image , мислам дека нема врска што вердибата поминала, невестата треба да се дарува со злато, ако другите, кумот и старосватот ја даруваат на денот на свадбата значи кога ќе одите по невеста, тогаш треба и деверот, прашајте ги дали ја дарувале на веридбата или тоа ќе го прават на свадбата,кај другарка ми на пример ја даруваа на свадбата. А за в црква предвреме ќе си прашате колку се плаќа, не плаќа само деверот, плаќа и кумот, стросватот и дедото(таткото на невестата), мислам дека деверот најмалку плаќаше, после дедото и се плаќа пред да почне венчавката, ќе ги викне некој од клисарите в црква и ќе му каже кој колку треба да плати.
Трошок е, но нека е за убаво само
Се надевам ти помогнав Битолчанка, ако ми текне уште нешто ќе пишам, можеби па кај вас има некој друг адет не знам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 16:57:43   
Bitolcanka
Фала Snowhite, навистина ми помогна. Од град до град има разлика и од семејство до семејство, уште повеќе од младенци до младенци. Ќе видиме со овие како ќе е - дали ќе се смилуваат малку user posted image

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 23.6.2010 16:58:29 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 17:14:08   
niki
Мене ми купи чевли( но не тие кои ги носев на свадба) деверот србин и златен прстен, или поточно неговите родители, секако добивме и подарок од нив, а за торта дали донесоа ич незнам.
Во мк на свадби што сум била деверот купува чевли и ташна на невестата евентуално и букетот, златото е резервирано за свекрвата да го купи. Кај нас обично девер е братот на младоженецот, а ако нема брат братучед или другар, во Србија не било убаво девер да бил братот.
Но секое семејство си е своја приказна и најдобро е договор да се прави со младенците, што сакаат и што очекуваат.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 17:23:58   
brineta88
Јас кога правев свадба деверот ми ги купи чевлите кои ги носев на свадба(се разбира сама ги одбрав), ги донесе на денот на свадбата убаво завиткани. Исто така донесе и материјал кој во цркава се врзува за рацете на младенците, а знам дека не плати ништо во црква. Торта исто така. И поклон фрижидер тоа ми донесе.  
Злато не ми дадоа ништо. Треба и ташниче колку што јас знам но мене не ми донесоа.
Пред врата кога ме земаа пари фрлаа старосватот и свекорот, а не деверот. И тоа што пишала snowhite пари за во чевлите колку сакаш не мора некоја одредена сума.
Сега различно е од град до град незнам како е кај вас, ама воглавно овие работи се некаде нешто плус, некаде нешто минус

< Поракaта ја уредил brineta88 -- 23.6.2010 17:24:19 >


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 19:26:08   
Sandric
LEleeee mnogu adeti za dever beuser posted image
Kaj nas na svadba deverot bas i nemase nekoja posebnma zadaca.
Kondurite si gi kupiv sama( jas taka sakav) , za zlato prv pat slusam deka deverot treba da ja daruva nevstata.
Za vo konduri znam deka stava i eventualno pred vrta koga ke vlagaat kaj nevestata.
Vo crkva ne plaka sto posto deverot. Na krajot na kraistata dever ne e ni zadolzitelna funkcija na svadba....

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
23.6.2010 20:51:20   
Bogdancanka
mene dever mi bese na mm bratot nezenetiot,od nego mi bea cevlite koi sama si gi izbrav,na denot na svadbata deverot dojde pred zetot i tuka go preceka devericata koja trebase da mu vrzi masna na rakata....a dodeka taa mu ja vrzuva masnata deverot treba da proba da ja bakne ili pak ona da mu udri slakanicauser posted image user posted image user posted image e sega toa e koj prevari koj e pobrzuser posted image user posted image user posted image potoa deverot dojde kaj mene vo soba i mi gi obue cevlite za koi jas celo vreme vikav deka se golemi a on gi polni pariuser posted image user posted image user posted image dodeka ne mu kazam deka mi se tocni..za vo crkvata deverot kaj nas nisto ne plajkase...a skoro koga bese brat mi dever na eden prv bratuced vo Radovis morase i on da plati vo crkva,jas zxa toa prv pat slusav kaj nas ne plajka a tamu se plajkase,sekade e razlicnouser posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 0:37:12   
Nade
В црква само деверот плаќа или... ? Попот кажува цена или се знаед предвреме колку чини?

Во црква плаќаат кумот старосватот и свекорот, не сум чула до сега девер да плаќа, и да, си има одредена цена ама зависи до црквата ако е некоја која е заштитен споменик на културата може да е повисока цената инаку секаде е иста , поздрав

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 7:52:48   
Bogdancanka
brat mi koga bese dever vo Radovis plati, znam deka imase odredena cena samo sega nemozam da se setam kolku bese tocno mislam deka bese 700den ali ne sum bas sigurna

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 14:06:16   
Martins mom
Битолчанка, ете јас како потазе битолска снаа ќе ти го кажам адетот за во Битола...Деверот плаќа на врата пред да влезе кај невестата, потоа тој ги купува чевлите и убаво завиткани и ги носи на невестата и и ги облекува...Во нив става прво железна пара, па десетки, стотки и на крај петстотка (три пати да стави пари) или пак повеќе ако има деверот желбаuser posted image user posted image Поклон ни дадоа во пари (200 евра)...Деверот носи и торта на свадбата и тоа би било се...Не е многу голем трошок не се секирај...Ако свадбата ја прават Битолчани, тој е адетот 100%user posted image Ај, со среќа да му е на младите и на деверот, па и кај тебе да поиграме побрзоuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 16:31:58   
amelbebe
blaze si vi so adetov,kaj nas deverot ja nosi samo nevestata pod miska do doma

ke treba izgleda da go smuvam ovo adet kaj nas za da mi olesni barem so zlatoto,sandalite i tasnata i tortatauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 22:04:31   
Bitolcanka
Фала Martin's mom за деталното објаснување и информациите user posted image Битолчани ја прават свадбата. Значи нема простор за страв и паника - ме утеши навистина user posted image user posted image user posted image Брат ми е девер. Некаде прочитав дека не би требало деверот да се ожени најмалку 1 година потоа, значи имам време 1 година рок user posted image user posted image user posted image За играње нема грешка - тоа се подразбира user posted image user posted image user posted image И за Мартинче да играме user posted image Некако последно време само ова го слушам, па се правам дека не слушнав user posted image user posted image user posted image Еве и денес зедов покана од 1 другарка - во јули прави свадба, има кај да играм - вежбам user posted image user posted image user posted image
Амелбебе можеш да си го присвоиш овој адет, да си олесниш малку од должностите user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 22:11:56   
Martins mom
Тоа дека деверот не смее да се жени една година, нема врска...мм беше девер и кум истата година кога се зедовмеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 22:20:33   
Bitolcanka
Знам, си се тешам - ми оди во прилог тоа верување/правило user posted image user posted image user posted image Помал е брат ми, не го оставам да ме претекне user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
24.6.2010 23:17:19   
Snowhite RR
ММ беше девер во октомври, ние се венчавме во ноември. Нема врска тоа, прашавме в црква ние

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 18:15:52   
Bitolcanka
Имам слушнато дека деверот подготвува и бовчи за зетот и невестата, а се даваат 1 недела пред свадбата кога ќе дојдат да го канат деверот и ќе ги носат бовчите. Го имаше тоа на вашите свадби? Освен на зетот и невестата на кој друг се даваат бовчи?

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 18:25:05   
Viktori
офтопик ама морам да искоментирам.

значи адети како низ прстен да го гледаш или да го бричат зетот ептен почитувам, ама оние бовчи и дарови на чиста лихва ми личат!!!
Моите кум и старосват беа другари на мм и им кажав ако се донесат со уше нешто да си се вратат дома!

Мислам жива срамота сме со ова купувањава за свадба, па уште баралеее тие....user posted image ! Купи си ако имаш не се циганчи.... (нерасистички коментар)


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 20:57:38   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Имам слушнато дека деверот подготвува и бовчи за зетот и невестата, а се даваат 1 недела пред свадбата кога ќе дојдат да го канат деверот и ќе ги носат бовчите. Го имаше тоа на вашите свадби? Освен на зетот и невестата на кој друг се даваат бовчи?


да...кога ќе идат да ве канат невестата ќе ви носи бовчи на вас или некој голем поклон и вие им враќате со поклончиња, ама тоа симболично...на пример нас деверите ни вратија по едно парфемче на сите 5 души што бевме појдени да ги каниме...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 21:01:48   
Bitolcanka
Некои нешто поголемо даваат, долна облека и сл. Најверојатно кој-како сака. Ќе прашаме и други. Другар на брат ми сега брзо правеше свадба, пред 1 месец, па ќе каже како поминал.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 22:37:18   
Bitolcanka
Една другарка кажуваше - на нејзината свадба деверот ги дарувал зетот и невестата, ги носел бовчите на денот на свадбата. Секој различно, кој како сака најверојатно.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
3.7.2010 22:57:58   
Тања РР
Најверојатно задолженијата на деверот варираат од град до град, од село до село. Најдобро е деверот да си се договори со зетот и невестата околу овие работи за да нема ниту изненадувања ниту неисполнети очекувања.
Мм требаше да биде девер на свадбата на брат ми и свадбата на брат му кои беа закажани преку една недела но судбината сакаше Јана да не изненади една недела пред свадбите а јатрва ми да скине лигамент во истиот период. На крај, мм отиде сам на свадбата на брат ми без да ги научиме и испочитуваме сите задолженија а свадбата на девер ми ја откажаа па не можам да ја споделам со вас  улогата на деверот во струмичките свадби. 

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
2.12.2014 0:28:53   
scared RR
да ги облече кондурите и да фрли некој денар во нив user posted image мојов беше ептен срамежлив па не му дававме други задолженија, а да, и бидермаерот ми го држеше во цркваuser posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Девер на свадба - негови задолженија
2.12.2014 0:32:12   
caciana
DA kupi cevli za nevestata,DA I frli pari da GI oblece ,I cela vecer parite DA GI nosi Toj Od mladencite

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?