|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алергија на домашни миленици!
21.4.2009 11:57:45   
Julie1
Многу скоро слушнавме дека претседателот на Америка барал куче кое нема да предизвика алергиски реакции кај ќерка му. Имате искуство со алергии кај домашни миленичиња? Како се справувате со нив? Има ли некое правило кои домашни миленичиња можат да предизвикаат алергиски реакции а кои не?

_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алергија на домашни миленици!
27.4.2009 13:50:32   
mami
комшиите чуваа пудлица уште многу пред да се роди бебето и многу после тоа, незнам дали му е алергиска реакција или што ама детето( сега е втора средно) сеуште поткашлува, а тоа го прави од денот кога го донесоа дома..не е некое јако кашлање ама доволно за да ве замисли зашто трае сите овие години..инаку тој е единствен случај што го знам за алергија на куче, јас сум израснала со папагали околу мене па ништо не ми е..внуками од 1 година го јаваше вучјакот и е комплетно здрава

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алергија на домашни миленици!
17.6.2009 8:47:12   
mami
леле колку нашиве доктори се значи да не им веруваш за ништо..мм беше пред некое време на прегледии алерготестови зошто цело време кашлаше а не е болен..и замислете му најдоа дека е алергичен на мачки, кучиња и риби, а тој кутриот риби јаде еднаш годишно, со кучиња и мачки допир сведен на максимален минимум, дома нема во близина ни маче ни куче,а и тој не ги обожава нешто премногу ама ете му рекоа дека е алергичен...не ми се верува дека му се појавува алергијата од само што на улица ке се размине со некое маче или кучеuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Алергија на домашни миленици!
17.6.2009 8:55:29   
Еца
Мами, можеби имал скриена алергија, па со секој нов контакт со животни, таа само си напредувала.И на еден наш другар му најдоа дека е скоро алергичен буквално на се, но не му забранија тоа да го јаде, туку од време на време да паузира од одреден продукт, храна...Значи живееме во време на алергии, и скоро неверојатно е да не покажеш алергија на нештоuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Алергија на домашни миленици!
17.6.2009 9:14:05   
Палешка РР
Син ми е алергичен на влакна од мачки и кучиња.
Бидејќи многу сакаше животинче дома, кога беше мал, му купивме папагал и нон-стоп го држеше в раце, од рака му јадеше, го возеше на количе, ма да можеше и ќе спиеше со него...но му се појави алергија на рацете и моравме да го дадеме папагалот. Ех колку плачеше за него...user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Алергија на домашни миленици!
1.10.2009 9:05:12   
mami
сакам папагалче за дома да земам, знам дека на Лука ке му биде интересно, но се мислам, знам дека папагалската прашина е лоша а и мм ке ме исели од дома ако донесам било какво животно...а сакам, сакам некое животинче по дома...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Алергија на домашни миленици!
1.10.2009 9:10:51   
mis.
Мами ние имаме папагалче а немам никаков проблем од него но за да не му ја мислиш многу можеш да си земеш кугла и карас рипче или бета борец.Лука многу ќе се радува.Стефан иако е мал кога ќе го прашам кај е рипчето веднаш погледнува на кај него се смее и покажува со прстот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Алергија на домашни миленици!
1.10.2009 9:18:31   
mami
знам знам, комшијата, каде Лука кисне кога сме дома, има аквариум, исто и кумовите и цело време седи и ги прати со прсте, па ке почне да ги кара..ама мене риба ми е многу недружељубиво суштествоuser posted image неможеш ништо да и направиш- само си плива во својот свет и не и е гајле за никој околу неаuser posted image user posted image user posted image ама ке видам, може и да му земеме една, чисто за занимација

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Алергија на домашни миленици!
21.10.2009 21:45:35   
Markoimama
Nie imame papagalce, go cuvam veke 10 god i Marko go obozava. Koga ke mu recam : kade e Pipi, vednas se vrti nakaj kafezot i ja bara. Duri i koga place vednas se smiruva zaradi nea. Ja zemam na raka zasto e premnogu pitoma i mu ja pokazuvam odbliski i vednas saka da ja fati, samo mora da ja pazam zasto e mal i nema oset-ke ja stisne silno. I nema nikakva reakcija(alergiska) dosega pojaveno. Samo pozitivna stimulacija. Toj veke lazi, no nanazad i nikako da go naterame da trgne napred. Vcera zaradi Pipi koja bese na krevet pred nego, trgna napred. user posted image
i po nea vika, po svoe si mumla nesto. Znaci go stimulira da zboruva. A sto se odnesuva do alergiite, dokolku trudnicata uste od rana bremenost ima kontakt so odredeno zivotno, najverojatno e deka deteto nema da ima alergija na toa zivotno bidejki preku majkata organizmot na deteto se zapoznava so tie alergeni i razviva imunitet, pa ne reagira na niv koga ke se rodi. Jas rabotam so kucinja, go cuvam papagalceto, cela bremenost kontaktirav so macinja (si gi imam nekolku pred zgrada), duri i pricuvav edno mace na edna prijatelka skoro 1 mesec i eve Marko nema  nikakvi problemi so alergija od takov tip. dermatitot na licenceto mu se javuva uste koga imase 15 dena i togas ni dvajcata nemavme kontakti so ovie zivotincinja. A bas citav mnogu na temava ( i doktor veterinar sum), vo Amerika doktorite preporacuvaat vo bremenosta da se zeme nekoe zivotince po doma za da se namali rizikot od alergii kaj deteto koe ke se rodi. Bas i na moja drugarka istoto i go preporacaa tamu. A da ne zboruvam za pozitivnite stimulacii za govorot, drustvenosta i dvizenjeto koi zivotnite gi predizvikuvaat kaj decata...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Алергија на домашни миленици!
11.11.2009 16:31:09   
Prijatel
Poraka zaMami: Kako i kade otkrivte deka ima alergija na macki, kucinj i ribi? Pozdrav

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Алергија на домашни миленици!
11.11.2009 16:49:16   
Еца
пријател еве бидејќи и јас со мојата поголема ќерка имав проблем со алергија, можеш да направиш тестирање на детска клиника преки крв(доколку е помало)или ако е поголемо од 3 години во Козле преку кожни тестови.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Prijatel)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Алергија на домашни миленици!
12.11.2009 8:53:26   
mami
Poraka zaMami: Kako i kade otkrivte deka ima alergija na macki, kucinj i ribi? Pozdrav


Да не дојде до забуна- на маж ми му најдоа ваква алергија. А ја откри откако беше на лекар дека цела година константно поткашлуваше, значи ни јако ни слабо, без шлаем, само како потреба за прочистување на грлото постојано. И откако веќе ми здосади тоа постојано кашлање го натерав да оди на лекар. матичната го прати на алегро тестови и испадна дека е алергичен на мачки, кучиња и риби- што мене не ми е јасно, бидејќи тој риба јаде еднаш годишно, а до мачиња и кучиња се доближува најмногу на еден метарuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Алергија на домашни миленици!
12.11.2009 21:23:56   
Markoimama
Da ne veruvate na sekoj doktor sto ke kaze deka ste alergicni na zivotni!!!! Ima i takvi zivotnomrzci koi prvo prasuvaat dali cuvate  nekakvo zivotno i ako potvrdno odgovorite, vednas dobivate odgovor deka alergijata vi e od toa. Jas kako veterinar imam leceno zena od obicna mikoza koja od eden poznat dermatolog bese opisana kako strasna alergija na maceto sto taa go cuvase. Zenata se izleci za dve nedeli so obicna antimikozna mast i uste go cuva maceto, a "jakiot" doktor seuste pravi teski zabuni kaj lugjeto. Ne velam deka ne e mozno da ste alergicni na nekoe zivotno, samo ispitajte ubavo i so provereni metodi za da znaete tocno na sto ste i  NE VERUVAJTE SEKOMU!!! Sekogas proverete i na drugo mesto, alergijata e kompleksna bolest i treba tocno da se dijagnosticira pa da se prezemat merki.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Алергија на домашни миленици!
25.3.2010 20:04:41   
Палешка РР
Марио вчера беше кај еден другар кој имал мачки дома и веднаш почнал да кива, да му тече вода од носот, очите почнал да ги трие и кога му текнало од што е веднаш си заминал. Кога си дојде дома што ќе видам, црвен во очите едвај гледа user posted image  Веднаш му дадов Авил таблета и за еден час му помина како ништо да не било! Имал тој досега реакции, ама ваква екстремна немал.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Алергија на домашни миленици!
1.7.2011 8:20:40   
AnnaMolly RR
Леле, збеснав со алергијава! Фирмата ни е во поранешниот стан на директорката, тие се преселија во нов стан зашто имаат бебенце. Ама имаат и куче и секој ден го носат тука да не им сметало кучето дома. Цела канцеларија е со влакништа!
Ич не сакам кучиња, а плус и што сум алергична прави уште повеќе да не ги сакам.
До душа, и на мачки сум алергична, ама ги обожавам, ги галам и си играм со нив и после се клукам со антихистаминици user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Алергија на домашни миленици!
1.7.2011 8:35:36   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Многу скоро слушнавме дека претседателот на Америка барал куче кое нема да предизвика алергиски реакции кај ќерка му. Имате искуство со алергии кај домашни миленичиња? Како се справувате со нив? Има ли некое правило кои домашни миленичиња можат да предизвикаат алергиски реакции а кои не?


Е, ми ја погоди темата! Мислам дека можам докторат на темава да напишам, милион емисии имам работено за кучиња што „не предизвикуваат алергиска реакција“.
Ова е мит. Има кучиња што помалку се митарат и алергиската реакција е минимална. Витканото крзно на пудлиците го забавува митарењето и првутот и влакната ги заробува во него. Пудлиците помалку се митарат од повеќето раси, но сепак се митарат. Но пудлиците се сметаат за хипоалергени кучиња. Има и многу изведени раси од пудлица измелезена со лабрадор, ретривер и слични поголеми раси за љубителите на поголема раса кучиња што се алергични.

Кај свекрва ми и свекор ми доле чуваа пудлица. Секогаш кога ќе се симневме кај нив кучево до мене седеше. Јас не сакам кучиња, ама кучињата ме сакаат мене user posted image И секогаш се чудев како не кивам од кучево! Имаат и мачка и само што ќе влезеше во соба јас се утепував од кивање и кашлање. Е кога преведував една емисија на работа дознав за пудлициве. Значи точно е тоа со пудлиците. Наместо да кивам на секоја минута, јас со пудлицава кивав 3-4 пати во рок од саат-два. user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Алергија на домашни миленици!
11.6.2013 12:25:02   
Felly RR
Според алерго тест, М испадна дека е алергична на куче и маче. Ние не сме забележале некакв ареакција до сега кога била во близина на овие животинчиња. МОжно ли е да е погрешен тестот???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Алергија на домашни миленици!
12.6.2013 19:35:29   
cucamaca
Мојов бебуш од 2,5 месеци се исфрли по нозете... т.е. почна од мало точкиче за кое јас на почеток мислев дека е резултат на вакцината. Толку полека и постепено се ширеше што беше многу тешко да се забележи нов дел од црвенилото. Ама полека и сигурно се прошири по двете нозе и по раце.
Бидејќи беше бепче од 2,5 - 3 месеци падијатарот ми рече дека е реакција од прашок, омекнувач,... Сменив се`, исфрлив омекшивачи, го бањав само со Мерима сапунче ама и тоа го исфрлив (сега само со вода),... се консултирав со неколку педијатри, бевме на кожно, пробавме Мустела, алое,... ма што се` не. Само по малку ќе спласне црвенилото ама не се губи.
Конечно пред 1 месец (на 5,5 м. возраст) стигнавме до др. Набил во Неуромедика и откако му изреверирав историјат, само праша: „А животни чувате дома?“ е, ние не, ама свекрвами имаат куче (самојад) и папагалче. Само рече - „од тоа му е!“
Алерготестови на волку мало бебе мислам дека не се прават... сеа сме само на Адвантан крема. Многу е подобар, ама штом ќе прекинам да го мачкам, пак му се појавува. А адвантанот е кортико, т.ш. веќе не знам што да правиме...

_____________________________

*** cucamaca ***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?