|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Омилени јадења на нашите дечиња
14.1.2012 8:02:47   
Felly RR
Ајде тука да пишуваме кое е омиленото јадење на нашите дечиња, што најмногу сакаат да јадат, како им го спремате...

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
14.1.2012 8:04:43   
Felly RR
На Матеа еве, супата и е омилено јадење, друго - манџа или некое друго јадење нема нешто што ептен многу сака. Исто многу сака и компирчиња, било какви - варени, печени, пржени - може од некоја манџа само комирите да ги изеде а другото да го остави.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
14.1.2012 12:22:22   
bocence
pzeni kompircinja,makaroni,spageti,so mandite sme skaraniuser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
14.1.2012 22:34:17   
*viva*
mojata kerka se jade sto da i ponudis ne odbiva
ama najmnogu sto obozava lesta,supa so lepce
kompircinja virsli i meso so kompiri

(Одговор на членот bocence)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.1.2012 17:31:34   
Snowhite RR
Чоколино

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот *viva*)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
16.1.2012 19:06:59   
miana
kerkami obozava i nikogas ne odbiva MAKARONI

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
17.1.2012 11:34:13   
Maca25
На Нина омилено јадење и е компир манџа. Тоа никогаш не одбива, да може секој ден би јадела.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
17.1.2012 11:39:25   
lukas
posto sme skarani so sekoj vid na mangi,jadime samo supa ili jogurt popara,i cokolino...
pa omileno ne omileno nezz samo toa go jade drugo ne saka ni v race da zeme,pa izgleda mu e omileno i edinstveno jadenje ova,pokraj puding  i ovosni.


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
17.1.2012 12:20:29   
AnnaMolly RR
Филип обожава буквално секакви супи и манџи. Дури и кога ќе му речев Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз? Тој викаше Манџа!

Освен манџи, најмногу сака лепче намачкано со путер и сирење. Секогаш кога е болен и одбива секаква храна, ова никогаш не го одбил.

Следно на листата од омилени јадења е јајце (без разлика дали варено или пржено), гриз со жолчка, леб (или овесни снегулки) и кисело млеко, печени компири со кромид и моркови, ориз со пилешко и кисело млеко.

Од „ѓубре“ храна најомилени му се смоки и соленки, секојдневно јаде по нешто од тоа.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
17.1.2012 12:31:28   
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Дури и кога ќе му речев Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз? Тој викаше Манџа!



Матеа пак кога ќе ја прашавме, велеше - печак = кечапuser posted image user posted image user posted image Ако има кечап ќе си мацнува со прстето и само тоа ќе јаде, друго не пробува.

И салата многу сака, ако види салата не можеш да ја натераш да јаде друго.

А заборавив, и макарони - е тоа обожава.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
17.1.2012 12:34:59   
Pepelaska *
Засега и на Мартин му е супата омилена, исто и компирите секакви( особено пржени) варени, печени, си сака и гравче, а во последно време кога му спремам јуфки ( домашно направени) со зденка и малку сиренце прави маф.

И да секако смоки , да може еден тон ќе изедеuser posted image ама немаuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 14:40:31   
dostickage
V obozava maslinki.Od sto tolku mn gi saka bara druga uste ddeka prvata mu e vo usta.
na kraj koa kje se napuni gi pluka site zasto ne znae da gi izdzvaka.mora da mu gi krijam za drugite za da jade parce po parceuser posted image

inace saka supa,mandja i hit za seonava mu se portokali i mandarini.Zoltko e malce ama nema vezeuser posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 14:47:59   
Mihaela 2010
Mihaela momentalno mnogu saka palenta so sirence ,pavlaka ili jogurt.Mislam deka sekoj den da i davam ke jade...Kompiri isto ,supa,jufki,zelencuk ...vo princip jade se osven meso ( go pluka),samo vo mali kolicini jade...za zal

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 16:01:25   
ole2004
Тарана со сиренце и павлака,секој ден би јадела.Сака и варено јајце,кашкавал,кисело млеко,а од манџи компир со телешко,сарма,ориз,а најмногу сака спанаќ.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 16:09:28   
zapce
Мојот сака јуфки и најчесто не сака ништо да му ставам во нив, сабајлево му велам ајде сине уште денес во градинка и утре нема да одеме и мама и тато се дома ке си спиеме и тој ми вели уцам уфки - знае дека обично правам за викенд и си мисли дојде викенд.
Инаку обожава и млеко со бискоти, јогурт, зденка, а од ручек јаде компир во секаква варијанта освен пржена (печени, мусака, пире) и ориз во секаква варијанта(со месо, од сарма, полнети пиперки, со спанак) а исто и доста сака супа, гравче, грашок и лека.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот ole2004)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 19:49:47   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Чоколино


Хм, ако размислам чоколино јаде секој ден, зашто не пие млеко, па мора, а не знам дали му е омилено или навика.
Инаку сака манџи секакви, се радува на се што ќе ставиме за ручек да јадиме, сака супи, ајвар, компири, најмногу печени, а и пире, спанаќ.. абе јаде се, освен млечни работи, павлака, кисело млеко, зденки, тоа послабо.



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
18.1.2012 20:29:49   
nadica
Н нема омилено јадење ако го јаде еднаш со сласт не значи дека повторно ќе го стави во уста user posted image   нејзе и цел ден ништо да не и се даде (понуди) за јадење мислам дека ќе биде најсреќна user posted image  user posted image   и тоа што го јаде го јаде со молби без разлика дали и се допаѓа или не

< Поракaта ја уредил nadica RR -- 18.1.2012 20:30:48 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
23.6.2012 14:10:42   
ananikol


Neodbivame;makaroni,vareno ili przeno jajce bez zolcka,oriz,mandza oriz so spanak i argeta detska pasteta user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
23.6.2012 14:16:49   
Pepelaska *
Најомилени: супа со зеленчук ( особено грашак ( топчиња), јуфки со зденка, млеко со бисквити , пржени компири, варени манџи чки без зачини за него со секаков зеленчук и месо, сака и пржено лепче со јајце а сака и варено јајце и да ќе заборавев пица откако проба обожава а кој не user posted image
Не сака да помириса: јогурт, кисело млеко и а годинава и овошје не јаде ништо за што најмногу се нервирам.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
23.6.2012 20:04:26   
ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

а годинава и овошје не јаде ништо за што најмногу се нервирам.


I mojov isto taka epten slabo ovosje a banana veke vednas koga ke ja vidi veli; ne banana.Pa najdov nacin,sega mu miksiram edna banana so 150ml mleko i mu ja davam vo siseto za spienje 2-3 pati nedelno.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
23.6.2012 21:47:31   
Felly RR
Во последно време омилено јадење ни е салата од краставица. user posted image За вечера денес само тоа имавме. Три пати и го дополнував тањирчето. И друго ништо не сакаше.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
24.6.2012 13:04:36   
Џесика
и борјан обожава краставица ама свежа, инаку омилено од времето е супа, па се што не јаде го миксам со супа, а последно сега се дави во ќофте, чајна, пица, пржено лепче, јогурт, сирење. откако почна да џвака сфати детево дека има и повкусно од супа.

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
24.6.2012 13:12:27   
Maca25
На Нина уште и е компир манџа омилено јадење. А од салата - краставица. Краставица јаде и за доручек и за ручек и за вечера. А компир манџа и немам одамна направено, ама гледам дека имаат во градинка еднаш во 2 недели.
Од овошје лубеница - сега на пазар ме натера да и купам, со насолзени очи ме гледаше и морав да купам парче едно од 2 кила user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
24.6.2012 16:50:54   
Martins mom
Портокал!!! После следи јајце во секаква варијанта, пица, макарони.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Омилени јадења на нашите дечиња
24.6.2012 18:03:26   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

и борјан обожава краставица ама свежа,

И ние свежа - мислев на салата од свежа краставица.user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?