|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Криво Стопало - Pеs Equiovarus
26.9.2010 9:49:17   
clubfoot
Здраво на сите !

Подолго време се спремам да напишам нешто на оваа тема но се трудев да го најдам најчитаниот форум, каде што повеќе родители ќе можат да прочитаат.

Прво, јас не сум ортопед ниту имам воопшто медицинско образование. Јас сум родител на дете родено со криво стопало со кое поминавме една долга одисеја а по пат прочитаме се што можеше да се прочита за овој деформитет.

Од каде да почнам ? За жал, во македонскиот интернет простор многу малку ќе најдете нешто околу овој синдром, кој статистички се смета за прилично честа деформација бидејќи едно на илјада бебиња се раѓаат со истиот.

Значи, PES EQUNOVARUS е конгенитален (значи од генетска природа), идиопатски (значи не се знае причината зошто настанува) вроден деформитет на едното или двете стапала кај инаку здрави и нормални деца. Деформитетот е три димензионален (што значи дека стапалото отстапува од нормалната позиција во сите насоки). Постои т.н позиционо криво стопално кое е предизвикано од положбата на плодот во матката, но за тоа овде не станува збор. Тоа е едноставна деформација која лесно се корегира. Овде станува збор за ригидно криво стопало, чие исправање е малку потешко.

Повеќе општа теорија на http://en.wikipedia.org/wiki/Club_foot
а уште повеќе детална теорија во книгите на Dr.Ignacio Ponceti

Е сега да се вратиме на најважното односно третманот на оваа состојба. Постојат различни методи на лекување на деформитетот, и најчесто сите вклучуваат исправање со гипсени редресмани и евентуално оперативно третирање, НО во светот општо прифатена метода е т.н ПОНСЕТИ МЕТОДА на лекување со гипсени редресмани која во најголем број случаии завршува со едноставна оперативна процедура наречена тенотомијата на Ахиловата тетива. (развиена и наречена според гореспоменатиот доктор Игнасио Понсети) Методата е безболна, едноставна но морам да кажам ИЗВОНРЕДНО прецизна и без простор за импровизации. Положбите во кои се доведува стапалот се мерат во аглови степени и паушални оценки од типот "добро е, толку може, ќе видиме понатаму" не се својствени за оваа метода.

Понсети методата е извонредно успешна и децата ПРАВИЛНО третирани со истата имаат целосно нормален и активен живот без никакви пречки или проблеми вклучувајќи и можност за бавење со професионален спорт ! (има многу примери да активни спортисти родени со овој деформитет и третирани со Понсети метода).

Она што сите засегнати родители ќе ги интересира: дали во Македонија можат да добијат ваков третман ?

Без намера никого да дискредитирам, мојот одговор е ЗА ЖАЛ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ СЕРТИФИЦИРАН ПОНСЕТИ ДОКТОР !

Повторувам : и покрај рекламите и тврдењата на некои наши приватни болници дека тоа го прават, од сопствено искуство ви тврдам, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОКТОР КОЈ ЗНАЕ ВИСТИНСКИ ПРЕЦИЗНО ДА ЈА СРАБОТИ МЕТОДАТА ДО КРАЈ !

Не велам дека некогаш и кај некои случај нема да има успех, но апелирам до сите родители дека времето изгубено во импровизација на ПОНСЕТИ лечење може да биде НЕПОВРАТНО изгубено, бебето непотребно малтретирано и за жал евентуалната ШТЕТА на стапалото НЕПОПРАВЛИВА !

Во нашиот случај, деформитетот беше третиран најпрво во Скопје, се изнаносевме гипсови на многу мала возраст, за на 1 година и 1 месец повторно да поминуваме низ истото, но за среќа овој пат ја доктор кој знае што прави. Го завршивме процесот со тенотомија и сега носиме протеза за да се спречи т.н релапс односно повторно враќање на претходната состојба.
Инаку, кога сме кај тоа, заборавив да пишам нешто многу важно: РОДИТЕЛИТЕ МОРА ДА СФАТАТ, овој деформитет е многу комплексен и тежок и има тендеција на враќање доколку не се следат инструкциите на Понсети методот до крај и дисциплинирано !

На овој линк ќе најдете листа на сертифицирани ПОНСЕТИ доктори. Како што ќе можете да видите нам најблиски ни се Др.Мирослав Живков во Варна, Бугарија и Др.Дарко Античевиќ во Загреб. Нашиот доктор од е Др.Живков за кој имам само пофални зборови но верувам дека било кој друг доктор од листава ќе си ја заврши работата како што треба.

http://ponset_i.info/parents/index.php?option=com_content&task=view&id=26&Itemid=39

За крај само уште нешто, како што можете да прочитате во мојот текст друга метода освен ПОНСЕТИ не ни споменувам. Тоа е од причина што според она што јас го прочитав сите останати методи во светот веќе некое време се напуштени затоа што не се ни од далеку успешни, безболни и едноставни како ПОНСЕТИ методата. Значи, како што реков не сум ортопед, но од она што го прочитав за друга метода родителите воопшто не треба ни да РАЗМИСЛУВААТ !

За сега толку, ако некој го интересира нешто со задоволство ќе му одговорам и помогнам ако можам !

Поздрав !

< Поракaта ја уредил mila mama -- 4.12.2010 20:55:55 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:04:27   
amelbebe
a Amel mi eroden so poziciono stapalo,i nie pominavme niz se so gipsanje do petiot mesec,pa oropedski,pa denis-braun aparat ,ama eve go 2 god napolni stapaloto e dovedeno do ispravanje,amaprstite epten mu se krivi i ima golema praznina kaj sto treba da stoi zglobot sega sme samo na kondurcinja pa ke vidime sto ponatamu i kako ke se razviva stapaloto.imam slusnato deka do 7 godini ,stapaloto moze da se vrati vo pprvobitnata sostojba ,a toa najmnogu me plasi,inaku e mnogu aktiven non sto e vo dvizenje i trcanje bez nikakvi problemi

(Одговор на членот clubfoot)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:11:02   
clubfoot
За жал и од она што јас го читав, вистина е дека стапалото може да се врати назад до 7 години, иако многу ретко. Теоретски протезата треба да се носи до 3-4 години а после тоа да се прават контроли кај докторот на секои три месеци за да се види како се развива.
Ме интересира, кој доктор го третираше малиот и дали правевте тенотомија на тетивата ?

Поздрав !

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:11:26   
amelbebe
a i tetivata mu e mnogu istegnata

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:14:37   
amelbebe
ne pravevme tentonomija na tetivata,vo majcin dom govodese Maja Kalicanin,a sega dr DUSKA

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:28:28   
clubfoot
Не сум доктор па не можам ништо да сугерирам. Јас на ваше место сепак би побарал совет од некој Понсети доктор, за жал како што гледаш таков нема во МК. Како што реков ние се лечиме во Бугарија и докторот Мирослав Живков е супер. Човекот има исправено преку 200 деца а занает учел директно со Др.Понести во САД.

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:31:47   
Viktori
а можеби амелбебе ќе ја интересира дали фондот ви вратил барем еден дел од парите потрошени за лекување надвор? 

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот clubfoot)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:33:30   
clubfoot
ФОндот за жал не враќа пари за третирање на криво стопало за кое постои третман во МК.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
26.9.2010 10:38:31   
Viktori
е тоа ме нервира во државава!
кај немаме стручњак саглам за ништо, што не е ни толку неприфатливо, затоа што сме мала земја со само 2 милиони, треба барем да допуштат лекување надвор! Не за друго, да си го скријат срамот! А кај нас кај нема лекар саглам, па уште и не те пушта надвор. Браво! user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот clubfoot)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
4.12.2010 21:25:09   
AnnaMolly RR
Јас сум се родила со левото стопало целосно искривено нагоре и речиси залепено со ногата. Не знам дали ме разбравте :) user posted image
Значи во оваа положба, само скрос искривено да ја допира коската на ногата.
Моите биле во паника, никако не можеле да ми го исправат.
Не знам по колку месеци носење гипсови и слично ми се вратило во нормала.
Ама и до ден денес левото стапало ми е мааалку криво, речиси незабележливо, ама не ми смета воопшто.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
19.1.2011 4:02:53   
Bilence!
i na moeto bebce koga se rodi mu bese stapaloto kako na annamolly nie sme vo stranstvo i tuka doktorite ni rekoja deka nema mesto za panika deka mnogu deca taka se imat rodeni ipotoa nemaat nikakva maka moeto bebe sega ima eden mesec i edna nedela i mu go masiram so sto go pritiskam zglobot da se vrati na svoeto mesto e sega vo petok sme na kontrola i ke go snimat na rengeen i ke ni kazat dali treba da nozi gips ili ne pa ke vi kazam najloso so mozi e da mu bidat stapalata dustban toa doktorkata ni go rece a za drugoto rece deka nema da ima problem pa se nadevam bidejki summ mnogu zagrizena pozz...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Криво Стопало - Pеs Equiovarus
1.2.2011 23:28:45   
MOJA DUSICKA
te molam nekako da stapime vo kontakt i moeto dete e rodeno so toj deformitet nie se lecevme vo majcin dom nosevme gipsovi i ni napravija tenotomija sega maliot ima godina i osum meseci odi i nosime denis braun ama jas mu go zaprimetuvam deformitetot no se plasam i da ne mu se povrati pak pa ako sakas da mi objasnis kade odete vie i kakva e taa ponseti metoda pozdravi se najdobro

(Одговор на членот clubfoot)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: КРИВО СТОПАЛО - PES EQUINOVARUS
8.11.2020 14:36:36   
008p
zdravo clubfood moze li nekao da dobijam kontakt od vas zans ova se stari postovi no mi trebaat informacii vo vrska so Pes Equnovasius vo Makedonija blagodaram

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?