|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Поддршка за Александра Бошњаковска да се врат...
8.8.2013 17:27:01   
Bethany
Деновиве актуелната тема!
Медиумите пренесуваат и апелираат до власта да го спроведе законот за сите подеднакво!!!

"Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која СПОРЕД СУДОТ, ЗАКОНОТ И ПРИРОДАТА ИМА АПСОЛУТНО ПРАВО НА НЕГО ... " Целата статија прочитајте ја ТУКА

Па повелете, изјаснете се!



< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 8.8.2013 17:29:44 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 17:29:13   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

"Полицијата по прилогот на Сител поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот Врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето." Не знам навистина што да искоментирам на ова а да не полудам...Зарем треба полицијата да те натера бе да направиш нешто?!?!?!?!? Или може треба посебна покана и молби....ете затоа не се ни обидував да терам правда со учителките од градинка на моите деца и ете затоа сите си одат од државава, а и јас се надевам дека наскоро ќе им се придружам и ќе живеам на некое место каде полицијата не те моли него ти доаѓа дома и те апси кога си направил кривично дело без разлика кој си и како се викаш



ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

"Полицијата по прилогот на Сител поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот Врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето." Не знам навистина што да искоментирам на ова а да не полудам...Зарем треба полицијата да те натера бе да направиш нешто?!?!?!?!? Или може треба посебна покана и молби....ете затоа не се ни обидував да терам правда со учителките од градинка на моите деца и ете затоа сите си одат од државава, а и јас се надевам дека наскоро ќе им се придружам и ќе живеам на некое место каде полицијата не те моли него ти доаѓа дома и те апси кога си направил кривично дело без разлика кој си и како се викаш


Мојата чудесна земја..По милионити пат се покажа дека овде закон и суд важи само за некои. А некои се над се. Работава дасамо моли бога да не.ти се вкрсти пат со некој така наречен моќник, или да не му засметаш со нешто.



< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 8.8.2013 17:30:01 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 17:52:12   
vezilka RR
И мене не ми е јасно како тоа полицијата не може да ги натера да ја откријат локацијата на детето? Полицијата оди и вели, ве молам кажете каде го криете киднапираното дете, и тие велат, не кажуваме, и полицијата, фалаааа, пријатно. Абе ова е правна држава? А човекот што не ја открива локацијата, на слобода е сеуште?

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 18:00:12   
Bethany
И мене не ми е јасно, ама денес слушнав демек свекорот и татко и се прават луди, негирале дека е кај нив, демек не знаеле каде е девојче? user posted image
Или е тоа уште само едно оправдување за се сокрије неспособноста и немоќноста да реагират кога се "битните" во прашање user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 18:19:16   
deluxe
Za grevotka deteto I majkata,od koga ja procitav statijata postojano mi se vrtat vo glavata.Sramota za ovaa drzava sto ne moze nisto da stori da I pomogne na ovaa majka.Dodeka toj svekorot sto vrhoven sudija bil,kolku e praveden po ova ke vidime.Katastrofa vo sekoj slucaj,za ova treba svetot da doznae!!Kako pravoto ne se sproveduva podednakvo za site.Svekorot koga ne bi bil toa sto e(sudija)sigurno poinaku ke go tretiraa,AMA vaka nikoj nisto ne mu mozi.Bjaak od pravdava Makedonskauser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 18:35:10   
sandriana RR
Ова е старата поговорка - каде има сила, нема правдина-. Бидејки нашава мила државичка е далеку од правна држава, нормално е дека ќе се случуваат вакви ситуации, секогаш кога е засегнат некој влијателен лик - за жал.
Останува надежта дека после јавно обелоденување на ситуацијата сепак ќе се најдат засегнати и јавните институции и служби, па ќе ја вршат работата како доликува, без оглед кој се наоѓа повикан на одговорност.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 8.8.2013 18:38:42 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 21:41:43   
Палешка РР
Јас еднаш се изјаснив:
Има ли поголема казна од таа на мајката да и биде одземено детето? Постои ли на светот погрозоморен чин од чинот на одземање на детето од мајчината прегратка? Не се знае кој страда повеќе - дали детето кое расте без мајчинска љубов, или мајката која живее без своето дете како да е мртва...

Не, ова не е дело на некој врвен трагичар, ова навистина се случува во Македонија!

Каде затаија институциите на системот? Колку време треба да помине, колку реки од солзи да бидат пролеани, колку ноќи непреспани, колку детски трауми преживеани, за оваа мајка и ова дете повторно да се прегрнат?

Функционира ли во Македонија правниот систем? Дали ова дело ќе остане во фиоките на лицата задолжени за спроведување на законот?

Кога мајка плаче за своето дете и дете за својата мајка, планината се поместува!

АПЕЛИРАМЕ, слушнете го плачот на Татјана и спроведете го законот.


Во главата не ми влегува случајов. Киднаперот ДВА ПАТИ пред камера призна дека го зел детето и уште е на слобода?!?!?! Па има ли во оваа држава пендрек за ваквите?????

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 21:58:33   
deluxe
Paleska sekoja cest za postotuser posted image I potposot ti e odlicen.Ajde. Site da go napravime ovoj potpos kako poddrska za majkata!!!

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 22:28:01   
Палешка РР
ТУКА прочитајте за мирниот протест на кој повикува мајката. Се надевам дека и некоја Рингерајка ќе најде време да отиде за поддршка user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
8.8.2013 23:17:58   
vezilka RR
Јас ќе одам. Поддршка на мајката и е потребна. И потребно е уште еднаш дљ се предаде порака дека не може секој да си прави што ќе му текне.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
11.8.2013 11:59:34   
cevlice
Страшна , страшна приказна! Има ли оваа наша државичка закони, какви закони носи судот жалосно. Би сакала што побрзо Александра да биде во прегратките на нејзината препатена мајка. Да се помолиме сите !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
11.8.2013 13:01:21   
niki
ova ne e bozja rabota pa da se molime
covek i pravi na zenava pekol od zivotot
a vladava nasa i policija nasa go poddrzuva toj covek, vo sprotivno ke go zatvorese dosega
protesti luge protesti
i menuvanje na vlada pod obavezno,tie nikogas nema da bidat podobri i da prestanat so gluposti se dodeka narodot si molci i gi tolerira vakvive ispadi
ne mozam da poveruvam da javno nekoj ucenuva drug covek, drzi zaloznik i policija ne mozela da stori nisto
SRAMOTA!!!!!!!!!


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
11.8.2013 13:43:40   
rina13
Се согласувам со Ники. Во било која нормална држава ќе одговараа дедото и таткото за киднапирање, тоа го налага законот кога без согласност на старателот детето е однесено на било која локација.
Да, покрај кривична пријава со одредена мерка притвор без право да се брани од слобода, треба да му се стегне пријава за навреда и нарушување на угледот и честа зашто јадниот се изјасни дека една од причините за КИДНАПИРАЊЕ било не знам каквото лошо минато на снаата.
Ме изиритира фактот што полицијава ноншалантно вика епа не сакаат да кажат, како бе не сакаат да не треба масажа за релаксација, вечера, кафенце да им се даде во станица. Се знае кои мерки се превземаат за да се добие информацијата(се работи за детски живот не за украдена мастика), па побогу тие инспектори наместо да висат по канцеларии нека излезат малце на терен нека спроведат асална истрга ако веќе од родниниве не можат да извлечат информација. За ваквите најстрога судска казна без право на предвремено ослободување. Ми се гади од функционирањето на институциите во државава, не е ни чудо што сите или си отидоа или се спремаат да си отидат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
11.8.2013 13:56:18   
Mihaela 2010
Makedonija i SE E MOZNO,ne bi me cudilo na kraj i majkava da ja zatvorat bidejki si go bara svoeto dete..Sramota i greota...Ubavo kaza niki,samo so protesti,da se digne narodov..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
12.8.2013 13:32:17   
babyhope
Деновиве кога помислувам на семејство, помислувам на Татјана. Денес знам дека сите Рингерајки што се во можност ќе излезат на протестот да и помогнеме на мајката да ги оствари своите права. Ајде до 17 ч да ја актуелизираме темава и да ги потсетиме сите дека се работи за животот на едно дете, на едно семејство кое институциите на системот дозволиле да биде разделено.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
12.8.2013 14:08:44   
Палешка РР
Денес секоја мајка во Македонија се вика Татјана Димитровска!

Денес родителите во Македонија го креваат својот глас ПРОТИВ киднапирањето и насилството врз децата.

Денес мораме да го кренеме својот глас ЗА среќно детство и право на мајчинска љубов на секое дете!

Бидете пред хотел Бристол во 17 часот и кажете НЕ на загрозување на правата и животот на децата!


Ајде мамички, која може нека отиде user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се ...
13.8.2013 12:57:57   
babyhope
Многу ми е жал за вчерашниот мал одзив на Протестот, ама навистина user posted image Татјана изгледаше како безнадежна лавица која заедно со сестра си молеше некој да каже како да си го врати детето назад. Секоја чест на сите луѓе кои дојдоа, и иако не сум го почувствувала мајчинскиот порив не му го посакувам никому она што го видов во нејзините очи. Секогаш ќе ја има мојата поддршка. Издржете Татјана и Александра user posted image еднаш на ова мора да му дојде крајот user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 9:47:52   
AnnaMolly RR
6 годишната Александра Бошњаковска, од синоќа е повторно со нејзината мајка Татјана. Полицијата успеала да го пронајде девојчето во околината на Маврово и да го врати кај законскиот старател, објавува Сител.

Според информациите на телевизијата, во моментот на претресот, Александра била со нејзината баба Снежана.

„Пресреќна сум, Александра е конечно со мене, ми се оствари сонот“, вели Татјана Бошњаковска за Сител.

Вчера полицијата го приведе Александар Бошњаковски, дедо на малата Александра, а судот му одреди 30 дневен притвор, за незаконско одземање на дете и за запуштање на дете. Во отсуство му е одреден притвор и на таткото на Александра, Стефан, а кривична пријава е поднесена и против чичкото Мартин и бабата Снежана.

Пред две години, семејството Бошњаковски насилно ја одземало Александра, и оттогаш мајката немала никаков контакт со неа, иако со судска извршна пресуда е одлучено старателството да и припадне на Татјана Бошњаковска.

Извор: КУРИР

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 9:51:10   
Bethany
КОНЕЧНО! Прекрасна вест отсабајле user posted image user posted image
Нека си се гушкаат и никогаш никој да не се попречи помеѓу нив повеќе! user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 9:53:58   
sandriana RR
Сепак, имало правдина, колку и да е тешко извадена на виделина....сирота мајка, само таа знае како и е на душата сега. Од срце верувам дека проблемите им завршија засекогаш. Заслужуваат да уживаат во својата среќа конечно.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 10:02:17   
elenak
БРАВО! Прекрасна вест! Се радувам за нив, но истовремено и се плашам. Со таква фамилија којзнае дали ќе имаат мир, лудаци сите до еденuser posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 11:11:10   
vezilka RR
Одлична вест. Конечно се заедно, како што требаше. Силно да се гушнат и никогаш да не се разделат. Им ја посакувам сета среќа на овој свет. А, на оние другите, нека ги стигне правдата (во што чисто се сомневам)!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 16:47:32   
Annabel
Детето го нашле со убоди од болви, седело во штала со кози наместо да оди во училиште. Конечно заспале во заедничка прегратка со мајка и. Многу тажна приказна со среќен крај.

Се надевам дека брзо ќе заборави се, и ќе си има безгрижно детство, а монструмите ќе си го добијат заслуженото.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 17:23:07   
Палешка РР
Пред час и пол разговарав со мајката и еве што ми кажа:

ТУКА

Инаку сум згрозена од целиот случај, од тоа колку долго се одвиваше, од суровоста на луѓето, од негрижата за децата....Многу емотивно го доживеав бидејќи цело време бев во контакт со мајката user posted image
За среќа, се заврши.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и!
5.9.2013 21:59:12   
Палешка РР
Фотографија од Александра како се гушнува со сестра и ТУКА user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?