|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како да се воспостави ред со две мали деца?
7.9.2013 1:28:05   
Snowhite RR
Јас нависитна имам проблем во врска со оваа тема. Значи за тие што не знаат имам едно дете од 3 и пол години и уште едно бебе од 7 месеци. Откако со неа почнавме со кашички не можам никако да и воспоставам ред за појадок, ручек и вечера. Ниту пак за спиење. Ајде на сабајле имаме колку толку ред, кога ќе стане и правам некаква кашичка, варам овошје, блендирам и ја ранам, после тоа по 2-3 саати откако ќе стане повторно и се приспива, е тука настанува проблемот, ако не успеам да ја заспијам зашто поголемиов често не ја остава да спие, зашто тој е многу темпераментен и нон стоп активен, а таа од друга страна пак е многу нежна, т.е. многу осетлива, само малку да се шушне и веднаш се разбудува и значи ако тогаш не заспие, после тоа цел ред се пореметува, после кога ќе треба да и давам ручек таа или ќе спие, или ручекот нема да биде готов, зашто кога треба да и правам кашичка, јас ја заспивам и наместо да руча од 15-16 часот, руча од 17-18, а некогаш и после 18 часот и автоматски се поместува или се прескокнува вечерата. Со спиењето исто така немаме ред, зашто наместо да спие 2-3 пати по 2-3 часа, таа спие кога еднаш кога два пати по 1-1,30 час.
Од друга страна и на поголемото не можам да му воспоставам ред зашто кога и тој треба да руча се случува јас да го заспивам или ранам бебето, навечер кога треба тој да спие, јас ја заспипвам неа, па така каснам и со ручек за него и со спиење. Додуша со оглед на околносите пред 22 часот се заспани двајцата, ама сепак, М често пати без вечера легнува, зашто касно ручал или зашто сум се изврткала со заспивање на бебето и него му се приспива и не може да јади.
Дајте совет како се справувате со две деца на мала разликаuser posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
7.9.2013 6:50:36   
Палешка РР
Јас само околу храната имам предлог, а другото мислам дека не може да се контролира многу. Еве и јас имам дете на таа возраст и не го остава брат и (то има 18 години и не е толку нежен) да спие, а можам да замислам како е со бебе. Тој некогаш се лути и ја заклучува вратата, а почесто ќе ја земе во кревет да полежи кај него колку да и помине меракот, па ќе си презсаспие. Најчесто станува и се откажува од спиење.

Инаку јас имам предлог да подготвуваш храна од денес за утре, на пример манџа, супа, односно со храната да бидеш еден ден напред. Кога ќе ти побара М да јаде само да му стоплиш и да не губиш многу време. Инаку најдобро е да имаш некој да ти помогне, или барем некој да го почува М. додека Ј. спие.
Незнам тешко е, ептен треба да се биде мултипрактик за да се успее, а тоа не се издржува долго и ти треба да одмориш user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
7.9.2013 10:40:19   
Bethany
Сноувајт, а зошто едноставно не им даваш доручек, ручек, вечера во исто време во денот?
Ќе одредиш време и прво ти ќе се водиш спрема тоа, па со тоа и полесна ќе ти биде организацијата за другите работи.
Пример доручекот во 9, ручекот 14-15 часот, вечера 19-20. Секако и малата кога стане сабајле првин пие млекце, па потоа доручекот, и заедно можат да јадат. М сигурно веќе може и сам да јаде, ама дури и да му треба помош, пак ќе ги ставиш за масата и двајцата и ќе координираш полесно user posted image
Е сега сигурно не јадат исти јадења, ама ете може за М да приготвиш ден порано, ако веќе му приготвуваш ручекот непосредно пред јадење.
Така имам видено другарките со две или повеќе деца. Ќе видиш, многу полесно ќе ти биде ако воспоставиш време за оброците и заедно да јадат. Па спрема тоа можеш и кога ја успиваш Ј да го причува некој М додека да ја успиеш(од твоите домашните), или ете евентуално да и пуштиш тивка музика во собата за да ги ублажиш другите звукови да не ја будат ...

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
7.9.2013 10:45:46   
niki
nemam dve deca no imam cuvano zaedno so kerka mi i drugi deca i so mnogu pomala vozrasna razlika i resenieto go gledam vo vospostavuvanje zaednicki red namesto red za sekoe dete posebno
obrocite ke im gi davas zaedno ke postavis pravilo jademe site zaedno na masa, bebeto vo hranilka pogolemoto dete na negovoto stolce i gi hranis odednas, lazicka na edniot, lazicka na drugiot ili mleko na bebeto i uzinka na golemiot, pottiknuvajki go golemoto dete da proba da jade samo
za spienje normalno ne vazi dvajcata da spijat vo isto vreme no togas golemiot zaposli go so aktivnost koja mu go odzema celoto vnimanie za da mozes da se posvetis na maloto, no isto taka maloto da go ucis da zaspiva vo krevetce samo, so tebe pokraj nego no pak da bides slobodna i mobilna za da izreagiras ako treba nesto za golemiot
i mozes i nemu da mu predlozis namesto da ja budi da ti pomogne da ja uspiete, pa zaedno da i peete prispivni pesni so vetuvanje deka stom ke zaspie bebeto ti i toj ke pravite nesto zaedno sto toj ke odbere
obroci podgotveni od prethodno
i mnogu zivci za da se isturka denot i dvete deca da bidat zadovoleni


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
10.9.2013 0:08:19   
Snowhite RR
Значи мене не ми е проблем јадењето за нас и за М, тоа посекако готвам да има за два дена, а ако нема и немам време готвам нешто побрзо, на пример спанаќ или правам омлет со јаца и сирење, салата и тоа е ручекот во лето, ама за неа готвам секој ден и тоа и насабајле и за ручек и за неа не можам од денеска за утре. М јаде сам, независен е и во врска со облекување, мочкање и сл. ама ете го фаќа инает и мене ме бара за се, дури и за да игра не игра сам и јас со него да играм. Обично кога одам да ја заспивам му кажувам ти играј си тука или му пуштам цртани или некоја игра на компјутер јас да ја заспијам Ј и после ќе си играме заедно или ќе читаме сликовници и така некако го залажувам и не иди в спална и баш во моментот кога ќе заспие и јас треба да излезам од спалната ќе влезе, некогаш не е баш тивок, ама некогаш влегува тивко, ништо не зборува и легнува и тој до нас, ама како што реков таа е многу осетлива и веднаш го сеќава и се разбудува и почнува да се смее и толку од спиењето, што значи нема шанси заедно да ја успиваме и да и пееме приспивни.
Еве вчера и денеска некако го подобривме редот ручаме кај 15.00-15.30 часот, вчера преспа од 11.30 до 14.45, со две презаспивања, ама сепак е напредок, ама имаше кој да го занимава М, инаку сум сама со двајцата, свекрва ми само во август беше на одмор и ми помагаше, ама сега нема, ај кога ќе тргне пак во градинка се надевам ќе се средиме.
Ајде некоја мамичка со помали деца нека каже каков ред имаат?


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
10.9.2013 11:05:57   
masa
Ве читам и страв ме фаќа user posted image И јас имам ќерка 3.5 години и сум 8ми месец бремена што значи за брзо ќе го имам истиот проблем,особено што ќерката ми е проблематична со јадење,се молиме со саати,особено за ручек и ако не ја ранам не јаде сама,освен нешто нездраво леб со крем,кроасан,сендвич или некоја кифла,па најверојатно во тој некој период попроблематичен ќе бидам проморана да ги користам тие џокери.Ајде и јас сакам да прочитам некое искуство и со новороденче.Како ги усогласувате обрските околу доење пресоблекување на бебето со обверските околу поголемото дете.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
10.9.2013 22:25:26   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Значи мене не ми е проблем јадењето за нас и за М, тоа посекако готвам да има за два дена, а ако нема и немам време готвам нешто побрзо, на пример спанаќ или правам омлет со јаца и сирење, салата и тоа е ручекот во лето, ама за неа готвам секој ден и тоа и насабајле и за ручек и за неа не можам од денеска за утре. М јаде сам, независен е и во врска со облекување, мочкање и сл. ама ете го фаќа инает и мене ме бара за се, дури и за да игра не игра сам и јас со него да играм. Обично кога одам да ја заспивам му кажувам ти играј си тука или му пуштам цртани или некоја игра на компјутер јас да ја заспијам Ј и после ќе си играме заедно или ќе читаме сликовници и така некако го залажувам и не иди в спална и баш во моментот кога ќе заспие и јас треба да излезам од спалната ќе влезе, некогаш не е баш тивок, ама некогаш влегува тивко, ништо не зборува и легнува и тој до нас, ама како што реков таа е многу осетлива и веднаш го сеќава и се разбудува и почнува да се смее и толку од спиењето, што значи нема шанси заедно да ја успиваме и да и пееме приспивни.
Еве вчера и денеска некако го подобривме редот ручаме кај 15.00-15.30 часот, вчера преспа од 11.30 до 14.45, со две презаспивања, ама сепак е напредок, ама имаше кој да го занимава М, инаку сум сама со двајцата, свекрва ми само во август беше на одмор и ми помагаше, ама сега нема, ај кога ќе тргне пак во градинка се надевам ќе се средиме.
Ајде некоја мамичка со помали деца нека каже каков ред имаат?



verojatno se cuvstvuva zapostaveno i iskluceno, zatoa i bara vnimanie, gleda deka dolgo si zafatena so bebeto i deka mnogu raboti koi toj sam gi pravi ti gi pravis za bebeto i ednostavno reagira, mal e za da ti kaze deka e po malku ljubomoren, i deka i toj bi sakal malku od tvojata griza, vnimanieto koe mu se dava na bebeto kaj pogolemite deca predizvikuva zelba i tie da se vratat na pomala vozrast i isto da bidat mazeni i pazeni
sto e normalno toj do sega bil sam seto vnimanie mu se posvetuvalo nemu i sega odednas nekoj drug mu go zel mestoto i toj odednas treba da ceka i da deli
jas da sum na tvoe mesto ne bi go ostavala sam ednostavno ke gi naviknuvam dvajcata da funkcioniraat zaedno vo edna prostorija, bez ogled na toa koj jade, igra ili spie, po cena i nekoe vreme da se nema red so krajna cel da se postigne zaednicki red
i mislam deka mnogu pomalku bi ti dosaduval ako vo ista prostorija go uspivas bebeto, zosto toj nema oset za toa kolku vreme pominalo i moze da mu se cini vecnost uspivanjeto a toj sam prepusten na sebe, toa e strasno za decata
mal e toj seuste za da bide do tolku poslusen, strpliv i sam na sebe dovolen


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
11.9.2013 10:11:56   
Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Ве читам и страв ме фаќа user posted image И јас имам ќерка 3.5 години и сум 8ми месец бремена што значи за брзо ќе го имам истиот проблем,особено што ќерката ми е проблематична со јадење,се молиме со саати,особено за ручек и ако не ја ранам не јаде сама,освен нешто нездраво леб со крем,кроасан,сендвич или некоја кифла,па најверојатно во тој некој период попроблематичен ќе бидам проморана да ги користам тие џокери.Ајде и јас сакам да прочитам некое искуство и со новороденче.Како ги усогласувате обрските околу доење пресоблекување на бебето со обверските околу поголемото дете.


Masa problemot e na pocetokot, koga imaat razlicni potrebi. No, tebe ti e veke golemko prvoto, pa ke ima poveke trpenie. Mislam deka problem e koga se mnogu mala razlika, koga i dvete se prakticno bebinja, samo edno golemo i edno malo.
Mene golemata kerka mi bese nepolni 3 god koga se porodiv so vtoroto, i na pocetokot nemase sanasi i dvete da gi postignam, morase da ima uste nekoj so mene da dezura, dali za banjanje, dali za kakanje, dali za doenje... No, nekade posle 6-7 mesec, veke pocnav zaedno da gi banjam vo kada, zaedno da gi sednuvam da jadat, koga moze zaedno da gi legnuvam... i automatski vremeto ti se skratuva, se e polesno, dali si izbanjala edno ili dve deca, dali si naranila edno ili dve, isto ti e.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
17.10.2013 1:36:12   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Ве читам и страв ме фаќа user posted image И јас имам ќерка 3.5 години и сум 8ми месец бремена што значи за брзо ќе го имам истиот проблем,особено што ќерката ми е проблематична со јадење,се молиме со саати,особено за ручек и ако не ја ранам не јаде сама,освен нешто нездраво леб со крем,кроасан,сендвич или некоја кифла,па најверојатно во тој некој период попроблематичен ќе бидам проморана да ги користам тие џокери.Ајде и јас сакам да прочитам некое искуство и со новороденче.Како ги усогласувате обрските околу доење пресоблекување на бебето со обверските околу поголемото дете.


Маса не се секирај, почетокот до кај 2-3 месец бебето само ќе спие и ќе цица, проблемот кај мене настана после тоа кога веќе почна колку толку да разбира по нешто, поетокот немаше гајле си спиеше на сето викање од брат и' муке си немаше, ама сега нема шанси, а поготово најголемиот проблем беше кога почнав да и воведувам доплнителна исхрана, па баш тој период се погоди да не работат градинките и тие два месеца ми беа пекол.
Инаку сега пошто бате оди во градинка подобра е ситуацијата, на сабајле станува кај 7-30 и кај 9-9.30 пак и се приспива и спие до кај 11 и за тоа време можам да подсрдам нешто дома, да и направам кашичка, да јадам и кога ќе стане ќе ја наранам и поигрува уште малку кај 13 пак и се приспива, тогаш ја заспивам и пак имам време да направам ручек и за нас и за нејзе. Ако вака преспие два пати сум рает и не се секирам ако одручекта откако ќе се врати М од градинка нема да преспие повеќе, па после двајцата ги легнувам порано и така. Е сега се разбира дека не е секој ден вака, ама сепак подобро е во секој случај

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Како да се воспостави ред со две мали деца?
17.10.2013 9:46:53   
masa
Ви благодарам на одговорите,малку ме смиривте,ама пак онака трема ме фаќа кога само ќе помислам.И пред да се породам со првото беше така,се плашев дали ќе можам да се справам со сите обврски,па еве го порасна како така - кога дома средено,кога несредено,кога зготвено,кога со нешто набрзинка спремано за јадење user posted image .Се надевам ќе бидеме здрави за да одиме во градинка,и дека бабиве ќе помагаат,не за друго,да ја чуваат барем првиот месец,па ќе ви пишам како сме поминале.Може и јас ќе делам совети на темава user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

IMINJA
Evgenija D

KOI SE POUBAVI IMINJA

VESNA (90%)

MENDE (10%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!