Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
зимско/летно сметање на времето 22.10.2009 12:54:16
big_mama817
Од недела еден час порано ќе се разденува, но и порано ќе се стемнува. Летното сметање на времето ќе почне повторно на 28 март 2010 година. Инаку, воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините. Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект". На 21 мај 1916 година, Велика Британија следејќи го примерот од Германија, по прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на 4 последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично. Во Европа, во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според Универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време. Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината. Враќањето од летно кон зимско сметање на времето е во последната недела од октомври.
извор:а1
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 26.3.2010 12:57:28 >
незнам зошто ама на мене не делува ниако ова...кога треба да се менува времето слушам коментари- аа ке поспиеме час повеке или помалку, па неможам да се навикнам дека не е 4 туку е 5 часот...јас само го местам мобилниот и толку, не се замарам како би било по старо или ново...како е кај вас?
Па и јас не се змарам со тоа но кога ќе видам надвор 16-17 часот веќе темница баш и не ми е се во ред што се смени саатот.Ќе се сетам само леле лето цел ден имаш пред тебе а вака само што ќе се разбудиш а веќе се стемнува.
Се е во ред тоа но ако бидес баш тој ден трета смена и на 8 те саати ти додадат уште еден не е баш ок
ме насмеа елле. Па ќе си бараш дати го платат тој час Иако кај нас тоа не функционира така. Инаку мене менувањето на времето и не ми менува нешто посебно.
Па и јас не се змарам со тоа но кога ќе видам надвор 16-17 часот веќе темница баш и не ми е се во ред што се смени саатот.Ќе се сетам само леле лето цел ден имаш пред тебе а вака само што ќе се разбудиш а веќе се стемнува.
имавте ли проблем со спиењето на дечињата сега со смена на времето? ние вчера станавме во 9 по ново и цел ден не заспа,сабајле се успавме за во градинка,го разбудив во 8.30
ние вчера станавме во 9 по ново и цел ден не заспа,сабајле се успавме за во градинка,го разбудив во 8.30
И ние исто се успавме сабајле за во градинка а синоќа стефан не правеше проблем си заспа стандардно 21 по ново а мартин чекаше ние да легнеме па и тој со нас.
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, во 2 часот наутро почна летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
И мене денов ми е пореметен. Секогаш кога ќе се смени саатот јас само велам „а сега требаше да биде 5, ама е 6“ Ајде, до утре, задутре, би требало да се вратиме во нормала.