|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Нашите баби и дедовци
27.6.2011 8:57:04   
AnnaMolly RR
Дали се живи вашите баби и дедовци? Колку сте (или сте биле) поврзани со нив?

_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Нашите баби и дедовци
27.6.2011 9:01:55   
AnnaMolly RR
Јас имам баби и дедовци и од двете страни, од мајка ми и од татко ми. Сите се живи. Многу ги сакам и ги почитувам.
Особено баба ми и дедо ми од страна на мајка ми.
Како мала нон стоп одев кај нив на гости, на преспивање со недели. И мм се приврза со нив и сега обавезно еднаш неделно одиме кај нив за да ги видам и тие малку да си поиграат со Филип.
Баба ми (од кај мајка ми) мене ме вика „прво внуче, прва радост“. Сега од првото внуче добија и прво правнуче. Љубовта е неизмерна. Мојата љубов спрема нив можам да ја споредам со љубовта што ја чувствувам спрема моите родители. До пред две години имав и жив прадедо, којшто исто така мнооооогу го сакав.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Нашите баби и дедовци
27.6.2011 9:14:02   
Maca25
Јас веќе немам живи баби и дедовци. user posted image Баба ми ( на татко ми мајката) почина пред една година и многу ми беше тешко. Бев многу приврзана за неа и за дедо ми. Додека беа живи и двајцата живеевме одделно и јас преку цело лето бев кај нив. Имаше периоди кога на татко ми му викав дека дедо го сакам повеќе од него. Многу тешко ја преживеав неговата смрт.
Ги обожавав моите баби и дедовци. Многу ми беше мило што баба ми ја запозна Нина и си се сакаа многу. Нина уште ја збори баба Тина и и праќа бакнежи на небото. 


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Нашите баби и дедовци
27.6.2011 13:22:56   
Martins mom
Имам една жива баба (свеки на мајка ми) и таква свекрва ни на душманот не му посакувамuser posted image , жената е ептен доминантна, го има свртено скоро цел свет и има 79 години и уште добро изгледа, носи пунџи и високи штикли и ја прати модата, оди на курс за компјутери и моментално учи јапонски (а зборува повеќе од 6 светски јазици. Блиски сме ама не ептен, пошто она не се замара со туѓи муабети и проблеми, она ужива у животуuser posted image Нејзиниот сопруг, мојот покоен дедо беше познат лик во класичната музика и денес едно музичко училиште го носи неговото име. Ептен бев сврзана со него и бев единствена негова внука, го изгубив кога имав 15 годиниuser posted image user posted image
Дедото (татко на мајка ми) има 84 год...никогаш не развив посебен однос со него, а баба ми почина пред пола година и остави неизлечива тага во мојата душа. Можам да кажам дека ја сакам од мајка ми. Се’ научив од неа, таа ми беше најблиска и ме познаваше подобро од било кој.


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Нашите баби и дедовци
27.6.2011 13:55:57   
Bogdancanka
Имам една жива баба(мајка на татко ми) кога почина дедо ми жената епен се промени сега е кај керка и и за нас не смее да прашува ниту пак да не поздравува,кога беше жив дедо ми беше друга приказна е сега е сосем друга,може да го побарара татко ми само кога треба да плати некои сметки за друго ништо.Жално е тоа што мојата единствена баба не гледа исто на децата од синот и на децата од ќерката,ние секогаш сме биле делени,без разлика кој колку ја почитува.Не дека се бранам али јас никогаш ја немам навредено баба и никако не ми е јасно зошто внуките(од ќерка и)и покрај сите тие навреди секогаш се подобри од нас,едноставно неможам да сватам.


али за утеха тука се дедо му и баба му на мм кој многу ги сакам и почитувамuser posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Нашите баби и дедовци
29.6.2011 7:33:54   
kapina
niti sum bila privrzana so babite i dedovcite niti pak ke bidam tatko mi i roditelite mu pocinaa a tie na majka mi se zivi no ne sum voopsto privrzana so niv bidejki retko se gledam i  se slusam so niv a tie sto se pocinati kazi reci voopsto nemi nedostigaat bidejki nie si ziveevme sami i retko se gledavame i so tie i so tie babi i dedovci

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Нашите баби и дедовци
1.7.2011 22:27:26   
Viktori
Јас имам само една жива баба, за жал, ама и неа не ја гледам премногу често. Од празник, на празник. Едниот дедо, не го памтам, починат е јас кога сум имала една година, а двајцата дедо и баба ги памтам како вчера да биле тука. Дедо ми беше жив шпион, а баба ми му беше баланс. user posted image

Да ми недостасуваат нешто посебно, не можам да кажам, ама дефинитивно кога размислувам за нив ми будат многу убави сеќавања, ме враќаат години наназад...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Нашите баби и дедовци
2.7.2011 18:41:09   
mama26
na majkami tatko go obozavav toj dedo..pocinat euser posted image ,i baba mi od tatko strana koja e ziva i e prababa ja obozavam

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Нашите баби и дедовци
4.7.2011 8:39:53   
dostickage
Jas imav prilika da gi zapoznam tatkoto na majka mi i majkata na tatko mi.Drugite bile odamna pocinati i nemav prilika da gi zapznaam.
Dedo mi bese prekrasen cove,primer za se vo zivotot.Pocina pred osum godini i do den denes mi e neizmerno mnogu zal.Bevme mnooooogu povrzani i mozam da kazam deka zaedno so tatko mi koj e isto taka pocinat mi se najmarkantnite licnosti vo mojot zivot koi pridonele da stanam ona sto sum denes.
Za baba mi kojasto ziveese so nas,mozam da kazam se najloso.Pocinata e petnaeset godini i mozam da kazam deka problemite sto mi gi napravi gi resavavme so seta sila do pred edna godina.Site bea podobri osven nie sto ja cuvavme kako kralica.Dvolicna,licemerna,losa ....
A za dedo mi uste user posted image od vreme an vreme

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Нашите баби и дедовци
6.7.2011 11:33:19   
lukas
koga ja procitav temata solzi mi nadojdoja,baba mi po tatko pocina lani vo dekemvri a posle nea po nepoln mesec i dedo mi na majka mi tatko,naednas,i nekogas navecer si potplacvam za niv oti naednas gi izgubiv dvata sega imam samo baba po majka mi i edvaj ja gledam oti nemozam so lukas zivee na selo..a dedo mi po tatko ne go zapoznav umre koga bev mnogu mala..bev mnogu povrzana i so site ,i zatoa sega mi e mnogu tesko iako ima vreme pominato od togas..ama se kaam oti poveke ne gi gledav..tesko e zosto od niv nauciv mnogu raboti koi sega mu gi kazuvam na lukas i niz igra nekogas ke zaminam so mislite kako igrav so niv....user posted image

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Нашите баби и дедовци
13.3.2014 8:50:14   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Јас би сакала да ја погледнеме темата и од друг аспект. Какво влијание имале на вас вашите баби и дедовци? Јас морам да кажам дека поминав едно од најубавите детства и иако одевме со сестра ми во градинка, за време на зимскиот/летниот распуст, не чуваа бабите и дедовците. Тие дружења се едни од најубавите што ги паметам во животот. Со нив учевме песнички популарни за деца од нивно време, ни раскажуваа приказни со кои ги плашеле/успивале, не учеа за многу работи во животот. Помалку не прекоруваа од родителите кога ќе направевме беља, па после кога ќе разбереа моите што сме направиле, ќе ни покажеа убаво и нив ќе им подвикнеа зошто толку не галат, иако моиве баби/дедовци не беа многу меки, нитумногу строги спрема нас. Со едниот дедо одевме во викендичка и таму поминувавме многу време по планините во лето. А пред нивните куќи секогаш игравме со еден куп деца, со кои и денес имаме контакти и спомени.

Јас сум многу задоволна што имав можност да поминувам време со нив, сигурно многу работи на моите не им се допаѓаа што ги правеа дедовциве/бабиве, памтам дека им викаа и ги прекоруваа (како секоја мајка и татко кои се грижат за своите деца), но мене ми беше ептен супер со нив. Размислете и за овој аспект (освен кога има невозможни услови како кај Мартинс, Везилка и сл.), дали на вашите деца им е убаво со бабите/дедовците?


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


Jas mnogu si gi sakav roditelite na majka mi i kaj niv mi bilo sekogas prekrasno, no ne se sekavam da sum odela sama tamu bez barem majka mi do moja deset_a godina
Moite dosle vo skopje koga sum se rodila i majka mi se do moi 10 godini bese domakinka i se grizese za mene i sestra mi, pocna da raboti koga nie dve bevme dovolno golemi da ostanuvame sami doma nikogas ne sum ziveela vo zaednica nitu so ednite nitu so drugite, nitu pak sme bile ostavani kaj niv na cuvanje bez nekoj od roditelite ili tetkite da bide tamu
Baba mi pocina koga imav 12 godini i tuka negde se zavrsija cestite poset_i kaj niv
Drugiot d3do go pocituvav mnogu , toj bese praveden odgovoren seriozen, ama i toj pocina brzo po baba mi, a negovata pak zena, majka na tatko mi bese njlosotija od site i nea nikoj ne ja sakase, pogan jazik kako na martins sveki, ne se sekavam da ne tepala no nikogas i ne se grizela za nas, ama sepak nekoi zborovi mnogu poveke bolat i od samari, i ko za maler taa ziveese najdolgo od site babi i dedovci

Sto se odnesuva za kerka mi taa uziva so babite, no sepak zaradi nivnata starost i zdravstvena sostojba ne gi smetam za sposobni da ja cuvaat celo rabotno vreme, so sveki go raskrstivme odnosot vo toj pogled bidejki ne mozese da se snajde so deteto vo stranska zemja, kade ne mozese da ima oddiska vo vid na prijateli, i poradi to bese frustrirana pa mi se isturase na mene, i mozebi ke ja trpev uste mnogu ama koga doziveav da me sedne na razgovor pred maz mi i kerka mi i da me narekuva zlotvor idiot i slicni epiteti za da dokazela kolku e on a dobra a jas neblagodarna i losotilak

Posle toj razgovor na maz mi mu rekov da si ja prati doma i za dete cuvanje da ne mi ja spomnuva, bez ogled na toa sto deteto go saka i relativno dobro se odnesuvase so nea sepak ne moze vo kuka da mi bide nekoj koj nema voopsto pocit kon mene i koj postojano ke mi servira kavgi za sekakvi gluposti pa uste ke me narekuva so pogrdni iminja




ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мојата баба за мене беше светица, таа беше човекот кој најдобро ме познава, во неа имав најголема подршка, рамо за плачење, другарка за муабет,се’. Нејзината смрт многу тешко и ден денес ја поднесувам...фалиuser posted image . И со дедовците и другата баба ми било супер, сите ми кажувале како внуците се сакаат повеќе од децата и баш затоа ме чуди што ете вака е во моето сегашно семејство. user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мојата баба за мене беше светица, таа беше човекот кој најдобро ме познава, во неа имав најголема подршка, рамо за плачење, другарка за муабет,се’. Нејзината смрт многу тешко и ден денес ја поднесувам...фалиuser posted image . И со дедовците и другата баба ми било супер, сите ми кажувале како внуците се сакаат повеќе од децата и баш затоа ме чуди што ете вака е во моето сегашно семејство. user posted image


Кај мене е исто..Мојата баба е сеуште жива ( фала му на бога ) и таа е за мене светица.
Јас многу често знам да се расплачам од помислата дека еден ден ке ја нема, а незнам како ке се понашам кога навистина ке ја снема..Ја сакам повеке од мојата сопствена мајка, ете верувале вие или не.. Имав само една баба, дедоми е починат три дена пред да се родам, а од страната на таткоми не контактирав со тие баба и дедо, такада, јас имав само ЕДНА АМА ВРЕДНА баба. Неможела да ми пружи многу како што некои баби им пружаат на децата, но таа беше таа која што ме носеше на лекар, на забар. Таа беше таа што ми раскажуваше приказни, што ме караше кога требаше и никогаш ме нема удрено. Ете тоа е мојата баба. Горда сум на неа, таа заслужи да ја наречам херој, зошто таа навистина е херој во правата смисла на зборот.




ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Овде и јас имам што да се пофалам.Јас и сестра ми израснавме со дедо.Родителите ни одеа на работа,така да ,тој беше тој што секое утро ни палеше оган пред да станеме за да ни биде топло,тој се грижеше секогаш да има топла вода кога ќе станевме за да не ни биде ладно.Едно од најубавите сеќавања ми е кога во ладните зимски денови ќе се вратевме од училиште на маса ме чекаа топли компирчиња со сиренце или компир манџа.Од дедо ми ја научив и да ја правам user posted image .Со дедо ми секој ден одевме на лулашки,дедо ми не мазеше малку повеќе од што треба,иако како родител бил многу строг,баба ми била таа што баланситала.Е нејзе ја изгубивме кога јас имав 3 ггодини,а сестра ми немаше ни една.Не ја имавме срќата да растеме со неа,а сите кажуваат дека била прекрасна личност.Дури и мајка ми,а снаа и беше user posted image .Со дедо ми игравме разни игри,ни раскажуваше приказни и т н
Сега веќе е подостарен и ме мачи и самата помисла дека ќе го изгубиме.Ама прекрасни сеќавања од детството имам со дедо ми.
Затоа сакам и моето дете да расте со баби и дедовци и навистина мислам на лето да поминува по некое време со нив.
Другите баба и дедо не ги спомнав дека живеа далеку од нас,одевме на лето и за празници кај нив и убаво си поминувавме,ама најверојатно поради далечината ја немав таа блискост со нив.



ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Јас имам емоционална дупка по однос на прашањето на баба и дедо. иако живеевме заедно цел живот, не бевме блиски воопшто. Никогаш никаде не не носеа. Дури и кога требаше некој да не носи или зема од училиште, доаѓаше чичко ми од другиот крај на градот, тие, не. Не се сеќавам дека некогаш некаде сум била со некој од нив, ниту дека некогаш сум добила нешто од нив. Се сеќавам на чувството дека им завидував на другите деца кои си ги обожаваа бабите и дедовците, и секогаш се потпираа на нив. Мене не ми беше јасно зошто моите нас не не сакаат, така го сваќав тоа. Тие не не караа, ниту не тепаа, едноставно со нас се однесуваа како да сме туѓи деца, како да сме приморани да живееме тука на ист простор, а баш не се сакаме. Можеби до некаде и така и беше. И беа токму такви, не се имаа со сопствените деца, па камоли со внуците. Она нашто најмногу се сеќавам во врска со нив, е чувството на страв, неправда и тага кога ќе ги слушнев од нив погрдните зборови упатени на мајка ми.user posted image




< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.3.2014 8:51:05 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Нашите баби и дедовци
17.3.2014 9:29:59   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Јас имам баби и дедовци и од двете страни, од мајка ми и од татко ми. Сите се живи. Многу ги сакам и ги почитувам.



Е баш се растажив од сабајле кога прочитав што сум пишала пред некоја година :( Едната бабичка почина пред три недели. Јас поголема болка никогаш до сега не сум почувствувала. И уште ми е многу тешко, особено кога гледам како дедо ми тажи по неа. Никогаш толку многу не сум плачела во животов. Ама мора да живееме ние понатаму, животот си продолжува. Никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе си се сеќавам на неа user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 17.3.2014 9:30:55 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?