Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Фрик-специфичности на вашиот карактер 15.3.2013 10:49:32
Џесика
Има ли нешто што е специфично и чудно во вашето секојдневие, во вашиот карактер, однесување? Еве на пример, јас кога се качувам или се симнувам по скали, нема шанси ако не ги избројам, некогаш бројам чекори... Борјан има една фрик-специфичност... инсистира прво деснатаа нога да ја стави во патика, прво десното ракавче да го облече, влегува-излегува со десна нога... не знам откај ова му излезе, малку и ме загрижува... Има ли нешто кај вас, кај некој ваш близок некаква специфична карактеристика?
< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 15.3.2013 10:50:31 >
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 9:28:21
vezilka RR
Кога се возам со автобус бројам црвени коли што ги одминувам. Ова не ми беше пасија, туку заномација првично, ама ми прејде во пасија. Дури едено време, дури идев у средно секој ден запишував колку црвени коли сум избројала, и сите беа живо заинтересирани за мојот список.
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 9:35:46
AnnaMolly RR
Мене времето ми е ненормален проблем. На пример, ако јас сум си зацртала дека ќе ручаме во 13:00, а на маса седнеме во 13:10, готово, крај на светот ми е. Ако си испланирам во 07:30 да викнам такси за во градинка, а во 07:35 уште не сум го направила тоа - катастрофа. Не знам што ми е оваа опседнатост со времето, дури и со мм се карам често за ова, ама посилно е од мене!
Исто така, јас сум фрик кога одиме со мм (или со некој друг, не е битно) МОРААААААААМ да одам од негова десна страна, односно тој да ми биде од лево. Ако е обратно, мислам дека ќе побудалам
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 9:44:15
Палешка РР
И јас сум фрик
Бројам чекори, бројам скали и најтешко од се бројам букви додека читам филм, а порано и додека разговарав со некого можев да избројам колку букви има во реченицата што ја кажал и тоа веднаш откако ќе ја каже. Татко ми не ми веруваше кога му кажав дека можам веднаш да му кажам колку букви има во реченицата што ја изговорил и ме тестираше. Не можеше да се начуди, секогаш беше точно. И мм некогаш ме тестира чисто да види дали уште мозоков ми се занимава со тој спорт
Ако не верувате на следната средба испитајте ме
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 9:56:58
deluxe
Ne brojam nisto mnogu me nerira toa ,no sum mnooogu perfekcionist,ako sum zacrtala nesto da bide taka-i taka mora da bide po sekoja cena i mnogu se nerviram ako ne go napravam taka,ili nedaj boze nekoj da mi popreci za toa sto sum go namislila ima da bide bomba hehehehehehe losa sum inace vodam borba so casovnikot ,si zacrtuvam vo tolku casot da se pravi pr;rucek i moram da letam za da stasam losa osobina e toa mnogu se zamoruvam ama toa e karakter
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 10:11:41
miana
Мене едно време ми беше филм што ке ми направи едната рака,истото да го направи и другата ...- веке не ми е Инаку една моја особина што си ја сметам за фрик или мана ми е - што секогаш сакам се да ми е испланирано и да тече според планот...Јас на пример ако треба да славам роденден на детето за месец дена а немам закажано каде и што и како - јас се нервирам,ама серозно се нервирам..Или еве поточиња пуштија реклама,јас веднаш отрчав да купам карти зошто знам дека ако ги имам картите-сигурно ке отидам..Ако имам зацртано нешто да направам-морам да го направам и не дозволувам обврски да ми стојат на глава..Се сакам да ми биде завршено на време.Не сакам да должам никому а ниту па да ми должат... Голема тежина ми е да плакам рати ,тоа ми е обврска што ја мислам и ми ствара терет Незнам дали се ова фрик особини,мислам дека не се ама ете од фрик особините си кажав како бев опседната....
< Поракaта ја уредил miana -- 19.3.2013 10:12:37 >
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 10:29:50
niki
frik koj analizira, se sto ke mi se sluci moram uste ednas da go prerabotam vo mojata glava i mnogu raboti gi pravam mehanicki dodeka so umot sum na drugo mesto analiziram i drugi luge, tugi postapki, tugi greski, duri ne si sklopam slika vo glava koj, zosto, kako sto ne si davam mir sama na sebe sum si dosadna ama uste ne sum nasla nacin ova da go izbegnam
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 13:02:44
Gwendolin
Уф фрик сум и тоа како, особено ако некој ми помести нешто по дома. Ако јас отидам кај некој, не пипам ништо што му е дома, ниту пак ако ми рече донеси ми го телефонот во ташната, јас му ја носам цела ташна, не можам да чепкам во туѓи работи и збеснувам ако некој ми поместил нешто по дома. И да се алишта на стол оставени, ако ми ги здипли некој, ќе ги предиплам и пак ќе ги приберам. А ептен знаат да ми се спојат жичките и дури да урлам по човек ако влезам во соба и да видам дека ми отвора во плакар и бара нешто . Е нормално не се однесува ова на мм, макар да и по него викам ако ми размести книги или сл.
_____________________________
Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 19.3.2013 14:09:50
Mihaela 2010
Nedaj boze da imam list i penkalo pred mene,odma cel list ke bide so moj potpis isaran..ili so nekoi kocki izboeni... neznam ete taka mi doaga...ke zemam list da napravamspisok za pazarenje,ili smetki da izracunam i obavezno ima i moi potpisi
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 20.3.2013 8:25:28
Malecka23
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
frik koj analizira, se sto ke mi se sluci moram uste ednas da go prerabotam vo mojata glava i mnogu raboti gi pravam mehanicki dodeka so umot sum na drugo mesto analiziram i drugi luge, tugi postapki, tugi greski, duri ne si sklopam slika vo glava koj, zosto, kako sto ne si davam mir sama na sebe sum si dosadna ama uste ne sum nasla nacin ova da go izbegnam
potpis!!! plus imam i fotografska memorija pa ne daj boze nekoj so koj sum bila vo razgovor da trepnel nevoobicaeno ili kivnal hihihih odma sliktie s evrtat vo glava i gotovo i ke go razgobam do beskraj
RE: Фрик-специфичности на вашиот карактер 20.3.2013 8:47:43
babyhope
И јас како ники имам обичај да преработувам случки, да анализирам зошто и како некој рекол, што мислел со тоа. Или јас тоа можев поинаку да го кажам да не свати некој нешто погрешно од тоа што сум кажала. Сега се обидувам малку да искулирам околу ова, читав дека тоа се невротски реакции кои не ми се потребни па се трудам малку да се релаксирам