|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ортодонција
26.9.2010 23:21:27   
jovanka




Што е ортодонција?


Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со порамнувањето на забите и вилиците.
Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се протези, брекети, хедгер и функционални помагала, кои се користат за да се постигне правилно порамнување на забите и вилиците.
Клучното биолошко правило кое им овозможува на ортодонтите да ги поместуваат забите се темели на фактот дека коскеното ткиво кај луѓето, како и останатите делови од нашето тело, постојано се регенерира на клеточно ниво, без разлика на возраста на луѓето.
Корените на забите се засидрени во вилицата, па оттаму одговорот на прашањето „Колкав временски период е потребен за да се придвижат забите во нивната идеална положба?“ зависи од брзината на клеточната регенерација на коскеното ткиво.
За да можат законите на физиката да се аплицираат на чокековата биологија многу комплексни и внатрешни фактори треба да се земат в предвид и да се разберат. Секој пациент претставува уникатно човечко битие, поради што секој ортодонтски третман е исто така уникатен.
Кога треба да се започне со ортодонтскиот третман?
Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот. Бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари.
Кој се занимава со ортодонција?
Ортодонтот е високо квалификуван и обучен доктор кој поседува дипломи за стоматолог и специјализација на полето на ортодонцијата. Ортодонтот соработува со семејниот стоматолог за да создаде третман кој конкретно одговара на потребите на пациентот.




Што е ортодонција?


Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со порамнувањето на забите и вилиците.
Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се протези, брекети, хедгер и функционални помагала, кои се користат за да се постигне правилно порамнување на забите и вилиците.
Клучното биолошко правило кое им овозможува на ортодонтите да ги поместуваат забите се темели на фактот дека коскеното ткиво кај луѓето, како и останатите делови од нашето тело, постојано се регенерира на клеточно ниво, без разлика на возраста на луѓето.
Корените на забите се засидрени во вилицата, па оттаму одговорот на прашањето „Колкав временски период е потребен за да се придвижат забите во нивната идеална положба?“ зависи од брзината на клеточната регенерација на коскеното ткиво.
За да можат законите на физиката да се аплицираат на чокековата биологија многу комплексни и внатрешни фактори треба да се земат в предвид и да се разберат. Секој пациент претставува уникатно човечко битие, поради што секој ортодонтски третман е исто така уникатен.
Кога треба да се започне со ортодонтскиот третман?
Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот. Бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари.
Кој се занимава со ортодонција?
Ортодонтот е високо квалификуван и обучен доктор кој поседува дипломи за стоматолог и специјализација на полето на ортодонцијата. Ортодонтот соработува со семејниот стоматолог за да создаде третман кој конкретно одговара на потребите на пациентот.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ортодонција
26.9.2010 23:22:44   
jovanka




Детска ортодонција


Децата се посебен случај, бидејќи растат. Оваа карактеристика ги прави идеални кандидати за ортопедски интервенции ("Ortho" значи исправување, додека "pedo" означува дете). Коските кај децата се прилично еластични, релативно меки и во постојан развој и менување, поради што е лесно со помош на надворешни средства да се насочи растот на коските. Доколку младото дабово дрвце се врзе во јазол, тоа сепак за 100 години ќе порасне во огромно дабово дрво со јазол во стеблото. Додека е дрвото младо и мало, возможно е да се врзе јазол. Но, истото нешто не може да се стори 100 години подоцна. (постојат различни мислења во однос на тоа дали процесот на поместување на забите кај децата е побрз отколку кај возрасните, но постои едногласност дека овој процес е навистина многу полесен кај децата, поради факторот на раст.)
Мајките велат децата растат побрзо во одредени години. Затоа, ортодонтите се трудат временски да го постават третманот кога детето е доволно зрело да соработува и кога растот на коската е најрапиден. Оптималната возраст за почеток на третманот зависи од карактеристичноста на деформитетот кој треба да се корегира, но сепак, за најдобра возраст за процена на деформитетот се смета возраста од 7 години, бидејќи во овој период се совпаѓаат и двата фактори за третман на одредени скелетни деформитети. Ортодонтите се трудат да го искористат периодот на пубертетот, бидејќи тогаш децата највеќе растат. Кога деформитетите се идентификуваат во нивната рана фаза и се третираат пред да ја достигнат зрелата фаза, станува збор за интерцептивна ортодонција, бидејќи проблемот е „пресретнат“ и посветено му е внимание за да се разреши.
Кои се придобивките на третман во раната фаза на деформитетот?
Кај пациентите кај кои постојат индикации за рана ортодонтска интервенција, третманот ги нуди следниве можности:

1 - насочување на растот на вилицата,
2 - регулирање на ширината на горните и долните дентални лакови (коската од вилицата која има форма на лак и која дава потпора на забите),
3 - насочување на трајните заби кој никнуваат, да никнат во одредена, посакувана позиција,
4 - пониска стапка на ризик од траума (несреќа) на испакнатите горни секачи (предни заби),
5 - корекција на опасни навики, како што се цицањето палци или прсти,
6 - намалување или елиминација на абнормално голтање или проблеми со говорот,
7 - подобрување на личниот изглед и самодовербата,
8 - можност за поедноставување и/или скратување на времето на третманот за подоцнежна корективна ортодонција,
9 - намалување на ризикот од импактирани заби (заби кои требало да изникнат, но не изникнале), и
10 - зачувување или обезбедување простор за трајните заби кои треба да изникнат.

Вродени скелетни деформитети

Класа I

Вродените скелетни деформитети се состојби кои се јавуваат за време на раѓањето и се најчесто предизвикани од генетските фактори. Сепак, за да се разбере од што всушност е составен деформитетот, потребно е да се разбере што всушност ги сочинува општо прифатените стандарди на нормалното.

Во дијаграмот, главната слика покажува нормален профил на лицето. Во стоматологијата го набљудуваме начинот на кој се спојуваат забите од горната и долната вилица за да ја одредиме прецизно природата на профилот. За овој тип на профил се вели дека е со Класа 1 оклузија (оклузијата го означува начинот на кој се спојуваат забите од горната и долната вилица) и се карактеризира со взаемна позиција на првите горни и долни катници (катници се големите заби на краевите од вилиците, додека првите катници се големите заби кои се наоѓаат нај накрај на вилиците). Зголемената слика од дијаграмот покажува во детал како првите катници се спојуваат во секој тип на оклузија. Од естетски аспект, Класа 1 оклузијата создава најдобар профил. Оваа оклузија се смета за „нормална“. Деформитетите од Класа 1, пак, најчесто настануваат како резултат на збивање на забите, поголем простор помеѓу забите или деформации во развојот.

Класа II

Дијаграмот прикажан од десно покажува профил од Класа 2. Овој деформитет е најверојатно најчестиот случај на скелетни деформитети (девијација од нормалното). Децата со Класа 2 профил имаат повлечена долна вилица. Лицата со посериоозен случај на Класа 2 имаат изглед на Енди Гамп (личност од стриповите со исклучително повлечена долна вилица). Сепак, иако повлечената вилица е случај на деформитет, изгледот во одредени случаи привлекува голем дел од жените.

Ваквиот изглед често ги акцентира очите на личноста и затоа доаѓа до израз привлечниот „мистичен“ изглед. Но, без разлика на изгледот на профилот, овој тип на оклузија предизвикува функционални проблеми поради позицијата на предните заби (инцизивите). Кога ќе ги спојат задните заби од вилиците, горните и долни секачи кај овие лице не се допираат, при што долните инцизиви го допираат непцето на горниот дел од горната вилица, а горните добиваат грд издолжен изглед и наѕираат под горната усна.

Класа III

Деформитетите од Класа 3 даваат изглед на „јака брада“. Ова е резултат од поголем развој на долната вилица или помал развој на горната вилица. Овој профил жените најчесто не го сметаат за привлечен, иако, во зависност од изгледот кој сакаат да го имаат, одреден дел од мажите дури и го посакуваат.

Овој изглед се поврзува со изгледот на „мачо тип“ промовиран во филмовите од 1940те и дава карактеристична „маженственост“ која денес често се поврзува со изгледот на рагби изграчите. Како и во случаите на Класа 2 оклузија, лицата со овој тип на оклузија се соочуваат со функционални и естетски проблеми. Бидејќи во овие случаи долните секачи се наоѓаат пред горните, повторно се јавува ризикот од грдо издолжување. Јаболкниците кај лицата со овој дефирмитет често не се изразени, а тие често избегнуваат да ги покажат предните заби при зборување или насмевнување. Во екстремните случаи на овој деформитет се јавува сериозен проблем со загризот. Лицата со Класа 1 и 2 оклузија можат да ја издолжат долната вилица за да загризат, но лицата со Класа 3 оклузија треба да ја повлечат, за да можат да загризат. Ова не е можано и затоа се јавуваат проблеми со загризот.

Какви се сите тие направи кои се носат за време на третманот?

Ортодонтите се служат со многу жици, штрафчиња, ластичиња и помагала за остварување на целите на терапиите. Доколку имате посебни прашања за целта на помагалата/направите, како што се хедгерот, бионаторите, помагалата за палатално проширување и др. направи кои изгледаат како да се дело на Дракула, обратете се до ортодонтот за да Ви објасни зошто Вашето дете треба да ги носи. Ортодонтот знае конкретно кои помагала треба да ги носи Вашето дете и ќе Ви објасни зошто. Доколку не можете да поразговарате со него/неа, кликнете на иконата од десно, за да ја погледнете страницата која ги објаснува техничките причини за носење на секое од овие помагала.

Развој на деформитетите

Овие развојни деформитети настануваат како резултат на фактори на околина, како што е цицање на палецот и навики поврзани со усните, како и други физички аномалии, како што се тешкотиите при дишење преку нос поради проблеми со синусите, алергии или кога одредени заби не се развиваат. Овие деформитети најчесто се карактеризираат со тесни горни лакови и/или отворен заден загриз, како на сликата прикажана подолу (деформитет настанат поради цицање на палец). Во оваа категорија спаѓаат случаите на збиени и искривени заби, кои настануваат бидејќи денталниот лак на вилицата не нуди доволно простор во кој би се сместил секој од нив. Секако, сите овие случаи можат да се јават во различни комбинации и најчесто нема остра граница која ги раздвојува. Од овие причини, секој случај е уникатен и се решава со посебен конкретен план за третман/лекување.

Цицање на палецот

Цицањето на палецот е навика која полека исчезнува сама од себе. Кога децата ќе тргнат на училиште, престануваат со навиката, бидејќи гледаат дека другарчињата не го прават истото.

Доколку навиката запре до 6 и 7 годишна возраст, состојбата на отворен загриз дадена на сликата подолу ќе се врати во нормала. Во одредени случаи, детето сака да престане со навиката, но не може. Во ваквите случаи, каде детето сака да престане со навиката, од помош е да се користи фиксно (кое не се вади) помагало, кое го потсетува детето дека не треба да го става палецот во уста. Доколку навиката продолжи до 12 годишна возраст, скелетниот деформитет веќе станува траен.

Сликата од лево е од дете кое најверојатно ќе развие отворен загриз, бидејќи го турка јазикот кон надвор, помеѓу забите, секој пат кога голта. Оваа навика е позната како навика на „обратно голтање“. Забележете исто така дека и при постојано гризење или шмукање на долната усна може да дојде до сличен деформитет. Постојат помагала за искоренување на секоја од овие навики.
Дишење на уста

Нормалниот развој на оралните структури кај децата зависи од можноста за дишење преку нос без проблеми, особено преку ноќ. ова НЕ ЗНАЧИ дека доколку детето е повремено настинато и не може да дише на нос, ќе развие орален деформитет. Сепак, хроничната обструкција на носните дишни патишта поради девијација на септумот, постојани алергии или другианатомски абнормалности најчесто допринесуваат горниот дел од усната празнина (тврдото непце) да се издигне, а забите во задниот дел од горната вилица да се накриват едни кон други. Оваа состојба се нарекува стегнат лак. Забите се наредени во лакови.
Сликата прикажана од десно е пример на стегнат лак. Во прикажаниот случај лакот има повеќе нормална форма. Кај пациентот со оваа состојба на вилицата, при насмевнување, ќе дојдат до израз предните заби, додека другите ќе се засенат. Сликата од десно покажува случај на нормален дентален лак, при што насмевката е поширока.

Вкрстен загриз
Во најголем број од случаите, стегнатоста на горниот лак е проследена од одреден степен на стегнатост и на долниот лак, поради накривување на долните заби кон јазикот. Сепак, степенот на стегнатост на долниот лак не е доволен за да се создаде соодветна правилна корелација помеѓу горните и долни заби во задниот дел од вилиците. На овој начин се создава вкрстен загриз, во кој случај забите во задниот дел од горната вилица удираат во и вршат притисок на внатрешните испакнати делови од површината на забите која ја користиме при џвакање, а не на надворешните, што е случај при нормалната оклузија.

Сликата А дава шематски приказ на предните заби во устата при нормален загриз. Сликата Б дава приказ на заби со вкрстен загриз. Вкрстениот загриз во задниот дел од устата може да влијае на сéвкупниот изглед на лицето, особено кога овој случај се јавува само на едната страна од вилиците. Случајот на едностран вкрстен загриз кај децата/младите може да допринесе до асиметричен развој на лицевите мускули и зглобот на вилицата, при што едната страна од лицето може да се развие повеќе, т.е. да порасне повеќе од другата.

Збиени заби и заби кои недостасуваат

Забите по природен пат се обидуваат да си го пронајдат местото во вилицата. На крајот тие секогаш завземаат цврста и стабилна положба, без разлика дали станува збор за случај на збиени заби или пак има премногу голем простор помеѓу нив. Стабилноста е клучна. Секогаш постои баланс помеѓу различните сили кои влијаат на забите, како и позицијата на коската која им дава поддршка. Сето ова влијае на позицијата која секој заб ја одбира, која се покажува како најстабилна за него. И кога стоматологот се обидува да ги помести забите во позиција за која смета дека е подобра, тие, по природен пат, ќе се обидат да се вратат во своето првично лежиште. Затоа, ортодонтите изведуваат одредени зафати и трикови за да се осигураат дека природните сили нема да ги вратат забите во првобитната несоодветна положба откако третманот ќе се заврши.

Од оваа причина, ортодонтите најчесто мораат да ги лекуваат забите и на горната и на долната вилица, иако третман им е потребен само на едните од нив. Освен доколку позицијата на забите од долната вилица не е соодветна на онаа од забите од горната вилица, со текот на времето, силите кои се создаваат при гризење ќе ги дестабилизираат и повторно искриват исправените заби. Од оваа причина ортодонтот предвидува вадење на одредени заби. Дополнителниот простор кој ќе се создаде откако ќе се извадат забите, влијае позитивно на стабилноста на новите позиции кои треба да се создадат и зачуваат за останатите заби.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ортодонција
26.9.2010 23:23:47   
jovanka




Ортодонција за млади



Протезите најчесто се поставуваат на возраст помеѓу 12 и 15 години. Познати и како фиксни ортодонтски апарати, протезите најчесто се носат во период од 24 месеци, во кој можат да ги поправат денталните малоклузии. Младите се во уникатна ситуација, каде ги имаат сите трајни заби и вилица која е сéуште во развој, поради што се идеални кандидати за ортодонтски третман.
Како функционира ортодонцијата?
Вообиченото мислење за цврстината на вилицата е дека е јака како камен, а всушност, во периодот на развој, таа повеќе наликува на глина. Доколку ја притиснеме, таа ќе се растегне. Доколку ја развлечеме, ќе се рашири. Доколку ја притиснеме наназад, таа полека ќе се повлече во тој правец. Вилицата всушност не се растегнува. Наместо тоа, кога ја влечеме, таа расте во правецот во кој ја влечеме. Сепак, најважно е дека со влечењето, протезите ја менуваат формата на вилицата.

На истиот начин, со туркање, ги поместуваме забите во внатрешноста на устата.

Ортодонтот врши притисок на вилицата за да ја рашири , со цел сите заби да имаат доволно простор. Потоа, врши притисок на забите (ги турка) за да дојдат во соодветната правилна положба. Доколку горната вилица е премногу мала, ортодонтот може да ја зголеми со помош на специјалната направа, наречена хиракс. Доколку забите се испакнати кон надвор, со помош на една друга специјална направа, наречена хедгер , ортодонтот може да ги притисне забите да се вратат во соодветната правилна положба. На тој начин ортодонтот може да го помести секој заб засебно и да ја рашири вилицата онолку колку е потребно за да добијат сите заби во устата правилна положба.
Зошто да ставиш протези?
Тешко е да се замисли додека ги носиш, но протезите ќе ти ја разубават насмевката и ќе направат да изгледаш одлично.
Насмевката е највпечатливиот дел од твоето лице. Погледни се во огледалото. Ти се допаѓа насмевката? Ортодонтот ќе ти овозможи прекрасна насмевка. На крајот ќе изгледаш одлично. Само помисли колку тоа би влијаело на дружењето со друштвото.
Протезите го подобруваат здравјето !!!
Со протезите се џвака подобро

Џвакањето е првиот чекор во варењето на храната. Доколку забите не се правилно поставени, нема да можеме правилно да џвакаме, при што храната е делумно изџваканата и така оди надолу кон желудникот. Ова може да придонесе до болки во желудникот.
Би избегнале проблеми со забите
Доколку не го направиш навремено ортодонтскиот третман, во наредните години ќе се јават проблеми со забите. Ќе се соочиш со тешкотии во чистењето на забите. Непцата ќе те болат. Забите ќе се излижат на начин на кој што не треба. Последиците се толку значајни што и многу возрасни личности поставуваат протези.
Би избегнале проблеми со дишењето.
Како што старееме, горниот дел од усната празнина може делумно да ги блокира дишните патишта во носот. Како резултат на тоа се јавува гласно рчење и може да се јави состојбата наречена моментално отсуство на здив за време на сон (слееп апнеа). Со протезите, оваа состојба може да се избегне.
Зошто постои потребата од протези? Зошто еволуцијата, т.е. природната селекција не ја елиминирала потребата од протези?
Добро прашање! Ортодонтските проблеми се во нашите гени.
Пред 10.000 години, пештерските луѓе имале скоро перфектни заби и немале потреба од протези. Но, во тоа време возрасните луѓе биле високи само 1.5метри, а тинејџерите 70цм -1м.

Во текот на последните 10.000 години од еволуцијата, луѓето станале поголеми. Под влијание на еволуцијата, устата малку се зголемила, додека забите МНОГУ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ. Како резултат на тоа, забите на повеќето луѓе не се правилно распоредени во устата, т.е. нема доволно простор за нив. Ортодонтот ги прераспределува забите и по можност ја моделира усната празнина за да можат сите заби да добијат свое соодветно и правилно место.

Погледни само колку се големи предните заби. Дали би имало место за нив во устата доколку си висок/а само 70-100 цм?

Постојат ли други причини зошто на луѓето им се потребни протези?

Па, не би знаеле. Се претпоставува дека бебињата доколку користат цуцли подолг период, може да развијат неправилен загриз. Ортодонтски проблеми може да се развијат и од повреди на устата, или доколку се цица палецот на возраст поголема од две години. Некои ортодонти тврдат истотака дека грицкањето нокти или гризењето на усните може да предизвика ортодонтски проблеми. Постојат исто така информации дека и со нагло прекинување на доењето се зголемува ризикот од ортодонтски проблеми. Секако, главна причина зошто на луѓето им се потребни протези е несразмерното, т.е. побрзото растење на забите во однос на устата. Но, тоа е природниот начин на растење и не може ништо да се стори во тој поглед.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ортодонција
26.9.2010 23:24:53   
jovanka




Ортодонција за возрасни


Дали од секогаш сте сакале прави, рамномерни заби? Со ортодонцијата, забната специјалност за порамнување (исправување) на забите, можете да ги моделирате Вашите заби и да ја имате насмевка што од секогаш сте ја посакувале. Зошто да не избрете протези и на тој начин да го подобрите изгледот и целокупоното дентално здравје?
Кога изборот на протези е вистинското решение за Вас
Го поминавте ли животот во прикривање на насмевката или криење на забите? Доколку е така, протезите можат да Ви го променат животот. Протезите ќе го подобрат начинот на кој забите Ви се поставени во устата и Ќе Ви помогнат да не сте толку самосвесни додека се смеете или сте во окружување на други луѓе. Протезите, исто така, можат да ја подобрат здравствената состојба на Вашите заби и да Ви овозможат полесно да ги одржувате забите и непцата чисти. Протезите можат дури да овозможат поудобен загриз. Ортодонтскиот третман за возрасни трае малку подолго отколку кај децата, а резултатите можат да бидат во иста мера задоволителни.
Дали ортодонтскиот третман ќе ми овозможи ист резултат како и кај децата?
Здравите заби можат да бидат поместувани во било која возраст. Многу ортонтски проблеми кај возрасните можат да се корегираат исто онолку лесно како и кај децата. Ортодонстките сили ги поместуваат забите на ист начин кај 72 годишник, како и кај 12 годишно дете. Факторите на компликација, како што е недоволниот раст на вилицата, се предуслов за специјален третман за возрасни.

Еден од пет ортодонтски пациенти е возрасно лице. АОО проценува дека скоро еден милион возрасни луѓе во САД и Канада се подложуваат на ортодонтски третман. За да дознаете повеќе за корекција на одредени дентални проблеми, Ве молиме консултирајте се со нас.
Каква е разликата помеѓу третманот кај возрасните и оној кај децата и адолесцентите?
Возрасните не растат повеќе и можеби веќе се имаат справено со кршење или загуба на забите или коската која им дава поддршка. Во овој случај ортодонтскиот третман може да е само дел од целовкупниот третман. Потребна е тесна соработка помеѓу ортодонтот, оралниот хирург, периодонтологот, ендодонтот и семејниот стоматолог за да му се обезбеди на возрасното лице - пациент успешен комплексен ортодонтски третман, кој би ги опфатил и сите останати потреби на пациентот. Најчестите карактеристики кои предусловуваат третманот на возрасните да се разликува од оној на децата се дадени подолу.
Нема раст на вилицата/недоволен раст на вилицата:
Проблемите со вилицата кај децата најлесно можат да се корегираат со ортопедска направа-помагало за модифицирање на растот. Но, за да се корегира истиот проблем кај возрасениот пациент, може да е потребна и операција на вилицата. На пример, доколку долната вилица кај возрасниот пациент е премногу кратка за да е во сооднос со горната вилица, може да се развие сериозен проблем кај загризот. Ограничената можност за поместување на забите со протезите не би била доволна да се корегира овој проблем. За да се поместат долните заби нанапред, во правилна положба на загриз, би била потребна операција на вилицата со која би се издолжила долната вилица, а долните заби би се довеле во правилна позиција за загриз. Доколку решението на лошиот загриз не е можно само со поместување на забите, операцијата е неопходен чекор за да се корегираат останатите разлики во ширината или должината на вилицата.
Загуба на коската или непцата:
Многу поверојатно дека возрасните ќе се соочат со загуба или оштетување на непцата или коската која нуди потпора на забите (периодонтално заболување). Може да е неопходно стоматологот или ортодонтот да изврши посебен третман пред, за време или после ортодонтскиот третман. Оштетувањето или загубата на коската може исто така да го ограничи препорачливиот степенот или насока на поместувањето на забите.
Истрошени, оштетени или извадени заби:
Истрошените, оштетени или извадени заби можат да го отежнат ортодонтскиот третман, но исто така и да ја зголемат причината да се спроведе. Забите со текот на времето можат да се истрошат и поместат во одредени позиции при што можат да се поправат само откако ќе се изврши нивно прецизно ортодонтско поместување. Доколку не се внимателно реставрирани/поправени, оштетените или скршените заби можат да не изгледаат убаво и да не фукционираат правилно дури и откако ќе се изврши ортодонтски третман. Забите кои недостасуваат, а не се заменети, често предизвикуваат накривување и поместување на забите, со што се влошува загризот, се зголемува можноста за периодентални проблеми и се отежнува подоцнежниот третман.
Имам болки во мускулите и зглобовите на вилицата - може ли ортодонтот да ми помогне?
Непријатното чуство во мускулите и зглобовите на вилицата многу често се поистоветува со бруксизам, што всушност е стружење и крцкање со забите по навика, кое се јавува особено навечер. Бруксизмот е тик на мускулите кој може сериозно да ги истроши забите и да доведе до преоптоварување и траума на зглобовите на вилицата. Хронично и акутно воспалените и болни мускули на вилицата се обично поврзани со бруксизам. Ортодонтот може да помогне да се идентификува овој проблем. Семејниот стоматолог или ортодонт може да Ви постави бајт сплинт или најтгард ( заштитни шини ), со кои би ги заштитиле забите и релаксирале мускулите на вилицата и на тој начин значително би се намалиле првобитните симптоми на болка. Понекогаш, поради структурното оштетување, е потребно да се направи хируршки зафат на зглобовите на вилицата и/или реставрација на оштетените заби.
Семејниот стоматолог ме советуваше дека е потребно да направам ортодонтски третман пред да ми бидат заменети извадените заби - зошто?
Вашиот стоматолог најверојатно Ви препорачал/а ортодонтски третман за да може потоа да Ви го овозможи најдобариот можен третман. Повеќето комплицирани реставрации на заби, како што се коронки, мостови или имплантати, се најуспешни кога останатите заби се правилно порамнети и загризот е правилен.
Кога трајните заби се извадени, често останатите заби се поместуваат и накривуваат. Ваквите поместувања може да создадат неправилен загриз и нееднакво растојание помеѓу забите, кои не можат да се поправат освен доколку извадените заби не се заменат. Искривените заби најчесто е потребно да се исправат за да можат во иднина да го издржат притисокот кој се создава при нормален загриз.
Забите ми се искривени повеќе од 50 години - зошто сега да направам ортодонтски третман?
Кога е препорачан, ортодонтскиот третман е позитивен чекор - особено за возрасни кои веќе подолг период се соочувале со еден ваков проблем. Ортодонтскиот третман го повратува правилното функционирање. Забите кои функционираат подобро, најчесто и изгледаат подобро исто така. Здравата, убава насмевка може да ја подобри самодовербата, без разлика на годините.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ортодонција
26.9.2010 23:26:52   
jovanka




Невидлива ортодонција


Прозирни протези
Тие ги исправуваат забите со помош на безбојни, скоро невидливи протези кои се направени по мерка.
Тие се Најново технолошко откритие кое Ви ја овозможува насмевката која отсекогаш сте ја посакувале - без да морате да се справувате со протези.
Безбојна опција во однос на металните протези
Со безбојните подвижни протези резултатите доаѓаат побрзо од очекуваното. Третманот подразбира менување на протезите во период од околу две недели. На овој начин, чекор по чекор, забите се доведуваат во правилната положба. Крајниот резултат е прекрасна насмевка. За разлика од обичните протези, овие протези можат да се отстранат при јадење и четкање на забите.
Пократок третман
Просечниот третман трае околу една година. Третманот предвидува посети на Вашиот ортодонт секои 6 до 8 недели, заради подесување на протезите и проверка на напредокот на третманот. Предвидено е да добивате нов сет протези во одредени, редовни интервали. Вкупниот број на сет протези кои треба да ги носите зависи целосно од состојбата на Вашите заби пред третманот и колку треба тие да се исправат, за да се доведат во правилна положба. За одговорот на ова прашање е задолжен Вашиот доктор.
Безбојни и удобни
Бидејќи се безбојни, Ви гарантираме дека Вашите заби нема да привлекуваат беспотребно внимание. Всушност, малкумина би забележале дека ги носите - доколку Вие самите им предочите. Протезите се удобни за користење и лесно се отстрануваат при јадење, четкање на забите и нивно чистење со конец.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ортодонција
21.10.2010 15:10:36   
jovanka
Sekoe dete do svojata 18 godisna vozrast ima pravo na tri besplatni protezi.Sto treba da se napravi dokolku stomatologot vidi nepravilnosti vednas dava preporaka za ortodont so upat od maticniot stomatolog se odi kaj ortodontot i po napraveniot pregled dokolku treba nosenje na aparat(proteza)vi izdava potvrda koja sto toj ja popolnuva a vie kako roditel treba da odite do socijalno za Skopje toa e salter 11 i 12 ke vi zalepat markica deka ste 100%oslobodeni od plakanje i so toa se vrakate kaj ortodontot na deteto da mu zeme merka i po nekoi 10 dena ja dobivate protezata.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?