|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion
17.10.2013 17:06:50   
Mamickaa
Почитувани,денес сум во шок,поточно од синоќа кога бев кај матичната на ехо... :(
Моментално сум 34та недела и ми рече дека плодот е покрупен,понапреден и дека имам повеќеплодова вода отколку што треба,а тоа можело да биде или од скриен шеќер или пак што сум Рх негативна група.Ми даде упут за на трансфузиологија и за некој OGTT тест исто на клиника(со назнака на нив Хитно!),а и на мое барање ми даде и упут за ехо во Чаир.

Денес отидов во Чаир др Георѓиев ме прими без проблем,го потврди и он истотот,дека имам зголемена вишок плодова вода,бебето спрема ехото одговара за 36та недела,а спрема менструација сум 34та(а да напоменам дека бебето е во ред се).Ме охрабри малку да не се нервирам,дека може и да не е ништо страшно,бидејќи минатите бремености беа природни,без никакви компликации ама сепак ме препрати и он на клиника да ги испитам тие горенаведени испитувања и уште ми вика,немој сега на нет одма да читаш мислења бидејќи кај секого не е исто...ама јас како јас испаничена цела одма тоа го направив и сум премногу исплашена и збунета.. user posted image


ЌЕ ВЕ МОЛАМ дали некоја од Вас имала вакво нешто или некој ваш близок,било какво искуство ќе ми биде добредојдено... user posted image user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Зголемено количество плодова вода-Polihid...
18.10.2013 10:03:44   
sandriana RR
Mamickaa, мене на породувањето ми открија дека имам Полихидроамнио, додека редовно одев на конторли, никогаш на ехо матичната не ми забележа такво нешто. Ниту имав скриен шеќер ниту сум Rh-.
Никој ништо понатаму на објасни. Бебето се роди природно, со тоа што веројатно се имаше напиено од плодовата вода и мекониум, па доби инфекција која ја санираа бргу, за 3-4 дена без никакви последици. Инаку се породив во 39та недела.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mamickaa)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Зголемено количество плодова вода-Polihid...
18.10.2013 13:10:13   
vezilka RR
Mamickaaa не се секирај. И јас ја имав истата дијагноза за првата бременост. Бебето од самиот почеток беше а две недели поголемо. Исто одев да испитам скриен шеќер, резултатте беа добри. Еве тука можеш да прочиташ повеќе за гестационен дијабетис. Два пати испитував, некаде 28 недела и при крај. Се породив еден ден пред термин и бебето беше 3, 450гр.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 18.10.2013 14:22:49 >

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Зголемено количество плодова вода-Polihid...
18.10.2013 14:27:16   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Muffin

Ste imale li vakvi iskustva i kako se zavrsila bremenosta?
Dijagnosticirano mi e polyhidramnion, pa bi sakala da znam vasi iskustva, kako pominalo se ponatamu?



ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Лично јас не сум имала но една моја познаничка да. И кажаа се и сешто, веројатност дека детето има Даунов синдром, дека може таа има покачен шеќер, дека и високиот притисок може да биде причина за ова, дека ќе се породи, предвреме... Триста работи, ја извадија од памет. На испитувањата што ги направи се и беше негативно... На крај си рече како е Господ никој не е. Роди здраво, право дете, неколку дена после терминот. Послушај ме и не земај здраво за готово. Направи ги сите потребни испитувања, но немој да паничиш и да се нервираш. Затоа уживај, шетај колку што можеш повеќе. Бидете во друштво со луѓето кои ви значат. Смејте се како никогаш досега. Вашите бебуши ќе го чувствуваат тоа, а сите мали сонценца заслужуваат да бидат среќни. Ајде само позитивно и информирај не за се!user posted image




ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela

jas vo prvata bremenost imav visok plodova voda.terminot mi bese na 1 oktomvri i togas imav plodova voda kako da bev sedmi mesec a ne devetti,a bebeto nemase aber za izleguvanje.bidejki plodovata voda bese vo red doktorot resi da cekame bebeto da se rodi po priroden pat.cekavme do 15 oktomvri ,no spored ehoto na kerkami ne i se izleguvase uste,a plodovata voda pocnuvase da se mati i moravme da zakazeme poroduvanje so provokacii.go zakazavme na 16 oktomvri vo 12h,a se porodiv duri na 17 oktomvri vo 1:30 utroto.bebeto bese odlicno,se rodi teska 4350gr.a dolga 53cm.i eve veke 5 godini do denes e super,




ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Што може да доведе до зголемено ниво на плодовата вода и кои се симтомите?

Оваа состојба се јавува во 3-4% од бременостите. Причината за оваа состојба може да биде или зголеменото произвовдство на плодовата вода, или пореметеното певземање од страна на плодот, или двете причини одеднаш. Најчеста причина за зголеменото ниво на плодовата вода е гестацискиот дијабетис на мајката. А што се однесува до плодот-пореметеното голтање може да биде заради аномалии на лицето на плодот, аномалија на цревата, аномалија на кичмениот столб, или некои патолошки ситуации кај близначка бременост.

Симптомите се нагло растење на матката, непријатно чувство ов стомакот и појава на контакции. Во екстремни случаи на премногу зголемена матка може да дојде до предвремено породување.

Како се лечи?

Состојбата се лечи со земање на лекови кои ја смалуваат количината на урина кај плодот, амниодеривација (вадење на вишокот на течноста), и ако продолжувањето на бременоста го загрозува плодот-предвремено породување.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Зголемено количество плодова вода-Polihid...
8.4.2014 14:10:29   
Mamickaa
Драги мамички еве сум со репорт од ова горенаведено што ме испоплашија докторите ништо не се случи.Се породив скоро пред 5 месеци,природно и многу брзо,само што бебето ми се роди невероватни 2 кг и 810 грама,иако сите ми викаа(бев на повеќе мислења кај разни доктори)дека детето ке се роди над 3500,крупно било многу,вишок плодова вода,е како па да не,само да не си раат а во таква состојба баш при крај на бременоста на се што не помислив.Среќа природно беше и бев свесна кога го извадија,го видов одма,инаку ќе мислев ми го заменија,бидејќи очекував огромно бебе(спрема докторите)user posted image user posted image

Така да еве од мое лично искуство,не се потресувајте многу,многу на се што ќе ви кажат докторите,опуштено и позитивно се ќе биде во ред,како и кај менеuser posted image

Поздрав до сите мамички и дечиња од мене и мојот анѓел со најубави очињаuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?