Viktori
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 Јупиииииииии дочелаки ПРАВИЛНИКОТ, јас сум пресретна Во последниот број на "Службен весник на РМ" бр. 12 од 03.02.2011 објавени се следните прописи: „ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ НА ИЗБОР НА ПОСВОИТЕЛ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ„ http://www.slvesnik.com.mk/home-mk.asp?Pos=1 Ако некој може да га скенира, Натуска можда? коначно, коначно, можеби сега и ми дојдемо на ред, чекамо комисијо од месец април, било би време да дочекамо нели ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко се надевам дека на твоите маки конечно ќе им дојде крајот и дека многу брзо ќе ги гушкаш твоите принцези. ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska### и јас ти посакувам што побрзо да дојде денот кога ќе се гушкате со девојчињата ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka ajde Agnes se nadevam nabrzo ke dojde krajot na tvoite maki i ke ti se ispolni zelbata da si gi guskas malite princezi od srce ti posakuvam nabrzo da ni pises dobra vest ИЗВОРНА ПОРАКА: skorpijana ajde sto poskuru da si gi gusnes tvoite angelcinja i mnogu ubavi i srekni denovi so nov da pomines ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz Ti ja pustam seta sreka sto pobrzo da se guskas so decinjata ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25 Агнес мила, ви пуштам среќа за се да се реши што е можно побрзо! ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 фала фала на сите ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно можеш?, стварно? јупиииии пресретна сум, колико многу среќни семејста ќе се формира оваа година ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 фала фала на сите ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно можеш?, стварно? јупиииии пресретна сум, колико многу среќни семејста ќе се формира оваа година Ако колешките го имаат земено од пошта тој број, можам да, ако не во понеделник сигурно ќе го земеме, па ќе почекаш уште еден ден, толку чекаш сега, па уште еден ден...ама се надевам дека утре ќе можам да завршам работа. Те поздравувам ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia Јас по мое (не сум правник) ама по мое мислам дека не е дозволено да скенирате и да објавите јавно пред сите ако беше бесплатно на нивниот сајт ќе можевме да прочитаме да не прекршите закон па да ве казнат што се вика малите кривци се гонат некој ќе ограби банка и ништо, а некој ќе плати за еден лист мое мислење ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 фала на сите, на еден или други начин тај правилник ќе дојде до нас но најважно е што тој е коначно објавен, нема повеќе пречки за комисија да започна со работа ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Агнес го имам правилникот , сега еве ќе го скенирам и ти го праќам кога ќе ми пишиш email адреса ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 кој има шанса нека прочита тој правилник ... сега ово е као евровизија има ПОЕНИ ... укупно можеш да добијеш максимално 100 поени, а сега пример - јас имам 33 години затоа добијем 5 поена, ако би имала до 30 примила би 6,5 поени - зато што не ми е важна национачност добијем 0,5 поени - пошто сакам да посвојим две или повеќе деца добијем 0,5 поени - за самоактуализација и ниво на аспирацици могу да добијам масимално 0,42 поени -ако е мој стан блиски до градинка могу да добијем 0,30 поени -ако планинарим могу да добијем 0,125 поени - везенје, плетенје, шиенје, сликанје донесе ми 0,125 поени - ако имам викендица (една викендица = 0,10 поени, две = 0,40 поени, повеќе 0,50 поени) за жал немам ни една викендица - прифакање на посвојувањето без предрасуди донесе ми 0,20 поени пуно фала за информации, многу инетересен е овај правилник ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 уште нешто ако е станот луксузно опремен добијеш 1 поен (ајме што значи луксизно опремен ) и што е најважније правилник влегува на сила наредниот ден од денот на објавувањето во службен весник ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 Знаш шта Пенелопа, јас навистина многу сакам Македонија, ова е землја моје деце (се надевам) и затоа е землја мојих снова ... да није па зашто би толико времена учила да разбирам Македоснки, чекала, се надала, молила, плакала ... пошто Македонија има моје срце и не само едно, има два ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa потполно те разбирам и упам, упам да кончно летос се босте вси супај гушкали ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 Уште нешто, мислам дека многу е важан член 18 „При изборот на најсоодветен посооител приоротет имаат лица кои се во брак, кои се државлјани на Република Македонија и кои се со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија. При избор на најсоодветен посвоител за конкретно дете, системот нема да ги земе во предвид посвоителите кои: - ја немаат потребната старосна разлика, - прифаќаат дете од одредена националност, - прифааќаат дете од одреден пол, - прифаќаат исклучиво здраво дете, - прифаќаат дете на определена возраст, - прифаќаат исклучиво бебе (дете на возраст до ена година)„ Не сму правник ово е моје лаично мишлјенје, ако некој има само едно од овиих определенја примјер сака здраво дете, онда системот нема да го земе во предвид (не е важно дали конкретно дете здраво или не). Како што ја разбирам, ако сакаш да системот уопште земе посвоител во предвид онда нема да се определиш за било што. Во пракса, најмногиу посвојители сакаат здраво дете и дете на определна возраст. ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia 2 викендици = 0,4 1човечност и немање предрасуди = 0,2 високо образование и култура претпоставувам 0,0 поени добар ни е системов, баш по наша мерка и воопшто не ме изненадува се надевам дека нема други парови во моментов што сакаат две деца без предрасуди за потеклото и дека ќе бидете единствени во компјутерот што ги прифаќаат двете заедно а агнес има ли правила за посвојување братчиња - сестрички, гледаат ли да ги остават девојчињата заедно ако има некој што ги сака заедно како вас, или можно е да ги разделат? ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia а агнес има ли правила за посвојување братчиња - сестрички, гледаат ли да ги остават девојчињата заедно ако има некој што ги сака заедно како вас, или можно е да ги разделат? не е можно да ги разделат, деца (братчиња, сестрички) секогаш треба да ги остават заедно без разлика стари или нови закон, електронско посвојување или не ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe Agnes,ti ja pustam seta pozitivna energija za da go docekas denot koga ke bidete site zaedno na kup celo semejstvo,a sigurna sum deka se blizi toj dolgoocekuvan den ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia тогаш можеме да се надеваме дека нема да имате конкуренција и одма ќе ви ги дадат па ќе славиме сите заедно :) ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 се ќе биде во ред еден ден нели Не разбирам најдобро како ќе нас префрле во ова распредела зато што во документи које напише социален работник во Сло нема информациа које траже путем овој правилник примјер: - во наше документе не пише или наше моторно возило е во вредност до 5000 еур (0,10 поени) или во вредност над 5000 еур (0,15 понеи). - не пише дали наша куќа има луксузна опрема (1 поен), - нитко није код нас проверио дали наша куќа блиски е до трговски центар (0,10 поени), е блиски до домот до блиски пријатели (0,05 поени) ... Поради сето ово јас сеуште мислам дека ние сме под стари закон. Као што написав максимум е 100 поени, од тога: - здравствена состојба (максимум 3 поени) - психосоциален статус (максимум 35 поени) примјер: примјер емотивност, емпатија и алтруизам 0,42 поени -материјални услови (максимум 18) примјер: деловен простор во големина до 50 м2 0,10 поени - стабнеи услови (максимум 18) примјер: станот блиски до здравствена установа 0,30 - време на чеканје (максимум 10) примјер: чеканје повеќе од 4,5 години 10 поени, 4-4,5 години 9 поени, 3,5-4 години 8 поени етц. -стапен на образование (максимум 3 поени) - брачен статус (максимум 13 поени) примјер: живее во брачна заедница 13 поени, во вонбрачна заедница 4 поени, сам 1 поен ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 - стабнеи услови (максимум 18) примјер: станот блиски до здравствена установа 0,30 а сега малку математика Ако некој сака да добије максимално 18 поени не е доволјно да поседува куќа со максимум станбени простор од 120м2 (12 поени): -треба да поседува уште еден стан или куќа (2 поени) -Станот или куќа треба да има луксузна опрема (1 поен), да се наоѓа во град (0,50 поени), да е блиски до градинка (0,30), игралиште за деца (0,30), здравствена установа (0,30), училиште (0,30), автобуска или железничка станица (0,05 поени), од домот на блиски родители (0,05 поени), од домот на блиски пријатели (0,05 поени), трговски центар (0,10), факултет (0,05 поени) - треба да поседуваш повеќе од две викендици (0,50 поени) со луксузна опрема (0,50) Ако поседуваш примјер само едена куќа во село без луксузна опрема добијеш 13,3 поени, можеби куќа блиски е до градинка (0,30) и училиште (0,30) = 13,9 ПС љубов кон дете = 2 поена ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia Ова сигурно го видовте веќе, ама мене многу ме нервира Според новиот Правилник за посвојување, цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и куќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат дете, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри. Наспроти тоа, помалку поени се добиваат ако посвоителите живеат во село (??). "Кој може да ја измери 'добрината' на идните родители според нивите пари. И каква е гаранцијата дека тој што живее во град, ќе биде подобар родител од оној што живее во село. Затоа го дадовме Законот за електронско посвојување пред Уставен суд", велат луѓето што подолго време работат на посвојување. На пр. Љубовта што идните родителите ја имаат спрема децата се вреднува само со 2 поена. Кој го правел правилников треба да се преиспита себеси каков родител е. Значи, немаме дуќан, имаме автомобил стар 10 години и живееме во стан помал од 120 квадрати... Автоматски, јас и мм не сме добри родители?? ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори мене новиов закон пак ми се допаѓа. И да, не е се во парите, ама сите ние ако можеме би избрале да имаме по 2 стана па да сме станбено обезбедени и ние и децата. Не знам, можеби грешам ама ако се поаѓа од фактот дека сите можни посвоители сакаат деца, некаква селекција мора да се направи. Ако можат да имаат подобри животни услови, зошто па да не... ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 јас исто така видов ова линк до статија КОНТРОВЕРЗНИ КРИТЕРИУМИ 120 квадрати за посвојување дете 120 квадрати за посвојување дете Според новиот Правилник за посвојување, цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и куќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат дете, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри Имотот кој го поседуваат потенцијалните посвоители ќе носи најмногу поени при посвојување дете. За воведувањето на електронското посвојување деца, што треба да стартува овој месец, Министерството за труд и социјална политика донесе нов правилник за критериуми и начин на избор на идните родители. Изборот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем каде што претходно сите ќе бидат бодирани според нивната материјална и станбена ситуираност, време на чекање, брачен и психосоцијален статус. Цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и куќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат дете, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри. Наспроти тоа, помалку поени се добиваат ако посвоителите живеат во село или, пак, ако стриктно назначат дека сакаат машко или женско дете. "Кој може да ја измери ''добрината'' на идните родители според нивите пари. И каква е гаранцијата дека тој што живее во град, ќе биде подобар родител од оној што живее во село. Затоа го дадовме Законот за електронско посвојување пред Уставен суд", велат луѓето што подолго време работат на посвојување. Според правилникот, парите кои ги имаат потенцијалните посвоители се многу поважни, дури и од нивната здравствена состојба, зашто максималниот број што двајцата идни родителите може да ги добијат за нивното здравје е три поени. Љубовта што идните родителите ја имаат спрема децата се вреднува само со 2 поена. "Компјутерот избира пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики од регистарот на посвоители, под шифри. Со електронската распределба го исклучуваме субјективниот фактор, зашто со години наназад се зборуваше дека има корупција во оваа областа", вели министерот Џељаљ Бајрами. Исполнетоста на критериумите ќе ја утврдуваат тимови во центрите за социјална работа кои, заедно со стручните лица од Министерството го изработиле правилникот. Оттаму велат дека Македонија е единствена земја во светот каде што се воведува електронско посвојување. Центрите за социјална работа ќе можат да им дадат максимум 5 поени на двајцата брачни партнери за нивните морални вредности, самоконтрола и толеранција. Негативни поени од -5 следуваат ако посвоителите тврдат дека сакаат да земат дете за да си го зачуваат бракот или да бидат прифатени од средината. Лицата што се во брак имаат предност при посвојување, зашто тој документ им носи 13 поени. Ако живеат во вонбрачна заедница, добиваат 4 поени, а ако посвоителот е самец, тогаш добива само 1 поен. Во моментов во Македонија за посвојување чекаат 370 лица, а има само 33 деца кои може да бидат посвоени. Половина од нив се целосно здрави. Останатите се со одредени пречки во развојот. виа Вест ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори Агнес линкови се забранети од други медиуми ете ја целата статија па нека чита кој сака, мада за мене вест од таблоид и не е некоја вест ...Не мора да се критикува се однапред без да знаеме дали ќе функционира ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 На веб страни од Министертво за труд и социална политика ( http://www.mtsp.gov.mk/ ) од јучер има правилник (ворд формат). „Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат, со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, укажувајќи дека ова прашање е регулирано со Правилникот за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат.... „ ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори Не мора да се критикува се однапред без да знаеме дали ќе функционира Јас имам своје мишлјење за овај правилник, но безразлика се соглашувам дека сега можеби не е време да се критикува ама е време да видиме дали ќе нови закон и правилник функционира. И да функционира во најдобар интерес на децата, ова е најважно нели целосна статија од министерство: „Изборот на посвоители на деца ќе се спроведува по електронски пат Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат, со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, укажувајќи дека ова прашање е регулирано со Правилникот за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат. Изборот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем, кој ќе избира пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики од регистарот на посвоители. Карактеристиките на петте брачни двојки, потенцијални посвоители, под шифри ќе стасуваат до Комисијата која ќе донесува одлука за изборот на посвоители. "Листата од првите пет посвоители се креира врз основа на добиените бодови за исполнување на критериумите коишто се однесуваат на материјалните и станбените услови, степен на образование, здравствена состојба, време на чекање, психосоцијален статус и брачниот статус на потенцијалниот посвоител", појасни министерот Бајрами. За да се избегнат можностите за злоупотреби составот на Комисијата којашто брои 15 членови, пришто на денот на самата седница кога треба да се одлучува за посвојувањето компјутерскиот систем ќе ги избере петте членови коишто ќе одлучуваат по одредениот предмет. "Измените предвидуваат само одредени лица да можат да ги дополнуваат податоците за евентуалните посвоители, но притоа да запишат и кој и кога ги извршил промените, без притоа да ги бришат оние коишто претходно биле внесени. Досега не се знаеше кој и кога ги менувал податоците", рече министерот Бајрами. Во моментов има околу 370 потенцијални посвоители, а 33 деца за посвојување од различни националности, возраст, пол и здравствена состојба.„ виа МТСП
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
|