|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Оправдано или не?
26.6.2010 13:45:56   
Палешка РР
Трудница абортирала затоа што повраќала 40 пати на ден

Очајната Cherly Harrison одлучила да абортира заради тешките утрински мачнини. После девет недели неподносливи болки одлучила да ја прекине бременоста.
Како што пишува Daily mail Cherly Harrison повраќала по 40 пати на ден откако останала бремена. И првата бременост со ќерката Скарлет и била трауматична затоа што не можела да се движи, но во втората бременост болките се влошиле.
"Тоа беше најтешката одлука која сум ја донела. Додека бев бремена со Скарлет не знаев за што се работи, па помислив дека имам тумор. Имав мачнини наутро и преку цел ден, се чувствував лошо и омалаксано. Имав добра работа, но не можев да стојам на нозе" раскажува Cherly...


Какво е вашето мислење?
Дали оваа жена требало да издржи или е добро што ја прекинала бременоста?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Оправдано или не?
26.6.2010 13:55:03   
Тања РР
Jас оправдувам абортус ама САМО ако е медицински оправдано, односно ако го загрозува животот на трудницата.
Не знаеме дали овие повраќања биле закана за нејзиниот живот или абортирала само заради нелагодноста што ја чувствувала. Во првиот случај оправдувам, во вториот дефинитивно осудувам.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Оправдано или не?
26.6.2010 14:01:27   
Палешка РР
Сите трудници повраќаат, ретки се тие што не повраќаат. Имав и јас мачнини цел ден, не само наутро, ама траеја до 14 недела, потоа прекинаа. Јас не ја оправдувам, но ако животот и бил загрозен - да, има уште едно дете. Аух, незнам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Оправдано или не?
26.6.2010 16:24:11   
niki
Што знам, приказнава не е целосна за да се донесе некој суд, денес има и препарати кои помагаат во вакви состојби да се олесни и намали повраќањето, кај оние што е премногу изразено и во болница ги задржуваат им даваат инфузии, не мора да одат на работа ако е до толку...но, сепак се работи за друга држава каде што нема породилно отсуство, а приходите се битни за живот па не можела да си дозволи да седи дома, а штом не е способна за работа тогаш и не и преостанувало ништо друго... зависи и каква работа работела...
Кога јас би се одлучила за второ дете и би останала трудна не би се предомислувала само заради повраќање. И во првата бременост повраќав, не 40 пати на ден, но по цел ден чувствував мачнина и немав желба ни за јадење ни за пиење во првите 4 месеци, и нормално бидејки ништо не јадев, а и тоа што го јадев го повраќав, бев омалаксана и во кревет поголемиот дел од денот, но имав среќа и што не работев.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Оправдано или не?
26.6.2010 16:48:13   
vezilka RR
Во принцип го оправдувм секој избор на жената кој го донесува самостојно и под полна одговорност.. Плус не знаеме дали и била планирана таа бременост. Ако е втора не значи автоматски дека и била планирана..Ако мислела дека не може да се носи со ситуацијата..тогаш тоа е тоа..

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Оправдано или не?
26.6.2010 21:23:54   
mama26
normalno deka ne sum za abortus.mesgutoa ako e neplanirano,odnosno mnogu raboti vo moment se slucile materialno ili psihicki togas e vo red.podobro porano odkolku da mu gi gleda makite.ne e samo da se rodi treba da se razmisli i sto ponataka.a ima slucaevi kaj sto doktor ti kazuva deteto nema da e vo red.togas zasto bi go rodila?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?