|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Годишен одмор на градинките
5.7.2013 14:38:41   
Snowhite RR
Не знам како е во другите градови, ама кај нас има четири градинки и преку лето 2 одат на одмор во Јули, а другите 2 во август. За време на одморот родителите кои ги носат децата во таа градинка која нема да работи имаат избор да ги носат во една од двете кои работат или да не ги носат воопшто.
Оваа година градинката во која оди Михаил замина на одмор од 1 Јули, јас најпрво го запишав за во другата, ама после се премислив и решив да не го носам, зашто другите две ми се далеку, а јас сум дома, нели ова лето сум на породилно и не ми се исплаќаше да го шетам по други градинки, па таму нова средина, нови учителки, деца. И така сега овој месец ќе си седиме дома.

Мене искрено не ми се допаѓа ова, прво зашто како што спомнав му менувам на детето нова градинка, нови деца и учителки и таман ќе се привикни таму, пак назад. Друга причина е далечината, значи нас (а и на другите) ни одговарала таа градинка во која е запишан и затоа тука сме го запишале, а не да морам да го носам во друга која е дупло или тродупло подалеку. Лани морав зашто одев на работа да го носам во другата и навистина многу се малтретиравме и ние и него, мораше порано да го разбудам за да го однесам и да стасам на работа, пешки ни беше далеку, па мораше секој ден со такси и за земање во најголемите жештини повторно морав такси да викам и поради тоа оваа година решив да не оди таму. Ама ете слободна сум сега, а што родителите кои одат на работа и не можат цел месец да се снаоѓаат некој да им ги варди децата, се принудени да ги носат во друга градинка.

Баш ме интересира како е во другите градови, разбрав дека во Скопје немало вакви годишни одмори на градинките?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 14:47:32   
vezilka RR
Нема годишни одмори на градинките, туку нормално годишниодмори на воспитувачките и негувателките. Бидејќи и децата се изретчуваат во овој период, некои од нив одат на одмори, некои се решаваат летниот период да си прата деца по баби и дедовци. Така да понекогаш се случува да спојат две групи и децата да повторно да имаат различни учителки. Да, точно е тоа дека овој летен период малку им ја менува атмосферата во градинките. можеби не би требало двете воспитувачки да имаат одмор во исто време. Некогаш и така прават, ама некогаш се поклопуваат со одморите.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 14:49:51   
sandriana RR
Зависи од градинка до градинка. Нашата градинка нема колективен одмор, туку фузионира групи, заради намален број на деца и персонал. Барем ланското лето беше така. Годинава се уште не спомнале ништо, сите групи се во свои занимални и свои негователки/учителки, но дечињата од јасли ги префрлаат во делот градинка нешто порано- наместо во 16и30, сега во 16 часот ги носат сите во една занимална.
За разлика од оваа, градинката кај мајка ми во близина, користи колективен одмор, претпоставувам бидејки работи само со деца над 3 години, и е со помал капацитет, има помал број деца. Оние што останува цело лето да посетуваат градинка одат во другиот клон на истата градинка, оддалечен околи 1,5 км од оваа.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 15:07:15   
Felly RR
Ние сме обратно од Сноувајт - нашата градника ќе оди на одмор во август, ама одлучивме не само август туку и јули М да не ја носиме. Секако овој месец одиме и на одмор, јас сум дома, и малку да си се подружиме по цел ден заедно мајка и ќеркаuser posted image Па и таа малку да одмори - да биде на распуст.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 15:19:10   
Mihaela 2010
I za Kumanovo znam od bliski prijateli deka decava za vreme na godisni odmori gi nosat vo druga gradinka...mene bas mi nema logika ova,i zosto bi bilo taka koga moze da se dogovara personalot pa taka pomalku tesko bi im bilo na decata..
Nie ovaa godina imavme srekja da od dveve ucitelki na kerka mi ednata postojano da e tuka,gi grupiraat da ama samo vo druga zanimalna gi nosat.
M duri i za toa e tazna bidejki spored nea idenjeto od drug vlez znaci idenje vo druga gradinka ama nemavme nikakvi problemi
Dodeka neguvatelkava bese na odmor ucitelkata i bese tuka,a bidejki ucitelkava e volonter pa planiraa da ja otpustat,pa nie roditelive pokrenavme peticija do nadleznive institucii i na nasa srekja upali pismoto pa zenata ja zadrzaa,taka da mislam deka celo leto ke si ide na rabota sto mene epten mi odgovara bidejki M epten ja saka

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 16:17:04   
masa
И кај нас не ои градинката на колективен туку воспитувачките и тоа еден месец едната,другиот другата што ми се допаѓа.Така ги спијуваат по две групи и од двете ина по една воспитувачка и на децата и на воспитувачките им е полесно.Моментално се во занималната на другата група,а во нивната занимална постојано се поставени креветчињата за преспивање што е исто попрактично.На ќерка ми особено и се допадна воспитувачката од другата група и веднаш и без проблем ја прифати дури и сакала таа да и биде воспитувачка user posted image Исто беше и во јануар кога имше помалку дечиња и воспитувачките користеа одмор,а тие што идеа на работа беа со скратено работно време,па пак имаше една од нејзините воспитувачки само што не префрлија во другиот ден од истата градинка зошто тој дел е реновиран има пвц прозори и врати и бил потопол,е тука имаше малку плачки кога одевме,ама одевме кратко зошто се разболе,па кога оздравевме пак се вратија во другиот дел.
И мене не би ми се допаѓало да оди цела градинка на колективен одмор и да треба да одиме во друга градинка.Незнам зошто го прават тоа кога може и овака како кај нас.Можеби е потешко за организација ама па мислам дека вреди.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 16:37:46   
mommy_angels RR
колку само нелогично и нереално ми звучи идењето на колективен одмор на градинките!!!!! Е ајде тогаш целото државиче на колективен, оти јас друго решение не гледам.И кај нас учителките почнаа да негодуваат во стил-ајде да одморат малку и децата од градинка-ама и кажав дека и јас би на одмор цело лето,ама НЕМА.ПОчнати се со одмори и со намален персонал ама на помош во јасли им идат колешките од поголемите групи , а најверојатно и обратно.Мое мислење дека единствено вака е реално,бидејќи и кај мене на работа кога колешката е на одмор ,јас сум со изменето работно време.Се се решава со договор и добра организација


(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Годишен одмор на градинките
5.7.2013 22:06:14   
Felly RR
Стварно е нелогично, бидејќи се работи за цел месец, ама тоа е.user posted image Некој не може ни недела да земе одмор, а и нема на кого да го остави детето и мора да се малтретираш вака горе ко што пиша Снооувајт.
Оваа година во нашата градинка, децата кои дошле од другите градинки ги ставиле во нова група - со волонтери воспитувачки, па некако им било полесно. Инаку требаше по 40 деца да бидат во група. И заради ова не ми се носеше мене.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Годишен одмор на градинките
31.7.2013 12:39:45   
Mihaela 2010
Ete bidejki periodov e takov kakov sto e,detevo moe ne se navikna i ne se navikna,preokupirana so denovi deka ne saka da ide vo gradinka,i sceni sekoe sabajle so placki i nervozi resiv da ne ja davam vo gradinka,so toa sto majka mi pak ke ide samo vtora smena,zenava ke ja cuva od 2 do 5 i taka...se raboti za nekoi 10 dena pa taka ke se snaogae nekako,stvarno mnogu mi e zal koga ja davam vo takva sostojba,i poznavajki si go deteto kolku e cuvstvitelna znam deka parti i si sobira vo sebe..
Kako se vasive se naviknaa na novive ucitelki?user posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Годишен одмор на градинките
31.7.2013 12:45:32   
sandriana RR
Ние немаме нови учителки - се менуваат тие што се, едната беше во јули на одмор, утре се враќа, а другите две одат од утре - цел август. Веројатно од утре ќе биде на помош во групата на Т воспитувачката од соседната поголема група, зошто регуларната негователака која доаѓа утре треба да биде сама. Иако нема останато многу дечиња во групата - околу 10тина се мислам, се надевам дека нема да ги фузираат со поголемите групи. Ако бидне така, ќе издржиме уште 10тина дена, па ќе земам јас одмор, и таман ќе го поминеме и августот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Годишен одмор на градинките
1.8.2013 10:57:15   
Yummy Mammy
I kaj nas nikogas dvete ucitelki ne odat zaedno na odmor. Prvo ednata odi cel juli, pa posle drugata cel avgust. Decata se spojuvaat i so drugi grupi i drugi ucitelki, no sekogas imaat edna od nivnite. Do sega ne sme videle nekoj problem po ova prasanje.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Годишен одмор на градинките
1.3.2016 21:13:20   
marchi
Posledniot komentar na temava e ostaven vo 2013 godina, dali ima nekoi izmeni ili uste e taka vo vrska so odmorite? Sakam da podnesam baranje za da go zapisam stefan ama sto znam da ne e docna bidejki za 4-5 neli imale odmor ili treba da cekam do septemvri? Ne mi se ostava deteto vzima vo gradinka zaradi site virusi koi gi ima toj period

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Годишен одмор на градинките
2.3.2016 10:56:45   
sandriana RR
марчи, зависи колку гужва има во градинката - колкава листа на чекање. Ако поднесеш сега, можеби од Април би го примиле. Пролет е најлесно за почеток,нема гужви од нови деца, па би обрнале внимание на твоето.
Инаку, класичен одмор градинката нема - туку како што е пишано погоре - наизменично се менуваат учителката со негувателката - јули и август. Со оглед дека во лето е намален и бројот на дечиња, најчесто спојуваат групи.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Годишен одмор на градинките
27.6.2017 0:22:36   
silvana25
Сакате работа, која нема да ве оптеретува,да работите а воедно да бидете и дома со своите сакани. Сакате поголема заработка или зголемување на вашиот буџет. Не се двоумите кликнете на линкот ќе дознаете за што се работи.... http://silvanasfi4.blogspot.mk/2017/06/blog-post.html user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?