|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Редослед на растење на забите
11.10.2013 23:42:37   
Snowhite RR
Бидејќи имаме тема за првото забче, тука да продискутираме и за тоа кога излегле другите запчиња и по кој редослед, зашто иако кај повеќето деца горе долу редоследот е ист сепак има отстапување. Исто така да си кажеме и дали со лесно ги ваделе остантатите забчиња во споредба со првото
Еве и една статија, која би можела да ни користи КЛИК
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Редослед на растење на забите
11.10.2013 23:50:04   
Snowhite RR
Еве јас прва да кажам, на М после првото кое излезе на 9 и пол месеци другите му излегуваа редоследно според сликата на статијата, освен што прво му излегоа горните единици, не видовме многу мака за вадење и пред да наполни две години ги имаше сите до петка. Единствено многу имаше мака и плачеше кога ги вадеше четворките, никако не можеше да спие, а јас не знаев што е и се нервирав му викав да спија, тоа душиче плачи дали плачи, кога по два дена гледам катник извадил, леле колку ми падна жал дека му викав јас, а тоа си имало мака.
Јана на 6 месеци и една недела ги извади двете долни единици, сега еве скоро 9 месеци ќе прави се уште нема извадено други, ама ја гледам деновиве непцата кај горните двојки и се како потечени, па се си мислам дека нив ќе ги извади следно, пред два вечери едвај заспа, а сабајлево цело време се разбудуваше и сакаше да цица, т.е. да спија со градата во уста, најверојатно ја чешкаат непцата. И вечерва баш ја гледав и мислам дека се веќе излезени, баш сабајле ќе видам. Среќа овој пат не крена Т за разлика од минатиот пат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Редослед на растење на забите
11.10.2013 23:57:19   
elenak
Супер тема, браво! Тука ќе си запишам,па во случај некогаш да заборавам ќе си го побарам постот.user posted image
Значи, прво запче на 6,5 месеци, единица доле. По неа одма другата единица, па доле десно двојка. После излегоа горните единици, па другата двојка доле лево. Потоа двојките горе, па малку пауза и сите четворки наеднаш. Последни излегоа тројките и тоа, прво долните две па горните.
Ете толку сега засега.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Редослед на растење на забите
12.10.2013 0:09:33   
mommy_angels RR
Баш сега мака мачиме со тројките и тоа сите одеднаш излегуваат. Греота е колку ми се мачи дете,носе тече,,се накашлува,се поти во главче од мака,кенка,заплачува во сон,уф аман веќе нека излезат. Овој пат ни килибар не помага
А за редот,кај нас го нема,прво долу 1,па горе 2,па долу2,па дури потоа горе 1. Оотоа излегоа сите четворки и еве сега 3. Тотално безредие,ама нешто голема мака не видовме. Изгледа овие тројките ќе ни наплатат за сите до сега

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Редослед на растење на забите
12.10.2013 15:25:38   
deluxe
Кај нас првото запче излезе на 6 месеци(единица долу) потоа другата единица,горе прво ни никнаа двојки,па во рекордно време и единици(како преку ноќ) За сето ова време немаше апсолутно никакви знаци ,реакција,единствено што повеќе плунка му се лачеше.Долните двојки ги извадивме со реакција пролив (и тоа недели,недели) мислев дека е стомачен вирус,на крај двојки гледаме му никналеuser posted image user posted image Сега има 13 месеци и пред една недела од нигде никаде крена температура проследена со пролив.Мислејќи дека е вирусно отидовме на лекар си добивме антибиотик,почна да го пие и кога по 2 дена гледаме 4ка му излеглаuser posted image Останатите 4ки се на пат,колку му се потечени непцата,којзнае колку му е тешко само да нема температура тоа ми е најважноuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Редослед на растење на забите
12.10.2013 18:47:46   
Snowhite RR
Ете ја двојката горна лево ѕирка, а и другата најверојатно не ме остава да видам, леле како штрба баба ќе биде со долу две единици и горе две двојкиuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Редослед на растење на забите
12.10.2013 18:55:55   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ете ја двојката горна лево ѕирка, а и другата најверојатно не ме остава да видам, леле како штрба баба ќе биде со долу две единици и горе две двојкиuser posted image



user posted image user posted image ептен ќе биде смешки,и на Ф така му излегоа,и тоа прилично му пораснаа дури излегоа единиците горе ,ептен беше фаца како дедо штрбавuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Редослед на растење на забите
13.10.2013 23:03:49   
Felly RR
и на М прво и никна горе лево двојката, ама одма по некој ден се појави и единицата, па наеднаш растеа сите 4 горе.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Редослед на растење на забите
23.10.2013 12:47:46   
Bethany
Првото запче на 6 и пол месеци, долна единица, после неколку денови и друга долна единица.
На 9 месеци имаше горни единици и двојки и само доле единиците, значи 6 запчиња... Па потоа следеше затишје...
Дури некаде пред 18 месеци почна двојките долу и одеднаш сите други запчиња за релативно кратко време почна да излегуваат: и четворките и тројките.

Денес (има 25 месеци) му видов една петка долу излезена, успеав таа да ја видам, а и другите се вероватно на пат да пробијат, ако веќе не се. Веќе нека и тие сите излезат да одмориме од заби на некое време user posted image Не дека имавме нешто многу мака, освен будењето преку ноќ,ама три ноќи се будеше , те. кенкаше во сон на неколку пати и ете гледам поради што.

Нешто интересно што приметив кај син ми е дека многу бавно му израснуваат забите, дури четворките горе се уште со целата површина не се излезени, и побавно му растат забите горе, отколку долните, тие побрзо избиваат и побрзо израснуваат во должина.



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Редослед на растење на забите
5.11.2013 12:17:47   
Big mamy
bravo za temava, super e, vo momentot mnogu ni e potrebna bidejki nie izgleda se spremame za prvoto zapce user posted image
sin mi utre polni 4 meseci, nema seuste zapce no gi ima slednive simptomi: ligavi mnogu, ama mnogu, racete vo uste postojano a i sekoja igracka sto ke ja fati pravo vo usta, e ova e veke podolgo vreme, znaci so ligavenjeto pocna uste vo 2 mesec a i racinjata vo usta se veke podolgo vreme.... ona sto e vo posledno vreme a sto mislam deka e simptom na zapce e noknoto nespienje, veke 10 dena se budi mnogu cesto, a predhodno dobro si spiese... kenkav e, a i zlebinkite mu se oteceni....
pa ve mlam so vasite iskustva kazete mi dali se ova stvarno simptomi i kolku vreme se prisutni dodeka da probie zapceto ....

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Редослед на растење на забите
5.11.2013 14:27:33   
sandriana RR
Big mamy, штом има и ноќе мака, и отечени жлебини, многу е веројатно дека ќе ве израдува првото запче user posted image
Со што помалку мака да излезе, па да се пофалите тука user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 5.11.2013 19:31:24 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Big mamy)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Редослед на растење на забите
18.11.2013 7:37:37   
deluxe
Јас пак тука да си се исплачамuser posted image На Ф му излегува втората 4ка.Со првата имаше Тт и пролив,додека сега нема покажано такви симптоми,но е многу нервозен,плачлив дури и во спиење плачи.Исто така го изгуби апетитот ептен слабо јади,што ме фаќа паника да не намали со имунитетот па после со настинки и грипови да се боримеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Редослед на растење на забите
18.12.2013 9:01:01   
miana
Zeni da veprasam n koja vozrast rastat 4 ki.i 5 ki. Nie sme seuste na.klinika,vcera ne spremaa da si odome dened,ama.vcera kerkami.rena nekoja mutava temperatura i imase nagoni za povrakanje i eve seuste sme.tuka. Pa me.interesira od sto.noze da e sega.ova? Denes pravime 2 godini. Raste li nekoj.zab.na.ovaa.vozrast?

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Редослед на растење на забите
18.12.2013 10:24:27   
Bethany
Миана, растат петките околу оваа возраст.
Еве син ми уште е во процесот на растење на петките, има две долу, и горе пробиваат.
Ама немаше температура... можеби на ќеркичката бидејќи и е паднат имунитетот, па затоа.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Редослед на растење на забите
31.12.2013 13:18:46   
Mimi33
Рингерајки мајкиuser posted image дали има редослед на тоа кое забче прво му расте на детето или? дали почнува долу или горе....напред или назад...кои се знаците за излегување на првото забче.......user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Редослед на растење на забите
31.12.2013 13:42:00   
Bethany
мими33, не постои правило. По некое школско правило прво излегуваат долните единички, ама во пракса често може да видите сосема различен распоред на излегување.

И јас да се запишам тука. На Ј му излегуваат последните две петки горе, и изгледаат ужасно болно, такво црвено, раскрвавено, гледам дека нешто немаше апетит, на јадења ко да се гади, се стресува, ноќеска немирно спиеше и ете ги. Уште тие нека излезат и да не оставаат малку раат. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mimi33)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Редослед на растење на забите
22.5.2014 13:56:31   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

Na sinko mu niknat zabi eve 7to izleze i celo vreme kenka, place i denje i noke. Noke na sekoj pola saat se budi veke neznam sto da pravam. Nitu mm spie, toj jaden mnogu mi pomaga po cela nok stanuva da go niska em sabajle rano odi na rabota i po cel den e na rabota. Zal mi e veke.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Леле принцеса и ние сме истите со запчињата.Ние пак имаме 19 месеци скоро а аинко има само 6 запчиња.И нам сега ни никнуваат другите и тој е постојано раздразлив и плаче.Па и со јадењето нешто почна да забушава,и не е ни криво детето го гледам постојано прстите во уста не ги извади од таму.user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

defne90 tebe sinceto ti e isto kako kerka mi sto bese. Nejze prvoto zapce i izleze koga imase napolneto 13meseci i nemavme problem so vadenje na zapcinja. I taa na godina ipol imase 6user posted image , ama sega so drugoto dete e sosema razlicno. Go cekam sega da stane pa imame termin kaj pedijatar pa usput so pregledot ke prasam za care.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Леле мене душата ми ја извадија и двајцата со никнувањето на запчињата.на 10 месеци ги извадија ама после поголемиот до три години успеа да ја наполни цела уста.И помалото гледам дека е исто.user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Редослед на растење на забите
26.6.2014 14:15:20   
Lacrymosa
ние со запчињата сме чудо природе. на 6.5 ни излезе горната единица и во рок од месец дена ни испоникнаа уште 5 заба... сега на 8 месеци имаме горе единици и двојки и доле само единици... ма да гледам некако и се спремаат непцињата за тројки што ме чуди

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Редослед на растење на забите
27.6.2014 12:09:20   
sandriana RR
ма да гледам некако и се спремаат непцињата за тројки што ме чуди

Lacrymosa, за 3ки е се уште рано, тие излегуваат дури после година (ако не и околу 18 месеци) - и мене ме чуди на 8 месеци да се појават 3ки user posted image .
Ќерка ми брзо ги извади единиците и двојките, и горе и долу - до кај 9-10 месеци, некако паралено и горе и долу изникнаа, па 4ки, тројките подолг период пробиваа, некаде околу 18 месеци имаше, а за 5ки не забележав кога излегоа user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Редослед на растење на забите
30.6.2014 22:21:23   
Snowhite RR
Јана на 6 месеци ги изваде првите забчина и до пред месец и пол имаше 4 горе и долу само единици и сега на година и три месеци изваде четворка долу, па после во една недела 2 четворки и една тројка, ама ептеен мачно, нервозно, со температури, со плачење, за грев беше кутрата, ни јадеше ни ништо, па и баш тогаш почнавме и в градинка, абе ужас беше, после ја изваде уште едната четворка и двојките долу, па уште една тројка горе и мислам дека сега и долните тројки и се излезени не ме остава убаво да видам

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 30.6.2014 22:22:05 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Редослед на растење на забите
18.9.2014 0:55:33   
Melanija RR
Единиците доле на 4,5 месеци,па наизменично 2ките и 1ниците и сите 8 комплет до 8,5 месеци.
Потоа набрекнати непца за 3ки и 4ки ,лигавење,гризење на буквално се,и нашите раце со голем стисок.... Знали од 8,5 м на 12,5 месеци излего долни две 4киuser posted image
Заклучок на 13 м има 10 заба user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Редослед на растење на забите
18.9.2014 12:51:07   
Ilina87
На скоро 12 месеци има само 4 заби, единици и двојки горе и долу, ама знае да џвака user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Редослед на растење на забите
19.9.2014 22:37:14   
Melanija RR
Апдејт незнам веќе од кај излегуваат,има тројка горе лево user posted image почна да мешаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Редослед на растење на забите
29.9.2014 15:28:31   
Melanija RR
До тројаката излезе 4ка а на повидок е и другата горна 3ка, па ќе останат горна една 4ка и долни 3киuser posted image
Значи 12 заба 13 и пол месециuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Редослед на растење на забите
17.11.2014 15:12:00   
Melanija RR
Пак јас и мојот Мuser posted image
Излезе 4ката иако се формира во цел заб сеуште се брои,а и двете долни тројки излегоа од непцето
И 15 месеци и 16 забиuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?