|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Цвеќе во домот
13.5.2012 9:38:38   
Snowhite RR
Јас моментално немам ниту едно цвеќе дома и тоа ми фали, е сега пошто не се разбирам многу, многу од цвеќиња, да не барам по интернет, ако некоја од вас е голем њубител на цвеќина, ако може да ме советува, какво цвеќе да засадам, кои можат да издржуваат со помалку светлина, на кои им треба повеќе, на кои им смета студот, на кои сонцето, кое можам да го пресадам од гранче или пак дали ги садите од семе на пример и слични совети.
Имав додуша еден бенџамин, ама некако никако не сакаше да потера, две години само така стоеше и мм пред некое време го откорнаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Цвеќе во домот
13.5.2012 13:57:43   
Pepelaska *
Мајка ми и татко ми обожаваат цвеќиња, порано дневната ми личеше на шума, џунгла, не знам , имавме фикус, адами еви едно како палма,кали, дрво на животот и незнам уште што.Сега имаат помалку, ама колку што знам јас мајка ми си сади љубичици и си ги чува во кујна , мислам дека не им треба многуи тинтрање, во мали саксии и се и многу се лични.Ај ќе ја препрашам па детално ке ти кажам.
И јас сакам цвеќе, некако ми е поблиску природата, сега посадивме сардели , арни се сега засега, а дома овде имаме само едно цвеќе незнам како се ввика расте како дрво.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Цвеќе во домот
14.5.2012 10:04:53   
Natuska85
Јас дома имам многу кактуси кои зимно време ги чувам дома,летно на тераса налиuser posted image ,некои од нив цветаат и се многу убави расцветани.На тераса имам и две борчиња и една дрво живота мислам се вика не сум сигурна,ама убаво големо цвеќе е.Други цвеќиња немам user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Цвеќе во домот
3.7.2012 11:46:38   
Annet
na ovaa tema ke kazam deka mene eden paprat mi ovena i eden bambus mi se skapa,za drugo cveka ne ni imam,oti neznam da go odgleduvam.............................za greotauser posted image

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Цвеќе во домот
2.8.2012 22:37:34   
Natuska85
Ми се исушија борчињата на тераса.Преска прашав на пазар цвеќар еден ми вика не сум им ставала вода доволноuser posted image ,ми понуди едно ѓубриво ама не ми гарантира дека ќе пркнат од тоа..Некој да не знае некој лек за борчињава мои?user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Цвеќе во домот
4.8.2012 14:10:12   
Maca25
јас оваа година не насадив никакво цвеќе, затоа што по цел ден не сме дома и стално ми овенуваат, и после ѓубре ми прават на тераса.
Натушке, пробај со ѓубривото. знам дека татко ми си спаси некои дрвца во двор со некое ѓубриво од пазар купено, ама ќе треба да го прашам како се вика.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Цвеќе во домот
4.8.2012 16:04:50   
Bogdancanka
imam dosta cvekinja doma obozavam, arno ama edno cveke neznam ni kako se vika nemozam nikako da go trgnam de zemja mu menam de saksii mu menam ,pa go setam od hodnik po skali i nikako da trgne ke dade eden list drugiot go susi sto mu fali pojma nemam

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Цвеќе во домот
4.8.2012 22:19:04   
maki1
Cveke doma i nemam ,ama zato ana terasa imam mnogu.Obozavam terasi so mnogu cvekinja i ubavo iredeni.Fala Bogu ovde vremeto i do noemvri zane da bid eubavo za d ase sedne i da s eispie edno kafence,pa taka preku cela zima si imam cvekinja i gi obozavam>

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 13:25:10   
Pepelaska *
Си добив фикус, дрво на животот и кала, многу се убави и дефинитивно го разубвавуаат домот, само да не ги исушам ,user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 16:00:08   
Barbicki2
Obozavam cvekinja,samo ne sakam so cvetovi,zosto im pagaat treba nonstop da sobiram,imam drvo na zivotot golemo,od malo si go rastam,imam pomalo od nego,palmi razlicni,kaktus,fikusce,isusov venec,i dr neznam kako se vikaat,imam okolu 10,gi obozavam,posebno drvoto na zivotot mi ja krasi sobata.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 16:36:26   
Snowhite RR
Леле јас се уште немам ниту едно цвеќе и тоа само заради тоа што не сакам со цветови, туку сакам дрвца, ама сега решив да си купам едно-две помали за дома, за зимава, топло ни е дома, не верувам дека ќе ми замрзнат, ај дајте ми предлог какво да си купам или да побарам за пресадување

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 16:40:51   
taci83
jas obozavam cvekinja sega si posadiv aloe vere velat teka dobo e vo domot da de ima aloe i sum slusnala deka se cuvaat vo kujna ili vo kopatilo

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 16:53:27   
Cipi Ripi
Јас имам Христов венец. Трета година му е по ред како го насадивме, па се надевам идниот Велигден ќе ми роди цветови. Раѓаат прекрасни цветови.

(Одговор на членот taci83)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 17:43:54   
Barbicki2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Јас имам Христов венец. Трета година му е по ред како го насадивме, па се надевам идниот Велигден ќе ми роди цветови. Раѓаат прекрасни цветови.

Cipi ripi prekrasni se cvetojte,kako plasticni,ke im se iznagledas i iznacudis,ama brzo pagaat

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 18:14:57   
Нивеа
бааги цвеќенца имам дома,фикуси,љубичици,бонсаи, сега р'там бонсаи user posted image и една мандарина хихихи
но многу ме заинтересиравте со ова Христов венец...би сакала да си го имам во домот!!!

_____________________________

Do not go where the path may lead; go instead where there is no path and leave a trail.

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Цвеќе во домот
3.11.2012 21:10:01   
Natuska85
ИЗВОРНА ПОРАКА: taci83

jas obozavam cvekinja sega si posadiv aloe vere velat teka dobo e vo domot da de ima aloe i sum slusnala deka se cuvaat vo kujna ili vo kopatilo


Прв пат слушам за цвеќе што се чува во купатилоuser posted image

< Поракaта ја уредил Natuska85 RR -- 3.11.2012 21:13:29 >


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот taci83)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Цвеќе во домот
4.11.2012 8:01:11   
Bilence2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Barbicki2


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Јас имам Христов венец. Трета година му е по ред како го насадивме, па се надевам идниот Велигден ќе ми роди цветови. Раѓаат прекрасни цветови.

Cipi ripi prekrasni se cvetojte,kako plasticni,ke im se iznagledas i iznacudis,ama brzo pagaat


I majka mi ima isusov venec, letovo i procveta i cvetot bese neverojatno ubav a kako sto velite ko plasticen. Celiot bese so zvezdicki vo forma na kaleidoskop so sekerni crveni violetovi boi, duri imase izgled ko da ne e od ovaa planeta. Nemam slika da vu pokazam, ne sum videla nesto tolku posebno, prirodno a sepak mu se cudite kako moze da izgleda tolku vonzemski:)

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Цвеќе во домот
4.11.2012 10:36:31   
Cipi Ripi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2


ИЗВОРНА ПОРАКА: Barbicki2


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Јас имам Христов венец. Трета година му е по ред како го насадивме, па се надевам идниот Велигден ќе ми роди цветови. Раѓаат прекрасни цветови.

Cipi ripi prekrasni se cvetojte,kako plasticni,ke im se iznagledas i iznacudis,ama brzo pagaat


I majka mi ima isusov venec, letovo i procveta i cvetot bese neverojatno ubav a kako sto velite ko plasticen. Celiot bese so zvezdicki vo forma na kaleidoskop so sekerni crveni violetovi boi, duri imase izgled ko da ne e od ovaa planeta. Nemam slika da vu pokazam, ne sum videla nesto tolku posebno, prirodno a sepak mu se cudite kako moze da izgleda tolku vonzemski:)


Точно така барбички и биленце, раѓа волшебни цветови. Мајка ми отсекогаш имала Христов венец и секоја година и раѓа цветови, и моментот кога ќе процути колку сме се радвале....или пак кога го очекуваме да процути и само ѕиркаме, и ако видиме цвет радости сме по дома.
Е сега викаат доколку го пресадиш, како што мајка ми ми пресади за да имам и јас, раѓа цветови после 3 години(или Велигдена) Со срце му се радувам да ми роди цветче догодина user posted image

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Цвеќе во домот
2.3.2013 19:56:16   
SandraRo
Здраво на сите рр сакам да ве прашам дали знаете некоја страна каде можам да прочитам за цвеќињата како кога се садат кој месец и сл работи значи за сите цвеќиња фала однапред позз

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Цвеќе во домот
2.3.2013 20:24:22   
Felly RR
Бидејќи не е дозволено да се поставуваат надворешни линкови - од други страни, добро би било информациите кои ги имаме на оваа тема да ги споделиме тука, без да ставаме линкови.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот SandraRo)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Цвеќе во домот
3.3.2013 10:22:52   
Pepelaska *
Најчести грешки при одгледување на цвеќе

Љубителите на цвеќе кои го одгледуваат во својот дом често несакајќи прават крупни грешки. Многу циклами, примули, бегонии, фикуси и други растенија угинале од преголемо ”внимание” на домаќинот. Основна и најчеста грешка е неумереноста, во прв ред при поливањето на цвеќињата. Последиците од ова појава најмногу ги чувстува собното саксиско цвеќе, кое е потполно зависно од човековата нега.

Во лето, кога растенијата се во полна вегетација, кога ќе настапат горештините и воздухот ќе стане сув, цвеќето во соба во многу често добива премалку вода. Особено кога ќе настапат годишните одмори, многумина се тешат дека растенијата во природата се изложени и на многу потешки непогоди. Притоа се заборава дека одгледувањето на цвеќиња во саксија е вештачки и насилен метод. Затоа во многу случаи растението во собата и покрај сето внимание не напредудува, а кога ќе се извади надвор, по определено време тоа се опоравува и расте. Ова значи дека растението во природата пронашло попогодни услови за сопствен развој од оние кои ги имало во собата.

Во зима често се оди во друга крајност. Надвор е негостопримливо и студено време, луѓето многу повеќе се во домот и тогаш ја изразуваат сета своја грижа кон цвеќето со прекумерно полевање. Меѓутоа на многу растенија во зима им е потребно мирување, па не можат да трошат толку вода колку што добиваат, поради што почнуваа да трулат нивните жилички. Големата топлина предизвикува буен раст, но младите гранчиња и листови се крти поради недостаток на доволно светлина и свеж воздух, а со тоа стануваат жртви на штетници и болести.

Растенијата се живи суштества и со нив не треба да се постапува како со некоја машина. Кај растенијата постојат значителни разлики, како индивидуални, така и во поглед на видот и сортата и на ова мора безусловно да се обрне внимание. Растението никогаш нема да се придржува на некои правила, туку правилата треба да се прилагодуваат спрема него. Еве неколку упатства за правилна нега на цвеќето во зима:

1. Одвоете го целото собно цвеќе во две групи: цвеќе кое не поднесува големи температури преку зима и на цвеќе кое поднесува такви температури. Студени, односно млаки простории се наменети за поголемиот број кактуси, аукарии, сансеверии, циклами, примули и амарилиси; топлите соби се за бегониите, аспарагусите, филадендроните, палмите и фикусите.

2. И во топла и во студена просторија на растенијата им е потребно што повеќе светлина и доволно свеж воздух.

3. Провевот и наглата промена на температурата им штети на растенијата. Затоа не е добро саксиите да стојат директно на даската пред прозорецот каде што секогаш струи студен воздух. При проветрувањето сталакот со цвеќе треба да се оддалечи од прозорецот или да се покрие со хартии.

4. Цвеќето не смее да се става во близина на печка или радијатор.

5. Зиме цвеќето не треба да се полева додека земјата во растението сеуште е влажна.

6. Никогаш цвеќето не треба да се полева со студена вода. Температурата на водата треба да биде еднаква со температурата на просторијата. Се препорачува после секое полевање да се наполни кантичка вода и да се остави во близина на цвеќето до следното полевање, за да водата биде загреана од воздухот околу цвеќето.

7. Растенијата во студената просторија треба поретко да се полеваат и многу помалку отколку оние во топлата соба. Во редовно загревана соба треба да се полеваат еднаш неделно, а во студената соба доволно е два-три пати месечно. Многу тешко е да се одреди што значи многу, а што малку и кога треба односно не треба да се полева. Сепак може да се каже дека земјата треба да биде малку влажна, што најдобро може да се утврди со опипување со прстите или според звукот на саксијата; ако саксијата испушта јасен звук значи дека земјата во неа е сува, а ако одзвонува со пригушен звук земјата е мокра.

8. Кога времето е облачно, цвеќето треба помалку да се полева, а кога е сончево треба повеќе.

9. Растенијата кои растат или цветаат треба да се полеваат пообилно од оние кои мируваат или прецветале.

10. При полевање треба да се внимава водата да не се истура во средината на саксијата, туку близу до нејзините рабови. Ако приземните листови на некое растение ја прекриваат земјата, мора со другата рака да се подигнат и под нив да се истура водата, бидејќи токму овие растенија во средината трулат.

11. Треба да се настојува и воздухот околу растението, доколку е можно, да биде доволно влажен. Сувиот воздух е погоден да се појават разни штетници на цвеќето, а особено црвениот пајак. Затоа потребно е воздухот почесто да се влажи со распрскувачи, а на печката или на радијаторите да се ставаат садови со вода. Во студена просторија не треба да се прска и создава влажен воздух, а во топла тоа треба да се прави почесто.

12. На растенијата им годи чистотијата, па затоа листовите треба почесто да се мијат со млака вода.

Извор: Се за домот

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Цвеќе во домот
3.3.2013 15:42:20   
gina
zdravo na site i jas sum golem ljubitel na cvekinja sega doma momentalno gi imaam filadendron,palma.aloe vera.fikus, si imav i drug ama toj ne preziveauser posted image sheflera site lisja mi gi pusti se nadevam deka ce mi potera, ljubicici,detelina crvena i zelena, tri jatrvi....i sega odvaj cekam da se stopli da si posadam saksiski za na tarasa, nadvor imam lalinja .od maleckite trendafilcinja kokicinja i mn.dr no za zal nemam mnogu uslovi za domasnite kade da gi cuvam imam pecka i vo blizina mi se tolkav mi e prostorot i zatoa mozebi mi gi pustaat listovite a imam i kaktusi 4 godini kako gi imam i uste ne mi se ravcuteni se nadevam godinava da cvetaat, imam i kali i drvo na parite.....

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Цвеќе во домот
3.3.2013 16:22:47   
deluxe
Jas apsolutno sum antitalent za cvekinjauser posted image user posted image ako ne e sveki ,ke zaboravam kako izgleda cveke.Nz zosto ama ete zaboravam da go navodnuvam i ke si se isusiuser posted image zatoa sveki ima cela cvetna gradina hehehehehehehe

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Цвеќе во домот
3.3.2013 17:55:51   
SandraRo
Јас сакам да одгледувам цвеќиња под оранжер е сега на пример сакам да одгледувам разни видови на цвеќе ај напошете ми некои интересни видови цвеќе и кога точно се садат и се тоа што е важно за нив позз

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Цвеќе во домот
7.3.2013 21:52:59   
gina
eve nesto za fikus za onie koj sakat da posadat i nekoj drug moze da mu e od koristuser posted image

Фикусот е препознатлив по своите големи зелени листови. Тоа е растение со темнозелени елипсести или прошарани крути листови, разделени на 7-9 делови и се наоѓаат на долги стебла.

Потекнува од тропските области на Азија.Може да се користи како бонсаи (Ficus retusae, F. microphylla, Бенџамин, F. salicifolia). Fikus се препорачува за млади почетници во растењето на бонсаито.

Потребно е да се обезбеди доволно топлина и доволно влага. Во лето треба да се залева 2-3 пати седмично, додека во зима приближно на секои 5-6 дена.

Во пролет и во лето, на секои 2 седмици, во водата за залевање додајте течно ѓубриво за лиснати растенија. Што се однесува до температурата треба да биде во границите и да не ги надминува помалку од 10 ° C. Може да издржи многу високи температури, но под услов да се обезбеди доволно количина на вода. Сака влажна земја, но повторно мора да се порозни. Ова може да се постигне кога со садењете во контејнер се стави малку песок и мувла.
Ова растение има потреба од светло, но да не се изложува директно на сонце, а сепак да не биде во сенка. Од прозорецот најдобро е да биде одалечено на 1-2 метри. За да се добие убав грмушкест изглед, потребно е во рана пролет да се подреже за да протераат што повеќе ластари. За најдобро растење треба да поставите стап за кој ќе ја заврзете, со цел да има потпора и да расте право, особено доколку светлото доаѓа некаде од страна, бидејќи ќе се свитка барајќи извор на светлина.
Се размножува со помош на резници кои е потребно да се држат во вода за да потераат коренчиња и потоа да се пресадат во земја. Може да се пресадува секоја втора година.

(Одговор на членот SandraRo)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?