Felly RR
|
Паѓа возрасната граница за појава на алергии Чешање на носот, бистра, воденеста носна секреција, интензивно кивање, чешање и боцкање во очите, солзење и црвенило, па дури и тешкотии како што се отежнато и свиркаво дишење, кашлица со недостиг од воздух, засипнатост на гласот се дел од симптомите на т.н. пролетни алергии, кои доаѓаат со пролетта и расцутувањето на дрвата, а со кои се соочува голем дел од нашата популација. Интересен е податокот дека секој четврти Македонец страда од алергии, а од година на година се' повеќе се зголемува бројот на луѓе што имаат алергиски ринитис. „Една особеност за општата популација на територијата на нашата држава во последните десетина години е намалување на возрасната граница кај децата за почнување со респираторни тешкотии провоцирани од присутноста на полен во воздухот. Поточно, доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот“, додава докторката. Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код. Постојат повеќе генски локуси што се носители за потенцијални можни тешкотии, лоцирани на повеќе хромозоми. „За да постои проблем, потребно е индивидуата со самото раѓање да го носи потенцијалниот ген за алергиско страдање кое се ’разбудува‘ живеејќи во околина која е богата со алергени. Клиничките тешкотии варираат од човек до човек, од детска до адултна возраст“. Најчести клинички тешкотии се на лигавицата на носот и се пројавуваат како алергиски ринитис - бистра, воденеста носна секреција, чешање на носот, кивање во салви и носна оптурираност. Тешкотиите се особено присутни кога лицата престојуваат на отворено, во ветровити денови, како и по пролетни и летни дождови. „По 10-11. година на животот, следуваат тешкотии од очната лигавица - чешање и боцкање во очите, солзење и црвенило кое се надоврзува, најчесто на проблемите од алергискиот ринитис. Кај одредени индивидуи, не толку ретко, може да проследат и тешкотии од типот на отежнато и свиркаво дишење, кашлица со глад за воздух, а кај некои, поретко, и засипнатост на гласот“. Д-р Маческа-Баџакова објаснува дека третирањето на алергиите се врши со внесување лекови што имаат моќ да ја намалуваат воспалителната алерген-компонента (имаат антиинфламаторен ефект), по претходна детекција на алергенот што ја причинува клиничката слика (реализирајќи кожни алерголошки тестови за инхалирачките алергени). „Третманот бара упорност, подолго користење на пропишаните лекови од лекарот алерголог, редовно земање на терапијата и придржување до практичните мерки: пократок престој на отворено меѓу 12-13 и 20 часот (активностите да се изведуваат рано наутро или доцна навечер), миење на телото - туширање со чиста вода (секојдневно користејќи шампони за високосензитивни индивидуи), како и носење на капа и очила, затворање на прозорците од автомобилите додека се возиме и затворање на вратите и прозорците од нашите домови во период на ветровити часови од денот“, советува лекарката Баџакова, која вели дека секој може да почне да манифестира алергиски тешкотии во која било животна возраст, од 7 до 70 години, за што е потребно да се поседува генетика за тоа и присутни фактори во надворешната средина што го откочуваат генот што се носи. извор: Утрински Весник
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
(Одговор на членот topce)
|