|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Помош после породувањето
26.9.2009 14:20:47   
mis.
Откако ќе се породиме без разлика дали нормално,со епизотомија или не,или пак царски,потребно е некој кој ќе ни помогне.Може да биде помошта околу бебето или околу домшните обврски.Во секој случај сите ќе се согласите со мене дека секоја помош е добредојдена.
Кој беше тој кој цело време беше до вас и се погрижи за дел од обврските?Свекрвата,свекорот,мајка,татко, сопруг.....или пак бевте вие таа која се грижеше за се уште од почетокот.
Еве јас за првото тука беше мајка ми која го бањаше,облекуваше бебето но и се грижеше за ручекот,хигената и набавките на намирниците.Но секако и мм колку му дозволуваше времето бидејќи одеше на работа.За второто мм зема одмор и беше тука за се што ми треба.Колку само ги сакам.Бакнежи.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Помош после породувањето
26.9.2009 14:26:24   
ostoun
Mi pomogna svekrva mi koja sekoj den doagase i ja banjase kerka mi a okolu se drugo se grizev sama  bidejki mm e na rabota. Mislam deka dobro se snajdov so ogled deka prethodno rabotev kako bebisiter   na nekolku mestauser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Помош после породувањето
26.9.2009 14:42:16   
Весна
Јас се’ уште се немам породено, но веќе почнаа подготовките на бабите (мајка ми и свекрва ми) околу помошта. И пред некое време ги гледам, ги слушам и им се чудам. Си седнале теткиците и си прават план која кога да земе одмор за да постојано има некоја од нив со нас. Ау, кога им с’ржев, леле ги уплашив жениве. Не да им оддржав лекција, аууу...па тоа е наше дете, наша одговорност, па не сме го направиле вие да ни го чувате, па како тоа на нероден Петко капа кроите, па па па. Им го скршив меракот на жениве, и многу се каам што така брзоплето им свикав. А не требав, им го уништив моментот, па секако дека помошта е потребна, особено на мене како неуко околу новороденчиња. Мутава јас. Ама потоа им се извини, искрено им се извинив, и сега ја очекувам нивната помош

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Помош после породувањето
1.10.2009 12:12:37   
nelka
иако се породив со царски никој не ми помагаше освен мм.мајка ми беше првите 10 дена,свекрва ми како да е на некој друг детето а не од нејзиниот син и снаа.таа си го гледа својот живот.така јас со мојот маж се грижиме за нашето мало ангелче...а другите кога ке се свестат,ама ако некогаш се свестат ке им биде криво...но тоа е.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Помош после породувањето
1.10.2009 12:16:59   
Еца
Помош, па бидејќи живеам во заедница кога свекрвата е дома таа прави ручек, на пример, тоа е сепак помош, инаку околу децата, бањање, перење, пеглање, па се сама си правев. Е кога свекрвата е на работа тогаш мм  прави јадење. Колку толку и тоа е помош. Е сега за Мила кога имам работа ја оставам на свекрва ми по еден два часа и тоа го сметам за помош. Инаку мое дете мои обврски, барем јас така мислам.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nelka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Помош после породувањето
1.10.2009 12:34:08   
mother 29
ако ти помагат после низ нос ке ти го извадат.затоа мое мислење е  ....сам па с`глам.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Помош после породувањето
1.10.2009 13:43:48   
Tanjicka
iako se porodiv na 6 septemvri i seuste sum taze mamicka, jas sve pravev sama , zaedno so mm neli, od pv den go banjavme, mm bese na odmor pa toj pravese rucek bez problem , a tret den vratena od bolnica jas doma pravev generalka, hahahaha, bas sum luda, ali nesakam nekoj drug da mi cepka po doma

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Помош после породувањето
8.10.2009 15:48:10   
mami
се породив природно нели...за 3 дена си дојдовме дома, првите 5 беше мм дома и се што ми требаше ми помагаше, а после тоа кога тргна тој на работа и реков на свеки дека нема потреба да зима одмор за да седи со мене, ниту пак мајка ми беше цело време- ке дојдеше на 2-3 часа, ке го подржи Лука и толку, се сама си завршував и јадење и перење, пеглање буквално се...и мислам дека е многу важно кога од почетокот ке си бидеш сам без помош- освен нели ако ептен не ти е потребна- зошто помошта нема да биде тука секој ден и тогаш кога ке си отиде тебе ке ти биде уште потешко,а  вака додека е бебушот уште мали не прави проблеми полесно ке се навикнеш и ке си поставиш рутина

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Помош после породувањето
9.11.2009 15:48:35   
profesorica
имав помош и од мм и од свекрва ми и од мајка ми, откако се породив мм беше на одмор 2 недели па доаѓаше свекрва ми неколку недели па мајка ми, потоа веќе можев и сама.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Помош после породувањето
9.11.2009 16:17:17   
nadica
Na pocetokot dve nedeli svekrva mi bese na odmor pa taa bese zadolzena za rucek i banjanje a se drugo pravev jas (perenje peglanje cistenje po doma ...) otkoga se vrati na rabota jas i toa go pravam so zadovolstvo a pomos imam i sega od svekrva mi i svekor mi tie ja cuvaat keeka mi i si igraat so nea a jas gi zavrsuvam domasnite raboti :)

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Помош после породувањето
27.11.2009 10:50:46   
tea
Sakam da mi pomagaat ama koga ke mi bide potrebno i kolku ke mi bide potrebno.  I da mi pomagaat a ne nekoj drug da se grizi celosno za deteto.Nesakam taa pomosta da ja svatat deka treba da mi go gledaat deteto, sakam kolku sto moze poveke so mm sami da se grizime za bebusot. Pomosta e dobredojdena ama do odredeni granici. Ne sakam mnogu nepotrebni soveti  i mesanje. Pa ke vidime kako ke bide.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Помош после породувањето
27.11.2009 11:03:07   
tea
Sakam da mi pomogaat ama koga ke mi bide potrebna pomos i kolku ke mi bide potrebna pomos. Nesakam nekoj drug da mi se grizi za deteto. Ne sakam nikoj da svati deka ako mu se dozvoli da pomogne deka so toa mu se prepusta celata griza. Sepak grizata za decata e na roditelite. Sakam kolku moze poveke jas i mm da se grizime za naseto dete. Sekoja pomos e dobredojdena ama do odredeni granici. Nesakam pomosta da bide mesanje i nepotrebni "soveti". Roditelite mislam deka znaat sto e najdobro za nivnite deca kolku i da se mladi i neiskusni. Pa ke vidime kako ke bide.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Помош после породувањето
27.11.2009 11:20:45   
BEBICA
Jas imav ogrooomna pomos i od mm i od svekrvami i do majka mi.Otkoga izlegov od bolnica mm go zede celiot odmor 30 rabotni dena, toa snaci skoro 2 meseca mi bese doma.user posted image user posted image
Isto i svekrvami zede prvite dve nedeli i doagase da me ispere ispegla i sekoj den rucek ni nosese.
E koga mm trgna na radota dojde majka mi 3 nedeli i ona istoto kako sveki perenej peglanje rucek pravenje.A okolu Monika samo jas , dovolno e sto oni po doma sve sreduvaa.Normalno od merak na ednata i drugata baba im dadov da ja izbanjaat Monika nekolku pati a i asistiraa zaedno so mm.
I da nezaboravam na sveki sum i mnoogu blagodarna posto koga zaglaviv vo bolnica Monika mi ostana doma a imase samo 9 dena i ona i perenje i peglanje i rucek spremanje i banjanje na Monika i hranenje se zaedno so mm posto jas 5 dena bev vo bolnica.
Togas sakase i majka mi da dojde no nemase potreba posto oni mnogu dobro se zavrsuvaa a jas na sekoi pola saat samo im dosaduvav.Normalno srce ne me drzese tek porodena a razdelena od bebeto, toa ne bi sakala nikoj da go dozivee, pekol imav i kosmari i se ubiv od placenje.
No toa pomina vo najdobar red, a na sveki edno gooolemo BLAGODARAM kako i mna majka mi.
Nesmeam da se zalam imav pomos na raspolaganje, na pretek.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Помош после породувањето
3.2.2010 19:09:28   
ripce
На новите мајки им е потребна помош

За многумина светот комплетно се менува тогаш кога бебето ќе се роди. Но, мајката се наоѓа во најлошата кондиција во нејзиниот живот. Емоционално се е слично. Но телото на мајката се сеќава на непријатноста во доцната фаза од бременоста што предизвикала лишување од добар сон дури и пред породувањето воопшто да почне. Бремената жена можеби и немала доволно сон во последниот месец и повеќе пред породувањето. За жената што се породува со само 3 часа константна болка и напрегање, се смета дури и дека имала чудесно кратко породување. Осумнаесет до 20 часа и не е невообичаено траење на едно породување, а се случува и подолго од 24 часа. Не треба да се изуми дека сето тоа и се случува на жена што претходно имала проблеми со сонот. Во многу семејства од нашата средина жената се уште се смета задолжена за готвењето, па ако таа поради бременоста мора да мирува и не може да готви, веројатно е дека и исхраната и била несоодветна. Митовите за мајчинството придонесуваат општеството да очекува од жената да стартува со таква кондиција и да издржи напор во текот на следите месеци. Дури и кога сопругот е подготвен да помогне, потребата за доење на бебето постојано го нарушува сонот на мајката.

Модерното општество очекува од жената да продолжи со радост и елан, наместо да биде исцрпена и дури имплицира дека таа е губитник ако побара помош. Тоа е нерационално, но и сурово. Како што секој родител знае, првиот пат кога бебето ќе спие цела ноќ тоа е навистина посебен настан и олеснување. Спиењето цела ноќ се уште може да биде реткост што се случува одвреме-навреме. Од друга страна, човековото тело бара целосно надоместување за секој еден час спиење што бил изгубен. Плашењето од овој енормен дефицит на сон може да трае со месеци. Решение на проблемот постои. Бебето бара константно внимание. Но, неразумно е да се очекува мајката да одговори на сите негови барања. На мајката и е потребен сон, одмор и обнова на силата.

Затоа се јавува како неопходност потребата од помош од роднините и пријателите. Тоа е токму она што одамна го знаеле и применувале нашите предци. Потребите на мајката, како и на новороденчето, се медицински докажани. Сепак, понекогаш како да се превидени од општеството. Ова посебно се однесува на самохраните мајки, кои ја немаат помошта од сопругот, а честопати ниту од неговото семејство. Понекогаш тие се отфрлени дури и од сопственото семејство.

Но дури и во семејства во кои бебето има два родитела, понекогаш се губи од вид потребата од помош. Таткото, воден од потребата да биде "снабдувач", оди на работа, се труди да заработи што повеќе, работи прекувремено. Мајката, која често е сама со бебето, почнува да манифестира знаци на стрес. Во оваа ситуација околината често настапува со мислата: "Што се случува? Па таа треба да чувствува радост и исполнетост".

Така мајката сега чувствува вина, а не само изнемоштеност. Постои уште еден проблем. Се уште нема доволно сознанија за влијанието на бременоста и породувањето врз жената. Големите хормонални промени што се случуваат во овој период кај некои жени имаат само благ ефект, а кај други дури би рекле и опустошувачки ефект. Зошто постои таква разлика во реагирањето - не е познато. Но сигурно е дека не се работи за моралниот лик на жената или за нејзината "вредност". Се работи за биолошки факт дека некои жени страдаат повеќе од другите. Должност ни е да го прифатиме тој факт, а не да им судиме на мајките. Ако ја обезбедиме помошта што им е потреба на мајките, тогаш ние им помагаме и на нивните деца.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Помош после породувањето
3.2.2010 19:19:14   
Палешка РР
Мајка ми зеде одмор и доаѓаше до 40 дена. Ја бањаше Миа и ми погагаше во домашните обврски. Некогаш и преспивав кога беше тука.
Е сега ми е тешко без неа, ама цврц user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Помош после породувањето
3.2.2010 19:21:38   
melody
Jas imav mnoooogu golema pomos od majka mi no samo 18 dena i mnogu mi nedostasuvase koga se vrati vo Skopje.Maz mi isto taka mnogu mi pomagase megutoa odma sama si fativ red za site raboti i uspeav.Zatoa sto kerka mi bese prvo bebe(do togas koj mu mislel na toa) sto go fativ vo raka mnogu se plasev koga ostanuvav sama so neai neznaev sto kako pa zatoa maz  mi i majka mi si gi prasuvav i izlegov od toj nekoj strav.Znam deka nekolku veceri po red koga ke si legnevme maz mi mi zborese da ne se plasam deka taa e bebe i deka mnogu raboti se normalni ednostavno mi davase sekoja vecer potkrepa za denot da mi pomine podobro za sto sum mu mnogu blagodarna.Bez negi i bez majka mi nemase da uspeam za kuso vreme da naviknam na nea i da se oslobodam od stravot deka neznam kako so nea i deka site se podobri majki od meneuser posted image

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Помош после породувањето
4.2.2010 10:58:14   
Cacko
mene nikoj ne mi pomagase,sveki ide na rabota baska ne se ni ponudi da doaga ama se ponudi da mi najmi zena da mi pomaga,a ja budala ja odbiv,pamet za vtoroto ke si zemam zena,a ne vaka se raskostiv.majka mi i ona na rabota ,doagase samo 5 dena po nekolku saati i tolku.mm ima privatna firma i ne prestana da ide na rabota,stanbeniot kredit so doma sedenje nema da se isplati,taka da bez da zvucam ligavo gospod go vidov.so carski i bebe od 5 kg uste od 4 den sve sama si pravev pa zatoa imav i otoci kaj ranata i kaj dundata od sto digav tesko ali toa ti e,zatoa pamet za drugoto i za sekoj koj moze da si dozvoli,zemi si zena brate,pa da si se posvetite samo so bebeto,a ne da pukas,pa se nerviras pa places pa dzabeti e pa sve e isto samo bebeto ti e po voznemireno

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Помош после породувањето
28.4.2010 10:48:39   
Viktori
Никој не ми помагаше. Не ни викнав некого. Не сакам туѓинци да ми се мотаат по дома. Со син ми не ми ни требаше помош, ама малку проблематично ми беше со
ќерка ми затоа што син ми имаше 13 месеци, а со неа излегов веднаш од болница немаше ни 12 саати. А со најстарата ќерка ми беше ептен чудно, затоа што беше прво дете, а јас имав 20 години... ама и неа ја чував сама.
Јас мислам дека децата се на мајките, поточно нивна одговорност и разбирам дека во заедница свекрвите прават ручек, за да се чувствуваат корисниuser posted image , ама дома кај мене јас правам ручек, моја е кујната, мое е детето, моја е дневната и точка!
И не разбирам помош за што? Пелените се фрлаат, ручекот се прави на шпорет, а се припрема пола саат најмногу, машината ги пере алиштата, треба да се прострат само и тоа нека е 20 минути, а не е....



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Помош после породувањето
28.4.2010 10:58:53   
caci_27
lelle jas nemam iskustvo svoe posto mi e prvo dete i ke mozam so sigurnost da kazma odkako ke se porodam no sega za sega mislam deka najubavo e sama da si gi brkas rabotite i niz doma i vo obvrskata na decata  

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Помош после породувањето
28.4.2010 11:28:28   
Rossana
Mama doagase 20 dena i mi pomagase vo se vo vrska so Sara, Od kapenje, preslekuvanje pa se do menuvanje peleni. Sega doaga samo za kapenje, zaedno dvete ja kapime

(Одговор на членот caci_27)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Помош после породувањето
28.4.2010 12:32:32   
topce
имав помош пред се од мм со кој се договоривме да си го земе одморот кога ќе се породам и со мене и Анастасија беше 30 дена, а мајка му беше 15 дена. И така мм си научи се и да менува пелени и да успива и да пресоблекува и подоцна кога престана да цица и да прави храна за дете и нокти на рачињата да сече.
Мене најголема помош ми беше што навечер јас спиев ,а мм дежураше првите 40 дена кога се доевме на секои 3 часа, па некој мораше мене и дете да не буди за да цица малото.Потоа си го фативме сами редот и искрено без разлика што сме во заедница сепак јас и мм си го гледаме детето затоа е и многу врзана за нас.Секаде си ја носиме и зиме и лете, ја остававме и на бабите да ја причуваат ама тоа е ептееееееен ретко на една рака не може да се изброи.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Помош после породувањето
28.4.2010 12:39:50   
Rossana
ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

имав помош пред се од мм со кој се договоривме да си го земе одморот кога ќе се породам и со мене и Анастасија беше 30 дена, а мајка му беше 15 дена. И така мм си научи се и да менува пелени и да успива и да пресоблекува и подоцна кога престана да цица и да прави храна за дете и нокти на рачињата да сече.
Мене најголема помош ми беше што навечер јас спиев ,а мм дежураше првите 40 дена кога се доевме на секои 3 часа, па некој мораше мене и дете да не буди за да цица малото.Потоа си го фативме сами редот и искрено без разлика што сме во заедница сепак јас и мм си го гледаме детето затоа е и многу врзана за нас.Секаде си ја носиме и зиме и лете, ја остававме и на бабите да ја причуваат ама тоа е ептееееееен ретко на една рака не може да се изброи.



Kolku ubavo user posted image Bravo za tvojot maz, mnogu e ubavo mazot da moze da ti pomogne. I mm mi pomaga ama sepak ne e toa toa, ja pricuvuva koga treba da odam nekade i toa trcam za da si dojdam poveke od 2 casa najmnogu da ne se zadrzam, jas mu go prigotvuvam mlekoto i mu go ostavam potoa toj i go dava, i ponekogas koga sum izmoremna i mnogu mi se spie, a Sara place, nesaka da spie za ziva glava mm ja seta niz soba i pee, dusa mala pa kako mu se smee na tatko i koga i peeuser posted image user posted image A da menuva peleni neznae, mozebi da proba ke nauci ama stoznam nekako ne mi se veruva. Uste ednac bravo za tvojot mazuser posted image user posted image user posted image . Pozdrav do nego

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Помош после породувањето
5.7.2010 11:20:32   
Martins mom
Помош после породувањето немав, тоа беа повеќе "наредби"и солење памет што да правам отколку помош (од страна на дотичната, ама за среќа сама се избрка). Мајка ми живее далеку од мојот град, така да на нејзината помош воопшто не рачунав, мм е цел ден на работа...
Сега сум скрос сама, нема кој ни да ми го земе пола саат детето во раце, ама сум психички посмирена, порелаксирана, посреќна и супер се снаоѓам и со домашните обврски и со user posted image ...
Само морам да и кажам фала на золва ми...таа ми помага кога може (го држи малиот, го занимава дури јас вршам некоја работа) и се гледа дека го прави тоа од срце...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Помош после породувањето
16.7.2010 14:26:30   
Џесика
Јас кога се породив, едвај ја премолив мајка ми да седи кај нас, неа едно незгодно, знаете како секоја мајка од свекрва... 10 дена доаѓаше, ама мораше да оди и кај сестра ми, пошто она се породи 2 месеца пред мене, и мајка ми се збудале, де кај неа, де кај мене... не ми требаше толку физичка помош,колку што ми требаше само нечие присуство, ме дрмаше паника да останам сама со бебето... на 15 дена веќе се сама си правев... свекрва ми не ја наметнуваше нејзината присутност, не сакаше да се меша... 

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Помош после породувањето
25.7.2010 14:48:49   
Sandric
MEne maz mi mi pomaga prmnogu, duri se butkame koj da go presoblece bebeto :)))
Babite sakaa da doagaat ama jas kulturno gi otkaciv i sega doagaat preku eden den najizmenicno , da zaperat ili zapeglaat nesto ako ima ili da se zacisti malku.
Denes sum deset dena porodena i veke se osekam odlicno , taka da poubavo mi e koga sum si sama po doam odkolku da mi se motaat luge.
KE vidime za ponatamu zdravjeuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?