Octavia
|
Темава е за . Ама сите не иритираат такви луѓе, признавам. Јас едно време почнав да се секирам што е со нас работава, на пр син ми учи, солиден е, ама јас мора да помагам или во најмала рака да го контролирам. И кога почнаа муабетите „Јас не знам ни што учи моево во школо, се само си работи“ или „Не сум ни прашал/а што имаат за домашна, не па да седнам да помагам„ искрено почнав да си викам дека детево мое не успева да држи чекор со негова генерација, сите прават се сами, ние мора со убедување и со контрола да постигнеме некој резултат . Почнав да сфаќам што се случува (а мора плава да се фарбам сериозно, премногу верувам, а тешко ги сфаќам луѓево) кога зборев со една другарка, генерација ни се децата, и се пожалив дека тешко стигнувам се, плус детево си бара внимание и ми вика „А бе сите најдобри се на работа, дома чистат по 6 пати дневно прашина, а децата им учат сами и никогаш помалку од петка немаат. Освен ако не им појдеш дома ненајавено“ . Еве вика, ти кога се јави дека идете, бутнав непегланите алишта во плакар, инаку чекаа за пеглање надвор. И избришав прашина пошто од пред 2 дена немав стигнато да избришам, а пуштив и усисивач да соберам трошките од ручек, а може да чекаа и до утре, искрено. Е така се сите тие големи домаќинки, ама не признаваат. Сите исто прават, ама ние сме блиски, па си кажувам, да ми дојдеше некоја друга, може и јас филмови ќе правев “ Исто и една постара жена убаво ми кажа, не ја ни знам, ама се замуабетивме нели со деца надвор, и јас викам Моево вака онака, за јадење, за ова, за она... сите ми зборат нивните вакви биле, такви биле... а таа ми вика „А кој ти брани тебе да збориш исто? Будалче, тие зборат, збори и ти, мислиш па тие кажуваат како што е“ Се изнасмеав тогаш, ама во право била женава. Ама Многу ме нервира кога баби/ дедовци ќе почнат „На Петко внукот јадел 5 киви секој ден, нашиов зошто не јаде?“ или „Петкана што убава работа си нашла, сама бе, сама си трча, ене во министерство ја примија на оглас...“ и сите слични муабети кои меѓу редови значат „Е како ти/вие не можете (или не сте способни)...“ Тука станувам .
|