|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Невидливо пријателче
1.10.2009 11:34:16   
big_mama817
дали вашите деца имат невидливи пријателчиња јас во последно време нешто такво забележувам кај син ми какво е вашето искуство со ова

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.5.2012 13:39:09 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: невидливо пријателче
1.10.2009 11:41:56   
ivche
Брат ми кога беше мал имаше замислено другарче - зајче, му стоеше во WC и кога одеше во WC си правеше муабети со негоuser posted image . Тоа му беше некој период сега е возрасен и има најнорнални другари и најнормални врски и со другарите и со девојки, сакам да казам не му влијаеше на психичкиот развој.
А моето кукличе има една кукла што ја влече секаде со неа, уште е мала за замислени другарчиња

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: невидливо пријателче
1.10.2009 11:44:29   
profesorica
леле мал е Дамјан за ова ама интересно би било да го гледаме како разговара со невидливо пријателче.user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: невидливо пријателче
1.10.2009 11:49:37   
Еца
Па повеќето деца поминуваат низ ваков период, јас Мартина се уште не сум ја приметила да зборува со некое невидливо пријателче, но затоа, обавезно зборува т.е им зборува на куклите и демек тие и зборуваат, на свое прашање сама си одговара.user posted image Така кога си игра ми е многу интересна.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: невидливо пријателче
1.10.2009 21:34:59   
pericka
pa normalna pojava e toa

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: невидливо пријателче
2.10.2009 9:46:39   
niki
Е убаво што ја отвори темава. Јас си пишав еден пост некаде на форумов, во цртани филмови или нешто слично, ама никој не се јави со одговор.
Во последно време керка ми многу имитира ликови од цртани. Е сега одвреме навреме зборува со некој Буцко, незнам дал е дете или куче или нешто друго. Го зима во раце, го гушка, го води за рака, го вика... Најчесто со Буцко си игра кога е сама а јас сум зафатена со куќни работи. Ја потпрашувам кој е тој Буцко, ама е мала за да ми даде релевантен одговор. Многу е веројатно да е лик од некој цртан, арно ама јас не сум го начекала никогаш да го видам на ТВ. Интересно е да ја гледаш, но од друга страна ме загрижува.
Биг мама кое е твоето искуство, кога веќе ја отвори темава, ајде малку поопширно.

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: невидливо пријателче
3.10.2009 11:37:55   
niki
 
Еве еден текст кој го најдов на интернет за темава


Родителите многу ретко ги загрижува замислената игра на нивните деца со кукли и играчки. Но кога ќе го фатите вашето дете активно да комуницира со никого или ништо, тогаш почнувате да се грижите дека можеби нешто не е во ред.

На околу две и пол години децата често создаваат замислен пријател. Некогаш дури ќе создадат и цела група на замислени пријатели. Иако некои луѓе, на ова однесување, гледаат како нешто необично, реалноста е дека две третини од децата имаат замислен пријател во некој дел од нивниот развој, што укажува на тоа дека е сосема нормално однесување.

Најчеста предрасуда е дека само осамени деца имаат замислени пријатели. Но, всушност, повеќето деца кои создаваат измислени пријатели доаѓаат од семејства полни со љубов и имаат пријатели во градинка или на училиште. Децата создаваат измислени пријатели бидејќи се обидуваат да воспостават контрола во нивниот живот. Вашите деца неможат да одлучат дали да одат или не во градинка и нивните пријатели не секогаш сакаат да си играат онака како што тие сакаат. Но, нивниот измислен пријател секогаш ќе прави она што тие сакаат.

Додека некои луѓе сметаат дека измислените пријатели се составен дел од развојот на децата, проучувањата го имаат докажано спротивното. Многу креативните деца се способни да измислат и да ја одржуваат во живот сагата за измислената личност. Не изненадува фактот што истражувањата го покажале дека децата со измислени пријатели имаат тенденција да бидат покреативни, независни, среќни и кооперативни. И тоа е доволна причина да ги прифатите измислените пријатели на вашите деца.

Измислените пријатели не се само другари на вашите деца. Тие може да бидат заштитници, совест и емоционална подршка. Може да постојат самостално или да бидат придружени од цела група на други пријатели. Некои измислени пријатели се појавуваат секој ден, други само повремено. Може да бидат од женски или машки пол, животно или нешто друго. Може да имаат и надчовечка моќ, маѓични способности или смешен изглед.

Кога вашето дете доаѓа  дома со својот измислен пријател бидете добар домаќин и посакајте му добредојде. Но немојте да претерувате. Во ред е да поставите екстра столче на масата за ручек доколку сте сами, но ако имате покането пријатели или роднини тогаш е подобро пријателот да јаде на друго место бидејќи на масата едноставно нема доволно простор.

Дозволете му на вашето дете да ужива во својот пријател колку е тоа возможно, но имајте на ум дека вашето дете ја има контролата. Немојте да превземате иницијатива и да им кажувате што нивниот измислен пријател прави. Ова е нивни пријател, не ваш.

Доколку вашето дете ги префрла своите палавости на измислениот пријател, не превидувајте ја непромисленоста. Доколку детето го истурило својот ручек на под а го набедува пријателот, тогаш побарајте од детето да му покаже на својот измислен пријател како да го исчисти подот.

Исто така слушајте кога детето ви вели дека нивниот пријател е вознемирен. Често е полесно за детето да ви каже дека на неговиот пријател не му се допаѓа кога вие викате, отколку тоа самите да го изразат.

Со време, измислениот пријател на вашето дете ќе  исчезне, без оглед на тоа дали детето ќе го заборави или ќе одлучи да се врати дома, сепак е одлука на вашето дете. Најчесто измислените пријатели исчезнуваат до 5 или 6 години возраст. Пред и откако измислениот пријател ќе замине, можете да ја потикнувате детската креативност и фантазија читајки или раскажувајки приказни. Приказни со многу ликови и локации вистински можат да го заинтересираат детето. Дури можете да барате детето вам да ви раскаже приказна.

Иако измислените пријатели се нормален дел од растењето, некогаш може да укажат и на други проблеми. Доколку вашето дете нема други пријатели, почнало да се повлекува во себе и да изгледа несреќно тогаш посетете го вашиот педијатар и поразговарајте за однесувањето на вашето дете.

Модератор: Линкот е отстранет.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.5.2012 13:38:31 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: невидливо пријателче
5.10.2009 9:08:56   
big_mama817
во целост се сложувам со горе напишаниот пост на ники user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: невидливо пријателче
10.10.2009 21:47:46   
niki
Кај нас игриве со замислени пријатели почнуваат да земаат замав. Вечерва се бањавме и обично ја оставам некои 10-15 минути да се шлапка со играчките во вода. Но, наместо тоа, цело време си играше со некои замислени кученца, ги галеше, ги праќаше да дојдат кај мене, па потоа ги викаше да и се вратат, и демек и дотрчуваат па скокаат по неа, па им се радува, им се смееше, циркус жив. Ги фали колку биле добри кученца, убави и мили, фантазија без граници.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: невидливо пријателче
9.2.2010 13:06:08   
mother 29
ние немаме невидливо пријателче,ама големото мече ни е пријателче кога сме дома..на него му збори ,му ги покажува новите коли,го прашува дали ке ручка,го рани,му ставаме пелена итн....колку е смешен ,јас ке го прашам Марко ,сакаш мандаринка?а тој ке го праша мечето..мече, сакаш мандаинка?хехе и нормално сакатuser posted image

дали вашите деца имаат вакви омилени играчки со кои комуницираат?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 10:13:38   
Mihaela 2010
I jas ja imam primeteno M da si zbori sama so sebe,da raskazuva,da mavta so racete,i na toa gledam kako normalno,duri i mi e dosta simpaticno...Pred nekoj den setavme nadvor,i taa si zbori nesto si raskazuva,a nikoj nisto ne ja prasa...Lele mi vikam na mm detevo pocna samo so sebe da zi prai muabet...sigurno si e vo nekoj film,moze i da si ima zamisleno prijatelce...
Temava me potseti na eden fiml...Crkni Fred se vika,i vo detstvoto mi bese omileniot film,za taa edna devojka koga i se vrati izmisleniot prijatel od detstvoto i i pravese neprijatni situacii......

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 10:19:13   
Bjanka
I mojata princeza imase izmisleni prijateli, no tolku isceznaa posle 4.5 godini, a bese zabavno i so niv user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 10:31:40   
niki
Nasa posledna nevidliva prijatelka ni bese nekoja Holi, koja odese sekade so nas. Kerka mi vo kola ja kacuvase, simnuvase, za raka non-stop se drzea, sedese do nea na masa za rucek i ja hranese...
...i eden den iscezna, ednostavno ja snema, veke nema nevidlivi prijateli..... porasnavmeuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bjanka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 11:33:47   
Lokica1
I nie spagame vo klubot koj ima nevidlivi ili zamisleni prijateli i toa 3-ca, so niv razgovara na telefon, odi vo park, na gosti...i bas ni e zabavno doma, site gi znaeme is e del od nasata igra. :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 12:23:52   
Џесика
Моментално син ми си игра околу масичето и му се обраќа на „Маскин“ тоа е најверојатно Максим од градинка, и му вика „ааа Маскин, не може ова вака...“ user posted image па после има „Ева, фати се тука“ најверојатно само ги цитира учителките од градинка, и си ги ствара сам ситуациите во глава... повеќе не знаеме да збориме user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Lokica1)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: невидливо пријателче
11.5.2012 13:18:36   
nadica
N ima nevidlivo  (zamisleno) drugarce koe se vika Stefanija i so koja si igra po cel den, site kukli se vikaat Stefanija, site bebinja koi se na pat se vikaat Stefanija, ako nekogas imame zensko bebe ke se vika Stefanija,...
a nema nekoj blizok od nasata okolina koj se vika Stefanija user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Невидливо пријателче
11.5.2012 13:32:31   
Felly RR
М нема такво некое измислено другарче, ама често знае да „разговара“ со некој по телефон. - Чекај, мамо, ѕвони фонот. - Ало, дедо, шо паиш? Арен си? Мхмхмм... Мама лаботи несто, после це дојдиме. Чаоооооо.
А најчесто си игра со мечињата и бебињата и со нив си прави муабети, јас како што и зборувам нејзе: - Слушај, да ти кажам. Немој да фрлаш јадење. Немој. Не се фрла. Нема да фрлаш? или
ќе земе да го преслекува и - Леле мочано, лом, лом. Да те бришам. Сега периме ови алишта. Да ти кажам нешто, немој да мочаш. Нема?
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Невидливо пријателче
11.5.2012 13:45:15   
Pregnant
Кај мене поголемата ќерка сега е 5 ипол години, а пред околу 1,5-2 години имаше замислен пријател и го викаше Слепиот Лео. Појма немам од каде и дојде тоа, во тој период ги гледаше многу Малите Ајнштајни, па таму имаше Лео и веројатно си го зела од таму. Не стално, ама повремено ќе се стутка во некој ќош и ако ја прашам што прави викаше си играм со Слепиот Лео, или си мислам нешто за него. Сега веќе поодамна го нема споменато, сигурно си заминал user posted image Инаку таа е многу комуникативна и отворена, ама ете период бил.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Невидливо пријателче
30.5.2012 8:48:27   
Bile
Пред некој ден многу ме изненади помалата керќичка (2 години 8 месеци) ми вика мамо јас си играм со детето. Го прашувам со кое дете? Ми вика па еве го ( ми покажува до неа демек има дете) user posted image И така цело време си игра со него, ги дели играчките едноставно се однесува како навистина да има другарче до неа. Гледам дека не е ретка таа појава, читав овде но и разговарав со мајки и заклучив дека во одреден период од живото скоро секое дете има замислено другарче или невидливо пријателче. user posted image

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот Pregnant)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Невидливо пријателче
6.1.2013 23:17:40   
ivemace
Imame i nie.. edno vreme i za nego mleko spremav, so nego se banjase i mi viak mij go i Maio (taka mu se vikase drugarceto)... sega e pogolem.. sega zbori so devojka mu na mob (demek: jas mu zvonam od wc na mm i on mu vika Sara tebara, pa tuka pocnuvaat muabeti kao: eve zimam kolata idam tebe, ajde timni se ) user posted image

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: невидливо пријателче
24.4.2013 15:16:34   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

 

На околу две и пол години децата често создаваат замислен пријател. Некогаш дури ќе создадат и цела група на замислени пријатели. Иако некои луѓе, на ова однесување, гледаат како нешто необично, реалноста е дека две третини од децата имаат замислен пријател во некој дел од нивниот развој, што укажува на тоа дека е сосема нормално однесување.

Најчеста предрасуда е дека само осамени деца имаат замислени пријатели. Но, всушност, повеќето деца кои создаваат измислени пријатели доаѓаат од семејства полни со љубов и имаат пријатели во градинка или на училиште. Децата создаваат измислени пријатели бидејќи се обидуваат да воспостават контрола во нивниот живот. Вашите деца неможат да одлучат дали да одат или не во градинка и нивните пријатели не секогаш сакаат да си играат онака како што тие сакаат. Но, нивниот измислен пријател секогаш ќе прави она што тие сакаат.

Додека некои луѓе сметаат дека измислените пријатели се составен дел од развојот на децата, проучувањата го имаат докажано спротивното. Многу креативните деца се способни да измислат и да ја одржуваат во живот сагата за измислената личност. Не изненадува фактот што истражувањата го покажале дека децата со измислени пријатели имаат тенденција да бидат покреативни, независни, среќни и кооперативни. И тоа е доволна причина да ги прифатите измислените пријатели на вашите деца.

Измислените пријатели не се само другари на вашите деца. Тие може да бидат заштитници, совест и емоционална подршка. Може да постојат самостално или да бидат придружени од цела група на други пријатели. Некои измислени пријатели се појавуваат секој ден, други само повремено. Може да бидат од женски или машки пол, животно или нешто друго. Може да имаат и надчовечка моќ, маѓични способности или смешен изглед.

Кога вашето дете доаѓа  дома со својот измислен пријател бидете добар домаќин и посакајте му добредојде. Но немојте да претерувате. Во ред е да поставите екстра столче на масата за ручек доколку сте сами, но ако имате покането пријатели или роднини тогаш е подобро пријателот да јаде на друго место бидејќи на масата едноставно нема доволно простор.

Дозволете му на вашето дете да ужива во својот пријател колку е тоа возможно, но имајте на ум дека вашето дете ја има контролата. Немојте да превземате иницијатива и да им кажувате што нивниот измислен пријател прави. Ова е нивни пријател, не ваш.

Доколку вашето дете ги префрла своите палавости на измислениот пријател, не превидувајте ја непромисленоста. Доколку детето го истурило својот ручек на под а го набедува пријателот, тогаш побарајте од детето да му покаже на својот измислен пријател како да го исчисти подот.

Исто така слушајте кога детето ви вели дека нивниот пријател е вознемирен. Често е полесно за детето да ви каже дека на неговиот пријател не му се допаѓа кога вие викате, отколку тоа самите да го изразат.

Со време, измислениот пријател на вашето дете ќе  исчезне, без оглед на тоа дали детето ќе го заборави или ќе одлучи да се врати дома, сепак е одлука на вашето дете. Најчесто измислените пријатели исчезнуваат до 5 или 6 години возраст. Пред и откако измислениот пријател ќе замине, можете да ја потикнувате детската креативност и фантазија читајки или раскажувајки приказни. Приказни со многу ликови и локации вистински можат да го заинтересираат детето. Дури можете да барате детето вам да ви раскаже приказна.

Иако измислените пријатели се нормален дел од растењето, некогаш може да укажат и на други проблеми. Доколку вашето дете нема други пријатели, почнало да се повлекува во себе и да изгледа несреќно тогаш посетете го вашиот педијатар и поразговарајте за однесувањето на вашето дете.




Ние сме изгледа во некоја почетна фаза на другарување со замислено пријателче. Го забележувам одвреме навреме започнува муабет со некого, не му се обраќа по име, ама расправа со него некои реални ситуации..или го вика да си играат нешто, па му раскажува нешто или го кара дека нешто не смее да прави и сл. Ако го прекинам во муабетот со прашање со кого си игра, ми кажува некое дете од градинка. Ако не го прекинеме, може да си поигра со замисленото другарче и петнаесетина минути.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: невидливо пријателче
19.5.2013 21:29:17   
Maca25
И јас долго време мислам дека Н. има замислено пријателче. Кога ќе се заигра почнува да прави муабет со некој, го вика да одат да се шетаат, на пикник, и исто како што пишала везилка ако ја прашам со кого зборува кажува име на дете од градинка, и тоа најчесто е машко user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: невидливо пријателче
19.5.2013 23:04:08   
Џесика
Ние си го имаме Никифор (Јас навистина немам во близина некој со такво име, и не знам од каде го слушнал), му се јавува на телефон, си разговараат, се договараат. Кога си ги паркира автомобилчињата цело време си прави шушуру-бушуру, си шепоти... и ми спомнува за некое мајмунче Фифи, и неговите родители Гинка и Гун... user posted image стварно не знам кои се ликови му се мешаат во глава...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: невидливо пријателче
20.5.2013 0:01:22   
vezilka RR
Да и со замисленото пријателче се однесува рокму така како што му кажуваме дека треба. На пример му вика, уф, те удрив, извини несакајќи беше. Или еве земија мојата топка заедно ќе си играме, другарчињата заедно си играат. А вака у живо богами не секогаш се однесува толку восклад со.пишаново погоре.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: невидливо пријателче
22.9.2013 21:45:54   
Палешка РР
Миа има невидливо пријателче бебе, го ниша, пресоблекува, му пее...
Многу е смешна. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?